дома блог страница 1607

Коњановски за отварањето бугарски клуб во Битола: Очекувам сега Петков да иницира отварање македонски клуб во Бугарија

-Битола е космополитски, конзулски град, во кој посебно се почитуваат културите, традициите и вредностите на сите народи и треба да биде вистински пример за негување на македонскиот идентитет и култура во сите други земји, каде што живеат Македонци.

Добрососедските односи се градат само со меѓусебно почитување и признавање, но никако со индиректни провокации и оживување на едно мрачно минато на кое потсетува името на Бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“.

Кога веќе централната власт и националното законодавство, дозволија во Општина Битола, да се регистрира и функционира ваков културен клуб, тогаш време е нашите источни соседи да овозможат вистински реципроцитет и да покажат почитување на правата на Македонците во Бугарија, можности за нивно културно изразување и негување на македонската култура и историја.

Тогаш, кога ќе добиеме покана за присуство на отворање на Македонски културен клуб во Бугарија, дури тогаш ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат кој значи взаемно почитување и искрено пријателство.

После посетата на денешниот настан во Битола, очекувам, премиерот Кирил Петков, да биде првиот иницијатор кој во Бугарија ќе го покрене прашањето за промоција на македонската култура, еднаквост и поголеми права на Македонците кои живеат таму – напиша на ФБ градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Збогување на великаните пред полна “Борис Трајковски”: Лазаров и Миркуловски вечерва го играат последниот натпревар за Македонија

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, и еден од најдобрите централни бекови, Филип Миркуловски, вечерва ќе ги имаат своите последни репрезентативни настапи.

Двајцата ќе бидат дел од македонската селекција која ќе го игра реваншот со Чешка во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство 2023.

На првиот меч одигран пред четири дена во Злин, резултатот беше нерешен 24:24, иако во почетните минути од второто полувреме македонските ракометари имаа седум голови предност.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 19 часот. Сите билети се распродадени па се очекува огромна поддршка од трибините за македонските ракометари.

Влегувањето на Исус во Ерусалим: Православните христијани го празнуваат Цветници- За многу години!

Православните христијани денеска го празнуваат Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим- Цветници.

Православните христијани денеска го празнуваат Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници.

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Победа по трет пат сезонава го реши Осогово – На табелата се уште води Слога Виница

Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во натпревар од 23-то коло на Втората лига Исток, фудбалерите на Победа по третпат сезонава го совладаа составот на Осогово од Кочани со 2-1, полувреме 2-1.

Црвено-белите во раната фаза од мечот – по само 11 минути игра остварија предност од 2-0 со головите на Јорданчо Нуамоски (7 минута) и Бојан Спиркоски (11 минута), гостите погодија од прекин и може да се рече дека практично тоа беше се’ што околу 1.000 незадоволни гледачи видоа на денешниот натпревар.

Победа: Котески, Бошески, Христов, Стомнароски, Ангелески, Карчески (од 46 мин Јошески), Петејчук, Ј.Наумоски (од 87 мин Ф.Димоски), М.Наумоски (од 83 мин Дебрешлиоски), Б.Спиркоски и Мазари.

Резултати од денешното 23 коло: Победа-Осогово 2-1, Кожуф-Братство 0-0, Слога-Локомотива 8-0, Беласица-Саса 2-0 и Пехчево-Детонит 0-1.

Табела:Слога 51, Победа и Беласица по 50, Саса 44, Кожуф 28, Пехчево и Осогово по 27, Детонит 24, Братство 14 и Локомотива 6 бодови.

Во следното 24 коло на 23 април од 16 часот ќе играат: Саса-Победа, Братство- Детонит, Осогово-Слога, Беласица- Пехчево и Локомотива -Кожуф.

Опожapeно “ауди” од фирма во Битола

На 16.04.2022 во СВР Битола А.П.(34) од Битола пpиjaвил дека околу 05,30 часот на улица “Никола Тесла” во Битола нacтанал пожap во патничко моторно возило „ауди“, сопственост на фирма од Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола – информираат во дневниот билтен на МВР.

Девојките од “7-ми Мај” амбасадорски ги претставија Прилеп и Македонија во Германија (Фото)

Борачките на „7 Мај“ Прилеп, викендов се во Германија каде зедоја учество на „15. Оффене интернационале Баден-Винтербергише мајстершафт 2022″ во градот Ален.

-Успешна мисија Германија ” 7М ” на Baden Württemberg open Internationale turnament, од 4 учеснички две сребрени две 5-ти места, со вкупно 7 победи. Во конкуренција од многу клубови од Германија, Швајцарија и Франција. Голема благодарност до Martina Göhringer претседателката на женско борење Baden Württemberg – напишаа попладнево од клубот на Фејсбук.

Бесими: Македонскиот работник произведува два пати помалку од оној во ЕУ

Во економската наука има повеќе индикатори за мерење на продуктивноста. Еден од нив е продуктивноста на трудот (labor productivity), според кој бруто-домашниот производ се дели со работните часови на сите вработени. Петте земји со најголема продуктивност на труд во 2020 година, според податоците на ОЕЦД се Ирска со 119,4 долари продуциран БДП на работен час, Луксембург со 111 долари, Данска со 87,9 долари, Белгија 87 долари, Норвешка 85,7 долари и Швајцарија со 91,6 долари. Во првата десетка влегуваат и Франција со 79,8 долари, Австрија и САД со 79,6 долари и Шведска со 79,2 долари. Накусо, развиени и добростоечки економии, пишува во својата редовна викенд колумна, министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Друг индикатор за мерење на продуктивноста на трудот е економскиот резултат по вработен во економијата. Според овој индикатор, пресметан од Светската банка, Република Северна Македонија во 2020 година продуцирала 43.883 долари по вработен. Во споредба со регионот од Западен Балкан сме релативно блиску согласно овој индикатор. Имено, за истиот период, Црна Гора продуцирала 50.865 долари по вработен, Босна и Херцеговина 47.051 долари, Србија 43.874 долари, а Албанија 31.883 долари по вработен. Во споредба со другите земји во наша близина веќе се забележува поголема разлика, на пример Словенија истата година остварила 79.612 долари по вработен, додека Хрватска 67.138 долари. Во споредба со просекот на Европската унија (93.073 долари по вработен) заостануваме скоро двојно. Германија, како најголема економија во ЕУ, продуцирала 100.765 долари по вработен во 2020 година.

Има многу фактори кои влијаат на продуктивноста на една земја, вклучително инвестиции во опрема, иновативност, организација на синџирите на добавување, образованието, конкуренцијата итн. Вкупниот фактор на продуктивноста (Total Factor Productivity – TFP) e индикаторот кој го мери економскиот резултат според сите инпути коишто се користат за се продуцираат тие стоки и услуги, како труд, капитал, енергија и материјали. Согласно овој индикатор за време на пандемијата продуктивноста во Република Северна Македонија опаднала за -4,5 во однос на последните десет години пред кризата, што се должи на падот на продуктивноста на трудот (разбирливо со оглед на затворањата на цели економски гранки поради превентивните здравствени мерки). За споредба, кај другите земји од Југоисточна Европа, намалувањето во однос на преткризниот период е -2,6. Исто така, додека во регионот во постпандемискиот период овој индикатор станува позитивен (1.5), што покажува дека продуктивноста го достигнала и надминала предпандемиското ниво, кај нас е се уште негативен, пред се поради поспорото опоравување на квантитетот и квалитетот на продутивноста на трудот.

Кога ќе ја погледнеме големата економска слика што ни кажуваат овие податоци? – За да објаснам поедноставно, да ја гледаме целата економија како една работилница. Занаетчијата произведува производи, кои потоа ги продава. Има вештина и способност да изработи десет производи дневно. За исто време во друга работилница, друг занаетчија изработува дваесет производи дневно, бидејќи има подобри вештини, подобри алатки, користи иновативни начини за да работи побрзо. Тоа е соодносот на нашата економија во споредба со некоја развиена економија. Затоа, во развиените економии платите и животниот стандард пропорционално се и повисоки, наједноставено кажано. Кога на тоа ќе се додаде и квалитетот на изработката, иновативноста во технологии, организација и пласманот на производството, диспропорцијата станува уште поголема. Ова е економската логика за зголемувањето на платите и подобрувањето на животниот стандард – тој што ќе произведе и продаде најмногу производи ќе живее најдобро, пишува, меѓу другото, Бесими.

Курир: “Од магацинот на Охридската касарна било укpaдено оружje за цела чета”

Магацинот во склоп на Охридската касарна ,,Михајло Апостолски” бил составен од три простории во кои се чувала поголема количина на сандаци со боева муниција 7.62, рачни бомби и гранати сопственост на Полициската страница од општа надлежност од Охрид, дознава Курир од свои извори.

Од извор кој беше вклучен во увидот констатирано е дека одземени се поголем број на сандаци со боева муниција 7.62мм, поголема количина на сандаци со рачни бомби и гранати и друга опрема.

Целата статија можете да ја прочитате на КУРИР.

(Не)среќен добитник: Mигрант “изгребал” 250.000 евра, но не може да си ги земе затоа што нема документи

Во изминатите неколку недели животот на еден млад човек од Алжир, кој моментално без документи се наоѓа во Белгија, целосно се променил кога решил да купи грепка и освоил 250.000 евра.

“Не го очекував тоа. Еднаш освоив пет евра. Следниот пат уште 10. А следниот пат… Оваа сума пари е апсолутно неверојатна. Бев пресреќен и на почетокот не можев да поверувам”, рекол Алжирецот за медиумите.

Тој во Белгија пристигнал пред два месеци преку Шпанија и Франција. Не можел да најде работа во Алжир и се надева дека ќа изгради добар живот во срцето на Европа.

„Сакам да работам. Во Брисел. Можам да отворам продавница. Белгија е добра земја“, рече тој, објаснувајќи дека од парите од лотаријата ќе купи стан, пред се затоа што моментално нема покрив над главата.

Откако „изгребал“ 250.000 евра, не се појавил една недела. Минатиот петок тројца мажи се појавија во Националната лотарија со неговиот тикет. Надлежните најпрво се посомневале дека тие го украле добитното ливче, поради што биле уапсени.

„Му ја дадов грепката на мојот пријател, бидејќи има документи. Роден е во Франција, па го замолив да ги земе парите наместо мене“, откри мигрантот.

Во меѓувреме нашол адвокат со кој ќе се обиде да дојде до парите.

На кого му требаат? Укpaдени солзавци и шок бомби од магацин на полициjaта во Охрид

Солзавци, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид.

Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна.

– Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување – изјави Димоски.

Известен бил јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.