дома блог страница 1629

За прв пат досега: Македонската млада кошаркарска надеж ќе биде дел од интернационалниот НБА камп

Нашата најдобра млада кошаркарка доби покана да биде дел од интернационалниот камп на НБА лигата кој од 1. до 5. јуни ќе се одржи во Милано.

Одличните игри во текот на ланската сезона, секако и во оваа актуелната, не останаа незабележани, напротив…

Михаела Алексовска, нашата најдобра млада кошаркарка за 2021 година доби уште едно големо признание. Предводникот на нашата селекција „Под 16“ години, која лани го освои првото место на ФИБА „Челенџерот“ за млади кошаркарки „Под 16“ години во Тбилиси е поканета да земе учество на еден од најпрестижните кампови во Европа за талентирани кошаркар(к)и, насловен како „Basketball without borders“.

Овој собир кој го организира одделот за младинска кошарка на НБА лига, ќе се одржи во периодот од 1. до 5. јуни во Милано, а се очекува да земат учество повеќе од 40. најталентирани кошаркарки од Стариот континет родени 2005 година и помлади.

Една навистина ретка можност за капитенот на нашата женска кадетска селекција, и кошаркарка на Крива Паланка да ги надгради уште повеќе своите кошаркарски знаења преку дружбата со своите врснички од цел свет.

Извор: kfsm.mk

Уaпceн дилep од Битола, се бapaл со потepница

Денеска (01.04.2022) во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола, Отсек за општ кpиминал, го лишиле од cлобода Р.М(32) од Битола.

Тој бил бapaн со потepница од Основен cyд Битола за издpжyвање казна затвop од една година и пет месеци за стopeно кpивично дело по чл 215 од Kpивичниот законик.

Р.М. бил спроведен во Казнено – попpaвната ycтанова 3aтвop Битола за издpжyвање на казната.

Бектеши: Спречивме големо поскапување на струјата и парното

Во услови кога цела Европа е соочена со една од најголемите енергетски кризи, Владата преку АД ЕСМ успеа со навремени мерки да се справи со ценовниот шок кој што беше неминовен. Успеавме да обезбедиме минимален раст на цената на струјата и парното, а во време кога сите земји во регионот имаат рестрикции на струја, обезбедивме непречено снабдување со електрична енергија за сите домаќинства и мали потрошувачи, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

За оваа намена, како што кажа на денешната прес-конференција во Владата, со цел да се амортизира покачувањето на цената на електричната енергија и на парното, од Буџетот на државата на двапати на крајот на 2021 и на почетокот на 2022 година на ЕСМ му беа префрлени вкупно околу 10,6 милијарди денари или 171 милион евра. Потсети дека веќе изминаа пет месеци откако Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба во електроенергетскиот сектор и скоро три месеци од одлуката за прогласување на кризна состојба на пазарот со топлинска енергија.

-Заложбата на Владата е во услови на криза, без оглед каква, пред се, да ги заштити граѓаните и стопанството. Навремено ги донесовме мерките за прогласување кризна состојба и можам слободно да кажам дека Северна Македонија беше една од првите земји во регионот, но и пошироко која што веднаш донесе мерки за справување со ценовните шокови кои што дојдоа однадвор, рече Бектеши.

Со средствата кои што Владата ги обезбеди за АД ЕСМ, потенцира, компанијата беше задолжена да ги набави потребните количини на гас, мазут, јаглен со цел да ги активира сите домашни капацитети за непречена испорака на електрична енергија до Универзалниот снабдувач ЕВН хоум, но и топлинска енергија до корисниците на парно.

-Овие мерки резултираа со многу помала корекција на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која од почетокот на годината се зголеми за 9,4 отсто додека цената на струјата на берзите бележеше рекорди, како и помали цени на топлинската енергија за корисниците на парно од реалната пазарна вредност, односно цената изнесува околу 20 отсто од пазарната, потенцира Бектеши и додаде дека во цела Европа имаше покачувања на цената на струјата од 20 до 30 отсто, а во Турција за цели 120 проценти.

Нагласи дека реалното зголемување на цената ќе беше многу поголемо доколку Владата и АД ЕСМ не преземаа обврска да им помогнат на државните енергетски компании во наредниот период.

Самоил го продадоа? (Видео)

Постигнат е напредок и прогрес во разговорите и работата на мешовитата историска комисија. Оваа информација ја споделија историчарите од Бугарија пред денешниот состанок.

-Добро поминува состанокот сега за сега. Уште не сме завршиле работа, но добро се одвива сега за сега, ијзави кратко за медиумите член на Бугарската историска комисија.

Претседателот на бугарската комисија Димитров истакна дека Цар Самуил веќе е завршена работа.

-Има чекори напред, тоа може да се утврди. А на новинарско прашање за Цар Самуил Димитров додаде: Тоа е завршена работа.

Членовите на бугарската комисија велат дека за Гоце Делчев се уште не зборувале, но доколку имало време можеби ќе разговарале и за македонскиот ревулуционер.

Украинските власти побарале словенечката амбасада да го тргне знамето – премногу потсетувало на руското

Словенечката амбасада во Украина принудена да го крие знамето затоа што е слично на руското.

Украинските власти побараа од словенечките дипломати во Киев „привремено да го тргнат словенечкото знаме бидејќи е премногу слично на руското“, а персоналот на амбасадата оттогаш го симна знамето.

Белата, сината и црвената тробојка навистина наликуваат една на друга, но барањето забележливо беше упатено од нација, која беше еден од најголемите поддржувачи на Украина во ЕУ и НАТО.

Премиерот Јанез Јанша наводно дури го посетил Киев на 15 март, среде воената операција на Русија во земјата.

Не излегувајте без чадор, за попладнево најавено невpeме

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладнево на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на ретки грмежи и силен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а во деновите од викендот на планините со врнежи од снег.

УЈП со важно соопштение до сите работодавачи

Управата за јавни приходи ги информира сите работодавачи, дека од денеска, ќе може да аплицираат за добивање на финаниска помош за исплата на минимална плата.

На веб страната на УЈП, веќе е поставен клиентскиот софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош, за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.

Работодавачите кои сакаат да користат ваква државна помош, при поднесување на МПИН, во полето 3.23 треба да ја внесат шифрата 405, за сите вработени за кој побаруваат финансиска помош.

Работодавачите кои веќе ја исплатиле мартовската плата а не побарале финансиска помош, истото може да го сторат со поднесување на исправка со внес на шифра 103, само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош.

Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите работодавачи кои не се ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице. Апликантите потребно е да имаат статус на активен обврзник и да ги имаат подмирено обврските за исплата на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месец февруари или сите следни месеци за кои ќе бараат ваква финансиска помош.

Финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува. Исплатата ќе се врши преку Министерството за труд и социјална политика.

Финансиска помош неможе да користи работодавач кој користи субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за работници заради зголемување на плата, обврзник кој користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за работници, за периодот додека ја користи мерката, орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје, приватна агенција за вработување за осигуреник кој е отстапен кај работодавач од јавен сектор.

Работодавачите кои ќе добијат финансиска помош се должни работникот за кој ќе добијат поддршка да го задржат на работа најмалку една година по завршувањето на користење на мерката. Работодавачите кои нема да го испочитуваат оваа правило, по отпуштање на работникот ќе треба во рок од 30 дена да го вратат износот на добиената помош. Оваа одредба нема да важи ако работникот за кои е добиена помош во меѓувреме се пензионира, ако настане смрт или пак ако работникот сам си даде отказ од работното место.

Преку ваквите мерки на директен начин се намалуваат давачките што работодавачите ги имаат за придонеси а се оддржува и ликвидноста на домашното стопанство, стои во соопштението на УЈП.

Неделков: Штрајкот ќе трае додека не се исполнат барањата на СОНК

Во секој случај ние сме за дијалог и тоа сме го покажале и докажале дека сме конструктивен синдикат и пред сакаме недоразбирањата и проблемите да ги надминуваме на заедничка маса со дијалог. Имено, ние бараме уште пред четири години овој проблем со континуирано зголемување на минималната плата на национално ниво да се усогласи со закон за минимална плата, така да сите плати во државата, а не само она социјална загрозена категорија на работници, континуирано да го следат порастот на минимална плата – вели Јаким Неделков, претседател на СОНК во синоќешното гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител.

Неделков вели дека и покрај четири години што молат за социјален дијалог се уште нема никаков одговор од страна на владата и ресорните министерства за надминување на оваа ситуација.

Значи четири години молиме за социјален дијалог за да се надмине оваа ситуација. Еве веќе два месеца откако е донесена минималната плата континуирано исто така молиме за да се надминеме ситуацијата, што еве очигледно не може, не се сака, се нема разбирање. За волја на вистината досега не сме добиле конкретен предлог на нашите барања, а и јавно беа соопштение до јавноста, и писмено беа доставени до ресорните министерства, но немаме добиено некаков фидбек како одговор на нашите барања, изјави Неделков.

Според Неделков одговорот дека економската состојба во државата е лоша е неприфатлив додавајќи дека кризата влијае и на нив и дека со овие плати кои што ги земаат сериозно влијае и на семејниот буџет.

Единствено што имаме добиено е тоа дека ситуацијата економски е доста лоша во целиот свет, Европа па се разбира и во Македонија, дека има разни кризи и дека е многу тешко да се одговори на нашите барања, што сметам дека не е соодветен одговор затоа што има кризи во светот, Европа и Македонија се одразува на нашите семејства, работниците, домаќинства. И тоа значи дека директно влијае и на нас и со овие плати кои што ги земаме сериозно влијае на семејниот буџет, рече тој.

Неделков вели дека не верува дека владата ќе го испочитува член 8 од законот за минимална плата бидејќи како што рече изминатите години ниту еднаш сме немале усогласување на платите согласно овој член.

Искрено немаме причина зошто да веруваме затоа што во изминатите години никогаш не е усогласен, односно испочитуван овој член на законот и од таа причина навистина немаме простор за верување. Апсолутно изминатите години ниту еднаш сме немале усогласување на платите согласно овој член од законот за минимална плата потенцираше Неделков.

Неделков е дециден и порача дека штрајкот на просветните работници и вработените во градинките ќе трае се додека не се исполнат барањата на СОНК.
Не зависи од нас колку ќе трае штрајкот. Штрајкот ќе заврши тогаш кога ќе се договориме, односно дека барањата кои што ги има СОНК ќе бидат задоволени. Ние сме синдикат го бараме тоа што ни следува по закон и Колективен договор, заклучи тој.

Македонското знаме на највисокото место на пиедесталот: Виновникот е повторно Матеј Белистојаноски

Матеј Белистојаноски повторно демонстрираше врвна форма и на Гранд при Словачка освојувајќи два медали – златен и сребрен, пренесува ИПОН.

Македонското знаме повторно на највисокото место на пиедесталот, а виновникот, кој друг ако не Матеј Белистојаноски.

Нашиот каратист настапи во две категории. Во категоријата до 55 килограми во јуниорска конкуренција беше втор, а во – 60 во У-21 го освои златниот медал.

Целата статија можете да ја прочитате на ИПОН.МК.

Добра вест за дизелашите: Ова е новата цена на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48% во однос на одлуката од 28.03.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.

Од 1.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,322% или за 25,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 3,722% или за 45,350 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 4,506 % или за 51,550 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 2,553% или за 18,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0709 ден/$ и е за околу 0,031 % повисок од курсот на доларот (56,0533 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.