дома блог страница 1609

Папата им ги миеше и бакнyваше нозете на 12 затвopeници на Велики Четврток (Видео)

Папата Франциск посети италијански затвор на Велики Четврток, каде што им ги изми и им ги бакна нозете на дванаесет затвореници во спомен на Христос кој тоа го направил во понизност кон своите апостоли ноќта пред неговата смрт на крстот.

Оваа година Франциск избрал нов затворски комплекс во пристанишниот град Чивитавекија северозападно од Рим. На видеото објавено од Ватикан се гледа како Папата им ги мие и бакнува нозете на дванаесет затвореници, мажи и жени од сите возрасти.

Јагнешко за Велигден ќе купиме колку за в заб: Цената во месарниците како никогаш досега

Цената на јагнето жива мера во моментов е околу 160 – 200 денари за килограм. Производителите очекуваат нејзино зголемување за претстојните велигденски празници, но се уште не прецизираат колкаво ќе биде поскапувањето.

-Цената на јагнешкото месо оваа година е релативно ниска, зашто сите репорматеријали и храната двојно поскапеа. Јас го продадов моето јагне од првиот турнус по 160 денари за килограм. Очекувам дека јагнешкото ќе поскапи за празниците и дека откупната цена во шпицот ќе надмине 200 денари, но ќе видиме, зашто домашниот есап на пазарот не излегува, вели Петре Пешов, сточар од Виница кој има околу 300 грла.

Според него, на нашите граѓани им е побитна цената, од квалитетот.

-Цената на јагнето е флуктуирачка и постојано расте, секој ден. Не би можел да кажам конкретна вредност во моментов, но околу 200 денари е откупната цена и постојано расте. Реалната цена ако се земат предвид производните трошоци, би била над 230 денари. Производната цена не се покрива веќе години наназад и тоа е една од причините за падот на овчарството во земјава. За велигденските празници очекуваме вкупната цена да се зголеми. Продажната цена во месарниците сега е 400 – 500 денари, истакна претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Никола Георгиев.

Производителите велат дека потрошувачката на јагнешко во земјава е ниска и достигнува околу 10 000 јагниња, додека извозот е 170 000 грла годишно.

Пробајте ја оваа техника со ориз и ќе имате најубаво украсени јајца за Велигден (Видео)

Велигден е се поблиску и поблиску, а има толку многу техники за бојадисување јајца што мора да ги пробате.

Доколку сакате да пробате поинаков начин на украсување оваа година, ви предлагаме да го направите со ориз. Се што ви треба се: ориз, течна боја за јајца, три пластични чаши и чинија.

Упатство:

Поделете го оризот во неколку чаши. Во секоја ставете неколку капки боја и измешајте. Потоа додадете го јајцето во саканата боја, покријте со друга чаша или чинија и протресете.

Министерот објави фотографии од маркет: Полни колички со зејтин

-Ваков начин на купување на масло за јадење во маркетите јасно покажува дека не е за сопствени потреби за граѓаните туку за препродажба во сивата економија по повисоки цени од набавна или за продажба во соседните земји каде што зејтинот е по многу повисока цена, напиша министерто за економија Крешик Бектеши на својот Фејсбук објавувјаќи фотографија од маркет на која се гледа како еден од купувачите има наполнет корпа со зејтин.

– Нема да дозволиме системот да биде изигран и мерките кои што ги донесовме за заштита на граѓаните од ценовни шокови да бидат злоупотребени. Наша главна цел е граѓаните непречено и редовно да можат да ги задоволат своите потреби и да купат основни прехранбени производи во време на криза, напиша Бектеши.

Се појави Заев, и тоа во Грција на конгрес од Сириза – го пречекаа со гpoмоглaceн аплayз (Видео)

Во овие денови на војна, пораката на Договорот од Преспа е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот, кој поминува низ голгота од ужасите на војната, рече лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во неговиот говор на почетокот од партискиот Конгрес, на кој се присутни и поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

-Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност, рече лидерот на СИРИЗА.

Сите присутни Грци во публиката со громогласен аплауз го поздравија човекот кој стави потпис за исполнување на грчката желба да се промени името на Република Македонија.

Тој, видно среќен и задоволен од поздравот, им возврати во негов стил – ставајќи ја раката на срце.

Генот се вградил во сите подеднакво: Браќата Даскаловски од Прилеп – да ти е мерак да ги слушаш (Видео)

Неодамна познатиот прилепски бизнисмен Миле Даскалоски, сними преработка за песната “Није ми ко теби” од Енес Беговиќ.

Реакциите од публиката беа главно позитивни и речиси сите го пофалија Даскалоски за неговите гласовни способности.

Но, кога е фамилијата Даскалоски во прашање мораме да се потсетиме и на братот на Миле, Пеце Даскалоски, прилепчанец кој живее во Америка и во минатото има издадено неколку песни. Една од нив е и “Нашинска свадба”.

Генот пресудил и кај третиот брат, Киро Даскаловски, кој исто како и неговите браќа пее растура.

Епа вие пресудете кој пее најдобро.

Битола доживува ренесанса, се работи на секој чекор (Фото)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на динамиката со која се реализира проектот за изградба на коловоз на улицата „Крушевска Република“, која е од особно значење за сите учесници во сообраќајот, затоа што со нејзиното завршување, ќе се овозможи значително растоварување на сообраќајот на улицата „Партизанска“.

Градоначалникот Коњановски, изврши увид и на работните активности на стадионот „Петар Милошевски“, кои во моментот се во завршна фаза.

Мајсториште! Со 20 денари погоди 27 парови и си лапна 2,5 милиони денари

И порано имало милионски добивки, но изминатиот викенд вистинско изненадување приреди играчот во обложувалницата на Sport Life во Влае. Со тикет од само 20 денари и 27 пара, успеа да ги погоди сите и да обезбеди неверојатна добивка од 2,5 милиони денари или поточно околу 40.000 евра.

Среќниот, но и вешт играч, одиграл 27 фудбалски натпревари од различни првенства, од кои дури 24 на конечен тип, а три се погодени на други игри за вкупен погоден коефициент во износ од  70.039. Така, со 20 денари остварил добивка од 1,4 милиони денари, но со бонусот Фибоначи, остварил плус 1,1 милиони денари, за да стане двоен милионер на Sport Life.

Изборот на натпревари и игри, од различни првенства му донесоа покрај висока добивка и многу неизвесности и возбуда. Така на пример на два меча, головите за победа паѓаа во 96-тата минута, а на друг во 98-та минута. На мечот пак во Италија меѓу Модена и Имолезе, победничкиот гол е постигнат од голманот и тоа од 80 метри, во 91-та минута од мечот.

Покрај мечевите од пониските лиги на Англија, Белорусија, Бразил, Шпанија, Чешка и други, му се погодиле и мечевите од Бундеслигата. Еден по еден, сите 27 меча оделе во негов прилог, така во еден викенд, уплаќајќи рано в сабота, веќе во утринските часови во недела ја остварил целта. Со среќа нека му е добивката и добиениот бонус!

Младите со свои проекти ја менуваат Пелагонија – здружението Про Локал со проект „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“

Иако нашата земја може да се пофали со голем број на млад амбициозен кадар кој секојдневно се залага за свој допринос во општеството, реалната слика на нашата држава е дека најголем дел од младите, својот излез за подобра иднина го бараат надвор. Како главни причини за заминување ги посочуваат подобрувањето на квалитетот на животот, подобрите деловни можности, како и поквалитетното образование.

За таа цел, здружението Про Локал од Битола како едно од ретките во Македонија, кое работи на подобрување на условите за живот на граѓаните, низ активности, а во партнерство со уште 9 локални граѓански организации и со поддршка од Амбасадата на Холандија во земјава, преку МАТРА Програмата се вклучија во реализација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија/Empowering people of Pelagonija“.

Во проектот за зајакнување на младите во седум рурални општини во Пелагонискиот регион, вклучени се педесеттина млади од регионот кои работат со цел да ги разберат и практикуваат принципите на доброто владеење.

Во рамките на проектот здружението Про Локал од Битола организира интензивни и партиципативни работилници, дебати и игри за мотивација кои се само дел од алатките преку кои ги обучуваат младите за активно учество во креирање на политиките на локално ниво. Целта на овој проект е да им помогне на младите да осознаат преку практични примери, преку учество во работењето на општините и Советите, како да ги реализираат нивните идеи.

Општините во пелагонискиот регион потпишаа Меморандум за транспарентност и учество на младите во нивното работење и дополнително ги поддржуваат, административно и финансиски, при имплементацијата на 7 под-проекти од мал обем кои се директен резултат на младинските идеи.

До крајот на септември оваа година, во Пелагонија, со дополнителна финансиска поддршка и од проектот „Зајакнување на младите од Пелагонија“ ќе бидат отворени две Фитнес Зони за рекреација на отворено, во Могила и Новаци, ќе бидат уредени 2 паркови во Демир Хисар и Кривогаштани, ќе биде уредено спортското игралиште во Лажани, општина Долнени, ќе биде опремено „Кино на отворено“ во Крушево а во Преспа ќе се формира Младински Хаб за промоција на туризмот.

Во рамките на проектот ќе бидат пренесени и ЕУ искуствата и позитивните практики за вклучување на младите во работењето на локалната заедница. Академијата за локално владеење од Хаг, во мај ќе одржи четиридневен тренинг за 50-те млади но и за претставниците на општините и локалните граѓански организации пренесувајќи го своето искуство и знаење за граѓанско учество во ЕУ но и во помладите демократии.

Про Локал ја креира оваа регионална платформа за соработка со силна вклученост на младите кои секојдневно живеат со предизвикот за унапредување на можностите, со цел да останат и работат во своите локални заедници. Проектот има формат на Академија за млади лидери инвестирајќи во нивното знаење и вештини за активно учество во јавниот живот.
Иако многу фактори кои се однесуваат на јавните институции, законите и државниот систем не можат да бидат под влијание на индивидуално ниво, има и такви кои можат да се променат. Toa се сопственото опкружување и разбирање на понудените алтернативи.

Овој проект доколку се отслика на национално ниво со неговата имплементација и реализација би имало голема придобивка за сите млади кои сакаат да вложуват во нивниот раст и развој во Македонија. Иститот треба да биде апел и за останатите организации во државата, да вложуваат во младите кои се движечка сила во нашата земја, сѐ со цел да се задржи добар и квалитетен кадар.

Развојот на кариерата, стекнувањето неформално образование и отворањето можности на новиот пазар на труд, се категории на кои може да се работи. Со континуирана обука и добар избор на насока која ќе донесе профит во иднина, можно е да се сврти ситуацијата на подобро, а тоа би било мотив за младите да останат да вложуваат во својата земја.

(Видео) Тopнадо превртуваше камиони како да се од хартија

Најмалку 23 лица се повpeдени во торнадото што го погоди Тексас, соопштија локалните власти.

Topнадото кое ја погоди областа Бел во близина на градот Саладо нешто по 17:30 часот оценето е како EF-3, со максимална брзина на ветерот од 265 километри на час (165 милји на час), објави во средата Националната метеоролошка служба.

Окружниот судија Бела, Дејвид Блекбурн, рече дека повеќе од 60 згради, вклучително и куќи, се оштетени, но дека нема загинати.