дома блог страница 1592

Битола ќе гpми: За 15 минути распродадени кapтите за натпреварот кој ќе одлучи за титулата

Во недела се игра дербито во македонското првенство кое ќе го одлучи шампионот во македонското првенство, Вардар ќе гостува во Битола.

Билетите за супер дербито во продажба беа пуштени денес точно напладне, а ги снема за 15-тина минути. Битолскиот тим во Скопје победи со 24:23 и Вардар мора да победи ако сака да ја одбрани титулата и реми ќе го направи Еурофарм Пелистер нов шампион.

Ова секако е под претпоставка двете екипи до крајот да останат перфектни во следните три кола. Билетите се продаваа по цена од 200 денари, а како што информиаа од таборот на пелистерци поради големиот интерес предност добиле оние фанови кои имаат сезонски билети.

Матурантите се организираат: Собрани над 8.000 потписи за yкинyвање на дpжавната матypa

Над 8.000 потписи досега собрале матурантите кои бараат укинување на државната матура оваа учебна година. Во дописот кој го пратија до Сител пишуваат:

„Цениме дека полагањето матура годинава би било сосема не фер кон нас учениците. Изгубивме две години од наставата, за време на карантинот и пандемијата. На сите ни е доволно јасно дека за време на онлајн наставата, 90 проценти од нас не научија ништо. Како тоа да не беше доволно, сега и штрајкот на сонк, со кој што изгубивме уште три недели од наставата кога ни беше најпотребно да се спремиме за државната матура. Нашите професори си го бараа своето право, и имаат право на тоа, се разбира. Но, во овој случај, исто како и за времето на карантинот, нај загрозени сме ние учениците и сметаме дека полагањето на државна матура би било крајно не фер за нас матурантите кој бевме физички присутни со физичка настава само две ипол години од одредените четири години за средно образование“, порачуваат матурантите

Млад правник Албанец од Македонија ја воодушеви цела држава со својот ФБ статус

Новиот Премиер на Црна Гора (Дритан Абазовиќ) во своите објави на социјалните мрежи како и во други излагања го користи исклучиво црногорскиот јазик ама за некои Албанци од Македонија тој е херој, тој е Aлбанец патриот, тој го отвори патот за Етничка Албанија итн – пишува на ФБ Умејр Муамеди, млад правник од албанска националност.

Неговиот ФБ статус кој привлече големо внимание на социјалните мрежи, во целост го пренесуваме во продолжение:

-За истите овие Албанци ако некој Албанец од Македонија го користи исклучиво македонскиот јазик пред албанскиот тогаш тој е предавник, каур, шпиун итн.

ДА, и за мене Абазовиќ е патриот, тој е патриот бидејки ја сака својата Држава, бидејки за разлика од овие “големите албанци” кои живеат во Македонија, а сонуваат за “Етничка Албанија” тој храбро се бори за Црна Гора, кој знае да прави разлика помеѓу нација и држава – напиша Муамеди.

По двегодишна пауза се вратиja песната и орото во Јенимаале во Битола и се одржа манифестацијата Градски Селски Велигден (Фото галерија)

Традиционално и годинава во Јенимаале се одбележа Градски Селски Велигден, манифестација која што има посебно значење и карактеристично одбележување во општина Битола.

По пауза од две години поради кризата со Ковид-19, повторно на средсело во Јенимаале, денес се врати радоста, песната, играта, орото, смеата и детскиот џагор. Се пречекуваа гости, а вратите на жителите на оваа битолска населба, беа отворени за секој гостин-добронамерник.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со советниците од битолскот Совет, присуствуваа на одбележувањето на овој уникатен собир, во кој се вплетува традицијата, културата, историјата и верата, на задоволство на присутните.

Во неделата по Велигден, на верскиот празник Источен петок- Балаклија, во Битола доаѓале гости од селата. Сите заедно се собирале, а песни и ора имало до раните зори. Обичајот потекнува уште од 16 век кога во градот почнало да се населува христијанско население од околните села.

Градејќи ги куќите оставале широк простор кој им служел за собири. Така, Јенимаале била единствената населба во Битола со средсело. Населението кое се доселувало со себе ги носело и своите обичаи.

Гостите од селата го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски, затоа што гостите им доаѓале од селата.

Мицкоски: Во секоја општина каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник се гледа напредок, работа и промени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Штип заедно со градоначалникот Иван Јорданов.

Тој оцени дека во оваа, како и во другите општини каде ВМРО-ДПМНЕ има свој градоначалник се гледа напредок, работа и промени.

-Ќе ми дозволите на почеток да му честитам на Иван и на тимот кој што работи овде во Општина Штип, се гледа напредокот, се гледаат промените, успесите, нешто што е различно од тоа што го гледаме на централно ниво и нешто што беше различно од пред Иван да биде тука изминативе четири години на неуспеси и неработа овде во Штип. ВМРО-ДПМНЕ овде во Штип продолжува да го исполнува тоа кое што го вети за време на кампањата, како и насекаде низ Македонија. Доволно зборуваат овие млади наши сограѓани овде во населбата Баби кои што се радуваат на овој спортски комплекс. И убеден сум дека многумина утре ќе бидат успешни фудбалери во „Брегалница“ или пак кошаркари и кошаркарки, ракометари и ракометарки овдека во Штип, рече Мицкоски.

Тој посочи дека младите треба да спортуваат, само така можат да го јакнат духот и само така може да се учат на витештво.

-Се надевам дека набргу од денеска ќе биде и втората фаза готова и ќе можат да го комплетираат овдека во Штип целиот овој комплекс, но и ќе продолжиме понатаму и заедно со Иван овдека и администрацијата во останатите делови да се инвестира во Штип да се инвестира и да се градат вакви спортски комплекси, но и не само тоа туку и инфраструктура како надземна така и подземна. Уште еднашка на крај ќе ми дозволите да му честитам на Иван, да и честитам на целокупната администрација овдека во Штип и само така да продолжат, затоа што доста се порази, на народот му треба единство. Единство околу програмата на ВМРО-ДПМНЕ, што ни е потребна и за следните предвремени парламентарни избори, да не биде Македонија уценувана од една политичка елита која што тоа го прави веќе 20 години, посочи Мицкоски.

По САД и ЕУ ја одби Теута за амбасадор

Прелогот на Владата за амбасадорка во ЕУ, во Брисел, да биде испратена Теута Арифи доби црвено светло. Не го поминал филтерот на Европската Унија, пренесува МКД.мк.

Поранешната градоначалничка на Тетово, во март, оваа година беше предложена за амбасадорка во ЕУ. Претходниот план на владеачката коалиција Арифи да биде испратена како амбасадорка во САД не ги помина филтрите на Стејт департментот во Вашингтон. Молкот од Вашингтон за ваквото кадровско решение, во македонското МНР било разбрано како несогласување.

Премиерот повторно не убедува: “Имаме најниска цена на нафта во регионот”

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска се обрати на Форумот 100 дена Влада на кој низ форматот прашања и одговори, заедно со вицепремиерите и министрите, ги презентираа остварувањата во овој период од работата на извршната власт.

„Со намалување на ДДВ-то и акцизите имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Со намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, и со ограничувањето на малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, успеавме да спречиме огромен раст на цените и да го заштитиме стандардот на граѓаните“, кажа Ковачевски.

Ковачевски кажа дека го ублажиле големото поскапување на храната и енергенсите. Со антикризните мерки кои ги воведовме, граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Ефектите од овие мерки значат заштеда од скоро 4000 денари месечно за секој граѓанин.

Генералка викенд во Прилеп – Еве за што станува збор

Пивара Скопје, ПАКОМАК и МЕН ЕНД МАУНТЕН преку заедничко партнерство ја организираат најголемата акција за чистење досега – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, на 7-ми мај 2022 година во Прилеп.

Локациите на кои што ќе се одвива чистењето се: во околина на Прилепското езеро. Збирно место на паркинг кај вештачкото езеро.

Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!
Целта е да собереме што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад. Со секои 10 кг отпад, придонеси во засадувањето на новите пристапни шуми “СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година.

Во оваа акција ќе се вклучат многу поддржувачи, како Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови.

Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.

Рама пресреќен: Кој мислеше до вчера дека на Балканот ќе има тројца премиери Албанци

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа му го честиташе изборот на Дритан Абазовиќ за премиер на Црна Гора, наведувајќи дека сега регионот има тројца лидери Албанци, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Среќен што Дритан Абазовиќ од денеска е премиер на Црна Гора. Кој би можел да поверува дека Балканот со шест држави може да има тројца премиери Албанци, напиша Рама во објава на Фејсбук.

– Наше е да се докажеме како добри градители на мостови за мир меѓу сите и благосостојба за сите. Честитки и успех за Дритан, за Црна Гора и за целиот наш регион, стои во објавата.

Албанските медиуми, кои отстапија посебен простор на изборите во Црна Гора, го акцентираат фактот што новиот црнгорски премиер е Албанец.

– Црногорскиот парламент ја избра 43-та влада во која има 18 министри, од нив двајца Албанци. Министер за јавна администрација е Мараш Дукај, додека министер за човекови и малцински права е Фатмир Ѓека, кој претходно бил градоначалник на општина Улцињ, наведуваат медиумите.

Се кpaде се’ и сешто, па дури и од кафемати: Полициjaта вчера yaпcи четворица кpaдци

фото/илустрација

На 28.04.2022, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип расчистија пет кривични дела извршени на подрачјето на град Штип и тоа; кривично дело „одземање моторно возило“ за кое се осомничени С.Р.(21) и малолетник, двајцата од Штип, три кривични дела „тешка кражба“ од кафемати за кои е осомничен Д.Г.(38) од с.Василево, струмичко и кривично дело „тешка кражба“ од куќа за кое е осомничен Џ.И.(35) од Штип.

Поголем дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани, а со првите тројцаосомничени бил извршен разговор во полициска станица, при што ги признале делата. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.