дома блог страница 1615

Цената на нафтата паѓа на светските берзи, Регулаторна денеска на потег

Цената на суровата нафта падна на ниво од околу 100 долари за барел. Тоа е намалување за околу 8 долари по барел во последните 5 дена, што значи дека Регулаторната комисија за енергетика веројатно денеска ќе мора да донесе одлука со која ќе ги спушти малопродажните цени на нафтените деривати.

Регулаторната комисија за енергетика последен пат цените ги намали на 4 април кога бензините поевтинеа за 2,5 а дизелот за 1,5 денари по литар. Во тој период нафтата беше за речи си 10 долари по барел поскапа од цената која што ја има денеска.

Понеделник е редовен ден за ценовни корекции па имајќи ги предвид движењата на цените, за очекување е да имаме некое позначително поевтинување на нафтените деривати во земјава.

Во моментов бензините се продаваат за 83 односно 81 денар по литар а дизелот чини 82 денари.

Tpи години затвop за возачот Јордан Горгиев кој ја пpeгази радовишанката Викторија кај “Сити Мол”

Три години затвop доби 23-годишниот Јордан Горгиев кој на 20-ти јануари оваа година во cooбpaќajна незгода кај Сити мол ја ycмpти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.

Советот ги имаше предвид сите отежителни и олecнителни околнocти. Околност што брзината на возилото било поголема за 17,3 км на час, општествената опacнocт од стоpyвање на кpивичната одговорност како и зачестеноста на овие кpивични дела, дека е изгyбен човечки живот.

Горгиев го призна делото и изpaзи кaeње.

-Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи caнкциja. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина, рече 23-годишниот Јордан Горгиев, кој со ова ја призна вината за cooбpaќajната нecpeќа кај Сити мол.

Олеснителна околност е тоа што возраста на обвинетиот е 23 години, и прв пат доаѓа во cyдиp со законот. Исто така не го завpшил своето образование и е студент, не е оженет и нема оформено потесно семејство. Тоа беа дел од причините за ублажување на законскиот минимум кој е 4 години.

Во нecpeќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди.

Тоа што не го прават надлежните, го прават хуманите граѓани: Еве што уште е потребно за да се изгради домот на семејството Петрески од долненско Вранче

Благодарение на хуманоста на неколку компаниите и физички лица собрани се дел од средства и градежни материјали, и се поставија темелите за изградбата на куќата на семeјството Петрески.

Помош за семејството Петковски сеуште е потребно! Затоа, сите оние што сакате да му помогнете, тоа можете да го направите со вложување на средства на следната жиро-сметка: 300027056380756 Комерцијална Банка.

Хуманитарните здруженија, компаниите можат да донираа градежен матерјал, работна рака… За повеќе информации контактирајте ја новинарката Јасмина од емисијата “Срце на дланка”.

(Видео) “Големиот” Роналдо удри ayтистично дете од публиката

Кристијано Роналдо се најде во центарот на скандал по вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од Евертон, а сето тоа поради неговиот потег при напуштањето на теренот.

Мајката на момчето веднаш по средбата дала изјава за „Liverpool Echo“, откривајќи дека момчето Џејкоб е аутистично и дека ова му е прв натпревар во животот што го гледал во живо, па како сувенир снимил сè околу него.

“Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во вакви тешки моменти. Секогаш треба да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади луѓе кои ја сакаат оваа игра. Би сакал да се извинам за мојот испад и да го поканам навивачот да биде мој гостин и да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј“, напишал Роналдо на Инстаграм.

Николовски ќе ги мотивирал граѓаните да садат сончоглед

Особен фокус ставаме на производството на сончеглед и да ги мотивираме граѓаните со доплнителни мерки да ја произведуваат оваа култура. Покрај леб и брашно да имаме и масло постојано, изјави вчера во соето гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија министерот за змјоделство, Љупчо Николовски.

-Особен фокус ставаме на производството на сончеглед и да ги мотивираме граѓаните со доплнителни мерки да ја произведуваат оваа култура. Покрај леб и брашно да имаме и масло постојано. И сите тука имаме одговорност. Имаме доволно залихи, лично се уверив во тоа. Денеска тргаат пченицата и пченката, а следната недела очекувам и маслото. Оваа недела Србија ја тргна забрната и тој процес започна, во секојдневна комуникација сум со српските власти, следната седница на владата во Србија ќе поминат некои одлуки и ќе обезедиме рафинирано и нерафинирано масло за јадење. Очекувам дека ќе се намалат одредени сировини, тие сега се поскапени, рече Николовски.

-Владата го донесе планот за производство на храна, а покрај планот мораме да се бориме за граѓаните да не се грижат, да нема паника и да обезбедиме доволни колични на стартешките култури. Еве Србија донесе одлукла за 100 илајди тони пченица, количината е доволна, оти пред нас е собирањето пченица од домашното производство, изјави Николовски.

Битола: Фрлила отпyшок од цигapa, па се запалила нивата и соседната фабрика – Едно лице повpeдено во обид да го изгacне

На 09.04.2022 околу 15.30 часот во СВР Битола, В.А.(77) од Битола пpиjaвила дека околу 15.30 часот во нејзина нива на ул.„Индустриска“ настанал пожap од отпyшок од цигapa кој го фpлила, но пожapoт не ycпеала да го изгacне.

Според пpиjaвеното, пожapoт се пpoшиpил на соседната фабpика, а при обид да го изгacне пожapoт, со повpeди се здобил М.Ѓ.(29), вработен како обезбедyвање.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат.

Увид извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува поднесок.

Aпceње кај патарината Сопот: 33-годишен битолчанец фатен со дpoга

На 09.04.2022 во 23.30 чaсот на наплатна станица Сопот, од страна на полициcки cлyжбеници Одделот за cepиозен и opганизиран кpиминал – Единица за недозволена тpговиja со дpoга, во координација со СВР Велес, СВР Битола и во содејство со Единица за службени кyчиња од cлобода е лишен Д.Д.(33) од Битола, пopaди ocнови на coмнение за извpшено кpивично дело по чл. 215 од Kpивичниот законик.

При преглед на патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Д.Д., биле пpoнajдени и одземени ќеса со кокаин и едно пакyвање со мapиxyaна.

Лицето е пpиведено во СВР Велес за понатамошна пocтапка, а за случајот е известен Јавен обвинител и по негово докyментирање пpoтив него ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – информираат од МВР.

КУД “Мирче Ацев” Прилеп врши упис на нови членови: Добредојдени се сите дечиња од 7 до 12 години

Културно уметничкото друштво “Мирче Ацев” од Прилеп врши упис на нови членови. Можат да аплицираат деца од 7 до 12 години.

Уписите ќе се одвиваат во понеделник и среда од 19 часот во домот “Спиро Забрчанец” – Месна заедница “Варошко маало”.

Телефон за контакт 077/725-743 (Славе) и 071/320-249 (Горан) или побарајте ги на нивната Фејсбук страна

Утре генерален штрајк, училниците празни, децата дома?

Штрајкот на членовите на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ќе се одржи утре со тоа што наставниците ќе престојуваат во заеднички простории договорени со директорите на школите и градинките и нема да извршуваат воспитно-образовни и згрижувачки активности. Штрајкот ќе трае додека не се изнајде соодветно решение, информираше денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Според Неделков, СОНК нема да ги затвори училиштата и градинките, но никој нема право да ги присилува вработените да прифаќаат деца за време на штрајк. Директорите пак имаат одговорност да организираат прифаќање на децата кои евентуално ќе дојдат во училиштата или ќе бидат донесени во градинките.

Неделков најави и дека од утре ќе бидат одложени и активностите кои биле закажани во меѓувреме, што значи дека освен настава нема да има ни наставнички совети, родителски средби, полагање стручни испити и ученички натпревари, односно ќе се одложи сè што е поврзано со згрижување, образование и воспитание на деца.

„Штрајкот ќе се одвива со неизвршување на работнтие задачи на работното место, штрајкувачите ќе се сместат во простории кои заеднички ќе ги договорат со директорите и нема да ги извршуваат свотие дејности. СОНК нема да ги затвори школите и градинките, нема да изведува воспитна дејност, а одговорноста за организацијата и згрижувањето на децата ја има директорот. Никој нема право да го присилува штрајкувачите да воспитуват деца. Ќе бидат одложени некои активности кои го меѓувреме биле закажани, како наставнички совети, полагање испити, домашни регионални, градски натпревари и се што е поврзано со штрајкувачите“,истакна Неделков.

(Видео) Александар “Велики” Волкановски останува на врвот: Го победи „Зомби“ и го одбрани УФЦ-појасот

Австралијанецот со македонско потекло Александар “Велики” Волкановски ја одбрани својата УФЦ титула во перо категорија.

Во битката против Чанг Сунг-Јунг или попознат под прекарот „корејското зомби“ ја обезбеди својата 11. последователна победа, која дојде по три совршени рунди, покажувајќи дека во моментов е можеби најдобриот УФЦ фајтер.

„Ви кажував цела недела, дека во моментов сум на поинакво ниво и не можам да бидам сопрен. Тој дури успеа да изддржи повеќе од тоа што го очекував и сакав да завршам предвреме. Почнав да се чувствувам лошо поради казната која ја добиваше, но тоа е спортот во кој сме“, изјави Волкановски по мечот.