Група битолчани со пароли “Гоце=Македонија”, “Maкедонско – Македонци – Македонија”, “Гробиштата се полни од бугарското “пријателство”, “Koга ќе признаете дека има Македонци во Бугарија?” и слично… го пречекаа бугарскиот премиер Кирил Петков, кој денеска е во посета на Битола.
Бугарскиот премиер денеска на гости во Битола – ќе отвара бугарски клуб
Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков денеска во Битола ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“.
Бугарскиот премиер придружуван од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, ќе промовираат владини проекти на таа држава на кои ќе им претходи средба на Петков премиер со бугарски здруженија на граѓани во земјава.
Во пресрет на посетата на Битола, Петков како прв бугарски премиер кој ќе престојува во градот под Пелистер истакна дека во делегацијата што ја предводи ќе има многу луѓе од различни партии што ќе дадат поддршка на бугарската заедница во Северна Македонија, и кои ќе потврдат дека, како што рече, Република Северна Македонија треба да биде дел од Европа и дека двете страни ќе се движат во таа насока Петков.
По свеченоста во Битола, бугарскиот премиер Петков и министерката Генчовска заедно со своите домаќини, македонските министри за надворешни работи Бујар Османи и за транспорт и врски Благој Бочварски ќе го посетат и извршат увид на електро-енергетскиот проект „Битола 2“ кој е во рамки на Коридор-8 и е наменет за реализација на интерконекција меѓу Северна Македонија и Албанија.
Видео кое ги подели корисниците на социјалните мрежи: Тврдат дека пронашле сирена на брегот од Јужна Африка
Во Африка се појавила вистинска сирена?
Имено, Мери Мисјока од Мујзенберг во Јужноафриканската Република на Тик Ток собра милиони прегледи, а добар дел од следбениците се уверени дека видеото е автентично. Таа потоа објави ново видео во кое минувачите ја гледаат „сирената“ на брегот.
Уште еден инфлуенсер се приклучил на приказната и потврдил дека снимката е реална и веродостојна.
Кога луѓето се инспирирани лесно ги преминуваат границите: Промоција на книгата “Тајната за Розата Дафне” од Благица Наумова
Промоцијата на книгата “Тајната за Розата Дафне” од 21-годишната авторка Благица Нумова ќе се одржи утре (16.04.2022) во “Кафе Монарка”.
“Писателот Благица Наумова го претставува светот како олицетворение на длабока љубов и страст, пред која и разумот молчи. Дали страста е почеток на љубовта, но истовремено и нејзин крај, слепа точка од која нема враќање назад? Совршениот сплет на метафорични дијалози би го поттикнал секој читател, да се прашува дали љубовта е единственото нешто за кое човек живее. Сметам дека е книга, која води кон прашањето за што, всушност, човек живее.
Книга што би била душевен одмор за секој, а воедно и инспирација што би го водела читателот кон философска контемплација за љубовта, страста и смртта. Средновековниот замок, со своите мистерии, ширум ги отвора вратите за оние кои сакаат да чувствуваат благопријатна љубовна болка, скриена под небесната шир на Москва и поведува низ лавиринтот на љубовниот копнеж и човековите страсти”, вели професорката Марија Кулеска која воедно е и промотор на ова прекрасно дело.
(Видео) Русковска најави голема истрага: Ќе паѓаат нови функционери?
Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска ексклузивно за ТВ21 најави голема истрага.
Во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 таа посочи дека покасно вечерва ќе има соопштение од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за кое смета дека јавноста ќе биде заинтересирана.
Официјално: “Ел Феномено” купи уште еден фудбалски клуб – зделката е вредна 70 милиони долари
Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Роналдо, купи 90% од акциите на фудбалскиот клуб Крузеиро и стана сопственик на клубот.
Зделката според светските спортски медиуми изнесува околу 70 милиони долари и со тоа клубот од Бразил стана втор клуб во сопственост на “Ел феномено”, откако пред неколку години го купи и шпанскиот Ваљадолид.
Роналдо е и емоционално поврзан со Крузеиро, каде во 1993 ја започна својата професионална фудбалска кариера.
Милевски: Остваруваме еден сон на Битола, наскоро започнува изградбата на автопатот Прилеп-Битола
-Остваруваме еден сон на Битола! Повторно ќе стане центар на случувањата. Проект по проект! – напиша на ФБ министерот за локална самоуправа Горан Милевски, најавувајќи дека наскоро ќе започне изградбата на автопатот Прилеп-Битола.
Милевски пишува дека на првата седница на Комитетот за преговори, за склучување на Договор за градење на Коридорoт 8 и Коридорот 10D., која ја води првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, ги усвоиле следните заклучоци:
– се задолжува Министерството за финансии во рок од една недела да номинира членови на тимот за експропријација;
– се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да предложи 5 члена на тимот кој ќе преговара со стратешкиот партнер, компанијата Бехтел Енка и
– се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да номинира членови на тимот на проектната единица.
Оваа година започнуваме со градба! За прв пат до Битола ќе стигне и модерен автопат, за што сум особено горд – напиша Милевски.
Пред нас се големи празници, утре е Лазарова сабота, а во недела Цветници: Еве што треба да знаете за овие денови
Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.
Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната.
Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.
На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.
Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.
Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил тамо но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта уште му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми.
Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.
Во Македонија со Лазаревата сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакуват напредок на семејството здравје и среќен живот на поединецот. Овој обичај се нарекува Лазарување.
На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.
Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.
Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.
Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.
Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.
Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.
Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?
Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.
Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.
Девојките од боречкиот клуб “7-ми Мај” Прилеп oтпатуваа на турнир во Германија
Борачките на „7 Мај“ отпатуваа за Германија каде што во сабота ќе учествуваат на „15. Оффене интернационале Баден-Винтербергише мајстершафт 2022″ во градот Ален, на покана на Претседателката на женската боречка федерација на државата Баден Виртемберг – објави порталот “ИПОН.MK”
Боите на „7 Мај“ ќе ги бранат: Барбара Стојкоска, Елена Дејкоска, Тамара Цветкоска и Ангела Трајкоска.
Благодарение на компанијата за обезбедување Топ поинт секјурити од Штутгарт на господинот Дејан Спиркоски која ги покрива трошоците за престој во Германија девојките ќе настапат на овој турнир.
Бектеши: Продавачите во маркетите да пријават до властите ако некој купувач сака да купи цел пакет со зејтин
Од 13 април 2022 година, на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе му биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што соопшти Министерството за економија, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година.
-Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат, наведува Министерството.
Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради значајниот пораст на купување масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.
-За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година, наведува Министерството.








































