дома блог страница 1595

Пред три дена доби нов мандат, а денеска го погодија со домат (Видео)

Францускиот претседател Емануел Макрон беше нападнат за време на посетата на градот Серж Понто во регионот на долината Оаза, северно од Париз. Макрон најверојатно бил цел на домат додека бил во посета на локалниот пазар.

Додека Макрон беше во обиколка на пазарот во Сергиус, што е негово прво појавување на јавно место по реизборот на претседателските избори, „проектил“ полета кон него и го удри.

Обезбедувањето прво го заштитило ставајќи му ги рацете на главата, а потоа отворајќи чадор.

„Посетата на Макрон кај Серхио беше одбележана од голема публика. Француската полиција едвај ја задржа толпата што се појави за време на посетата на Макрон, јавуваат француските медиуми.

И пред празник и по празник во Битола се работи: Коњановски доследен на ветувањата (Фото)

Започна реконструкцијата на коловоз на главниот уличен крак во село Логоварди, во должина од 744 метри.

Градоначаланикот на општина Битола Тони Коњановски изврши увид во теренските активности на улицата, чија реконструкција е од огромно значење за жителите на Логоварди.

Улицата ќе биде со просечна ширина на коловозот од 3,5 метри, надополнета од секоја страна со гранитна коцка во ширина од 0,5 метри, со што целосната ширина ќе изнесува 4,5 метри.

Паралелно ќе се врши изработка на бетонски одводни канали и пропусти, како и прилагодување на влезовите од објектите кон новата нивелета.

Вредноста на реконструкцијата на улицата, која е дел од проектот „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, од програмата на градоначалникот Тони Коњановски е над 7.000.000 денари.

Пандов од пред затвopот во Прилеп: Борбата за правда и слобода за неправедно осудените ќе продолжи се до исправање на нанесените неправди

Браќа и сестри Македонци, ви благодарам што во олкав број дојдовте да го поддржите овој протест за слобода на политичките затвореници во Република Македонија, истакна Александар Пандов, претседател на Патриотски Институт „Гоце Делчев“ од пред затворот во Прилеп на протестот за уставобранителите.

Пандов во продолжение ја прочита и донесената Декларација за правда и слобода за политичките осуденици во Македонија донесена од страна на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и Патриотскиот институт.

– Тргнувајќи од одредбите на Уставот на Република Македонија за сувереноста на државата и суверенитетот кој произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, потенцирајќи ги темелните вредности на уставниот поредок на Македонија како основните слободи и права на граѓаните, владеење на правото и еднаквоста на граѓаните, посочувајќи ја уставната преамбула и историските одлуки со кои граѓаните на Република Македонија ја конституираа Република Македонија како држава во која се воспостави и зацврсти владеењето на правото и ќе се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“ донесе Декларација за правда и слобода за политичките осуденици во Македонија, појасни Пандов.

Пандов посочи дека констатирајќи ги дека јавно познатите политички обвиненија и лажни сведочења за настаните од 27-ми април 2017-та година на кои се темелат драконски и неправедни судски пресуди Унија на ветерани н а ВМРО-ДПМНЕ и Патриотскиот институт изјавуваат дека борбата за правда и слобода за неправедно осудените ќе продолжи се до исправање на нанесените неправди.

– Под еден, физичкото насилство извршено од неорганизирани поединци го осудуваме, но не на „тероризам“, бидејќи таков објективно и фактички немаше – за разлика од судско обвинителскиот терор со злоупотреба на моќ и монтирани процеси, кој е очигледно за секој чесен и објективен граѓанин на Македонија. Под два, осудените во овие политички процеси се жигосани без докази за делото за кое се осудени, со цел да се сее страв меѓу граѓаните и да се остваруваат политички цели, а не правда и правдина. Потсетуваме дека луѓето кои физички го овозможија влезот во Собранието на 27-ми април 2017-та година се на слобода истргувана на познат начин, а креаторите на пеколни планови се далеку од познати.

Под три, го потенцираме ставот на бројни и врвни независни еминентни правници во Македонија, но и надвор од неа на реномирани универзитети и државни институции во земјите на ЕУ и пошироко, кои на специфичен начин го коментирале правниот настан и дури и носеле одлуки во врска со истиот, квалификувајќи го како политички, а не како правен процес. Истовремено и најголемите светски демократии во слични и полоши околности од оние на 27-ми април 2017 во Македонија не настапувале со политички конструкти како „тероризам“, туку својот суд го мереле единствено на фактичките докази и на фер и темелна неселективна судска постапка. Под четири, ги повикуваме последните инстанции во Македонија кои може да донесат правична одлука, да го следат правото и да ги поништат осудителните одлуки на судовите во прв и втор степен, базирани на политички обвинителен акт и врз лажни искази и сведочења, без никакви суштински и вистински докази за непостоечкиот тероризам, појасни тој.

– И под пет, Декларацијата ќе се достави до претседателот на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија и претставници на меѓународната заедница, нагласи Пандов.

Пандов образложи дека настаните на 27-ми април пред и по отворањето на вратите на Собранието го променија текот по кој се движи македонската држава. Применувањето на политичка сила и судско-обвинителскиот терор преку еклатантни монтирани процеси, подигрување со правото и уништување на човечки судбини, потпомогнато од хајките на медиумските лакеи кои „произведуваа и бркаа вештерки“, оставија трајна дамка врз организираноста на државата, многу поголема од физичкото насилство кое никој не го поддржува.

Оваа декларација има за цел да биде гласот на секој објективен и чесен граѓанин на Република Македонија кој не трпи неправди, ја сака својата држава и се бори секојдневно за почит на нејзиното минато, подобра сегашност и перспектива во иднината, рече Пандов.

(ВИДЕО) Дурловски зад рештки пред Собрание: Молчењето е зло(а)то

Оперскиот пејач Игор Дурловски кој не прифати да биде амнестиран за случајот 27 април и воедно беше единствениот кој доби ослободителна пресуда од судот денеска со перформанс пред Собранието на Република Македонија го одбележа 27 април.

Тој порача дека „Молчењето е злото“ имајќи во предвид дека уставобранителите беа осудени на повеќе од 200 години затвор, а ја минуваат веќе петтата година зад решетки.

Извор: “Инфомакс”

Се крпат улиците во yништениот Харков во Украина, а вojната уште не завршила (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека е снимено во украинскиот град Харков, кој е еден од најпогодените во вojната со Русија.

Според тоа што може да се види, властите веднаш пристапиле кон крпење на улиците и булеварите во градот, а во позадина се гледаат разурнати градби од руските бомби.

Од денеска нема ниту закажyвање на cвадби, нитy вадење докyменти: Пpoтecтиpaaт вpaботените во Упpaвата за матични книги

Незадоволни од неусогласувањето на платите со минималната, се и вработените во Управата за матични книги, кои токму поради оваа и две други работи денеска започнаа со протест.

Ова значи дека, од денеска граѓаните нема да може да вадат извод од родени, да се запишуваат починати лица, да се издаваат реченија за слободна брачна состојба и венчаници. Исто така, нема да биде во фунцкија и електронската нарачка на документите.

Исто така, покрај тоа што бараат линеарно покачување на платата, вработените во Управата за водење матични книги бараат да се донесе колективен доковор за вработените во УВМК и да се зголемат платите за 30 проценти. Велат дека се спремни за договори.

Околу 500 вработени бараат да им бидат признаени звањата и да работат на позиции соодветни на искуството и образованието, а не како што е сега, сите независно од звањето да работат иста работа.

Николоски: Македонија да добие датум за преговори со ЕУ, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат (Видео)

Оваа недела во Стразбур се одржува редовна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Ќе се разговара на многу важни теми, вклучувајќи ја и агресијата која што во моментов се случува во Украина и потребата на обезбедување на мир во Европа. Исто така ќе се разговара и на теми кои се важни за Македонија и за нашето соседство. Во бројните средби коишто ќе ги имам во овие три дена, ќе побарам Македонија конечно да добие датум за почеток на преговори со ЕУ и да ги почне преговорите со ЕУ, затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија, изјави за медиумите Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во рамките на своите средби и обраќања ќе ја повика Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, тука од Стразбур кои не ги спроведува.

– Бројни пресуди кои се во корист на Македонците од Бугарија не се спроведуваат од страна на Бугарија. Едни од најзначајните кои што судот ги донесе во 2020 година е пресудата за формирање на клуб за етничка толеранција, како и пресудата за формирање на клуб за жртвите кои беа тероризирани од комунистичкиот режим. Тоа се две значајни пресуди кои зборуваат за етничката толеранција во Бугарија, но исто така и за потребата од рехабилитација на жртвите на комунистичкиот терор во Бугарија. Нешто што Бугарија не сака да го спроведе, затоа што политиката која што ја води е слична на онаа политика која што ја води изминативе 20 години, а тоа е политика на негирање и политика која што значи непочитување на одлуките на Советот на Европа. Затоа силно ќе побарам преку механизмите на Советот на Европа овие пресуди да се реализираат, посочи Николоски.

Тој додаде дека уште една работа за која што ќе зборуваат е мешањето на премиерот Петков во внатрешните работи на Македонија.

– Имено, со неговата последна изјава во која што кажува каква Влада тој би сакал во Македонија и дали би дозволил или не би дозволил да се формира Влада во Македонија директно се меша во внатрешните работи на Македонија, што е недозволиво. Затоа што изборот на Влада во Македонија е прашање на Собранието и на пратениците кои што се избрани на избори, а не на Кирил Петков. Новата Влада ќе биде формирана после предвремените парламентарни избори и секое мешање од страна на Бугарија е недозволиво и претставува мешање директно во внатрешните работи на Македонија, дециден е Николоски.

СОНК одлучи, штpajкот продолжува, настава и утре нема да има

Претстедателот на СОНК, Јаким Неделков соопшти дека штрајкот во училиштата продолжува.

Тој соопшти дека од вкупно 480 синдикални организации, 388 биле „за“ продолжување на штрајкот, а само 83 биле за прекинување на штрајкот и продолжување на наставата. Советот на СОНК донесе одлука дека штрајкот во основното и во средното образование продолжува и во текот на утрешниот ден се до наоѓање на заедничко прифатливо решение помеѓу Синдикатот и Владата, рече Неделков.

Штрајкот во градинките ќе се стави во мирување и од утре тие ќе почнат редовно да работат поради барањето на големиот број градинки да продолжат со работа во интерес на родителите и децата.

Спремни за мото авантура? Никаде без опрема, а во Прилеп ја има само во “Донти Мото” – Eве зошто секој нивни муштерија е задоволен (Фото галерија)

Дали сте подготвени за нови авантури? Вие само подгответе го вашиот мотор, a “Донти Мото” ќе се погрижи за вас, за вашата безбедност и сигурност при возењето.

“Донти Мото” e специјализирана продавница за секаков вид на мото опрема. Вашиот партнер за безбедност е лоциран на улица “Борис Кидрич” бр. 164, отспротива на касарните во Прилеп.

На почетокот од новата мото сезона пристигнаа и новите модели на мото јакни и пантолони, елеци, чизми, ракавици, одела за дожд, секаков вид на кациги… и уште многу други додатоци кои ви се неопходни за да бидете комплетни во возењето.

“Донти Мото” располага со повеќе од 40 различни модели на мото јакни и пантолони. Посетете ги и проверете сами. Сега, сите модели на мото јакни и пантолони од реномирани брендови ќе можете да ги најдете и во најпознатите мото салони во Македонија: “Амбасадор мото центар” во Охрид, “Хеми мотор” во Скопје, “Елипсо мото” во Тетово, “Кимко Македонија” во Куманово и “Ауто Х” во Кавадарци.

Опремата е клучен дел од секоја авантура. Секогаш користете опрема кога сте на мотор.

Телефони за контакт: 071/316-039 и 071/ 369-799.

Oпшта мобилизација во Прилеп: Се повикуваат сите со разорен глас да се пријават за да се повтори историјата (Видео)

Во сабота на 30 април од 17 часот Победа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе ја пречека Беласица во директна пресметка за пласман во Првата лига.

Коинциденција е дека мечот се игра на истиот датум – 30 април, кога на овој ден 2016-та година Победа со победата над Љубанци 1-0 и математички го обезбеди прволигашкиот статус. Случајно и тогаш тоа беше меч од 25-то коло, а и саботниот претстоен ќе биде од 25-та второлигашка рунда.

Коинциденции многу, се надеваме и посакуваме и со ист епилог кога е во прашање конечниот исход.

Атмосферата фантастична…со можеби и 10.00 гледачи кои ги исполнија трибините и заедно со фудбалерите и раководството по мечот се радуваа на прволигашкиот статус.

Затоа сите заедно да го препознаеме моментумот-значењето на саботниот натпревар на фудбалерите на Победа.

Армијата симпатизери на Победа да се врати и во сличен број како пред 6 години ги пополни трибините, да биде 12-ти играч на клубот миленик со заедничка цел на сите-победа и 3 бода со кои Победа ќе биде на прагот на враќање во елитното друштво.