дома блог страница 1611

Во Битола нема застој, ликот на градот се менува секој ден (Фото)

Во тек се градежните активности со кои се врши изградба на коловоз на улица Крушевска Република во должина од 490 метри, на потегот зад стадионот „Петар Милошевски“.

Со завршувањето на овој дел од улицата, ќе се направи сообраќајно поврзување на улицата „Македонска фаланга“ со улиците во АРМ, со што ќе се овозможи намалување на сообраќајот на улицата „Партизанска“.

Улицата „Крушевска Република“ е дел од проектот за „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, за кој градоначалникот Тони Коњановски, претходно најави дека ќе биде реализиран оваа градежна сезона.

Работните активности во рамките на тој проект во моментот се во тек на 7 улици – информираат од општина Битола.

Битолчанец се здружил со четворица скопјани и краделе бакарни кабли од телекомуникациска компанија

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(50) од Битола, С.Д.(30), С.Д.(28), Ф.А.(37) и О.А.(36), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 28 кривични дела, од кои 12 кривични дела „тешка кражба“, по две „уништување или оштетување јавни инсталации“ и помагање при „прикривање“ и по едно кривично дело „кражба“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“.

По претходен меѓусебен договор меѓу пријавените, во периодот од 10.06.2021 до 09.07.2021 на повеќе различни локации, првопријавениот со употреба на физичка сила ја отварал шахтата (кабловско окно), сопственост на телекомуникациска компанија, а потоа со бонсек ги сечеле бакарните кабли, ги одземале и ги товарале во возило, со што причиниле материјална штета од 2.149.919 денари.

MВР информира: Расчистена џепна кражба – фатен 55-годишен џепчија

Денеска (13.04.2022) во 12.00 часот на бул.Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода И.С.(55) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 03.03.2022 на автобуска постојка кај Народна банка извршил џепна кражба и од Е.Т.Ј. од Скопје одзел платежна картичка со која подигнал пари.

По преземени мерки и обезбеден доказен материјал било утврдено дека И.С. е сторител на делото.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во црногорскиот град Бар поставена спомен плоча од македонската принцеза Косара

Во Бар поставена плочата на македонската принцеза Косара
На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство.

Претседателот Пендаровски посочи дека поставувањето на ова спомен обележје претставува симбол на блискост и културно-историската врска помеѓу Македонија и Црна Гора, и се реализира на иницијатива на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на Црногорците во Република Македонија.

Плочата е во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на цар Самоил, која е опеана во „Летописот на попот Дукљанин“.

Спомен-плочата е изработена од страна на македонскиот скулптор Томе Аџиевски и е поставена во Бар, каде најмногу се негува култот кон кнезот Владимир, кој се смета за заштитник на градот.

Плочата е поставена на плоштадот „Владимир и Косара“ кој е во фаза на реконструкција и наскоро треба да биде завршен.

Кавадарци не ги чека другите, чекори напред и добива европски лик: Погледнете го само новиот зелен пазар во градот (Фото галерија)

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, на Фејсбук сподели фотографии од новиот зелен пазар

Пазар каков што можеби нема во цела Македонија. Се’ е подредено аптекарски, ново, средено, простор за паркинг, обележани тезги, посебен дел за продажба на сирење, посебен за риба…

Секоја чест!

Кавадарци добива европски лик!

Македонија вечерва на мегдан со Чешка: Новата генерација предводена од Лазаров ќе се бори за пласман на Светско

Македонската ракометна репрезентација вечер гостува кај Чешка во првиот меч од пресметката за пласман на Светското првенство 2023.

Селекторот Кирил Лазаров верува дека со максимална ангажираност негова и на неговите избраници може да се дојде до добар резултат пред реваншот во Скопје.

Лазаров кој ќе ја има и улогата на капитен на теренот, смета дека Чешка е посилна од претходниот ривал Романија.

-Ако треба да ја споредам Чешка со Романија, можам да кажам дека 15 до 20 отсто се работи за повоиграна репрезентација, иако не треба да се занемари квалитетот на Романците. Нема да не плаши тоа, имаме јасна идеја, можеби ќе ѝ ја препуштиме фаворитската улога, меѓутоа ние сакаме Светското првенство и спремни сме да го дадеме нашиот максимум да дојдеме таму. Мислам дека многу ќе ни значи уште еден настап на Светско првенство со оваа нова генерација. Спремни сме за предизвикот, рече Лазаров.

Натпреварот ќе се игра во Злин со почеток во 20 часот и 15 минути, реваншот е в недела во Скопје (19 часот).

Добра вест за светот: Украина извести дека сеидбата на жито започнала речиси во целата земја

Земјоделците почнаа со пролетната сеидба во речиси сите делови на Украина, независно од тоа што продолжуваат нападите на руските сили, соопштија властите во Киев.

-Сеидбата не почнала само во Луганск, изјави синоќа премиерот Денис Шмихал. Луганск инаку е под целосна контрола на руските сили.

Владата во Киев за земјоделскиот сектор обезбедила поволни заеми во вредност од 3,5 милијарди гривни или 116 милиони долари.

-Истовремено настојуваме да ги поедноставиме постапките за регистрација на земјоделска технологија, со цел да нема застои во земјоделските работи, истакна Шмихал.

Украина спаѓа меѓу водечките производители на жито во светот, така што слаб принос би можел да предизвика недостиг и скок на цената на житото на меѓународните пазари на земјоделски сировини.

(Видео) Македонски раководител на смена во царина фатен на камера како зема мито од 120 евра

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Шкрета Елхам, зема 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. Елхам е познат како голем поддржувач на СДСМ и на политиките на Зоран Заев.

Раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Шкрета Елхам е фатен на камера како зема мито 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. Видеото го објави вчера албанската телевизија Клан во емисијата „Стоп“

Новинарот на ТВ Клан, во улога на патник, платил 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки. Ваквата проверка на новинарите следувала откако телевизијата ја контактирал албански превозник, а со информации дека на ГП Блаце македонски полицајци постојано му бараат поткуп за нешто што треба да биде бесплатна услуга.

-Јас сум албански бизнисмен кој превезува луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската погранична полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по возило. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра, открива бизнисменот за ТВ Клан.

Екипа на емисијата „Стоп“ на граничниот премин Блаце ја сними целата постапка како Елхам, како раководител на смена, си бара и си ги зема парите – од шест патници, по 20 евра од човек.

Инаку, Елхам е познат како голем поддржувач на СДСМ и на политиките на Зоран Заев. Неретко на социјалните мрежи објавувал фотографии на кои е фотографиран со високи партиски личности.

Видеото погледнете го ТУКА

Новинар се обиде да го испровоцира Новак, одговорот на тенисерот му ја затвори устата

Првиот меч на Новак Ѓоковиќ по долго време и првиот во сезоната на земјена подлога не помина баш како што се надеваа неговите навивачи.

Сепак, Ѓоковиќ по крајот доби овации од публиката на „домашниот терен“. Но, тоа изгледа не го виде еден од новинарите кој на прес-конференцијата го праша Новак дали е „изненаден од фактот што публиката беше против него“.

Новак не се согласи со коментарот дека публиката лошо го прими на почетокот на мечот.

-Да бидам искрен со тебе, имав сосема поинаков впечаток од твојот. Публиката беше навистина спортска, ги поздрави добрите потези на двајцата играчи – и нормално е што го бодреа во моменти кога добиваше важна предност. Играв во многу посурови средини за време на својата кариера и би сакал да им се заблагодарам на сите што останаа со нас три часа, рече Новак.

Овој одговор не му се допадна на новинарот кој очигледно сакаше да го испровоцира тенисерот да каже некоја критика за публиката.

Благајник во болница, четири години сам си ја зголемувал платата

Педесет и осум годишен жител на струшкото село Драслајца доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, го оштетил Буџетот на Завод за нефрологија над 342 илјади денари.

– Р.Л., во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што го оштетил буџетот на болницата стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.