Николоски на средба со Пленковиќ: Македонија има силна поддршка од премиерот на Хрватска на патот на евроинтеграциите

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој е избран во 40-те највлијателни личности под 40 години во Европа од страна на бриселската Friends of Europe, во наредните три дена ќе учествува на средба во Загреб насловенa како „Спасување на демократијата од самата себе”. Николоски денеска оствари средба и со премиерот на Хрварска, Андреј Пленковиќ.

-Со премиерот на Хрватска и лидер на ХДЗ Andrej Plenković. Македонија има силна поддршка од премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ на патот на евроинтеграциите. ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ се сестрински партии во рамки на ЕПП. ВМРО-ДПМНЕ има силни пријатели во европската политика – напиша Николоски на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.