дома блог страница 1612

Економското училиште доби нов директор

Средното општинско економско училиште “Кузман Јосифоски – Питу” од Прилеп е второто од средните училишта кое од денеска има нов директор.

После промената на директорската позиција во индустриското училиште, денеска и економското доби нов директор.

На местото на досегашната директорка Билјана Марковска е именувана Цеца Видова Трајческа, професорка по македонски јазик и литература.

Засега промена нема во средните училишта “Орде Чопела”, “Ѓорче Петров” и гимназијата “Мирче Ацев”.

Конечно во Прилеп! Продавница за сите љубители на адреналинот – најквалитетна опрема од глава до петици (Фото)

За сите љубители на две тркала, за сите кои го сакаат адреналинот, конечно во Прилеп е отворена првата специјализирана продавница за мото опрема.

“Донти Мото” се наоѓа на улица “Борис Кирдич” бр.164 – отспротива на касарните.

Продавницата располага со секаков вид на мото опрема за сечиј вкус. Во “Донти Мото” ќе можете да најдете професионални кациги, крос кациги, класични шлемови, мото јакни и пантолони од реномирани брендови, секаков вид ракавици, протектори за колена и лакти, одела за дожд, мото појаси, чизми, елеци, мото крос дресови и пантолони, боди армори, водоотпорни торби и ранци во секаква големина, гел акумулатори… и уште многу други нешта кои ви се потребни за вашата безбедност и комфорност во возењето.

Посетете ги и проверете. Возете секогаш безбедно и сигурно. Опремете се за новата сезона само во “Донти мото”.

Moто опремата е клучен дел од секоја мото авантура и само со квалитетна опрема безбедно и сигурно ќе стигнете на саканата дестинација.

“Донти мото” секогаш прв и вистински избор за мото опрема.

Телефони за контакт: 071 316-039 и 071 369-799

Спектакл во најава во СП “Борис Трајковски”: Пуштени во продажба картите за натпреварот Македонија-Чешка

Ракометната федерација на Македонија денес ги пушти во продажба влезниците за дуелот на сениорската селекција со Чешка.

Средбата ќе се игра на 17 април со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова ќе биде реванш од бараж за пласман на Светското првенство 2023.

Продажбата на влезници се одвива online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари.

Уапceн 24-годишник затекнат при извршување на кpaжба на улица “Прилепска”

По целосно документирање на случајот против 24-годишниот А.Џ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.04.2022 на ул.„Прилепска“ во Битола, полициски службеник од Отсекот за општ криминал при СВР Битола го лишил од слобода А.Џ.(24) во Битола. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во објект во изградба. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Владата го избра човекот што ќе го замени Зеќири: Oва е новиот Генерален секретар

На денешната седница на Владата, Методија Димовски беше избран за нов Генерален секретар, потврдија од Владата.

Методија Димовски ќе седне на жешката столица. Досегашните генерални секретари имаа краток рок, се надеваме дека Димовски нема да го следи примерот на Зеќири и Рашковски.

На седницата била констатирана оставката на неговиот претходник Мухамед Зеќири кој е осомничен за кривично дело и си поднесе оставка.

Димовски е член на Инспекцискиот совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, а досега работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација, во меѓународни организации и како независен консултант.

Kpaдец фатен на дело на улица “Прилепскa”

На 11.04.2022 на ул.„Прилепска“ во Битола, полициски службеник од Отсекот за општ криминал при СВР Битола го лишил од слобода А.Џ.(24) од Битола.

Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во објект во изградба.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против А.Џ. ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Штрајкот на СОНК добива на масовност, се приклучуваат се повеќе членови

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков информира како се одвива вториот ден од генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средните училишта, за остварување на социјалните барања.

-Во текот на денешниот ден, сите синдикални организации на СОНК се во Генерален штрајк, дополнително со зголемен број на колешки и колеги кои се приклучиле кон штрајкот. Посериозни проблеми или притисоци врз штрајкувачите не се регистрирани до овој момент, а доколку има такви дејствија и пристигнат Изјави до нас, јавноста ќе биде благовремено информирана, вели Неделков.

Посочува дека во текот на денешниот ден очекуваат покана за работна средба од страна на надлежните институции, а за времето на одржување на средбата и резултатите од неа, дополнително ќе информираат.

-СОНК се надева дека ресорните министерства или Владата ќе излезат со конкретен и прифатлив предлог за зголемување на платите во гореспоменатите дејности односно со предлог кој ќе биде прифатлив од мнозинството на членови на СОНК. Со тоа би се донело, во најкраток можен рок, одлука за прекин на штрајкот и продолжување на нормалниот тек на воспитно – образовниот процес, нагласува претседателот на СОНК.

Фото кино клубот од Прилеп по деветти пат ја одржа изложбата на фотографии „Јордан Зазоски-Зазо“

Во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ синоќа се одржа традиционалната изложба на Фото кино клубот „Прилеп“ на која што учество зедоа 60 автори со исто толку фотографии.

Во клубот има околу 200 членови од кои 80-тина работат активно и е единствениот во Република Македонија кој што работи со млади.

Претседателот на клубот Сашо Попоски истакна дека се надева и очекува се повеќе млади во иднина да се одлучат за овие технички науки како видео и кино техниката.

На изложбата присуствуваше и сопругата на Јордан Јорданоски-Зазо.

Идната година ќе биде јубилејна изложба, а од клубот се надеваат дека ќе ја одбележат со најголем број на фотографии до сега.

Влада: Платите во образованието ги зголемивме од 3.200 до 6.400 денари

Вработените во образованието и во детската заштита и воспитание се базата за развој на општеството и квалитетен човечки потенцијал. Затоа еден од врвните приоритети на Владата е континуиран раст на платите на наставниците и воспитувачите и негователите, на кое работиме и ќе продолжиме да работиме.

Со конструктивен дијалог со синдикатите кои се наш силен партнер, платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21%. Со последните зголемувања, наставник/чка во основно образование сега зема плата од 24.786 денари, плус минат труд, што е зголемување за 3.267 денари плус минат труд, за разлика од 2016 година кога неговата плата изнесувала 21.521 денар. Кај наставниците во средно образование платата сега изнесува 25.642 денари и е зголемена за 4.353 денари плус минат труд.

Изминатиот период од 2017 до 2022 година со воведувањето на новата методологија за пресметка беше постигнато најголемото зголемување на платите на вработените во градинките. Во 2017 година неговател/ка во градинка земаше 14.493 денари плата. Во 2022 просечно исплатена плата за месец февруари на неговател/ка е 19.560 денари плус минат труд. Разликата е 5.067 денари повеќе на сметката на овие вработени, плус додатокот за минат труд. Платата на воспитувач/ка во градинка во 2017 година изнесувала 19.200 денари, додека во 2022 година, 25.642 денари плус додатокот за минат труд. Зголемувањето овде е 6.442 денари, плус минатиот труд.

Растот за платите за вработените во образование и во градинките е во времето на оваа Влада и колективниот договор потпишан 2019 година во јуни. Дебатата за новиот колективен договор е шанса за трајно решавање на континуираниот раст на платите. Владата е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Заедно да најдеме модел за раст кој како со договорот за минималната плата ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот.

Го охрабруваме синдикатот, кој покажа интерес за новиот пристап, да го продолжи дијалогот и да учествува и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите.

Барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот. Во услови на исклучителна светска економска криза која не заобиколи ниту една земја, па ниту нашата, Владата во заеднички дијалог со репрезентативните синдикати продолжува да обезбедува системски решенија со кои ќе го продолжи зголемувањето на платите за вработените во училиштата и градинките.

Mинистерот ги подучи наставниците како требало: “Доста со штрајкови за повисоки плати, треба да се штрајкува за натпревари”

Доста со штрајкови за повисоки плати, ние треба да штрајкуваме, за да се натпреваруваме за меѓународни натпревари, изјави министерот за образование Јетон Шаќири во врска со актуелниот генерален штрајк на СОНК во Македонија.

Министерот Шаќири во емисијата Клан дебата на ТВ Клан Македонија порача: „Доста со штрајкови за поголеми плати“!

ТВ Клан Македонија на својот интернет портал го цитира искажувањето на министерот Шаќири:

– Ние треба да штрајкуваме, за да се натпреваруваме за меѓународни натпревари, треба да се крева штрајк за каква било неправда кон наставниците и други разумни, оправдани штрајкови, но не повеќе штрајкови за повисоки плати!– објавува телевизијата.