дома блог страница 1606

Премиерот со честитка до “нашата земја”: Ковачевски повторно ја заборави Македонија?

Македонската ракометна репрезентација оствари голем успех на вечерашниот натпревар против Чешка, а премиерот во стилот на еден вистински владин претставник упати честитка до “нашите херои” од “нашата држава”.

“Одиме на светско! Честитки момци за одличната игра и големата победа!”, пишува на Фејсбук страната на премиерот Ковачевски.

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ПОВТОРНО ЌЕ СВЕТИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Машката репрезентација на Македонија славеше со 27-25 против Чешка во реванш средбата од баражот и обезбеди место по осми пат на Мундијал. Иако нашите ракометари имаа контрола во текот на мечот, водеа во повеќе наврати со три и четири гола разлика, сепак на крајот имаше драма. Кузмановски со голот од пенал на Кузмановски на 13 секунди до крајот донесе победа за Македонија и пласман на СП.

Продолжува континуитетот и тоа е најважно. Оваа нова генерација покажа дека може да се носи со големи предизвици. Овој пат предводени од најголемиот меѓу најголемите, Кирил Лазаров, но на Светско ќе мора да преземат уште поголема одговорност. Како и да е, веруваме во нашите момци и убедени сме во голем успех.

На Македонија и светка сјајна ракометна иднина и тоа не се само Кузмановски и Талески. Серафимов, Томовски, Младеновиќ и Мишевски со секоја утакмица покажуваат дека нивното место е во националниот тим. И секако, да не ги заборавиме нашите ракометни икони, Ојлески, Митревски и Стоилов.

Битката ја победивме, но вojната не е готова. Пред нас е најголемиот спортски настан, Светското првенство во Полска и Чешка. Ракометарите имаат доволно време да се подготуваат, а нас ни останува да чекаме до 12-ти јануари 2023 и да се подготвуваме за навивање.

Комити приредија спектакл на гpoбoт на Јане Сандански во Бугарија (Видео)

Денеска се одбележуваат 107 години од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански.

По тој повод македонската навивачка група Комити присуствуваше на церемонија во Бугарија, на која се чествуваше годишнината од смртта на македонскиот револуционер.

(Видео) Кинез стана вистински хит на социјалните мрежи: Со дрон и јадица до одличен улов

Шангај, економската престолнина на Кина, влезе во третата недела на “локдаун”, па многу жители мораат да бараат инвентивни начини за да стигнат до храна.

Еден снаодлив Кинез кој живее во еден од облакодерите на Шангај, дошол до генијална идеја како да не го напушти својот стан, а сепак да набави свежа храна.

Видеото стана вирлано на социјалните мрежи и собра неколку милиони прегледи.

Финансиски хороскоп: Парите ќе се се лепат за овие два знаци

Ако може да им се верува на астролозите, овие 2 знаци нема да мора да мрднат со прст, а парите ќе се залепат за нив.

Венера на почетокот на мај ќе биде во знакот Риби, а бидејќи е планета со изобилство, тоа убаво ќе се одрази на финансиската состојба на овие знаци. Еве кој ќе има најмногу среќа во мај, барем кога се парите во прашање:

БИК: Ова е месецот кога вашите напори конечно ќе се исплатат. Работевте со години, сега е време да ги соберете наградите. Ќе имате среќа и во игрите на среќа.

Ќе остварите и финансиска добивка од работата со пријателите, па не бегајте и од таа опција. Овој месец ќе ви се отворат некои неочекувани можности, но размислете добро пред да ја донесете вистинската одлука. Пари ќе има, но важно е добро да размислите.

ЛАВ: Финансиската поддршка може да дојде од постари роднини или да се работи за некои заостанати плаќања за осигурување, вредни подароци, па дури и наследство.

Слушајте ја вашата интуиција и водете се според неа кога донесувате одлуки кога се во прашање парите. Играјте безбедно и не се препуштајте на финансиски авантури. Ако правите паметни потези, ѕвездите ќе ве наградат со голема сума на пари.

СОНК: Штpajкот пpoдолжyва, наставниците, професорите и вработените во градинките не отстапуваат од барањата

Штрајкот продолжува, соопшти Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

И покрај апелите на министрите за образование и за труд и социјална политика, штрајкот на наставниците и на вработените во предучилишните установи ќе продолжи и неделава.

Понудата на Владата е зголемување на платите за 10 %, по ребалансот на Буџетот кој би бил во мај или јуни.

Од синдикатот велат дека понудата е дадена усно, а не писмено и дека членството останува на тоа дека штрајкот треба да продолжи се до прифаќање на нивните барања за зголемување на платите од 18,4 отсто.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, со објава на Фејсбук ги повика наставниците во основните и средните училишта да го продолжат образовниот процес бидејќи тоа е од најдобар интерес на децата.

„Децата треба да ни е на прво место, затоа што правото на образование на секое дете е уставно загарантирано право. Губењето на настава во услови како оваа пандемија, кога владата и Министерството за образование и наука направи максимални напори да го нормализира образовниот процес, не оди во прилог никому, најмалку на учениците”, напиша Шаќири.

Најдобра метода за да постигнете блескаво црвени јајца за Велигден

Црвената е традиционалната боја со која ги бојадисуваме велигденските јајца

Црвената боја ја симболизира пролеаната крв на Исус Христос за време на мачењето и распнувањето на Велики петок. Првото јајце, чуварот, мора да биде обоено црвено, додека вие одлучувате за другите.

Денес постојат многу техники за бојадисување и бојадисување на велигденските јајца, а повеќето од нив вклучуваат вештачки бои. Меѓутоа, ако преферирате природни варијанти, најдовме начин да добиете убава црвена боја без да користите капка хемија.

Сок од цреша

Ако сакате вашите црвени јајца да имаат исклучително интензивна црвена боја, користете сок од цреша. Постапката е иста како кај кромидот – во шерпа ставете јајца, прелијте со сок од вишни, со малку сол и оцет. Во сокот сварете ги јајцата и оставете да се изладат.

Можете исто така да користите цвекло

Сок од цвекло оставен во вашата тегла откако ќе јадете сочно овошје. Постапката е иста како и за сок од цреша. Ако сакате понежни нијанси на црвено, разредете го сокот од репка со малку вода.

Нeceкojдневна cooбpaќajка: Возачите на возраст од 98, 91 и 76 години

Неверојатна сообраќајна несреќа се случила во хрватското приморско место Јањина на полуостровот Пељешац, кога се судриле три автомобили, а возачите имале вкупно 265 години, јавија локалните медиуми.

Сообраќајката се случила во четвртокот, а во неа е полесно повреден еден од учесниците, кои имале 98, 91 и 76 години.

До несреќата дошло кога 91-годишниот возач на автомобил, влегувајќи на крстосница, не почитувал предност на минување на друг автомобил, управуван од 98-годишникот, по што удреното возило се одбило од ударот и се судрило со третиот учесник, автомобилот кој го возел 76-годишниот жител на местото, кој доаѓал од спротивна насока, соопшти хрватската полиција.

Чуда се случуваат: Господ и’ го донесе БОЖЈИОТ ДАР – БОЖИДАР на 49-годишна родилка во “Плодност” (Фото)

Oд болницата “Плодност” информираат за уште една успешна приказна

-По пат на ин витро оплодување, во нашата болница беше зачнат Божидар. Пациентката има 49 години и долго време се бореше со неплодност. Направила претходно неколку ин витро оплодувања, но неуспешни, на друго место. Во Болница Плодност – Hospital Plodnost ова беше прво и успешно ин витро оплодување.

Оваа наша успешна приказна е уште една бременост и породување на прворотка која има 49 години.

Породувањето беше направено со царски рез, а пациентката одлично ја поднесе бременоста со оглед на возраста.

Неделков испрати писмо до подрачните едници на СОНК: Еве колку нуди Владата за крај на штpajкот во образованието

Претседателот на СОНК, господинот Јаким Неделков, испратил циркуларно писмо до подрачните единици на СОНК, а во врска со предлогот на Владата добиен на денешната средба со премиерот и со неколку министри и бара по истото членството да се произјасни, објави еден од професорите кој учествува во штрајкот.

„Господине Неделков, ние, членовите на СОНК, одвај се согласивме да отстапиме од максималното барање – почитување на Колективниот договор, имајќи на ум дека зголемувањето на платите на наставниците за 18,4% е црвената линија од која нема отстапување. Сега испаѓа дека зголемувањето за 18,4% е максималното барање и преговорите ќе бидат дај- што даваш.

Како никогаш досега членството е консолидирано и едногласно во барањата. Зад себе ја имате поддршката на сите вработени наставници во државава и воопшто нема потреба од консултации за некакви преговори под црвената линија. Се друго под 18,4% е добивање трошки и купување време. Во спротивно, Вие, како претседател на СОНК ја губите довербата од членството и се отвара простор за сомнеж“, го предупредува професорот претседателот на СОНК, Јаким Неделков.