дома блог страница 1598

Сточен пазар може да биде фатален – Внимавајте кога поминувате преку железничкиот премин (Видео)

Железничкиот премин во населбата Сточен пазар во Прилеп за Велигден без сигнализација. Рампата не работи, па затоа бидете oсобено внимателни кога поминувате преку фамозното мовче и се упатувате преку железничкиот премин.

Видеото ни ги испратија наши читатели кои побараа надлежните да се погрижат за овој проблем веднаш, кој може да биде фатален особено во текот на вечерните часови.

3eмjoтpec утрово во Македонија, еве каде беше епецeнтapoт

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, на 115 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна, регистрираше изутринава во 6:36 часот телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.

Ова го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од каде посочуваат дека земјотресот бил почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево.

Втор ден Велигден: Тајната на осмиот ден, идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник.

Страдалната седмица заврши со новиот ден денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време.

Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно.

И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Битола: Едни се тепале на фудбал други во угостителски објект

Oд билтенот со дневни настани на МВР

На 24.04.2022 во 03.25 часот било пријавено дека во угостителски објект во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу К.У.(21) и Х.К.(26) двајцата од Битола. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.04.2022 во 20.10 часот Р.А.(24) од Битола пријавил дека околу 17.50 часот на игралиште лоцирано на место викано „Тепсија“во населба Баир-Битола, по претходна расправија при играње фудбал, физички бил нападнат најпрво од М.Н., а потоа и од А.В. и А.В. Се работи на расчистување на случајот.

Колку време може да се јадат велигденските јајца?

Секоја домаќинка за Велигден вапца повеќе јајца, па најчесто дел од нив се фрлаат. Треба да бидеме внимателни од каде купуваме јајца, како и колку дена ги чуваме и јадеме.

Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да влезат бактерии.

По варењето се ставаат во ладилник и стојат најмногу една недела.

Инаку, јајцата се многу вкусен и хранлив оброк. Содржат протеини и голем број витамини и минерали и се одлична замена за месо.

Треба да знаете дека варените јајца не мора да стојат во фрижидер, но никако не треба да ги чувате на место каде ќе бидат изложени на сонце.

Како што тврдат нутриционистите, варените jajца може да ги јадете 5-7 дена од денот на варење. Се препорачува да ги чувате во фрижидер или на ладно место.

Нека не ве загрижува зеленкастата боја на жолчката, тоа не значи дека јајцето е расипано туку е последица на хемиска реакција меѓу белката и жолчката. Доколку јајцето има чуден мирис, побезбедно е да не го јадете.

(Фото галерија) Илјадници прилепчани ги исполнија црковните храмови за да ја слушнат радосната вест за Христовото вocкpeceние

Прилепчани верни на традицијата синоќа ги преполнија дворовите на црковните храмови во градот

Илјадници граѓани синоќа во кругот на црковните храмови ја дочекаа радосната вест за Христовото воскресение.

Храмот Св. Петка беше претесен за да ги собере сите верници, кои по олабавувањето на пандемиските мерки оваа година дојдоја во многу поголем број.

Ништо поразлично не беше ниту во останатите црковни храмови Св. Благовештение, Св. Кирил и Методиј и Св. Преображение.

За многу години! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

Дали некој намерно направи диверзија за да не свети крстот на Маркови Кули за Велигден?

Дали некој намерно стори вакво дело во пресрет на Велигден?

Вечерва ненадејно престана да свети крстот на Марковите Кули во Прилеп. Граѓаните бурно реагираат на социјалните мрежи и се сомневаат дека некој намерно го прекина напојувањето со електрична енергија на осветлувањето од крстот.

Од општина Прилеп пред малку излегоја со соопштение:

-Почитувани сограѓани, сакаме да ве информираме дека надлежните екипи на Општина Прилеп се на терен и се работи на отстранување на дефектот со осветлувањето на крстот на Маркови кули. Сеуште не се знае дали причината е технички проблем или можеби човечки фактор.

Било која намерна вмешаност во овој случај е за огромна осуда!

Локалната самоуправа ќе продолжи да работи на решавање на овој проблем и во текот на претстојните празнични денови – напишаа од општина Прилеп на Фејсбук.

Црковниот xpaм Св. Петка блеска во пресрет на радосната вест за Христовото вocкpeceние (Фото галерија)

Црковниот храм Св. Петка во населбата Точила во Прилеп блеска од убавина во пресрет на радосната вест за Христовото вocкpeceние.

Прилепчани се верни на традицијата, па вечерва како и секоја година ќе ги исполнат дворовите на светите храмови.

(Видео) Уживањето на риболов се превори во хopop: Голема бела аjкула им го нападна чамецот

Семејното уживање и риболов на австралискиот брег се претворија во ужас во една секунда кога ги видоа огромните отворени вилици на големата бела ајкула која го напаѓа нивниот чамец.

Дејвид Такфилд ловел риба покрај австралискиот брег со сопругата Тања и 14-годишниот син кога го забележале овој предатор минатата недела. Ајкулата се приближила до нивниот мал брод во близина на брегот на Мандура, јужно од Перт.

Ајкулата, со големина од околу 4 метри, била долга речиси половина од нивниот чамец и изгледала решена да го извади ручекот од него, велат тие.

Дејвид Такфилд изјави за Knaal 9 дека се чини дека ајкулата „нишала“ на пропелерите на бродот.

Идната недела неколку илјади ќе грмат на “Гоце Делчев” во Прилеп

Со двата погодоци на Бојан Спиркоски, Победа попладнево на гостувањето кај САСА во Македонска Каменица ја продолжи победничката серија.

Спиркоски беше прецизен по еднаш во двете полувремина, најпрво за 0:1 во 16-та минута, а потоа и за 0:2 во 47-та.

САСА успеа преку удар од белата точка на Алексовски да намали на 1:2, што беше конечниот резултат на денешниот натпревар.

Ривалите на црвено-белите за пласман во Првата лига, Слога Виница и Беласица забележаа исто така тирумфи во денешното 24-то коло.

Особено интересно ќе биде идниот викенд кога на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп гостува Беласица.

Натпреварот со сигурност ќе предизвика огромен интерес кај фудбалските љубители во Прилеп, па се очекува присуство на неколку илјади навивачи на трибините.

Моменталната состојба на табелата е следна: Слога 54, Беласица и Победа по 53, Саса 44, Кожуф 31, Пехчево, Детонит и Осогово по 27, Братство 14, Локомотива 6.