Во комплексот ‘‘Езеро’’, на спортскиот терен за кошарка, непознати сторители ги уништиле кошовите.
Комуналците денеска поставија нови. Се замолуваат посетителите да внимаваат и ги чуваат детските игралишта, поставената комунална инфраструктура, спортските терени и летниковците – велат во соопштението од ЈКП Комуналец Прилеп.
Им се врзал филм дека се во НБА, па ги искршиле кошовите на игралиштето кај вештачкото езеро во Прилеп (Фото)
Гopеше “голф” на улица “Богомилска” во Прилеп
На 27.04.2022г. околу 04:00часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на улица “Богомилска” во Прилеп нacтанал пожap во патничко моторно возило “Фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, во сопственост на Е.А. (42) од Прилеп.
Пожapoт бил изгacнат од coпcтвеникот, а повpeдени лица нема.
Увид извpшила екипа на ОВР Прилеп – информираат од ПС Прилеп.
За плати пари нема, за споменик од УЧК има, и тоа 200.000 евра? (Фото)
На 21-годишнината од војната во која загинаа македонските бранители, споменик вреден 200 илјади евра посветен на борците на УЧК ќе биде свечено откриен во Слупчане. Изградбата беше најавена уште лани на 2 мај, денот кој ДУИ го слави како ден на „бранителите“.
-Овој споменик е во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона, рече тогаш Ахмети.
Токму на 2 мај и ќе биде свечено отворена таканаречената „спомен кула“. Настанот го сподели градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи од ДУИ.
-За она што мачениците го дадоа за нашата слобода, ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот, пишува тој.
Мицкоски на средба со Вархеји: Преговори со ЕУ веднаш и без дополнителни условувања
Преговорите со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од која било страна, порачал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, кој престојува во посета на државава.
-На средбата претседателот Мицкоски истакна дека државата има направено бројни отстапки за да го оствари својот стратешки национален интерес за членство во Европската унија. Преговорите со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од која било страна. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати негирање на македонскиот идентитет, јазик, историски континуитет и посебност, се наведува во соопштението од прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски и Вархеји дискутирале и за актуелната политичка-економска состојба во земјата како и за динамиката на реализација на проектите кои се финансирани од ИПА фондовите во дел од општините.
На средбата присуствувале и потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Стефан Андоновски.
Претпладне сонце, попладне дожд и грмежи
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Следува период на променливо облачно и посвежо време, на места со повремен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе опадне за неколку степени.
24-годишно момче од Прилеп со тешки повpeди донесено во прилепската болница oткако со автомобил излетал од патот
На 27.04.2022 во 03.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од улиците „Кеј 19 Септември“ и ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп, патничко моторно возило марка „БМВ” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(24) од Прилеп, излетало од патот.
Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил возачот, конcтатирани во Градска болница Прилеп.
Увид извpшила yвидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.
Најефикасна мини справа за кондиција, а ви треба само еден метар квадратен (Видео)
Ако ги погледнеме најпопуларните фитнес справи – без оглед дали се работи за вежбање дома или во фитнес клубовите – меѓу нив сигурно ќе го најдеме степерот. Вежбите за степер, кои се практикуваат на принципот „бесконечно качување по скали“, помагаат во обликување на телото, трошење на вишокoт калории и подобрување на кондицијата.
Доколку се одлучите за степер во Вашиот дом, ќе можете да вежбате гледајќи ја Вашата омилена ТВ серија или слушајќи ја омилената музика. Ова особено важи за студените и врнежливи месеци кои доаѓаат. Со степер во вашиот дом, нема да го оптеретувате семејниот буџет со месечни членарини за фитнес клуб.
Покрај тоа што ги активирате мускулите на нозете, а особено оние на колковите и на задникот, на степерот практикувате и кардио вежби. Ова значи дека лесно можете да ја достигнете целната зона на пулсот, а забрзаното работење на срцето го подобрува согорувањето на калории и го забрзува метаболизмот.
Сега можете да го набавите по најниска цена кај нас на USR Macedonia. Нивните производи се со врвен квалитет и за прв пат достапни кај нас. Се што треба е да кликнете на линкот во продолжение и да нарачате. Испораката е за 1-3 дена во било кој дел од Македонија.
Џафери кладе панцир и пристигна во Украина, ќе се сретне и со Зеленски
Лично ќе се залагам институциите и граѓаните на Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка која што ќе стои на располагање заедно со нашите партнери од Европската унија и меѓународната заедница, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери кој денеска престојува во Украина. Џафери ги посетил градот Ирипин и пистата на Хостомел кои се разурнати од воените дејствија.
Како што соопштија од прес-службата на Собранието, Џафери во Украина допатувал со воз преку Полска во раните утрински часови, и тоа на покана на претседателот на Собранието на Украина, Руслан Стефанчук.
Џафери напомена дека лично ќе се залага сликите во Украина да го добијат правото име што им следува, а тоа е, како што вели, геноцид и ништо друго.
Истовремено, во посета на Украина денеска се и претседателите на парламентите на Романија и Швајцарската Конфедерација.
-Особено ми е задоволство и ја прифатив поканата и лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од она што е инвазија на Руската федерација врз Украина. Секако, моето присуство е симбол на лична, институционална и поддршка на граѓаните на Северна Македонија за народот на Украина и институциите на Украина. На нас од Западен Балкан ни се свежи сеќавањата од ваквите слики што ги гледавме не подолго од две децении претходно, свеж ни е Речак во Косово, свежа ни е Сребреница во Босна и Херцеговина и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде, изјави Џафери.
Оваа посета на претседателот Џафери е прва од овој вид на висок претставник од регионот и прва посета од сите нивоа на власт во Република Северна Македонија.
Во рамки на посетата Џафери ќе има и обраќање на Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Тажна вест: Ненадејно почина поранешен кандидат за градоначалник на Прилеп
Денеска на 54-годишна возраст ненадејно почина Тони Петрески, поранешен кандидат за градоначалник на општина Прилеп од СДСМ.
Петрески работеше во Министерството за одбрана како раководител на Сектор за цивилно-воена соработка со регионални центри за одбрана.
Тој беше кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Прилеп во 2009 година. Во изминатите години Петрески беше еден од водечките луѓе на партијата во Прилеп.
Пред три дена доби нов мандат, а денеска го погодија со домат (Видео)
Францускиот претседател Емануел Макрон беше нападнат за време на посетата на градот Серж Понто во регионот на долината Оаза, северно од Париз. Макрон најверојатно бил цел на домат додека бил во посета на локалниот пазар.
Додека Макрон беше во обиколка на пазарот во Сергиус, што е негово прво појавување на јавно место по реизборот на претседателските избори, „проектил“ полета кон него и го удри.
Обезбедувањето прво го заштитило ставајќи му ги рацете на главата, а потоа отворајќи чадор.
„Посетата на Макрон кај Серхио беше одбележана од голема публика. Француската полиција едвај ја задржа толпата што се појави за време на посетата на Макрон, јавуваат француските медиуми.












































