дома блог страница 1610

(Видео) Гори фабриката “Треска” во центарот на Скопје

Гори имотот на фабриката Треска во центарот на Скопје!

Голем пожар пред малку ги вознемири скопјани! Според информациите што ги пренесува порталот Инфомакс гори имотот на поранешната фабрика за мебел Треска.

Фабрката се наоѓа во централното градско подрачје на територија на општина Центар.

Видео: КУРИР

Маск си го сака цел Твитер за себе: Нуди 41 милијарда долари

Милијардерот Илон Маск се понуди да го купи Твитер за 41,39 милијарди долари.

Понудената цена на Маск од 54,20 долари по акција претставува премија од 38 отсто во однос на цената на акциите на Твитер од 1 април, последниот трговски ден пред да биде објавено дека Маск купи повеќе од 9% од социјалната мрежа.

Твитер АД. на регулаторниот брифинг во четвртокот рече дека Маск, кој моментално поседува нешто повеќе од 9% од акциите, е најголемиот акционер на компанијата. Тој во средата испрати писмо до компанијата во кое достави предлог за купување на преостанатите акции на Твитер.

„Инвестирав во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот и верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционална демократија“, наведе извршниот директор на Тесла, во писмото испратено до Брет Тејлор, претседател на одборот на Твитер.

„Меѓутоа, откако инвестирав, сега разбирам дека компанијата ниту ќе напредува, ниту ќе му служи на овој општествен императив во сегашната форма. Твитер треба да се трансформира во приватна компанија. Како резултат на тоа, нудам да купам 100 отсто од Твитер за 54,20 долари по акција во готово, 54 отсто од премијата во споредба со денот пред да почнам да инвестирам во Твитер и 38 отсто во споредба со денот пред да биде објавена мојата инвестиција“, додаде тој.

Огромен удар за Русите: Eкcплoзиja на бродот “Mocква”

Руските медиуми објавија дека рускиот брод „Москва“ е тешко оштетен по ekcплозија на мунициja предизвикана од пожap.

Екипажот на бродот е целосно евакуиран и се води истрага за причините за пожарот на бродот.

„Поради пожapoт, муницијата експлодирала на крстосувачот. Бродот е тешко оштетен“, јавуваат од Русија.

Украинските власти претходно се пофалија дека бродот „Москва“ бил погоден од украински ракети.

Акциска контрола на полицијата: Санкционирани петмина прилепчани

Полицијата спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола.

На 13.04.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 28 возачи, од кои 6 санкции се изречени на територија на Ресен, 14 на територија на Битола, 5 санкции во Прилеп и 3 во Македонски Брод.

Битолчани треба да честат, на гости им иде бугарскиот премиер

Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со уште еден висок преставник на бугарската влада и со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, оваа сабота ќе ја посетат Битола, објави СДК.мк.

За детали околу агендата на Петков, од Владата упатуваат на Бугарската амбасада во Скопје, од каде нема одговор кои места во Битола ќе ги посети Петков. Неофицијално, тој ќе присуствува на отворање на библиотека со бугарска литература, пишува СДК.мк.

Пред два месеца, во Битола беше уреден и Клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“ на улицата Рузвелтова во центарот на градот, кој допрва треба да се отвори.

Повеќе нема купување цели пакети: До 31 мај од продавница ќе купувате ограничено количество зејтин

Од вчера започна да важи одлуката за продажба на ограничено количество на сончогледово масло во продавниците.

Трговците треба да определат количество на масло кое смее да го купи еден потрошувач и се препорачува ограничување на купување неколку шишиња без можност за купување цели пакети или палети зејтин.

Одлуката е донесена поради забележана појава на купување на поголемо количество на масло за јадење, а во изминатиот период се купувало зејтин повеќе од просечната потрошувачка на овој продукт. Со одлуката треба да се спречи “непотребната појава на недостаток на сончогледово масло за јадење на полиците”.

Мерката за ограничување ќе трае до 31-ви мај. За нејзина примена, контрола ќе врши пазарната инспекција.

Трговците на мало доколку забележат муштерии кои сакаат да купат поголемо количество на масло за јадење треба да ја алармираат и известат инспекцијата, стои во одлуката потпишана пд министерот за економија.

Министерот Бектеши во емисијата Топ Тема на Телма тврдеше дека има довочно масло но се купуваат поголеми количества за препродажба што според него се гледало од купување на многу ппголема количина масло од просечната потрошувачка.

Потребите на едно семејство се три шишиња масло месечно според статистиката за потрошувачката кошничка, соопшти Бектеши.

Зеленски предупредува: Oвие држави се следна мета на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео во кое предупредува дека вojната ќе стане „бескрајно kpвопролевање, ширење беда, страдање и уништување“ без дополнително оружje.

Зборувајќи на англиски, Зеленски вели дека Украина се брани од Русија „многу подолго отколку што планирале напаѓачите“.

Но, Русија сè уште има капацитет да нападне „не само против Украина“, продолжува Зеленски: „Полска, Молдавија, Романија и балтичките земји (Латвија, Естонија, Литванија) ќе станат следните цели доколку падне слободата на Украина“.

Маркетите во Америка тежат лежат со производи на “Витаминка” – Американците знаат што е најдобро! (Фото галерија)

Еден од најпознатите влогери во Македонија, Дарко Влогс, објави низа сториња на својот Инстаграм профил како пазари во маркети во Чикаго.

Дарко си ја наполни количката со прозводи во прилепскиот гитант “Витаминка”, чиј асортиман се чини го има на сите континенти во светот.

На полиците можеа да се најдат брендот број еден “Стоби флипс”, највкусниот кечап, мајонезот “Витанез”, сода бикарбона и разни зачини, маслото “Брилијант”, како и вкусните супи.

Дарко си зеде од се’ по нешто, а количката за пазарење ја наполни со пакетчиња со “Стоби флипс”.

Ракометарите нема да бидат сами во Злин: Македонската фаланга пристигнува од Виена (Фото)

Поголема група нашинци кои се дел од навивачката група “Maкедонска фаланга” од Виена, попладнево се упати кон Злин, каде вечерва ракометната репрезентација на Македонија го игра првиот надпревар од двомечот против Чешка, за пласман на Светското првенство идната година.

Владата го понижи СОНК на преговорите? Штрајкот продолжува

Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови зашто немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во висина од некој процент. Со преговори ќе продолжиме и сме расположени во секое време да се сретнеме кога ќе побараат од нас, ќе бидеме достапни, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков по денешната средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на кој се разговарало на повеќе теми поврзани со образовниот систем во државата.

“За жал немаме добри вести за јавноста, штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, од причина што немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе бидат во некој процент. Повеќе разговорите беа за тоа кога ќе продолжи наставата, како ќе се надополнат часовите, кои се последиците од штрајкот и.т.н. Тука морам да кажам дека двете страни имаме исти став, дека преговорите треба да се интензивираат. Што побрзо да се најде в заемно решение, како децата би ви оделе во училиште и да ја изведуваат редовната настава. Од таа причина очекуваме од министерството деновиве да излезат со конкретен предлог, па и со писмен допис со цел да имаме гаранција за тоа што се договараме. Дали штајкот ќе го ставиме во мирување, зависи од предлогот на министерството, односно Владата”, истакна пред медиумите Неделков.