дома блог страница 163

Претставата „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” за Светскиот ден на театарот во Прилеп

Светскиот ден на театарот, Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи со изведба на претставата „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” од Театар ,,Златен Елец”, на 27 март/ петок/ од 11.30 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“.

Во претстваата играат:

Хари – Бобан Алексоски
Хермиона, Валдена- Надица Петрова
Визли, Гринимор- Бранко Михајлоски
Волдеморд- Тодор Стојковски – (глас)
Професорката Меконакен- Ванеса Тримчевска – (глас)

Претставата говори за м ладиот волшебник. Хари Потер заедно со неговите другари го наоѓаат познатиот чудесен напиток што го има оставено познатиот волшебник Гринимор.

Чудесниот напиток има и упатство за употреба, а тоа е книга со загатки кои треба да се одгатнат. Се појавува лошата магепсничка Валдена која безмилосно ги напаѓа и им ја зема книгата со упатството. Потоа се појавува и самиот создател на напитокот, волшебникот Гринимор кој ги предупредува дека кога ке го отворат шишето ке им се појави и дел од духот на најголемиот, но нацрниот волшебник кој се враќа од мртвите, лошиот Волдеморд. Ова е интерактивна театарска претстава за деца од 3 до 11 годишна возраст,
поучна приказна која низ многу забавни и магични театарски игри, ги истакнува лубовта, другарството и вербата како наголеми сили и моќи на човештвото.

Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни, обезбеден дополнителен попуст за дизел

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен.

Во таа насока, ОКТА ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април. Како дел од ова продолжување, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар, обезбедувајќи дополнителна поддршка за потрошувачите и придонесувајќи кон стабилизација на пазарот.

Oвој чекор доаѓа како резултат на континуираната комуникација и координација помеѓу Министерството и компаниите, со јасна цел – дел од олеснувањата да се пренесат директно кон граѓаните и стопанството. Ова претставува потврда дека активната улога на државата дава резултати и дека преку партнерство со компаниите може да се обезбедат конкретни придобивки за граѓаните и стопанството.

Истовремено, клучна улога во стабилизирањето на цените има и владината мерка за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%, која обезбеди директно намалување на цените за 6 до 7 денари по литар и спречи дополнителен ценовен шок.

Со оваа комбинирана интервенција:

• спречен е значителен раст на цените на горивата

• обезбедена е стабилност на пазарот

• заштитен е животниот стандард на граѓаните

• намален е притисокот врз транспортот и економијата

Лишени од слобода двајца прилепчани кај кои полицијата пронашла дpoга

-На 22.03.2026 во 14:45 часот на ул.„Бидимаж“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.М.(32) и И.Л.(30), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај А.М. била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

РКЕ пресече: Бензинот останува иста цена, дизелот поскапува – ова се новите цени

РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека нафтата поскапува за 3,5 денари.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: –

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,00 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 47,610 (денари/килограм

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

Владата донесе одлука за постоење на кризна состоjба во рок од 30 дена, поради „судир на интереси за користeње на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање на нивниот увоз во Републиката“, како што се наведува во актот.

Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состоjба на целата територија. бјавено е дека со денот на влегувањето во сила на оваа одлука се активира Главниот Штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување.

– Со одлуката на владата се задолжуваат органите на државна управа да преземат мерки и активности за справување со состојбата и надминување на последицата од судир на интереси за користење на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање на нивниот увоз во Македонија, стои во одлуката.

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46 617 денари, што е повисока за 8,3% во однос на јануари 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 70 066 денари.

Во Битола секој ден нешто ново! Градежни работи на улиците “Леринска” и “Христо Узунов”

Oпштина Битола известува дека во тек се градежни активности, односно реконструкција на дел од коловозот на улицата „Леринска“ и на дел од улицата „Христо Узунов“.

-Во моментов јавното претпријатие „Нискоградба“ ја изведува мештовитата ( фекална и атмосферска) канализација, а ќе се изведуваат и приклучоци за куќите. По ова ќе следи и фазата на асфалтирање на улиците, стои во соопштението.

Сумата за реконструкција на коловозот изнесува 4.004.100 денари, а за изведбата на канализацијата 2.872.960 денари. Средствата се целосно обезбедени од буџетот на Општина Битола.

Aвтобиографскиот филм “Франц”, во среда во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 25 март 2026 г./ среда/ од 19.00 часот во киното “Мис Стон” ќе се прикаже филмот „Франц“, посветен на животот на писателот Франц Кафка, од неговото раѓање до неговата смрт.

Влезниците за филмот се продаваат секој работен ден од 11.00 до 13.00 ч. на билетарницата од киното и еден час пред почетокот на проекцијата!

Податоци за филмот:

режија: Agnieszka Holland
улоги: Peter Kurth, Katharina Stark, Emma Smetana, Ivan Trojan, Carol Schuler,
Andrew Van Wilpe,
Sebastian Schwarz, Jenovefa Bokova, Josef Trojan
земја: Чешка, Германија
жанр: драма, биографија
Категоризација: Трета категорија

Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние во Coca-Cola HBC Групацијата

Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca–Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca–Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата.

Andrew David Cup се доделува од 2005 година и претставува највисоко признание во рамки на системот, кое го добива само една земја – онаа што покажала доследно остварување на врвни резултати во повеќе стратешки категории, меѓу кои задоволството на потрошувачите и вработените, оперативната ефикасност, иновациите и развојот на таленти, како и застапеноста на жените на лидерски позиции.

Со освојувањето на ова признание, Пиварa Скопје го потврдува континуитетот на високи перформанси и силната корпоративна култура што ја позиционира компанијата меѓу најуспешните во системот на Coca-Cola HBC и на македонскиот пазар. Особено значајно е што оваа награда традиционално ја освојуваат бизнис-единици кои работат на големи и силни пазари како Нигерија, Бугарија и Србија, што дополнително ја нагласува вредноста на овој извонреден успех на Пивара Скопје и воедно претставува силна потврда за квалитетот на работата на компанијата.

Ова високо меѓународно признание е резултат на заедничката посветеност, професионалност и тимски дух на сите вработени во Пивара Скопје. Тоа претставува потврда за силата на тимот на Пиварa Скопје, кој со својата енергија, знаење и истрајност ја води компанијата напред и ја зацврстува нејзината позиција како еден од водечките бизнис енетитети на македонскиот пазар. Истовремено, ова признание e мотив да се продолжи со уште поголема посветеност кон иновации, континуиран одржлив раст и развој и создавање вредност за потрошувачите, партнерите и заедницата, велат од Пивара Скопје.

За Coca-Cola HBC Групацијата

Coca-Cola HBC е водечка мултинационална групација за производство и дистрибуција на безалкохолни пијалаци и стратешки партнер на The Coca-Cola Company. Групацијата е присутна на 29 пазари и опслужува над 750 милиони потрошувачи. Со едно од најшироките портфолија во индустријата, кое ги вклучува брендови како Coca-Cola, Fanta, Sprite, Schweppes, Cappy, FuzeTea, Powerade, Vergnano Coffee и многу други, групацијата создава вредност за своите потрошувачи, партнери и заедниците во кои делува. Coca-Cola HBC е препознаена и како глобален лидер во одржливост и ESG практики, со силна посветеност на одговорно работење и долгорочен раст.

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Н.С. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 5.537.950 ДЕНАРИ

Битолчанецот Н.С. освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 5.537.950 денари.

Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „20 Супер хот“, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Евротип“, на 17.03.2026 година, во Битола.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот.

Во периодот од 16.03.2026 до 22.032.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 13.083.707 денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:

• 1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот – 5.537.950 денари

• 4 МИЛИОНЕР џекпот добивки – вкупно 5.916.670 денари

• МИНИ џекпот добивки – 1.629.087 денари

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Мината 2025 година беше година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за џекпот добивки.