дома блог страница 162

Мандолинскиот оркестар ХГМД „Слога“ од Загреб гостува во Битола

На 31.03 во КИЦ Офицерскиот дом Битола, ќе биде одржан концертот Мозаик на хрватската мандолина во изведба на гостите од Загреб, Хрватска, Мандолинскиот оркестар ХГМД „Слога“, под диригентска палка на Максимилијан Бориќ, а во соработка со Хрватскиот културен центар МХД „Марко Марулиќ“ Битола.

Младинскиот мандолински оркестар на Хрватското графичко музичко друштво „Слога“ основан е во 2022 година. Го сочинуваат ученици кои свират на мандолина и гитара од Музичкото училиште „Павло Марковац“ од Загреб, ученици кои свират гитара од други музички училишта, како и студенти и поранешни ученици кои свират мандолина. Нивната желба за понатамошно заедничко музицирање е причина за основање на
овој оркестар.

Целта на оркестарот е систематски и постепено да ги развива младите луѓе во квалитетни оркестарски музичари кои ќе бидат основа на идната работа на Оркестарот на мандолинисти и гитаристи „Слога“, кој оваа година слави 97 години од своето основање и да продолжи да ја промовира мандолинската традиција на градот Загреб и Република Хрватска.

Репертоарот на оркестарот се состои од класични и современи композиции од хрватски и странски композитори напишани за мандолински оркестар.

Во 2023 година, оркестарот за прв пат се претстави на 27-от Хрватски фестивал на мандолина во Имотски, каде што ја освои втората награда во категоријата класична и современа музика.

Оркестарот одржа самостојна концертна турнеја во Република Србија (Панчево, Белград) и Италија (Кремона, Милано, Ала).

Во последните две години, оркестарот интензивно се посвети на изведување дела од хрватски композитор и за мандолински оркестар, оживувајќи некои од тие дела по децении заборавеност, а во исто време се посвети и на соработка со композитори и создавање нови композиции. Уметнички директор и диригент на​ оркестарот е Максимилијан Бориќ, професор по мандолина кој дипломирал мандолина на Конзерваториумот „Џузепе Верди“ во Милано.

Изложбата „Оган“ од академската уметница Бојана Артиновска, во петок пред прилепчани

На 27 март 2026г. /петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Оган“ од академската уметница Бојана Артиновска. Воедно ова е мултимедијален проект, бидејќи уметницата ќе слика во живо, а настанот ќе биде придружен со музика.

Проектот е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ поддржан од Министерството за култура и туризам.

За делата на Бојана Артиновска

„ Во своите нови апстрактно асоцијативни дела академската уметница Бојана Артиновска ја црпи инспирацијата од огнот. Острите назабени контури се извишуваат како бранови и создаваат ликовни структури што интуитивно пурифицираат преку визуелната интерпретација. Трепетливите извиени арабески
ги разбудуваат сетилата на набљудувачот и создаваат разгорена реалност, синтеза на разиграни бои и интуитивно слоевити колоритни површини. Широките колоритни облици прецизно контурирани со назабени извиени линии создаваат структури кои го образуваат содржинскиот поттекст на творештвото на уметницата.

Асоцијативните содржини изразени преку колоритот се поврзуваат со идејата за огнот, праисконскиот елемент што ја гради материјата. Апстрактните колоритни целини ги раздвижуваат емоциите и ја поттикнуваат животната виталност. Во одредени композициски структури боите целосно разгоруваат со
сите нијанси на жолта портокалова и црвена кои се манифестација на белата светлина. Во одредени колоритни интервенции константното жарење и вибрации на разни црвени нијанси не дозволува ни ронка починка и се разлеваат и се преточуваат од една во друга. Пурпурно црвената боја во други композиции тлее и се преточува во кафеави и црни нијанси отелотворувајќи го димот.

Разиграните колоритни апстрактно асоцијативни содржини симболично ја сугерираат топлината на огнот и светлината на сонцето, праисконски сили клучни​ за животопогодноста. Во одредени композиции симболиката на сонцето е потсилена со формата и обликот на насликаната површина. Контрастот меѓу темнина и светлина изразен преку раскошната сликарска палета ја потсилува визуелната метафора за стихијноста на жарот, моќта на огнената жешкотија и бескрајната сончева светлина.

Асоцијативно апстрактните композиции преку својата колоритна и енергетска структура влијаат на амбиентот и просторот создавајќи визуелни рефлексии на топлина и светлина што го трансформираат просторот во разиграна и динамична атмосфера.

Мултимедијалниот проект „Оган“ ќе се одржи во НУЦК Марко Цепенков Прилеп под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија. Во рамки на отворањето на изложбата авторката Бојана Артиновска ќе изведе перформанс сликање во живо како дел од процесот на создавање и непосредно претставување на енергијата на огнот“ – Автор на текст, м р Викторија Димеска, историчар на уметност.

За уметницата:

Бојана Артиновска е визуелна уметница родена во Велес, а живее и работи во Битола. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек сликарство и сценографија. Од 2000 до 2003 година работи во САД, по што активно твори на македонската уметничка сцена.

Член е на ДЛУБ, ДЛУП и ДЛУМ. Во својата работа се занимава со сликарство, сценографија, дизајн и театарска визуелизација, со долгогодишна соработка со НУЦК „Марко Цепенков“ и повеќе театарски работилници.

Има реализирано бројни групни настапи и девет самостојни изложби, меѓу кои: „Во мене“ (2008), „Гозба“ (2011), „Трепет“ (2020), „Позадини“ (2021), „Земја“ (2022), „Вода“ (2023/2024) и „Парчиња живот“ (2024). Нејзината најнова изложба „Оган“ (2026) е дел од циклусот инспириран од основните елементи.​

Добитничка е на наградата за најдобра сценографија на фестивалот „Репасаж“ во Србија (2010) и на наградата „4 Ноември“ на ДЛУБ (2022). Во своите дела користи слоеви од боја, текстура и експериментални техники. Паралелно е активна и како инструктор по јога.

Новитет во Прилеп: Регистрирај се, кликни и закажи термин за перење теписи, постелнини, облека….

Во денешното динамично секојдневие, времето е највредно. Токму затоа, Експерт 2Б носи решение кое го олеснува вашиот живот – онлајн апликација за брзо закажување термин за перење теписи, теписони, постелнини…

Веќе погодувате за кого станува збор… Едноставно најдобрите во оваа дејност во Прилеп и регионот. Кога сакате брзо, ефикасно, чисто и пред се’ евтино… го баравте Дарко, а сега по модерен терк
EKСПЕРТ 2Б направи и апликација за услугата да ја добиете што побрзо.

Со само неколку клика можете да:

✔️ Изберете термин што вам ви одговара
✔️ Направите резервација за неколку секунди
✔️ Ја доверите работата на тим од вистински професионалци

А што се прават во ЕКСПЕРТ 2Б за тие што не знаат? Епа, прават букавално се’, во нивната дејност се следните задачи:

✔️ Перење теписи, теписони, јамболии
✔️ Јоргани, ќебиња и перници
✔️ Перење, пеглање и пакување чаршави, работни униформи, медицински униформи,
✔️ Услуги за ресторани, апартмани, мотели и хотели…
✔️ Професионален третман на вашата зимска облека

Со модерна опрема и нови технологии, гарантираат брзина, ефикасност и врвен квалитет – по достапни цени. Вашите работи ги земаат од адреса и ви ги враќаат беспрекорно чисти и миризливи.

Што треба да направите? Во пресрет на Велигденските празници, препуштете се на уредување на семејниот дом и готвење, а чистењето доверете им го нив, преку закажување на следниот ЛИНК: https://e2b.bizora.mk/client/

Регистрирајте се, најавете се и одберете термин! Лесно во три чекори!

За дополнителни информации обратете се на телефонските броеви:

078 701 000
078 701 107

🟢 Експерт 2Б – Вашиот избор за чистота без компромис!

Дива лига! Таксист од Прилеп нападнат и ограбен доцна синоќа на ул. “Тризла”

-Денеска во три часот по полноќ, П.К.(62) – такси возач од Прилеп, пријавил дека на ул.„Тризла“ во Прилеп бил физички нападнат од три лица, кои му ги одзеле парите од прометот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола.

Коњановски држи лекции за успешен градоначалник – Започна изградбата на спортски игралишта во ООУ “Даме Груев” (ФОТО)

На уште една локација почна да се работи во новата градежна сезона во Битола. Станува збор за изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, што е проект од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука.

Денеска локацијата ја посетија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, а од одговорните за проектот беа информирани со текот на работите.

Станува збор за отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор и тоа терени за ракомет, кошарка и одбојка со вкупшна површина од 1311 м2.

Проектот предвидува поставување и на тартан подлога со дебелина од 13 милиметри, а вкупната асфалтна површина ќе биде на 2081 м2.

Околу терените ќе биде направена и пешачка патека во бехатон на површина од 294 м2, асфалтирање на пристапниот дел до игралиштата, паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема.

Вкупната сума на проектот е 15.507.414 денари.

И ова училиште се приклучува кон другите основни училишта кои ќе имаат нови спортски терени, што е заложба на општината учениците да имаат модерни и современи услови за спортските активности.

Џабе јавните извинувања! Ромите во Битола кои протестираа и се закануваа заработија кривични од МВР

-СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“.

На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи.

Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон – информираат од МВР.

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки.

„Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе дадеме се од себе, тоа да бидете сигурни. Јас се будам и заспивам со таа една мисла – дали даваме се од себе, дали сите даваат се од себе. Кај поединци имам дилема, имам задршка. И кај тие што имам дилема и задршка ги опоменувам дека имам чувство дека можат повеќе да дадат“, рече Мицкоски.

Тој беше категоричен дека оваа генерација политичари нема право на реприза и дека мора да се работи офанзивно и со максимална посветеност.

„Ние немаме право на реприза. Едноставно нема повеќе простор. Оваа генерација нема повеќе простор за импровизации и за репризи. Мора офанзивно и мора да се испорачува и мора да се даде повеќе од што можеме за да дојдеме до состојба на консолидирање. Ако е природно да се работи 5 дена во неделата по 8 часа, сега ќе се работи 7 дена во неделата по 12, 13, 14 часа. Тоа е начинот на којшто мора да функционира оваа влада“, нагласи премиерот.

Мицкоски додаде дека кога граѓаните ќе видат дека политичарите „го оставаат срцето на терен“, тие ќе им простат се. Меѓутоа, ако забележат надменост, неодговарање на пораки или недостаток на внимание кон обичните луѓе, тоа „нема да им го простат никогаш“.

Запрашан за евентуална реконструкција на Владата и дали има задршки за конкретни имиња, Мицкоски одговори дека има, и дека тоа го кажал лично на засегнатите.

„Имам да, точно и како што кажав тоа сум го кажувал лично. Не зборувам само во рамките на Владата туку и во рамките на институциите коишто се дел од Владата, затоа што мислам дека поединци не се вложуваат доволно или пак се однесуваат несоодветно на тоа што треба да се однесуваат“, рече Мицкоски.

(ФОТО) Тризла исчистена, ама не толку

Заврши работната акција за чисење на населбата “Тризла” која во пресрет на празникот Рамазан Бајрам ја организираше ЈКП Комуналец…. Заврши и толку…. Недела дена подоцна повторно иста слика….

Да им помогнеме на надлежните, контејнерите се наоѓаат кај домот “Тризла”….

Апел: Ако ве искасал чопор, да се пријавите во oпштина

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња.

Со примената на ова Упатство, се овозможува граѓаните кои претрпеле штета од каснување од бездомни кучиња на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп, да поднесат барање за надомест на штета и да пристапат кон постапка за спогодбено решавање на случајот.

Постапката се спроведува преку формирана Комисија, која врз основа на доставената документација и утврдената фактичка состојба предлага висина на надоместок, по што на барателот му се доставува спогодба.

Ги повикуваме сите граѓани кои имаат претрпено ваков вид на штета, да поднесат Барање со потребната документација преку Архивата на Општина Прилеп.

Образецот за поднесување на Барањето е достапен:

-во Архивата на Општина Прилеп
-на официјалната веб страница на Општина Прилеп

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Општина Прилеп.

Вака прави општествено одговорна компанија: Горивата на бензиските на NIT OIL во Прилеп и Кривогаштани ќе се точат по пониски цени

Бензинските пумпи на NIT OIL во Прилеп и Кривогаштани се приклучуваат кон иницијативата за намалување на цените на горивата, а со цел поддршка на граѓаните и компаниите.

Од денеска на бензиските пумпи на NIT OIL Еуро дизел, Бензин БС-95 и ТНГ (плин), ќе се продава по 2 денари пониска цена од цените утврдени од Регулаторната комисија.

Оваа мерка има за цел да им овозможи на граѓаните поекономично користење на горивата, додека воедно се задржува стабилноста на снабдувањето и квалитетот на услугата.

NIT OIL – во чекор со пазарот, во корист на граѓаните.