дома блог страница 1597

Вонредна седница на Совет оваа недела за безбедноста во Прилеп?

Неофицијално оваа работна недела ќе биде закажана вонредна седница на Совет со една точка на дневниот ред:

-Безбедносната состојба во Прилеп.

На истата се очекува да има свое обраќање и Командирот на прилепската полициска станица.

Познато е кога учениците ќе се вратат на настава?

На новинарско прашање до кога СОНК си дава рок да донесе конечна одлука кога ќе започне наставата Неделков кажа дека би требало најдоцна до утре.

– До утре навечер треба да имаме резултати тоа значи дека до утре навечер ќе има сондажа на јавното мислење на членството како и органот на одлучување, а тоа е Советот на СОНК ќе заседава и ќе за донесе конечната одлука врз основа на изјаснувањето на нашето членство, кажа Неделков.

Претседателот на СОНК додава дека евентуално од среда учениците ќе се вратат во училиштата и вели дека дополнително ќе се разговара за продолжувањето на школската година.

Бараа 18%, но попуштија: Еве што се договорија СОНК и Владата

Синдикатот за образование, наука и култура и Владата на денешниот состанок договорија зголемување на платите во образованието.

– После повеќе од 3 часа би рекол тешки и макотрпни преговори со министерот за образование и наука, со министерот за труд и социјална политика, секако и премиерот од страната на Владата, а и ние за волја на вистината бевме појачани со нашиот претставник од Европската конфедерација на слободни синдикати извршивме сериозни анализи на нашите барања кои беа доставени до ресорните министерства од една страна и од друга страна аргументите на Владата и на министерставата во однос на нашите побарувања сепак се усогласивме со ставовите каде што во рамките на можностите на државата и во рамките на тоа што во овој момент може да се издвои за зголемување на платите во дејностите на детска заштита во основно и средно образование дојдовме до заеднички процент на зголемување на платите коешто би почнало од месец јули, најдоцна месец јули со завршувањето на Ребалансот и процесирање на средствата во трезорот, изјави Неделков.

Претседателот на СОНК соопшти дека зголемувањето на платите на просветните работници ќе биде за 12%.

– Се работи за процент од 12% на сегашните плати со додатоци кои следуваат врз основа на Законот за колективен договор, додава претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Земјотpec повторно ја стресе Македонија

Попладнево е регистриран земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтер во Македонија.

Епицентарот на земјотресот е на 16 километри југоисточно од Делчево, на длабочина од 2 километри.

СДСМ: “СОНК да ги напушти уцените и да го прекине штрајкот – во 4 години им ги покачивме платите за 21 отсто”

Интересот на децата и нивниот образовен процес треба на сите да ни бидат на прво место, истакна на денешната прес конференција пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ и побара штрајкот на СОНК веднаш да прекине, учениците да се вратат на настава и дека во нивниот мандат платите во образованието биле покачени за 21 отсто.

Во прилог целиот текст од прес-конференцијата:

Ново губење часови, откако изминатите две години наставата се одвиваше во отежнати услови поради пандемијата е на штета на децата. Особено голема штета може да им биде нанесена на илјадници матуранти, бидејќи се поблиску се роковите за полагање матура и завршен испит.

Апели за децата да се вратат во наставните клупи со право пристигнаа и од УНИЦЕФ и од Народниот правобранител. Правото на образование е загарантирано со Уставот, исто како и правото на штрајк, но штрајкот не смее да биде на штета на децата, а учениците и нивните родители да се држат во неизвесност.

Неопходно е раководството на СОНК да го прекине штрајкот, да овозможи учениците да се вратат на училиште, а своите барања да ги остварува во дијалог со надлежните институции.

Владата веќе понуди конкретно решение, а тоа е зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен и тоа во време на криза.

Одбивањето на овој предлог е неконструктивно, прво, затоа што законските рокови за усогласување на платите од 6 месеци се уште не се истечени.

Второ, затоа што токму СДСМ во изминатите 4 години ги зголеми платите во образованието за 21% и токму оваа политичка опција е посветена на покачување на платите во сите сектори.

Истовремено значително се инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на училишта и градинки. Се изградија голем број на училишни спортски сали, оваа учебна година опремивме 264 кабинети по природни науки и издвоивме 54 милиони денари за образовни асистенти кои веќе им се на располагање на децата со попреченост.

Да не заборавиме во ниту еден момент дека училиштата се за децата и улогата на сите чинители во тој процес е да обезбедат квалитетно и инклузивно образование за секое дете.

Го повикуваме раководството на СОНК да се врати на дијалогот, не само за покачување на платите, туку и за нов општ договор и нова методологија за постојан раст на платите во образованието и детската заштита.
Платите во образованието ќе се зголемат, ќе има нова методологија за постојан раст на платите, но наставата мора да продолжи.

Километарски колони на патот Прилеп-Кавадарци кај Дреново поради cooбpaќajна незгода (Фото)

Поради сообpаќajна незгода на патот Прилеп-Кавадарци, сообраќајот се одвива со неизменично пропуштање на возила.

Според неофицијални информации судрени се тешко товарно возило и автомобил, а засега не е познато дали има повредени лица во незгодата.

Од АМСМ информираа, но нема информации до кога ќе трае застојот на сообраќајот на овој патен правец.

Очевидци велат дека возилата се пренасочуваат по земјен пат додека не се расчисти патот и не се откријат точните причини за настанатата незгода.

Мини справа која е вистински лек за затегнати бутови и мускули на рацете, сега достапна и кај нас (Видео)

Едноставна и супер лесна за користење мини справа за затегнати бутови и мускули на рацете. Тight Master ќе направи чуда со вашето тело, а сега е достапен во Македонија за само 650денари.

Побрзајте и нарачајте, количините се ограничени. Kликнете на линкот во продолжение и нарачајте Tight Master за вас или израдувајте некоја ваша блиска личност.

Двајца прилепчани фатени со мapиxyaна на Велигден

На 24.04.2022 во 23.10 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода И.Б.(37) и Д.В.(39), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пpoнајдена мapиxyaна.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Боженствена слика од Стара црква во Прилеп: Илјадници верници на едно место (ДРОН ВИДЕО)

Илјадници верници на полноќ во саботата ја дочекаа радосната вест за Христовото воскресение во дворовите на црковните храмови во Прилеп.

Видеото во продолжние е од црквата Св. Благовештение (Стара црква) и е дело на Андреј Ристески.

Една боженствена слика која ќе ви го исполни срцето.

Синоќа yaпceн кpaдец во Прилеп

Денеска (25.04.2022) во 03.15 часот на ул.„Марко Цепенков“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.У.(43) од Прилеп.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „кражба“ и кај него биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по цеосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.