дома блог страница 1613

Фото кино клубот од Прилеп по деветти пат ја одржа изложбата на фотографии „Јордан Зазоски-Зазо“

Во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ синоќа се одржа традиционалната изложба на Фото кино клубот „Прилеп“ на која што учество зедоа 60 автори со исто толку фотографии.

Во клубот има околу 200 членови од кои 80-тина работат активно и е единствениот во Република Македонија кој што работи со млади.

Претседателот на клубот Сашо Попоски истакна дека се надева и очекува се повеќе млади во иднина да се одлучат за овие технички науки како видео и кино техниката.

На изложбата присуствуваше и сопругата на Јордан Јорданоски-Зазо.

Идната година ќе биде јубилејна изложба, а од клубот се надеваат дека ќе ја одбележат со најголем број на фотографии до сега.

Влада: Платите во образованието ги зголемивме од 3.200 до 6.400 денари

Вработените во образованието и во детската заштита и воспитание се базата за развој на општеството и квалитетен човечки потенцијал. Затоа еден од врвните приоритети на Владата е континуиран раст на платите на наставниците и воспитувачите и негователите, на кое работиме и ќе продолжиме да работиме.

Со конструктивен дијалог со синдикатите кои се наш силен партнер, платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21%. Со последните зголемувања, наставник/чка во основно образование сега зема плата од 24.786 денари, плус минат труд, што е зголемување за 3.267 денари плус минат труд, за разлика од 2016 година кога неговата плата изнесувала 21.521 денар. Кај наставниците во средно образование платата сега изнесува 25.642 денари и е зголемена за 4.353 денари плус минат труд.

Изминатиот период од 2017 до 2022 година со воведувањето на новата методологија за пресметка беше постигнато најголемото зголемување на платите на вработените во градинките. Во 2017 година неговател/ка во градинка земаше 14.493 денари плата. Во 2022 просечно исплатена плата за месец февруари на неговател/ка е 19.560 денари плус минат труд. Разликата е 5.067 денари повеќе на сметката на овие вработени, плус додатокот за минат труд. Платата на воспитувач/ка во градинка во 2017 година изнесувала 19.200 денари, додека во 2022 година, 25.642 денари плус додатокот за минат труд. Зголемувањето овде е 6.442 денари, плус минатиот труд.

Растот за платите за вработените во образование и во градинките е во времето на оваа Влада и колективниот договор потпишан 2019 година во јуни. Дебатата за новиот колективен договор е шанса за трајно решавање на континуираниот раст на платите. Владата е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Заедно да најдеме модел за раст кој како со договорот за минималната плата ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот.

Го охрабруваме синдикатот, кој покажа интерес за новиот пристап, да го продолжи дијалогот и да учествува и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите.

Барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот. Во услови на исклучителна светска економска криза која не заобиколи ниту една земја, па ниту нашата, Владата во заеднички дијалог со репрезентативните синдикати продолжува да обезбедува системски решенија со кои ќе го продолжи зголемувањето на платите за вработените во училиштата и градинките.

Mинистерот ги подучи наставниците како требало: “Доста со штрајкови за повисоки плати, треба да се штрајкува за натпревари”

Доста со штрајкови за повисоки плати, ние треба да штрајкуваме, за да се натпреваруваме за меѓународни натпревари, изјави министерот за образование Јетон Шаќири во врска со актуелниот генерален штрајк на СОНК во Македонија.

Министерот Шаќири во емисијата Клан дебата на ТВ Клан Македонија порача: „Доста со штрајкови за поголеми плати“!

ТВ Клан Македонија на својот интернет портал го цитира искажувањето на министерот Шаќири:

– Ние треба да штрајкуваме, за да се натпреваруваме за меѓународни натпревари, треба да се крева штрајк за каква било неправда кон наставниците и други разумни, оправдани штрајкови, но не повеќе штрајкови за повисоки плати!– објавува телевизијата.

Останува уште да одлучи Владата: И Главниот кризен штаб одлучи да не се носат повеќе маски во затворен простор

На петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница.

Помеѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до ГККШ се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.

Усвоен е и заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.

За усвоените заклучоци, Владата ќе расправа и одлучува на следната Владина седница, соопштија од Влада.

Овие апарати ги игнорирате, но трошат големо количество електрична енергија – Eве како да заштедите

Ова се уредите кои трошат најмногу енергија:

Електричен туш

Електричниот туш е туш кој користи струја, а не само притисок на вода. Исто така, ја загрева само водата наместо да ја испумпува од резервоарот за топла вода. Електричниот туш може да троши до 1460 киловат часови годишно. Ова може да биде голем процент од вашата сметка за енергија.

Сушална

Машината за сушење е вториот уред кој троши најмногу електрична енергија за една година. Годишно троши околу 675 киловат часови. Тука има прилично едноставен начин да заштедите. Оние кои имаат можност, можат да стават облека на жица да се суши наместо во машина и така да заштедат.

Плазма телевизор

Просечниот човек троши повеќе од три часа дневно гледајќи телевизија, па вреди да се размисли колку всушност чини овој вид на забава. Плазма телевизорите трошат огромна количина електрична енергија, но помодерните LED телевизори трошат значително помалку и често имаат вградени паметни функции за подобрување на ефикасноста. Плазма телевизорот троши малку помалку енергија годишно од машината за сушење. Обично троши околу 658 киловат часови годишно. Сепак, тоа зависи од просечната употреба, па ако гледате телевизија подолго, ќе потрошите повеќе. Од друга страна, LED телевизорите трошат значително помалку, околу 119 киловат часови.

Што се однесува до кујнските апарати, oвие трошат најмногу електрична енергија:

машина за миење садови (480 киловати / година)
фрижидер / замрзнувач (425 киловати / година)
шпорет со електрична плоча за готвење (315 киловати / година)
печка (290 киловати / година)
машината за перење троши околу 420 киловати годишно.

Честото користење на шпоретот може да доведе и до поголема потрошувачка. Котелот троши околу 165 киловат часови годишно.

На листата на апарати за домаќинство кои трошат најмалку електрична енергија се наоѓаат вентилатор, правосмукалка, тостер, пегла и апарат за кафе.

Кога ниту направеното не се одржува: Си беше еднаш една шаховска табла која беше украс на центарот во Прилеп (Фото галерија)

Во 2009 година на новоизградениот тогаш “Арт плоштад” во Прилеп беше направена и голема шаховска табла, која беше атракција за целиот град и посетителите.

На отварањето присутни беа голем број граѓани, а долго време потоа шаховската табла беше украс на градот.

Денеска таблата е руинирана, а шаховските фигури откако беа целосно уништени, повеќе не се обновија.

Една навистина грда слика која прилепчани не ја заслужуваат, а сето тоа е платено од нивниот џеб, од нивните пари.

Се чини дека нам повеќе ни одговара да направиме нешто одново и да потрошиме еден куп пари, наместо да го одржуваме тоа што веќе е направено.

Да помогнеме кој колку може! Црковните храмови во Прилеп од утре ја започнуваат традиционалната хуманитарна акција за Велигден

По 15-ти пат неформалната хуманитарна организација “Св.Никодим Прилепски-Тисмански” при црквата Св. Благовештение во Прилеп, заедно со црковните храмови Св. Петка, Св. Кирил и Методиј и Св. Преображение, организираат велигденска хуманитарна акција.

Во препознатливите црвени кутии граѓаните од утре до Цветници ќе можат да донираат средства, со кои потоа ќе се набават пакети со храна и средства за хигиена за сиромашните семејства.

Покрај парични средства граѓаните можат да донираат и нерасиплива конзервирана храна.

Од црковниот одбор при Стара црква очекуваат како и минатата година и оваа да направат околу 130 пакети, кои ќе значат многу за нашите сограѓани кои немаат доволно.

Ајде сите заедно да помогнеме и да го донесеме празничниот дух на сечија трпеза и во сечиј дом. Велигден е празник кој треба да обединува и да зближува. Само со меѓусебно помагање, сакање и почитување ќе покажеме дека го славиме Божјото чудо и го следиме Божјиот пат.

Ова е кафето што прави гужва каде и да се појави (Фото галерија)

Поистоветувајќи се со целите за зачувување на природата, здравиот дух и тело и социјалниот живот, успеавме да направивме одлична синергија со Планинарски Клуб “Мамути” од Прилеп (во улога на организатори) и Caffe di Artisan како спонзори на традиционалниот Планинарски марш “Томе Темелкоски” на Селачка планина на 09.04.2022 – информираат од иновативната компанија за кафе.

На самите падини во дворот на Mанастир Св. Димитрија во с.Селце, го претставивме едноставниот начин на користењето на Caffe di Artisan капсулите пред планинарските авантуристи од цела Македонија.

Сите имаа можност да ги дегустираат различните вкусови на нашите кафиња, а притоа и да земат некој патрон за пo пат.

Полни со позитивна енергија се спуштивме кон Паркот на непобедените, каде се претставивмне во склоп на Меѓународна кинолошка изложба на “Могилата на непобедените”.

И покрај дождот нашиот штанд ги привлече присутните да се стоплат со омилениот пијалок, за што говорат и сликите подолу.

Во следниот период ќе не гледате се почесто. Нашата револуција од кафе патрони сме одлучни да ја донесеме се поблиску до вас и да станеме симбол за компанија за производи со највисок квалитет, одлични цени и наједноставна употреба – насекаде и во секое време.

Кај нив можело и во кpиза: Кај нас штpajкyваат, во Србија покачување на платите за 10.000 динари

Уште 10.000 динари доаѓаат од државата, вака српскиот министер за финансии најави ново зголемување на платите на еден дел од српската јавна администрација.

Откако ги поддржа сите што се вработени во здравството, државата реши финансиски да помогне уште еден сектор во јавната администрација. Министерот за финансии Синиша Мали за „Блиц“ потврди дека в петок ќе пристигнат 10.000 динари за вработените во социјалните установи.

Парите ќе ги добијат вработените во установите за социјална заштита, односно негувателките, воспитувачите во домовите за стари лица, вработените во одржувањето на хигиената… Тоа се установи за социјална заштита, а не градинки.

Pycковcка: Bo Maкедониja има многy кopyпциja

Не се почитуваат законите и често се злоупотребуваат функциите, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска во денешното гостување во емисијата “Студио 10” на ТВ 24.

На новинарското прашање, како државава се носи со корупцијата, таа само кратко порача:

„Во државава има многу корупција. Интензивно работиме и даваме се’ од себе. Добиваме информации од секаде, МВР, Антикорупциска, Финансиска полиција, а отвораме предмети и по допрен глас“, рече Русковска.