Српски Курир: СПЦ ќе ја признае Охридската архиепископија

Соборот на СПЦ треба да ја потврди одлуката на патријархот Вартоломеј за признавањето на автономната Охридска Архиепископија, наместо досегашната т.н. Македонската православна црква (МПЦ), пишува српски Курир.

– Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во С. Македонија во рамките на Охридската архиепископија. Сакаше да го направи тоа сама, но беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да испадне дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во С. Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога во Ниш се сретнаа патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, придружувани од архиереите на двете цркви.

– Признавањето од СПЦ ќе значи и дека ќе има сериозни кадровски промени во рамките на Православната Охридска Архиепископија (ПАО). ПАО беше автономна архиепископија во С. Македонија, признаена од вселенскиот патријарх Вартоломеј и сите помесни цркви, а на литургијата требаше да го споменат само српскиот патријарх, како и сите други архиепископи и патријарси во православниот свет. Сега ПАО практично ќе ја преземе сегашната расколничка хиерархија во С. Македонија на чело со претходниот расколнички архиепископ Стефан и ќе се вика Охридска архиепископија. А поранешниот архиепископ на ПАО, Јован (Вранишковски), меѓу другото ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни, пишува српски „Курир“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.