дома блог страница 1635

Kумановчани на оригинален начин му се заблагодарија на својот сограѓанин Столе Димитриевски (Фото)

Голманот на Македонската фудбалска репрезетанција Столе Димитриевски можеби не доби дипломатски пасош како неговите соиграчи Енис Барди и Александар Трајковски, но доби огромен мурал во родното Куманово.

Уметниците Младен Трендевски и Дејвид Стоилковски од Здружението за ликовна уметност „Форма“, го исцртаа ликот на Димитриевски пред влезот од населбата “Перо Чичо”.

Како што велат тоа го сториле самоиницијативно и со сопствени финансии со цел да му дадат поддршка на нашиот голман за досегашните, но и идни успеси во националниот дрес.

Македонија денеска избpка 5 руски дипломати

Пет дипломати од руската амбасада во земјава се посочени како непожелни односно прогласени за персона нон грата.

Ова, во рамките на Министерството за надворешни работи денеска му било соопштено на Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава.

-Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Македонија во наредните пет дена, соопштува Министерството за надворешни работи во земјава.

Пyтин ја издаде нapeдбата: Koj caка гac, од април ќе плаќа во pyбљи

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руската влада, Централната банка на Русија и на „Гаспром“ да спроведат мерки за промена на валутата за плаќање на гас до 31 март.

Ова се однесува на сите земји кои преземаат непријателски дејствија против Москва, а информацијата ја соопшти прес-службата на Кремљ.

„ Владата на Руската Федерација, заедно со Централната банка на Русија и јавното акционерско друштво „Гаспром“, треба да спроведат сет мерки за промена на валутата на плаќање за испорака на природен гас во земјите на ЕУ и другите земји кои воведоа рестриктивни мерки против Руски државјани и руски правни лица, во руски рубљи. Извештајот е доставен на 31 март 2022 година, а потоа – месечно“, се вели во соопштението.

Како што беше прецизирано, Владата треба да ја одобри директивата за измена на постоечките договори на „Гаспром“ за испорака на гас во сегментот на промена на валутата на плаќање во руската рубља. Според списокот на инструкции, тоа е неопходно да се направи до 31 март, „притоа задржувајќи го обемот на понудата, цените и принципот на формирање цени утврдени со договори“, пренесува „Спутник“.

Путин минатата недела донесе одлука дека непријателските земји во иднина гасот ќе го плаќаат во рубљи. Рускиот лидер му нареди на „Гаспром“ да ги префрли договорите во рубљата. Тој рече дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со договорените количини и цени.

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп за оваа недела

Две претстави на репертоарот на прилепскиот театар неделава

Четврток – 31.03.2022 – 19.30 ч. – „Да инспекторе, претстава со грешки“

Петок, 1.04.2022 – 19.30 ч. – „Светулки“

Резервации на влезници на тел.076 442 378

Прилепчанец кpaдел во угостителски објект и го фатиле на дело

Денеска (28.03.2022) во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Ш.(56) од Прилеп, кој бил затекнат при извршување на кражба од угостителски објект во Прилеп.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Уaпceн 26-годишен прилепчанец кој се бapaл за пpoдажба на дpoга

На 27.03.2022 во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за кpиминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Х.Р.(26) од Прилеп.

За Х.Р. била распишана потерница по наредба од Основен суд Прилеп, по чл.215 од Кривичниот законик за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и истиот бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Битолa – информираат од МВР.

За една недела дизелот пак оди накај 90 денари, ова се новите цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22% во однос на одлуката од 25.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит,

малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,140 ден/кг и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден/лит, додека на Мазутот М-1 НС изнесува 57,347 ден/кг.

Од 29.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 87,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 84,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 57,347 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788% или за 19,150 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,412% или за 28,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,184 % или за 24,450 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,268% или за 16,200 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 % повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Зеленски не го поштеди Макрон: “Tи се плашиш од Путин”

Володимир Зеленски, претседателот на Украина, даде интервју за „Економист“ и зборуваше за земјите кои не ѝ помагаат на неговата држава во војната против Русија.

Зеленски го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за тоа што не обезбедил воена поддршка за Украина.

„Зошто? Затоа што се плашат од Русија. И тоа е тоа. А оние кои први велат дека ќе помогнат, први се плашат“, вели Зеленски.

Украинскиот претседател го пофали и Борис Џонсон, кој најмногу ѝ помогнал на Украина.

„Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој повеќе помага. Лидерите на земјите реагираат на однесувањето на нивните гласачи. Во овој случај, Џонсон е пример“, коментира Зеленски.

Пандев го подбра министерот Османи: “Смешен си господине и жален”

Низа реакции во јавноста по вчерашната информација дека дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи ќе добијат двајца фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски.

Околу ситуацијата жестока реакција имаше и големиот Горан Пандев.

„Смешен си господине и жален. Гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, напиша Пандев на инстаграм.

Влада: Седиме на иста маса со најголемите и најразвиените земји во светот

На 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата. Со тоа се реализира еден од трите стратешки приоритети на надворешната политика на земјата, околу кој беше изграден најширок политички консензус, проследен со силна поддршка од граѓаните уште во 1993 година, соопшти Владата на официјалниот фејсбук профил.

-Седиме на една иста маса заедно со најголемите и најразвиените земји во светот. Од 30-те членки на НАТО, 21 земја се членки и на ЕУ. Ние сме еднаков дел од ова големо семејство на развиени демократии и заедно со нив го даваме нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност, наведува Владата.

По повод две години од членството на НАТО, денеска фејсбук статуси напишаа и премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Бојан Маричиќ, министрите за одбрана и за надворешни работи, Славјанка Петровска и Бујар Османи, како и поранешниот премиер Зоран Заев.