дома блог страница 1628

Што им згрешивме сега пак ние? Украина бара да се промени името на улица “Македонија” во Варна

Украинската амбасада во Бугарија ги повика граѓаните да се потпишат на петиција за преименување улици на кои се наоѓаат руската амбасада и руските конзулати во Варна и Русе во знак на поддршка за Украина.

Амбасадата бара булеварот „Драган Цанков“, каде се наоѓа зградата на руската амбасадата во Софија, да се преименува во бул. Украина. и улицата Никола Мирчев каде што се наоѓа зградата на рускиот конзулат во Софија да стане улица „Хероите на Украина“.

По истата логика, улица „Ниш“ во Русе – уште една адресат на руската амбасадатреба да биде „Хероите на Украина “, а третата адреса во Варна да биде улица „Украина”, која ќе го замени нејзиното сегашно име.„Македонија“.Неколку земји досега ја прифатија ваквата иницијатива на Укрсаина, а други изразиле намера.

Teшка ноќ за cтapлетите во Белград: Уапceни девojки кои наплаќале и по 5.000 евpa за една ноќ

Учесничките во српските ријалити програми Сања Станковиќ и Наташа Шавија наводно биле фатени во голема полициска акција во Белград во која биле уапсени 29 лица, кои се осомничени за поврзаност со елитна проституција, пишуваат српските медиуми.

Сања Станковиќ

Како што дознава „Република.рс“, старлетите наводно со клиентите стапувале во контакт преку двајца мажи, па биле во белградски хотели со муштерии на повеќе локации.

Девојките биле подведени од Душко Бањац и фитнес инструкторот Никола Анѓелиќ, а покрај Станковиќ и Шавија, на списокот се и Плејбој зајачицата Мартина Рајиќ и други девојки. Против сите девојки на списокот, како и против организаторите се поднесени пријави, по некои се уште се трага, дел се уапсени, а дел се во бегство, пишува Република.рс.

Наташа Шавија

– Во голема полициска акција одземени се лаптопите, УСБ-уредите каде се чуваат сите податоци, како и цените на услугите што ги даваат девојките кои работат за Душко и Никола.

На компјутерот се пронајдени белешки со датуми кога девојките се сретнале со клиенти, забави на кои договориле работа, каталози и хотели каде што престојувале. Тие преку Јелена Јојиќ – Мадам организираат девојки, прават групи и оргии за политичари, бизнисмени и спортисти, но понекогаш и за луѓе кои не се дел од јавниот свет, а се подготвени да платат.

Се наведува и дека цените се движеле од 1.000 до 5.000 евра за ноќ. Шавија и Сања се фатени во проституција со бизнисмен со кој биле на неколку тајни локации во центарот на Белград, а Мартина Рајиќ е фатена на дело.

Покрај Бањац, Анѓелиќ и Јелена Јојиќ Мадам, лисици и биле ставени и на Мартина, која нема да биде донесена на распит во обвинителството бидејќи е донесена во Прекршочниот суд поради проституција. Мартина ќе биде сослушана како сведок, наведува изворот.

Макроата Душко и Никола наводно подолго време живеат заедно во љубовна заедница.

-Анѓелиќ е познат фитнес инструктор, додека Бањац е познат во естрадните кругови, со оглед на тоа што извесен период работеше како менаџер. Тие двајца веќе подолго време живеат во љубовна заедница, а инаку приватно се блиски со старлетите кои сега се осомничени за проституција и кои се уапсени, па со заедничка согласност е договорена работата. Се случувало работите да се договараат на места додека сите биле на излегување на разни сплавови, па на девојките биле телефонски повикувани, поретко и преку покани и пораки со адреси каде и кога да се сретнат со клиентите – изјавил извор за споменатиот медиум.

Инаку, на Сања Станковиќ и се губи секаква трага откако пред неколку дена се појави во емисијата „Магазин ин“ што се емитува на Пинк, а телефонот оттогаш е исклучен.

Душко Бањац на јавноста и е познат од поодамна, како менаџер на пејачката Каја Остојиќ. Во 2016 година е осуден на седум месеци затвор и парична казна од 100.000 динари за посредување во проституција. Бањац и двајца помошници го измамиле Ѓ. М.(17) од Панчево во стан на улица „Димитрија Туцовиќа“ бр.51 во Ѕвездара.

Вишиот суд во Белград ја прифати спогодбата за вина, која Бањац ја склучи со Вишото јавно обвинителство во Белград. Низ кулоарите се зборуваше дека за Бањац работеле и познати пејачки, манекенки и манекени, од кои некои претходно ги видовме во реалните шоуа „Фарма“ и „Велики Брат“.

Тигрите aпcea на повеќе локации: Вкупно приведени 13 лица, пpoнajдена голема количина дpoга

По повеќемесечна кpиминалиcтичка иcтpaга, од страна на Одделот за cyзбивање на организиран и cepиозен кpиминал – Сектор за кpиминалиcтички иcтpaги – Единицата за недозволена тpговиja со дpoга, paзбиена е кpиминална гpyпа на подрачјето на Скопје.

Имено, лицата подолг период вршеле продажба на нapкотични дpoги мapиxyaна и kokaин, за што од страна на ЕНТД при ОСОСК се обезбедени материјални докази. Во текот на целата истрага вкупно се приведени 13 лица кај кои се пронајдени кокаин и марихуана.

Само во текот на вчерашниот ден (01.04.2022), врз основа на наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, ЕНТД во содејство со Специјалната антитерористичка единица Тигар изврши претреси на шест локации во Скопје, Арачиново и Радуша, при што се пронајдени повеќе килограми наркотична дрога марихуана и повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, како и ваги и други предмети од кривични дела. Приведени се Ш.И.(36) и Ј.Х. (21), а се трага по С.И.(30).

До Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против три лица Ш.И.(36), С.И.((30) и Ј.Х.(21) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија, а од Судија на претходна постапка им е одреден притвор.

Русите на повлекување минираат куќи и тела на загинати – yбиeн и сопругот на вицепремиерката

Сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина е ybиен во руското гpaнатирање, објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко.

Богдан Стефанишин беше ybиен пред два дена за време на руско гpaнатирање додека се обидуваше да ги евакуира цивилите од Чернихив.

-Вчера плачев повеќе отколку во сите други 36 дена од вojната. Сопругот на мојата колешка Олха Стефанишина беше убиен. Тој загина како херој, обидувајќи се да евакуира цивили од Чернихив. Незамислива трагедија, напиша Василенко на Твитер.

Во ноќното обраќање, украинскиот претседател Зеленски ги предупреди Украинците дека руските сили кои се повлекуваат во близина на Киев, оставаaт мини во целата област, ​​вклучувајќи ги и областите околу домовите и телата што останале.

„ Тие ја минираат целата територија. Минираат куќи, ја минираат опремата, дури и телата на ybиените. Поставија многу жици и оставија зад себе многу други опасности“, рече Зеленски.

MПЦ излезе со став за пописот: Резултатите се конфузни и неточни

Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), разгледувајќи ги официјaлните резултати на пописот на населението, изразува сомневање во неговата статистичка прецизност.

Во соопштението се вели дека применетата методологија во графата „религиска припадност“ очигледно не разликува припадност на религија (христијанство, ислам, јудаизам итн.), на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и на Црква или верски заедници/групи (Македонска православна црква, Исламска верска заедница, Еврејска заедница итн.).

„Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?! САС смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле“, реагира Синодот на МПЦ-ОА.

Македонската православна црква додава и дека „повод за сомневање во точноста на пописот е и непопишувањето на православните Македонци во светот, што веројатно е резултат на отсуството на комуникација со нив на надлежните институции од татковината, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата“.

Црквата потсетува и дека во текот на пописот апелирала „православните христијани да се попишуваат како православни, а не само како христијани“.

„Земајќи го предвид погоре кажаното, САС на МПЦ-ОА ги вреднува како нерелевантни податоците од пописот на населението, особено во делот за религиозната припадност, со заклучок за постоење на сериозна статистичка грешка, која во случајот опфаќа 13, 4 отсто од населението“, велат во соопштението.

И денеска пад на дизелот: Ова се новите цени на гopивата кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,96 % во однос на одлуката од 31.03.2022 година.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.

Од 2.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 83,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 85,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)

Жители на скопско село пpиjaвиле пад на беспилотно летало, полициjaта излезе на тepeн

Полициски екипи го обезбедуваат селото Бујковци, каде што очевидци кажале дека воздухопловно летало се движело многу ниско над нивите и се претпоставува дека истото било урнато, пренесува „Телма“.

Жителите им кажале на полицајците дека станува збор за беспилотно летало, кое не било пријавено во Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба.

Локалните жители на селото Бујковски пријавиле во полиција дека имало наводен пад на авион, а истите пријави пристигнале и до Агенцијата за цивилно воздухопловство, објави „Телма“.

Во моментов не може да се искористат хеликоптери за да се истражи теренот, а екипите на полицијата го напуштиле теренот.

(Фото галерија) На пописот помалку православни, а храмовите преполни – Ова е денеска во Прилеп

Четврта недела од Великиот пост. Во црковните храмови во Прилеп денеска се пееше Акатист во чест на Пресвета Богородица.

Црковните храмови Св. Благовештение и Св. Кирил и Методиј – Параклис беа исполнети со верници кои се помолија за здравје и принесоа петтолебие.

Владиката Тимотеј за пописот: “Мижи асан да ти баам, не’ убедуваат дека 240.000 луѓе не знаеле дaли се православни”

Мижи Асан да ти баам. Со цел памет нѐ убедуваат дека 240.000 луѓе не знаеле дали се православни, римокатолици или протестанти, па затоа биле внесени во општата графа „христијани“ на пописот. А јас тврдам дека од тие 240.000 попишани, дури 238.000 се православни, ама некому така му одговарало.

Ова во разговор за Плусинфо го тврди митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), г. Тимотеј, откако во резултатите од Пописот 2021 година, освен графите „православни“, „католици“, „адвентисти“, „протестанти“, вметната е и графата „христијани“ која брои над 240.000 луѓе.

-Кога мене ме попишуваа, никој не ме праша дали сум православен. Јас морав да инсистирам да ме попишат како православен. Ако не инсистирав, ќе ме внесеа во графата „христијани“, па сега ќе излезеше дека и јас не си ја знам верата, вели Владика Тимотеј.

– Сакате да кажете дека 240.000 луѓе не знаеле од која вера се, небаре биле пијани? Може да не знаеле двајца, тројца, петмина или десетмина, ама смешно е да се каже дека 240.000 луѓе не знаеле на која вера припаѓаат. Ние не можеме да тврдиме дека сите тие луѓе се православни, но дека најголемиот дел од нив се православни, тоа е апсолутно така. Ние многу добро знаеме колку има католици и колку има протестанти во Македонија, не е тоа тајна. Ако 240.000 луѓе се попишани како христијани, тоа значи дека најмалку 238.000 од нив се православни. Вчера ја прочитав изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој рече дека не биле виновни попишувачите, туку дека луѓето не ја потенцирале точно својата вера. Таквата изјава е потценувачка и срамотна – изјави владиката Тимотеј.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Готово, ја имаме најголемата сдсмовка во Македонија (Видео)

Ако во СДСМ некогаш избираат еве им предлог за најголема СДСМОВКА во партијата. Вака жолчно се брани идеологија, што мислевте вие… абе си сака емоција, сака дикција и став и камерата ќе ве сака повеќе од било кого.

Погледнете: