дома блог страница 1603

Во сабота голем хуманитарен музички настан за малата Бисера од Прилеп: Ќе настапат над 30 изведувачи

Почитувани хумани луѓе! Ние, ДРИМ ТИМ ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА Прилеп организиравме хуманитарен музички настан СПЛОТЕНИ ВО ХУМАНОСТ за малата Бисера, кој ќе се одржи на 23.04.2022 година на градскиот плоштад Методија Андонов Ченто. Ќе настапуваат многу домашни музичари. Настанот е поделен во 2 дела:

10:00 до 17:00 часот.

1.Преродба, 2.Ѕвончиња Dream team, 3.Матеја Николкоска Матеја Цветковска, 4.Гоце Балада, 5.Донче Наумоска
6. Илина Стефаноска, 7.Чокио, 8.Леонид Бенд, ПРОМОЦИЈА НА “ЉУБОВНИ ПИСМА ЗА ЕДЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ” од Лина Димоска, 9.Чакаро и Кате, 10.Тајфата, 11.Александра и Peaches, 12.No cigarette, 13.Фросина Ристеска, 14.Синдикат, 15.Марија Јаковлеска, 16.Филип Николоски, 17.Александар Темелков, 18.Ритуал Бенд и Џаса, 19.Магдалена Иванова, 20.Мартина Јаневска, 21.Дани Даниела, 22.Елена Велеска, 23.Mарија Наумоска и Ивана Стојкоска, 24.Трио бенд, 25.Благадуша, 26.Марија Бундоска, 27.Благица Белјаноска, 28. Сергеј Попоски, 28.Бранче и Емануел

22:00 до 02:00 часот на Камената Бина.

СИНДИКАТ, ДЈ БОНО, БЛАГАДУША И DJ EXTRA, Dave Schwartz ( Architek), DJ HARIS, DJ MARTIN KAY

Со задоволство Ве покануваме да бидете дел од нашиот хуманитарен настан.

Koвачки обелоденyва cкандал: Утрово кpaжба на масло од мapиxyaна во вредност од 2 милиони евpa кај крушевско Алданци

Утрово повторно кражба на марихуана, овој пат на масло во вредност од 2 мил. евра во “5 летерс” кај Алданци.

Ако веќе 5 дена го чекаме Спасовски да каже за кражбата на оружјето, бомбите и муницијата во СВР Охрид, може да се претпостави дали и кога ќе го расветли случајов со кражбата на масло од марихуана, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Николоски: СДСМ си поигрува со животниот стандард на наставниот кадар, штрајкот е оправдан

Потсмевање со наставниот кадар и со сите кои протестираат, затоа што 10% покачување во образованието за да и е јасно на јавноста е некаде од 1.800 до 2.400 денари, па нека размислат дали со толку дополнително може да се преживее месецот во услови кога млекото е поскапено за 60%, маслото за 100%. Ако порано за 1000 денари се излегуваше со полни торби од маркет сега за толку не може да се купат повеќе од 5 производи, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител во врска со штрајкот на СОНК.

Николоски вели дека власта си поигрува со животниот стандард на наставниот кадар и затоа е оправдано да продолжат да штрајкуваат.

-Исто така сакам да изразам поддршка на Конфедерацијата на слободни синдикати и на нивниот протест на 26 април, затоа што сметам дека апсолутно се оправдани барањата затоа што со овие плати во услови на вакво поскапување не се живее. Главен виновник за поскапувањата е владата, затоа што криза и војна има за сите држави, но не во сите држави, други и во нашето опкружување има вакви лоши услови, рече Николоски.

Тој посочи дека Македонија по сите параметри ќе заврши како најлоша држава, со дефицит на буџетот од некаде над 8% и инфлација која може да оди до 10%, што значи енормно поскапување и затоа се оправдани барањата на СОНК и наставниот кадар и на КСС, и на сите останати.

– СДСМ кога кажува дека покачила плати во образование игра со статистика затоа што не кажува дека инфлацијата тогаш беше 0,5 до 1%, а имаше и години и без инфлација. Клучното е колку вредат парите, а не колку имате. Важно е што може да купите со парите. СДСМ треба да одговори што во 2011 можеше да се купи за 24.000 денари колку, а што за толку може да се купи во 2022. Мислам дека сите ќе се согласат дека пола од работите кои во 2011 може да се купат, сега не може, нагласи Николоски.

Зеленски: Да имавме повеќе оружје ќе победевме до сега

Зеленски објаснил и дека е засилен интензитетот на рускиот оган во Харков и во Донбас, дури и врз цивилното население. Претседателот Зеленски изјави дека Украина веќе би ја завршила војната кога би имала пристап до подобро оружје.

„Да имавме пристап до целото оружје што ни треба, кое го имаат нашите партнери и кое е споредливо со оружјето што го користи Руската Федерација, ние веќе ќе ја завршевме оваа војна. Мирот ќе беше вратен и ќе ја ослободивме нашата територија од окупаторите. Затоа што супериорноста на украинската војска во тактиката и мудроста е сосема очигледна. Неправедно е што Украина сè уште е принудена да го бара она што нејзините партнери го складираат некаде со години. Помогнете да се спасат животите на илјадници Украинци“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Портпаролот на украинскиот Генералштаб изјави дека Русија продолжува со офанзивата на различни локации на исток.

„Сè уште постои закана од ракетни и бомби од руски авиони врз цели на територијата на Украина користејќи ја територијата, мрежата на аеродромите и воздушниот простор на Република Белорусија“, Олександр Штупун, портпарол на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал. Се предлага борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време и да го положат оружјето. Се наведува дека ниту еден украински војник не ја прифатил понудата.

Украинците постепено се враќаат во своите домови во северна и источна Украина.

„Еден сосед ми рече дека нема повеќе прозорци во нашата куќа. Има дупка на покривот. Ми рече дека има дури и шрапнели во градината. Навистина е страшно, но сакам да си одам дома во мојот град“, вели украинска бегалка.

Официјален Киев соопшти дека бил постигнат прелиминарен договор со Русија за хуманитарен коридор за евакуација на жените, децата и постарите лица од Мариупол. Властите се надеваат дека ќе евакуираат околу 6.000 луѓе. Претходниот договор за воспоставување безбеден коридор за евакуација на цивилите од Мариупол пропадна на 5-ти март. Оттогаш, повторените обиди за создавање хуманитарен коридор не беа успешни.

Навивачите на Ливерпул ја показаа својата големина: Громогласен аплауз за поддршка на Роналдо по семејната тpaгедиja (Видео)

Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина пред неколку дена објавија дека по раѓањето починало машкото бебе од близначињата кои ги носеше таа.

Семејството доби поддршка од целиот свет, но сцената која долго ќе се памети се случи вчера на Енфилд.

Манчестер Јунајтед му гостуваше на Ливерпул и си замина дома поразен со 4:0. Роналдо, разбирливо не настапи, но затоа навивачите од трибините имаа силна порака за него.

Во седмата минута од натпреварот, симболично означувајќи го бројот на неговиот дрес, од трибините се слушаше громогласен аплауз, а целиот стадион на пееше химната на Ливерпул „You’ll never walk alone“.

Најголемите македонски фолк-ѕвезди ќе настапат на Прилеп Фолк Фест 2022

Имајќи ја предвид долгогодишната, а сега и постпандемиската состојба на евидентен дефицит на квалитетна македонска народна музика, која што во својата основа би ги задржала сите карактеристики на македонскиот јазично- текстуален контекст со современ музичко- аранжерски пристап и сценско визуелно обликување, оваа година ќе се одржи 6 тото издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп Фолк Фест“ 2022.

Фестивалот ќе се одржи на 26ти Мај, во домот на културата „Марко Цепенков”.

На овогодишното издание на фестивалот ќе настапат најголемите македонски фолк звезди:

БЛАГА ПЕТРЕСКА, НАУМ ПЕТРЕСКИ, НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ, ЗУИЦА ЛАЗОВА, МАРЈАН КОЦЕВ, ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА, АДРИЈАНА АЦЕВСКА, СУЗАНА ГАВАЗОВА, САЊА РИСТЕСКА, САЊА БАРБИКА, СПАСЕН СИЉАНОСКИ, АНЕТА АРСОВСКА, ЖИВЕ МЕШУРЕВСКИ, ЈОРДАН МИТЕВ, ТАТЈАНА СТЕФАНОВСКА, групите ФОКУС, АНЕТА и МОЛИКА, СКОПСКИ БОЕМИ и МАЕСТРО.

Со песни на дел од најдобрите македонски автори: Миле Барбаровски, Милан Завков, Николче Мицевски, Дејан Момироски, Борче Нечовски, Горјан Стојановски, Огнен Неделковски, Ѓорѓи Барбаровски…

Фестивалот е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани „One way“- Скопје, а под покровителство на општина Прилеп.

Директорот на фестивалот „Прилеп Фолк Фест”, г-динот Борче Нечовски, ја даде следната изјава:

“Огромна е одговорноста да се организира еден ваков фестивал, но уште поголемо е задоволството што на него ќе настапат голем дел од најдобрите артисти и автори, кои оставиле огромен белег во нашата новокомпонирана народна музика.

Потребата од вакви фестивали е секако многу важна имајќи ја во предвид моменталната ситуација на општествено, а секако и на културолошко ниво. Посебно ме радува што на нашиот повик се одзваа буквално најдобрите и сум убеден дека и љубителите на народниот мелос во Македонија ќе уживаат во новите фестивалски песни.

Сакам да изразам голема Благодарност до општина Прилеп како главен покровител, а секако и до МРТ која е наш медиски партнер.”

Внимавајте измамници има на секој чекор: Отишол да продава автомобил, останал и без пари и без автомобил

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје, Р.Р.(57) и Ш.А.(55), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 28.02.2022, првопријавениот му се јавил на оштетеното 27-годишно лице и лажно се преставил како менаџер во хотел на Попова Шапка и се договорил со оштетениот да го донесе огласеното возилото пред хотелот.

Тој го донел возилото пред хотелот и таму ги затекнал второ и третопријавениот, кои му кажале дека ќе го однесат возилото кај првопријавениот да го види и му побарале 300 евра, велејќи му дека ќе му ги вратат откако првопријавениот ќе го види возилото.

Двајцата заминале и не се вратиле, по што оштетениот сфатил дека е измамен.

Mинистерката го нападна СОНК: Очигледно важни им се само пapите

Очигледно дека на СОНК само парите им се важни. Не зборуваат за унапредување на правата на вработените, за условите за работа, кариерен развој и т.н. Ние за ова разговараме и наскоро ќе има закон. Но, на средбите со синдикатот единствено за што се зборуваше беше усогласувањето на платите со минималната плата, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

– Правото за штрајк е регулирано со Закон за работни односи и колективните договори за детска заштита и образование. Тие се децидни дека работодавачот ги исплаќа придонесите, но нето платата на секој вработен треба да ја исплати СОНК. Не дека не сака, државата нема основ како да ја исплати плата, рече Тренчевска.

Таа додава дека од вработените во градинките се барало да се води евиденција кој штрајкува за работодавачот, т.е. државата, да може да им исплати плата на оние кои редовно оделе на работа, а другите треба да ја побараат платата од СОНК.

– Член 240 го дава правото на штрајк, а член 241 се однесува на тоа дека синдикатот треба да исплати плата. Ова е штрајк за барање унапредување на работничките права. Со одлуката за штрајк СОНК се повикува на усогласувањето со минималната плата, а законот за минимална плата има рок од шест месеци за усогласување, рече Тренчевска.

(Видео) Офанзива на Донбас: Русите продолжуваат да ги уништуваат украинските цели

Руското Министерство за одбрана на својот ТВ канал објави снимка од борбената мисија на рускиот бомбapдер Су-34, кој бил опремен со paкети воздух-земја кои погодуваат цели во Украина. Се претпоставува дека станува збор за фабриката за челик Азовстал во Мариупол и позициите на украинската армиja.

На видеото се гледаат бomбардери Су-34 кои имаат интензивна улога од почетокот на вojната во Украина. Ескадрилата која е снимена полетала со ракети земја-воздух Kh-29. Некои од авионите имале опрема за електронско вojување SAP-14.

Само во едно место во Прилеп има се’ за умот да ти зајде: Еве зошто доаѓаат муштерии од целиот регион (Фото галерија)

Не случајно доаѓаат муштерии од целиот регион и се упатуваат кон Living Home центарот во Прилеп.

Прилепчани ќе речат: “Да ти зајде умот, има се’ и сешто, да не знаеш каде попрво да се опулиш”. И навистина се во право, во Living Home Centar ќе најдете се’ за вашиот дом, ама буквално се’.

Во пресрет на Велигденските празници полиците се полни со цела лепеза на украси и декорации кои на вашиот дом ќе му дадат посебен празничен изглед.

Цените се пристапни за сечиј џеб, за секој да може да си купи по нешто и да ја разубави празничната атмосфера во домот.

Вистинско шаренило на бои во кое тешко ќе се одлучите што побрзо да купите.

Велат дека љубезноста купува, а тоа е првото на кое ќе наидите кога ќе ги посетите. Вработените ќе ви излезат во пресрет за секоја ваша желба, а полиците им се наредени како во аптека.

Покрај уникатните декорации во Living Home ќе најдете се за вашата кујна, купатило, тераса…

Цел асортиман на садови за готвење, стаклени производи, прибори…

Уникатни нишалки, маси и столчиња во секакви облици, од секаков материјал, за сечиј вкус.

Цело царство на детски играчки, во секакви бои, за секоја возраст.

Голем асортиман на теписи, стази, детски килими од врвен квалитет.

Детска облека, плишани играчки, детски колички и детски постелнини со омилените цртани јунаци и фудбалски тимови.

За понешниот пол секаков вид на шминки, чанти, марами и мал милион други аксесоари и модни додатоци.

Ова е мал дел од огромната понуда на единствениот во Прилеп и целиот регион продажен салон со ваква намена. Ќе ги најдете во просториите на поранешно “Симпо” на улица “Димо Наредникот”. Купувајте се’ што ви треба на едно место и уживајте.