Само сложни Македонци градат ваков прекрасен храм: На ридот над Ропотово едно чудо народ направи прекрасна македонска веселба за Атанасоен (Фото)

Македонска традиција е изградбата на духовни храмови, така било низ вековите, така е и во денешно време.

Изминатите години на ридот над населеното место Ропотово во близина на Прилеп, се изгради уште еден храм кој полека, но сигурно се претвора во целосен манастирски комплекс посветен на Св. Атанасиј.

Изградбата на манастирот започна во 2016 година и благодарение на помошта од верниците, како и трудољубивоста, вредноста и умешноста на управата, денеска ова светилиште полека, но сигурно го добива својот конечен изглед.

Највесело е за Атанасоен, и за летениот и за зимскиот. Пред неколку дена за Св. Атанасиј кај народот познат како летен, во манастирот се собраа едно чудо луѓе. Имаше света литургија, веселба и празнична трпеза за која се погрижија домаќините Драган Стефаноски, Зоран Стојоски и Бојан Здравески.

Манастирот го краси прекрасен поглед кон плодното Пелагониско поле, како и живописно зеленило наоколу. Има висок јарбол со македонското знаме, трпезарија, а помош за негова целосна доизградба е се уште потребна.

Сите верници и добронамерници кои сакаат да помогнат можат да се обратат на телефонскиот број: 078 998 685. Ајде сите заедно, кој колку може, да помогнеме ова светилиште да биде целосно како што доликува.

ФОТО/ВИКТОР МИХАЈЛОСКИ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.