дома блог страница 1604

На само 13км од Прилеп се наоѓа величествен црковен храм за кој малкумина знаат дека постои (Фото галерија)

На околу 13 км североисточно од Прилеп, вгнездено во една заветна долина меѓу ограноците на планината Бабуна, со врвот Козјак (1776 мнв) од југоисток, делот од планината наречен Роман со врвот Орлов Камен од север, како и врвот Ќаве (1203 мнв) од северозапад, се наоѓа селото Крстец.

Селото за жал денеска е целосно раселено, а најголемиот дел од куќите се руинирани или разрушени. Само неколкумина поранешни жители навраќаат постојано и одржуваат помали површини со земјоделски култури, а дел одгледуваат и пчели.

Ние денеска ве водиме во црквата Св. Никола, црковен храм од непроценливо богатство кој датира од далечната 1881 година.

Црквата е еднокорабна градба, полукружно засведена, со полукружна апсида на источната страна, оживеана со пет слепи ниши. Живописот во црквата датира од 1943 година, дело на браќата Доневи од Гари.

Maлкумина знаат за овој фасцинантен црковен храм кој поминал низ голем број бурни временски периоди и се’ уште стои цврство и сведочи за сите настани кои се случувале на овие простори.

Благодарение на поранешни жители на селото и добронамерници, црковниот храм е одржан во истата автентична архитектонска градба.

Во моментов во тек е изградба на трпезаријата. Вредниот одбор се бори колку што можи да обезбеди материјали и финансиски средства, но сепак секоја помош е добредојдена.

Место вредно да се посети за престојните празници, ќе бидете воодушевени, а потоа редовно ќе доаѓате со вашите блиски.

Совршен тајминг: Резултатите се најдобри ако вежбате во овој дел од денот

Фитнес експертите истакнуваат дека шансите за слабеење се поголеми ако вежбате во овој период.

Можеби нема да ви се допадне и ќе кажете дека тогаш и ви е потребна најголема мотивација, но стручњаците наведуваат дека веднаш по будењето е најдоброто време за вежбање.

Пред оброкот и кафето веднаш би требало да одите на тренинг, бидејќи тогаш се постигнуваат видливи резултати, а и тоа ќе ви помогне да ги наполните батериите за целиот ден.

Зошто е тоа добро?

Вежбањето ќе ве исцрпи и ќе ви ја зголеми потребата за појадок, а студиите покажуваат дека добриот појадок ги инспирира луѓето да носат подобри одлуки во текот на денот.

Голема е веројатноста дека по вежбањето ќе конзумирате здрави намирници во текот на денот.

Ќе согорите 20% повеќе маснотии од другите делови во денот.

Потењето ќе ги исфрли сите токсини од организмот, веднаш наутро.

Ќе го забрзите метаболизмот, а метаболизмот кој добро функционира, троши повеќе маснотии и доведува до витко тело.

Имате цел ден за уживање, бидејќи сте завршиле со напорниот тренинг рано.

Наутро имате највеќе енергија и тогаш тренингот е најефикасен.

Сега имате можност за прв пат во Македонија да си набавите некој од производите на USR по најниски цени кај нас. Контактирајте ги дечките на нивната Фејсбук фан страна, нарачајте си и посветете време на вашето тело и здравје.

Изложбата “Персона” на прилепскиот уметник Филип Цакоски од утре во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”

Во среда 20.04.2022 од 19.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Персона“ од прилепскиот уметник Филип Цакоски.

На Филип Цакоски ова му е прва самостојна изложба во Прилеп, поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2022 на Центарот.

За изложбата

„Персона“ – изложбата е проследување (втор дел) на концептот „Обвивки“ -2021, продлабочување во битието позади физичкиот изглед и како човекот се претставува. Внатрешните потреби, пориви, скриени или навидум заборавени желби, фантазии и незадоволства- како сила која во позадина управува со нашата личност (персона) која ја креираме пред другите.

Карл Јунг, во своите истражувања оваа сила, ја нарекува сенка, дел од нашиот карактер кој го криеме од сите, кој не го искажуваме затоа што нашето его одлучува дека е лошо, неправилно, срамно и тн. Оваа сенка не мора да содржи негативни карактеристики, туку едноставно, еден дел од личноста кој го криеме од сите, кој го чуваме или едноставно не сме свесни дека постои. „Секој си ја носи својата сенка..“- рекол Јунг, „ ..И што помалку е вмешана во секојдневниот живот и постапки, таа станува погуста и потемна…Можеби до одреден степен е врска со примитивното, животинското во нас“. Едноставно, таа е се што не сакаме да прифатиме за себе си. Но, патот кон целосна искрена личност, според Јунг, е пред се сознавање дека таа постои, помирување со неа и нејзината тежина. Самиот момент на прифаќање е почеток кон соединување со сето она што сме, свесно и потсвесно. Од оваа теорија, целта е симболично, да се прикажат личностите (обвивките) и сенките кои ги носат но и порака, за интроспекција, за воочување на се што е скирено во нас и прифаќање на истото, со намера да се пробие низ обвивките, надворешни и внатрешни – вели авторот Филип Цакоски.

Изложбата ќе ја отвори Филип Димкоски и ќе зборува за авторот и делата.

– СИТЕ НАШИ СЕНКИ, ЛИЦА И ОПАЧИНИ…

Милан Вујаклија, зборот персона го појаснува со поимите личност, особа, поединец, односно вели дека персона е секое живо битие надарено со способност за слободно и разумно размислување, посакување и дејствување, за разлика од нештата кои се само предмети без волја и разум и немаат свое достоинство.

Личност, персона, поединец, достоинство…. До каде сме со усвојувањето на полнозначноста на овие поими?
Изложбата насловена „Персона“ од вајарот Филип Цакоски, можеме да јаразгледуваме и како своевидно продлабочување на мотивите што го окупираа во претходната негова изложба „Обвивки“, но и како сосема самостоен концепт со нови перцепции. Со оглед на тоа, што и за изложбата „Обвивки“ ја имав истава задача, ќе се обидам накусо да ги компарирам двете посотавки, ставајќи акцент на актуелната изложба.

Ако во првата изложба го увидовме постоењето на кожурците, обвивките и маските, кои не нѝ даваат да дишеме и да се претставиме онакви какви што сме, овде во новите единаесет дела, обвивките полека паѓаат и се отвора можноста да се види личноста со својата посебност и своето достоинство.

Потребо е да се стопи каменот, да падне кожурецот низ процес на растргнување кој умее да боли и да остави траги и стрии, а потоа процес на прилагодување, адаптирање кон новото ЈАС. Всушнот, тоа е растењето, надминувањето….Змијата го менува својот кожурец кога ќе порасне нејзиното тело и потоа формира нов…А зошто? За да се заштити. Така и човекот.

Па така никогаш ништо не е конечно и никогаш не е до крај одгатнато. Во загадочното е магичното. Токму тие недоречености, сенки и интимни катчиња во човековиот ум, во човековиот дух, во умот и во срцето, го прават човекот една комплексна, совршено несовршена, таинствена и посебна персона.
Но растење и надминување согледуваме и од естетски аспект во делата на Цакоски. Овојпат тие се подетални, подлабоки, посилни, и заради поголемата пластичност, појасни и повпечатливи. Користејќи повеќе медиуми, бои и начини на работа, ни пренесува една подлабока емоција, посилна мисла и поцеловита порака преку уметничките решенија од „Персона“.

Оваа изложба е една можност да погледнеме во себе(не)совршенството, да навлеземе малку подлабоко во нас и да откриеме колку личности, колку лица и наличја криеме во нас самите. Тоа трагање кон внатрешните светови на самите нас, го обојува животот со смисла за постоењето..Од тие длабочини надоаѓа и уметничкиот порив кој Цакоски го материјализира преку своите дела и го подарува на публиката со цел да овозможи на уметничка наслада, но и да поттикне, да запраша, да замисли, да порача…Добредојдовте во уметничкиот свет на Филип Цакоски. Ви посакувам пријатен престој. ( Филип Димкоски, поет и новинар)

За авторот

Филип Цакоски, 1998, Прилеп, Република Македонија е дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек вајарство, модул сценографија, во класа на проф. м-р Жарко Башески. Член на ДЛУМ од 2020 година, учесник на повеќе групни изложби и настани, во и надвор од државата.

Матичар доби кривична пријава поради злоупотреба на лични податоци

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 32-годишниот О.И. од Студеничани, скопско, вработен на работно место референт матичар во Управа за водење на матични книги, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” од чл.149 ст.1 вв ст.3 и Д.К.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” од чл.149 ст.1. в.в.чл.45 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, во текот на април 2021 година, без поднесено барање и без согласност издадена од мајката, како законски застапник на малолетно лице, изготвил и со свој потпис и печат на Управата за матични книги, заверил Извод од матична книга на родени и изготвениот извод му го дал на второпријавениот, кој бил неовластено лице да располага со таквиот извод.

Второпријавениот, неовластено и спротивно на закон, во два наврата го искористил изводот, односно личните податоци на малолетното лице. Тој го употребил во постапка пред Министерството за правда, Управа за водење на матични книги и во поднесена тужба од негова страна пред суд против оштетената мајка, соопштија од МВР.

(Видео) Бугарска ТВ известува: “Румен на живо от Битола”, а Румен појден во Охрид

Бугарската телевизија “БТВ” известува за посетата на бугарските чиновници, кои деновиве се во Македонија.

А ние не знаевме дека Битола има вакво езеро…

Во битолско пронajдено починато лице кое претходно било пpиjaвено за иcчезнато

На 17.04.2022 околу 20:37 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на село Карамани, битолско, бил пpoнajден починат С.С.(81), за кој на 02.12.2021 беше пpиjaвено дека се оддалечил од домот.

Увид на местото извpшила екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, а по нapeдба на Јавен обвинител телото на починатиот било пpeдадено на обдyкциja – информираат од СВР Битола.

Kpивична за сопружници кои измамиле старица и и’ зеле 777.000 денари

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ц.(39) и Ќ.Ц.(46), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“. Пријавените сопружници, во периодот од 2010 до 2022 година, свесно и со умисла, во неколку наврати довеле во заблуда повозрасна жителка од Дебар која, од една банка и 2 финансиски друштва, подигнала кредити и како заем им ги дала на пријавените кои и ветиле дека парите ќе и ги враќале на рати.

Пријавените, исто така, ги злоупотребиле личните податоци од личната карта на оштетената и од нејзината е-маил адреса до едно финансиско друштво поднеле онлајн апликација за добивање брз кредит, по што парите ги подигнале од нејзината трансакциска сметка.

Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 777.000 денари.

Дипломати од Јапонија, Франција, Германија и Велика Британија воодушевени од вкусот на крушевскиот локум од “Тагас – Балкан”

Во културно информативниот центар на Македонија во Тирана, Албанија, во петокот се одржа изложба на дела од уметникот Зоран Кардула, а присутните гости помеѓу кои и дипломати од Јапонија, Германија, Велика Британија и Франција, го пробаа најдобриот локум – крушевскиот на “Тагас-Балкан”.

Уметникот се претстави со 13 свои дела и доби само пофали зборови од присутните.

Директорот на Македонскиот културно-информативен центар Златко Ориѓански, на својот Фејсбук профил информираше дека дипломатите биле воодушевени од вкусот на крушевскиот локум.

А како и нема да бидат воодушевени кога локумот на “Тагас-Балкан” е производ со 100-годишна традиција, а и ден денеска го има истиот вкус и се произведува по истиот рецепт како и пред еден век.

ФОТО/ГЕРТА КОРДАЛИ/ФБ – Origjanski Zlatko

Се спрема ли Србија за нешто: Објавен повик за сите млади мажи и жени до 30 години за доброволно служење вoeн рок

Министерството за одбрана на Србија ги поканува младите мажи и жени, кои годинава ќе наполнат 19 до 30 години, да се пријават за доброволно служење на шестмесечен воен рок со оружје.

Право на пријавување имаат сите работоспособни граѓани на државата кои во 2022 година ќе наполнат 19 до 30 години, а претходно не го отслужиле воениот рок со оружје, соопшти Министерството за одбрана.

Пријавата за доброволно служење воен рок може да се поднесе во сите експозитури на Поштата Србија, на порталот за е-влада, како и во центрите на Министерството за одбрана – поранешни воени одделенија.

Покрај можноста да го прошират своето знаење, да стекнат нови вештини и да се запознаат со современото оружје и воена опрема, војниците на доброволно служење воен рок ќе добиваат и месечна плата од околу 38.000 динари.

Прилепчанец се загyбил во атарот на село Нежилово, за среќа полициски службеници го пpoнашле во 3 часот по полноќ

На 18.04.2022 околу 00.50 часот во Полициската станица Велес, Д.Т.(59) од Прилеп пријавил дека со патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, се изгубил во атарот на с.Нежилово, општина Чашка.

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка веднаш излегле на терен и извршиле негово пребарување и во 02.45 часот го пронашле лицето во добра здравствена состојба.

Тој бил однесен во Полициското одделение Чашка, по што бил предаден на семејството.