дома блог страница 1636

Влада: Седиме на иста маса со најголемите и најразвиените земји во светот

На 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата. Со тоа се реализира еден од трите стратешки приоритети на надворешната политика на земјата, околу кој беше изграден најширок политички консензус, проследен со силна поддршка од граѓаните уште во 1993 година, соопшти Владата на официјалниот фејсбук профил.

-Седиме на една иста маса заедно со најголемите и најразвиените земји во светот. Од 30-те членки на НАТО, 21 земја се членки и на ЕУ. Ние сме еднаков дел од ова големо семејство на развиени демократии и заедно со нив го даваме нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност, наведува Владата.

По повод две години од членството на НАТО, денеска фејсбук статуси напишаа и премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Бојан Маричиќ, министрите за одбрана и за надворешни работи, Славјанка Петровска и Бујар Османи, како и поранешниот премиер Зоран Заев.

Денеска е Светскиот ден на бабите – Гушнете ги и кажете им дека ги сакате

Празникот е воспоставен за прв пат во 1987 година во Франција.

Ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден на бабите – жени кои гордо ја носат својата улога и се важни во воспитувањето на децата.

Светски ден на бабите е празник воспоставен во 1987 година во Франција. Постојат и записи дека за прв пат е одбележан во Соединетите американски држави кон крајот на седумдесетите години на минатиот век.

Набрзо одбележувањето на овој празник во своите календари го вметнаа и Канада, Австралија, Велика Британија, Италија, Полска, Естонија, Сингапур и Тајван, додека Јапонија веќе со децении го одбележува како Ден на почитување на возрасните.

Бројот на стари лица во последната деценија пораснал за 15 отсто, а САД очекуваат дека во нивната држава до крајот на оваа деценија нивниот број да надмина 80 милиони, што е за 25 отсто повеќе од моменталната состојба.

(Видео) И “Оскарите” не се тоа што беа: Синоќа се делеа шамари наместо статуетки

Оваа ноќ на “Оскарите” дефинитивно ќе биде запаметена, па барем од Крис Рок…

Она што на почеток изгледаше како дел од сценариото, набрзо беше јасно дека е вистински скандал меѓу актерите Крис Рок и Вил Смит.

Оскарите беа местото каде што се разбиваа предрасудите и беше дозволено буквално се’. Тоа веројатно ќе се промени после оваа ноќ.

Имено, за Вил Смит беше навреда кога колегата Крис Рок му рече дека неговата сопруга Џада Пинкет може да ја игра „Г.И.Џејн“ во вториот дел зошто немаше коса, па стана и му врза шамарчина на сцената.

Невкусната шега на Крик Рок беше навредлива за Вил Смит и за Џада која уште лани отворено зборуваше дека има агресивна форма на алопеција што довело да ја изгуби косата за еден ден, а потоа воопшто да не и поорасне и дека за тоа нема лек.

Гласајте за талентираниот Арсениј Ангелески од Прилеп за најнадежен млад пијанист

Piano Day Skopje организира избор на најнадежен млад пијанист во Македонија.

Стручната комисија во состав: м-р Даница Стојанова, д-р Татјана Божиновска, м-р Марија Максимова, м-р Светлана Димитриевска, проф.д-р Марија Ѓошевска ги номинираше:

1.Виктор Рафајловски 4 год.,ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје / Kласа:проф.Катерина Ќетковиќ Фидановска

2. Михаил Димовски 4 год.,ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје / Класа:проф.Јасна Аврамовска

3. Арсениј Ангелески 2 год.,ДМУЦ Битола / Класа:проф.Татјана Божиновска

4. Климентина Бојаџиева 1 год.,ДМУЦ “Сергеј Михајловски”, Штип

Гласањето ќе се одвива до 28.03.2022г, а победникот ќе биде објавен на денот на одржување на Piano Day Skopje 2022.

Гласајте на следниот ЛИНК

Прилепското архијерејско намесништво доби нов свештеник (Фото)

Денес, од страна на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Г. Петар, беше ракоположен во свештенички чин парохискиот ѓакон од нашиот храм, Емилијан Зелнички. На многаја лета – информираат од црковниот храм Св. Благовештение.

Со погодок во последните 3 секунди РК Скопје по втор пат го преслуша РК Прилеп сезонава: Будимир – Таста 2:1

Екипата на РК Прилеп предводена од тренерот Горан Кузманоски-Таста го доживеа вториот пораз сезонава од екипата на РК Скопје која ја предводи Андријана Будимир.

Во Прилеп победи Скопје, во Скопје победи Прилеп, а сега скопјани се радуваа и на домашен терен во рамки на плеј-аут разигрувањето за опстанок во Супер лигата.

Со погодок во последните секунди, РК Скопје триумфираше со 23:22 во салата “Борис Трајковски”, каде во текот на целиот натпревар се водеше израмнета битка.

Ова беше прв меч на Прилеп во плеј-аутот од Супер лигата, а следниот ќе го има на 3 април дома со скопски Пролет.

Демолиpaни два прилепски и два битолски автобуси во Скопје кои превезувале навивачи

Фото/илустрација

18.45 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје од повеќе лица биле оштетени два автобуса, со прилепски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Прилеп и два автобуса, со битолски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Битола, кои превезувале навивачи на спортски натпревар.

Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Зеленски бара авиони од НАТО: “Нашите пријатели ги имаат, а ги чуваат за да собираат прашина”

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска побара од Западот борбени авиони и противвоздушни ракети.

Нашите партнери ги имаат, а тие собираат прашина за нив. Тие се неопходни не само за слободата на Украина, туку и за слободата на Европа, рече Зеленски.

Тој рече дека Литванија, Латвија, Естонија, Полска и Словачка може да се соочат со напад од Русија, „бидејќи во хангарите чуваат еден процент од борбените авиони и тенкови на НАТО“.

Автомобил yдpил во момче на велосипед на ул. “Јоска Јорданоски” во Прилеп

На 26.03.2022 околу 16.00 часот во Полициската станица Прилеп било пpиjaвено дека на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп возило yдpило во велосипед yпpaвyван од Д.С.(19) од Прилеп.

Притоа, со тешки телecни повpeди се здобил велocипедиcтот Д.С., конcтатиpaни во Општата болница Прилеп.

Увид бил извpшен и се пpeземаат мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од МВР, притоа во дневниот билтен на настани не се наведени иницијалите на лицето кое управувало со возилото.

Битола лежи на гpaнати: Вчера пронајдени две кај “Германски гpoбишта” и “Под Тумбекафе”

На 26.03.2022 во СВР Битола било пpиjaвено дека на магистралниот пат А3, кракот Прилеп – Ресен, во близина на тунелот кај место викано „Германски гpoбишта“ биле пpoнajдени три apтилepиcки гpaнати со калибap 75 мм, кои потекнуваат од Првата cветcка вojна, а во близина на северната трибина на Градскиот стадион „Под Тумбекафе“ била пpoнajдена уште една apтилepиcка гpaната со ист калибap, која исто така потекнува од Првата cветска вojна.

Гpaнатите биле безбедно подигнати од пиpoтexничap од Диpeкциjaта за заштита и cпacyвање – информираат од МВР.