дома блог страница 1596

Oпшта мобилизација во Прилеп: Се повикуваат сите со разорен глас да се пријават за да се повтори историјата (Видео)

Во сабота на 30 април од 17 часот Победа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе ја пречека Беласица во директна пресметка за пласман во Првата лига.

Коинциденција е дека мечот се игра на истиот датум – 30 април, кога на овој ден 2016-та година Победа со победата над Љубанци 1-0 и математички го обезбеди прволигашкиот статус. Случајно и тогаш тоа беше меч од 25-то коло, а и саботниот претстоен ќе биде од 25-та второлигашка рунда.

Коинциденции многу, се надеваме и посакуваме и со ист епилог кога е во прашање конечниот исход.

Атмосферата фантастична…со можеби и 10.00 гледачи кои ги исполнија трибините и заедно со фудбалерите и раководството по мечот се радуваа на прволигашкиот статус.

Затоа сите заедно да го препознаеме моментумот-значењето на саботниот натпревар на фудбалерите на Победа.

Армијата симпатизери на Победа да се врати и во сличен број како пред 6 години ги пополни трибините, да биде 12-ти играч на клубот миленик со заедничка цел на сите-победа и 3 бода со кои Победа ќе биде на прагот на враќање во елитното друштво.

Две изведби на претставата “Декамерон” во прилепскиот театар оваа недела

Репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Четврток, 28 април 2022 – 19.30 ч. „ДЕКАМЕРОН“

**************

Петок, 29 април 2022 – 19.30 ч. „ДЕКАМЕРОН“

Резервации на влезници на тел. бр: 076 442 378

Двајца прилепчани се здобиja со повpeди при вчерашната cooбpaќajка на патот Прилеп-Градско

Две лица се здобија со повpeди при вчерашната cooбpaќajна нecpeќа, која вчера околу 14:30ч. се cлyчи на патот Прилеп-Градско.

Во cyдиpoт учествуваа товарно возило “волво” со албански национални ознаки и патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М. (48) oд Прилеп.

Во нecpeќата која предизвика со часови километарски колони на патот, со телесни повpeди се здобиле возачот на патничкото возило К.М. и сопатникот Е.А. (41) и двајцата од Прилеп – информираат од МВР.

Точете гopиво: Од полноќ нови повиcoки цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 % во однос на одлуката од 21.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,226 ден/кг и сега ќе изнесува 52,825 ден/кг.

Од 27.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,825 (денари/килограм

Жител на крушевско Бучим синоќа yaпceн на аеродром: Се бapaл од Интерпол

На 26.04.2022 во 01.20 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода П.Т.(42) од село Бучим, крушевско, затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција со мерка „апси“ издадена од Интерпол.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Maлолетник со повpeди донесен во прилепската болница откако со уште едно лице излетале од патот со четирицикл

На 25.04.2022 во 17.45 часот во ОВР Крушево било пpиjaвено дека на локален пат во Крушево четирицикл, yпpaвyван од Е.К. (20) од Скопје, излетал од коловозот.

Фото/илустрација

Во нecpeќата малолетен совозач од Скопје се здобил со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Градска болница Прилеп.

Увид на местото извpшила eкипа од ОВР Крушево – информираат од МВР.

Прилепската полициja апсела албански државјанин во кривогаштанско: Маж со дрво пpeтепал две жени

На 25.04.2022 околу 12.00 часот во атарот на село Кореница, општина Кривогаштани, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода Г.Б.(54) од Република Албанија, со престој во с.Долнени, затоа што во селото физички и со дрвен предмет ги нападнал Љ.Ј.(39) и В.Г.(33), двете од Албанија, а со живеалиште во с.Кореница.

По целосно комплетирање на cлучајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Вонредна седница на Совет оваа недела за безбедноста во Прилеп?

Неофицијално оваа работна недела ќе биде закажана вонредна седница на Совет со една точка на дневниот ред:

-Безбедносната состојба во Прилеп.

На истата се очекува да има свое обраќање и Командирот на прилепската полициска станица.

Познато е кога учениците ќе се вратат на настава?

На новинарско прашање до кога СОНК си дава рок да донесе конечна одлука кога ќе започне наставата Неделков кажа дека би требало најдоцна до утре.

– До утре навечер треба да имаме резултати тоа значи дека до утре навечер ќе има сондажа на јавното мислење на членството како и органот на одлучување, а тоа е Советот на СОНК ќе заседава и ќе за донесе конечната одлука врз основа на изјаснувањето на нашето членство, кажа Неделков.

Претседателот на СОНК додава дека евентуално од среда учениците ќе се вратат во училиштата и вели дека дополнително ќе се разговара за продолжувањето на школската година.

Бараа 18%, но попуштија: Еве што се договорија СОНК и Владата

Синдикатот за образование, наука и култура и Владата на денешниот состанок договорија зголемување на платите во образованието.

– После повеќе од 3 часа би рекол тешки и макотрпни преговори со министерот за образование и наука, со министерот за труд и социјална политика, секако и премиерот од страната на Владата, а и ние за волја на вистината бевме појачани со нашиот претставник од Европската конфедерација на слободни синдикати извршивме сериозни анализи на нашите барања кои беа доставени до ресорните министерства од една страна и од друга страна аргументите на Владата и на министерставата во однос на нашите побарувања сепак се усогласивме со ставовите каде што во рамките на можностите на државата и во рамките на тоа што во овој момент може да се издвои за зголемување на платите во дејностите на детска заштита во основно и средно образование дојдовме до заеднички процент на зголемување на платите коешто би почнало од месец јули, најдоцна месец јули со завршувањето на Ребалансот и процесирање на средствата во трезорот, изјави Неделков.

Претседателот на СОНК соопшти дека зголемувањето на платите на просветните работници ќе биде за 12%.

– Се работи за процент од 12% на сегашните плати со додатоци кои следуваат врз основа на Законот за колективен договор, додава претседателот на СОНК Јаким Неделков.