дома блог страница 1634

Maкедонската фаланга го обои Порто во црвено-жолти бои, тука се и прилепчаните (Видео)

Бројна македонска фаланга вчера и денеска пристигна во Порто, каде вечерва на стадионот “Драгао” ќе ја бодри нашата репрезентација против домаќинот Португалија.

Меѓу бројните македонски навивачи присутна е и една верна група од Прилеп.

Цела Македонија денеска верува дека можно е нашите момци да направат уште едно “изненадување” и да патуваат за Катар на Светско првенство.

Португалците се предводени од Кристијано Роналдо, кој на вчерашната прес конференција истакна дека Португалија е фаворит на натпреварот и дека Светското првенство не може без неговата репрезентација.

Битолчанец фатен како кpaде нафта: Peзервoapoт на медицинското училиште го испразнил за 260 литри

На 29.03.2022 во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(48) од Битола.

Тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

Наместо Македонија, вечерва на МРТВ реприза од Оскарите и шамарот на Вил Смит

Македонија се наоѓа на чекор од остварување на сонот, пласман на Светско првенство во фудбал.

Вечерва против Португалија на стадионот “Драгао” во Порто, нашите момци ќе се обидат да направат уште едно фудбалско изненадување и после Италијанците да ги занемат и фаворизираните Португалци предводени од Кристијано Роналдо.

За жал фудбалските љубители и овој натпревар нема да можат да го следат со македонски коментар на државниот сервис, па натпреварот ќе го следиме на српската “Спорт клуб”.

Во истиот термин кога игра Македонија, на МРТВ ќе се емитува реприза од доделувањето на филмските Оскари.

Од 11 април нема настава и згрижување на деца – СОНК стапува во генерален штpajк

Пропаднаа преговорите за поголеми плати во образованието меѓу претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Владата. Минатата среда се одржа последната средба во Владата каде што било констатирано дека преговорите се неуспешни. Јаким Неделков, првиот човек на СОНК, вели дека Владата ништо не прифатила, односно ништо не им дала како предлог или опција – објави порталот “ФАКУЛТЕТИ.МК”

СОНК бара минималната плата во државата да биде основица за пресметка на плата по коефициент на сложеност. Според таа пресметка, нето-плата на наставник би требало да биде 43.000 или 44.000 денари.

По неуспешните преговори, се подготвува генерален штрајк во образованието, ученичките и студентските домови, високото образование, културата и во градинките.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Полициjaта денеска доби бонyc плата за 2021 година од 28.718 денари

Денеска, (29.03.2022) на 5.897 вработени во МВР, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2021 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 28.718 денари (463 евра).

За оваа намена од Буџетот на МВР издвоени се 188.167.373 денари, средства коишто се обезбедени со домаќинско и планско работење. Досега, вклучувајќи ја и бонус платата за 2021 година, исплатени се пет бонус плати со вкупна вредност од 561.773.133 денари односно 9.060.857 евра.

Откако за првпат во 2019 година беше исплатена бонус плата во МВР, во претходниот мандат на министерот Оливер Спасовски, Министерството за внатрешни работи продолжи со обезбедување средства за исплата на бонус плата и за 2020 година, но и за 2017 и 2018 година и истите се исплатени на вработените во МВР, коишто овие средства веќе нема да ги бараат преку суд, со што Министерството нема да се изложува на непотребни судски трошоци по тужбите на вработените.

Ова раководство на МВР е решено континуирано да го унапредува статусот на полициските службеници и вработените во МВР, како преку драстичното и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно подобрување на условите за работа, така и со спроведувањето на загарантираните права на сите вработени, секогаш имајќи го предвид фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните, работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот.

Битиќи се закани на професорите, воспитувачите и наставниците – Сите се згpoзени од оваа изјава

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостување со емисијата Анализа на ТВ 24 им се закани на вработените во детските градинки и просветните работници во основните и средни училишта ќе добијат замена доколку штрајкуваат, откако претходно претседателот на СОНК Јаким Неделков порача дека СОНК веќе не може да чека и утре ќе донесе одлука за можен генерален штрајк бидејќи владата еден месец нема слух за нивните барања, посочувајќи дека не може веќе на членовите на синдикатот да им ги пренесува пораките од владата дека во иднина ЌЕ се договорат.

СОНК нема да учествува во протест ама им дава поддршка, бидејќи се подготвувале за нешто посериозно, собирале одлуки од членството за генерален штрајк, во детска заштита, основно и средно образование, најверојатно и високо образование. Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука за штрајкот кој што ќе го организира СОНК. Генерален штрајк значи се она што е предвидено во ЗРО во делот на штрајк каде што работниците го прекинуваат работниот процес и револтот го искажуваат со прекин на работа, тоа значи дека детските градинки ќе бидат отворени но вработените нема да примаат деца, просветните работници ќе бидат на работа ама нема да се одвива настава. Би сакал да кажам дека ние по пат на преговори да дојдеме до заедничко решение, со министерот за образование кој што е конструктивен имаме добра комуникација но не можеме да најдеме решение бидејќи нема средства и затоа топката е префрлена на влада. И повторно велам за жал повеќе од 1 месец немаме ништо конкретно поставено на маса, и секогаш е она ЌЕ договораме, ЌЕ преговараме, ЌЕ биде она, ЌЕ биде ова, и лично ние како синдикат не можеме тоа да им го пренесуваме на членството. Мораме да извршиме притисок врз надлежните тоа е причината за штрајкот за да изнајдеме решение прифатливо за сите, вели Неделков.

На ова Битиќи порача дека вработените во детските градинки, како и просветните работници се одлучат на ваков чекот, тогаш ќе бидат заменети.

Секој еден од нас треба одговорно да се однесува. Ако во енергетска, воена, економска криза зададеме уште еден удар на нашите сограѓани и неработењето на центрите за детска заштита ќе значи токму тие кои што треба да отидат на работа, а не може да отидат на работа затоа што ќе будат со нивните деца дома е ускратување на право и ќе ги погоди со нивните маки уште една дополнителна мака. И јас морам да кажам дека за тие кои не читаат закони, ние мораме да читаме закони, членот 25 од законот за средно образование вика во случај на прекин на воспитно образовната работа заради штрајк директорот на средното училиште по претходна согласност од градоначалникот, а за државните средни училишта од министерот е должен да го обезбеди остварувањето на воспитно образовната работа со замена на вработените кои штрајкуваат за време додека трае штрајкот, дециден е Битиќи.

Брзата интервенција на прилепските пожapникapи денеска спречи голема штета

Денеска избил пожap во долот во близина на конаците на манастирот Св. Илија Писокал кај мариовското село Кален.

Апелот за помош веднаш се рашири на социјалните мрежи од прилепчани, кои се загрижија пожapoт да не се прошири кон манастирот, кој изминативе години активно се обновува и гради.

Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Прилеп била пресудна пожapoт да не земе поголем замав и да направи поголеми штети.

Брзо му најдоа замена на “Мекдоналдс” – Еве што се отвори во Москва на местото на еден од рестораните за брза храна (Фото)

Oткако “Мекдоналдс” ги затвори своите продавници за брза храна низ цела Русија, во центарот на Москва на негово место отворен е српска сендвичара, каде помеѓу другото се служат и плескавици на српски начин – пишуваат на Твитер корисниците од Србија.

Инаку, Русија го замени “Мекдоналдс” со нов бренд наречен “Вујко Вања”. Новите ресторани имаат иста понуда како “Мекдоналдс”, но пониски цени.

Kумановчани на оригинален начин му се заблагодарија на својот сограѓанин Столе Димитриевски (Фото)

Голманот на Македонската фудбалска репрезетанција Столе Димитриевски можеби не доби дипломатски пасош како неговите соиграчи Енис Барди и Александар Трајковски, но доби огромен мурал во родното Куманово.

Уметниците Младен Трендевски и Дејвид Стоилковски од Здружението за ликовна уметност „Форма“, го исцртаа ликот на Димитриевски пред влезот од населбата “Перо Чичо”.

Како што велат тоа го сториле самоиницијативно и со сопствени финансии со цел да му дадат поддршка на нашиот голман за досегашните, но и идни успеси во националниот дрес.

Македонија денеска избpка 5 руски дипломати

Пет дипломати од руската амбасада во земјава се посочени како непожелни односно прогласени за персона нон грата.

Ова, во рамките на Министерството за надворешни работи денеска му било соопштено на Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава.

-Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Македонија во наредните пет дена, соопштува Министерството за надворешни работи во земјава.