дома блог страница 1593

Еве како наставниците во Хрватска се изборија за своите права по два месеци штрајк

„Штрајкот е резултат на долго незадоволство од материјалниот и социјалниот статус, работните услови, непочитувањето, потценувањето на нашата професија…“ – рекоја во 2019 година наставниците и професорите на масовен протест во Загреб.

Во организација на синдикатите за образование, тогаш се собраа околу 20.000 наставници, професори и други вработени во образовниот систем од цела Хрватска, како и голем број граѓани и студенти кои го поддржаа штрајкот во образованието.

И успеаја, се изборија за своите права….

СОНК Прилеп со масовен протест на 3ти мај пред Камена бина?

Се подготвува масовен штрајк на просветните работници во Прилеп?

Крајно разочараните членови на СОНК Прилеп во текот на денот доставиле едногласен предлог за разрешуваење на Јаким Неделков.

Во контекст на таа одлука и поддршка на претходните синдикални барања СОНК Прилеп ќе организира масовен протест на сите наставници и членови на КАМАНА БИНА во 7:30 часот.Добредојдена е поддршката од сите прилепчани.

Црна Гора доби пpeмиep Албанец – Изгласана новата влада

Пратениците во црногорскиот парламент денеска ги избраа членовите на 43-та влада на чело со премиерот Дритан Абазовиќ, лидер на Граѓанското движење УРА.

Новата влада ќе има 18 министерства, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор. Нејзини членови се:

Вицепремиер за надворешни работи, европска интеграција и регионална соработка и министер за европски прашања Јована Маровиќ (ГП УРА), вицепремиер за економски систем и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Владимир Јоковиќ (СНП), вицепремиер за политички Систем и внатрешна политика и министер Министерот за одбрана Рашко Коњевиќ (СДП) и потпретседателот задолжен за регионален развој и министер за капитални инвестиции Ервин Ибрахимовиќ (БС).

Предложени се Марко Ковач (СНП), министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ (ГП УРА), министерот за финансии Александар Дамјановиќ (СНП), министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ (СДП), министерот за економски развој и туризам Горан Ѓуровиќ (ГП УРА). за министер за правда.

Предложени се Василије Лалошевиќ (СНП), министер за јавна администрација, Мараш Дукај (Албанска листа), министер за труд и социјална заштита Адмир Адровиќ (БС), за образование Миомир Војиновиќ (СНП), за здравство Драгослав Шќекиќ, министер за култура. за министерка за спорт и млади и медиуми Маша Влаовиќ (непартиска) министерка за екологија, просторно планирање и урбанизам Ана Новаковиќ Ѓуровиќ (ГП УРА), министер за човекови и малцински права Фатмир Џека (Едногласна коалиција), министер за наука и технолошки развој Билјана Шчепановиќ (непартиска).

Зоран Миљаниќ (ЦИВИС) и Адријан Вуксановиќ (ХГИ) се предложени за министри без ресор.

facebookShare on Facebook
TwitterTwe

Варошани утре широко ќе ги отворат портите: На Голем петок прилепчани традиционално ќе го посетат манастирот Св. Архангел Михаил

Утре православните христијани го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Оваа година со олабавувањето на мерките за пандемијата со кopoнавиpycoт ќе се врати масовноста за празникот во најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил, а варошани сигурно широко ќе ги отворат портите на своите домови и ќе пречекаат многу гости.

Инаку празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња и чекаат гости.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.

За многу години!

Пачешкоски го политизира штрајкот на 30.000 наставници за повисока плата и се заканyва по родители?

Некоректноста на СДСМ Прилеп кон наставниците нема крај?

Кулминацијата се постигнала денеска кога по изјавата од Претседателот на СОНК (за која се шпекулира дека е под закана и уцена), на сцена стапил и Претседателот на СДСМ Прилеп?

Дали е точно дека неуспешно пробал да се заканyва по родители и наставници и да ги убедува дека платата oд 24.000 денари им е доволна, како што кружат муабети низ колуарите на училишните совети и колективи?

Оваа постапка има тотален контраефект бидејќи одговорот бил јасен:”Со парите од yкpaденото масло од канабиc од Алданци ќе ја зголемевте платата за 19% на сите вработени во Македонија, а не само на членовите на СОНК”.

Тие наводно побарале и писмена изјава од него за новата дивоградба од УЧК која чинела 200.000 евра, доволни платата за се зголеми и за уште еден процент плус.

(Видео) Незадоволни наставници се собираат пред седиштето на СОНК

По одлуката за ставање во мирување на штрајкот, незадоволни наставници се собираат пред седиштето на СОНК.

По одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) дека штрајкот го става во мирување попладнево пред седиштето на СОНК се собраа членови на синдикатот изразувајќи незадоволство од најновата одлука.

Одлуката на СОНК беше донесена откако до нив стигнало известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука е подготвено за мирно решавање на спорот.

Од СОНК изјавија дека мора да го почитуваат законот и дека доколку во текот на мирното решавање на спорот не се изнајдат соодветни решенија, повторно ќе го активираат штрајкот.

– Ќе мора да постапиме согласно закон и штрајкот да го ставиме во мирување. Тоа значи дека одлуката за влегување во генерален штрајк ја ставаме во мирување се додека не се реши спорот. Убедени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со ставовите со ресорното Министерство за образование и наука, штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде, рече Неделков.

Се договори ли Јаким сам без поддршка од наставниците? Штрајкот ставен во мирување – Наставниците бараат оставка?

Јаким Неделков, претседателот на СОНК денеска на прес конференција посочи дека штрајкот е ставен во мирување.

Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.

„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, кажа Неделков.

Тој додаде дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.

Во напуштена куќа во долненско полициjaта пронајде и одзеде 10 кубици нелегално ceчени дpва

На 27.04.2022 во напуштена куќа во с.Гостиражни, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово, при преземање мерки и контрола пронашле околу 10,5 метри просторни нежигосани дабови огревни дрва.

Дрвата биле предадени на Шумска полиција Прилеп и по целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прилеп во април е магичен: Расцветаа јапонските цреши (Фото галерија)

Пролетта во центарот на Прилеп е магична кога ќе расцветаат јапонските цреши.

Розевиот цвет на овие раскошни дрвца му дава посебна убавина на градот од средината на април, па речиси до крајот на месец мај.

Доаѓаат и посетители од другит градови, кои сакаат да направат по некоја фотографија…

Па ете добра идеја, замислите како ќе изгледа градот и колку многу посетители и туристи ќе привлече ако се засадат уште неколку стотини јапонски цреши.

Во Прилеп при “зорт” кој кај ќе најде: Во Штип поставени градски јавни тоалети (Фото)

Од денес, жителите на Општина Штип, после долги години на неколку локации во градот ќе добијат јавни тоалети – напиша на ФБ градоначалникот на општината Иван Јорданов.

-За прв пат, ваквите санитарни јазли ќе бидат приклучени на водоводната и канализациона мрежа, со што хигиенските услови во истите ќе бидат на исклучително високо ниво – пишува во својата објава Јорданов.