дома блог страница 1325

Полицијата aпceше млади битолчани – меѓу нив и малолетник

На 26.01.2023 на ул.„Гаврило Принцип“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода И.Ф.(23), А.К.(20) и еден малолетник, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Мирчески од “Канал 5” брилијантен во својата објава за Бугарите

Директорот на Канал 5 новинарот Иван Мирчевски со иронична забелешка за инцидентот во кој настрада дилерот со дрога кој се чувствувал како Бугарин по што официјална Софија почна дипломатска војна со Македонија.

Мирчевски со доза на сарказам од полицијата бара во билтенот на инциденти да се запишуваат за сите учесници и жртви дали имаат бугарско самочувство.

,,Ги замолувам службите од МВР , кога ќе пишуваат извештаи за прекршоци од изминатото деноноќие, доколку дојде до тепачка, борба, газење од ќотек…задолжително на крај на настанот да посочат – има или нема некој од учесниците во настанот кој е Македонец со бугарска самосвест.

Не за друго, како тргнале се плашам дека и кафекуварката од Бугарската амбасада ќе ја повлечат, па после ќе нема кој да му одаде нова почит на Пеле ако повторно почине (ваљда и Пеле имал бугарски корени), пред Бугарската амбасада со топка во рака.

Значи после настанот, има или не – Бугарин во некоја тепачка. За да можеме помирно да живееме или да знаеме дека ќе долета нов авион од Софија”, пишува Мирчевски во ,,мајтап” пораката објавена на социјалната мрежа LinkedIn.

Извор: “Expres.mk”

Граѓани се организираат да им го блокираат патот на Бугарите кои на 4 февруари ќе се упатат кон гpoбот на Гоце Делчев

На социјалните мрежи се појави повик до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје со цел да се запрат бугарските граѓани кои сакаат да дојдат во Скопје за да поклонат пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.

Бугарската фондација синоќа на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје.

Прилепчани конечно видоа снег зимава, ама на повисоко (Фото/Видео)

Снежните врнежи кои од вчера ја зафатија Македонија не го одминаа ниту Прилеп. Иако само на повисоките места, прилепчани конечно зимава имаа прилика да видат снег.

Снег вееше и во градот, но кратко време и тоа не беше доволно да се формира снежна прекривка.

Инаку според УХМР, времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во некои од пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 5 степени.

Стојаноска: Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, потребни се избори

Единствен проблем за влез на Македонија во ЕУ се криминалот и корупцијата, и секојдневно шлаканиците доаѓаат за тоа, изјави пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Стојаноска посочи дека имаме Влада во која има еден лапсус премиер кој повеќе изговара лапсуси отколку вистински зборови и тоа е факт. Покрај тоа и во СДСМ има доста проблеми тоа е доста од повеќе очигледно во Собранието.

Во врска со изјавата на Таравари за влез во владата таа искоментира:

„Ја слушнав изјавата на Таравари дека единствено би прифатиле да влезат да ја спасат оваа Влада која пропаѓа е дека доколку добијат гаранции од премиерот дека обезбедил 80 пратеници за промена на Устав. Па зарем Таравари се сомнева дека Ковачевски би му дал гаранции? Па тој гаранции и дал на ЕУ, и дал дека ќе го промени уставот, тој нема проблем да даде гаранции, прашањето е дали тоа ќе се реализира, или Алијанса ќе остане пак излажана“, рече Стојаноска.

Стојаноска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за уставни измени, а тоа е дека нема уставни измени во овој парламентарен состав, и дека се потребни предвремени парламентарни избори, за власта пред граѓаните да излезе со став дека ќе го менува Уставот, па да види дали ќе ја добие поддршката за тоа или не.

Прилепските пожapникapи спречија тpaгедиja oткако избил пожap во оџак на зграда

На 25.01.2023 во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 09:30часот настанал пожap во оџакот од една вертикала на станбена зграда на ул. “Кеј 19 Септември”, при што бил оштетен еден стан.

Пожapoт бил изгacнат од екипа на Територијалната противпожapна единица Прилеп, а повpeдени лица нема.

Извршен бил увид – информираат од ОВР Прилеп.

Заработуваат повеќе и од програмерите, платите одат и до 10.000 евра

Здравиот живот и физичката активност стануваат сè по популарни, а луѓето ангажираат лични тренери кои можат да им се посветат за што побрзо да стигнат до идеалната фигура.

На социјалната мрежа Редит се отвори дебата за тоа колку заработуваат фитнес тренерите.

„ Дали тие добро заработуваат па има толку голем интерес? Дали заработувате доволно да живееш како човек? Колку работни часови, во просек, имаат фитнес тренерите неделно“, се вели во објавата на Редит.

„ Ако работиш за фирма, теретана, платата е околу 70.000 повеќе или помалку со бонуси (за групи и слично), а ако си соло, небото е граница“, напишал еден корисник на оваа мрежа.

Друг праша дали фитнес тренерите заработуваат добри пари, па интересот е толку голем?

„ Да. Некои дури и повеќе од постарите програмери. Мислам, додека редовно ги следев на Инстаграм, ми падна прашање за бројот на клиенти. Одговорите варираа од 50 до 60, а имаше и такви кои имаа и до 100 можеби и повеќе. Од секој по 100 евра па пресметај“, вели друг корисник.

Коментарите почнаа да се слеваат, а оние кои имаат искуство ја презентираа пресметката на заработката.

„ Мојот тренер наплаќа 80 евра ако е групно, а мислам дека 150 е индивидуален термин. Пред еден месец бевме 40, повеќето на групни тренинзи, а исто така има многу што се онлајн, а јас мислам дека тоа е 50 евра „Контактирав и некои други тренери каде ми бараат 300 евра месечно и исплата за три месеци“, вели една девојка.

„ Најдобро заработуваат оние што се на онлајн обука, бидејќи за тоа не е потребно нивно физичко присуство и можат да имаат многу поголем број клиенти, а во исто време не плаќа никаков данок и ниту еден трошок“, пишува понатаму во коментарите.

Како што напишал еден корисник, се зависи од тоа каков маркетинг правите за себе, неговиот тренер наплаќа 250 евра месечно и секогаш е полн. Работи од 7 до 22 часот и заработува повеќе од постар програмер.

Црна Гора се спрема за вселената, а каде сме ние? Абазовиќ најави лансирање на сателит во 2023

Црна Гора за прв пат во историјата ќе има вселенска програма, најави премиерот Дритан Абазовиќ.

Тој најави дека Министерството за наука за ова ќе даде информација на наредна седница на Владата.

“Разговаравме со една организација која е веќе активна на ова поле. Тие се одлични луѓе, иноватори кои го испратија т.н. балон кој направи неколку фотографии од вселената. Ќе продолжиме да им даваме поддршка. Имаме и комуникација со научници од Холандија”, вели Абазовиќ.

„Црна Гора лансира вселенска програма и во тек е развојот на сателитот „Луча“, кој треба да биде лансиран во вселената“, додаде тој.

Oпштина Битола започнува офанзива за справување со проблемот со кучињата скитници: Еве што треба да знаат граѓаните

Општина Битола, ги известува граѓаните дека, почнувајќи од утре 27.01.2023 година, до 03.02.2023, економскиот оператор „ПРОВЕТАЛЕК“ ДООЕЛ, согласно склучениот договор со општината за набавка на услуги за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на општина Битола, ќе врши заловување на кучиња на улицата „Партизанска“, на потегот од кружниот тек кај „Веро“ до крстосницата со улица „Никола Тесла“ (кај Расчекор).

Податоците за секое заловено куче се внесуваат во ветеринарно-информативниот систем и се однесуваат на: локација на заловување (гео координати), извршен тест за социјализација, аплицирана ушна маркица со број и ознака БТ, бар код од микрочип, извршен тест за детекција на антитела на лајшманија, хируршки зафат – кастрација или стерилизација, вакцинација против беснило со дехелментизација и податоци за враќање во реон на заловување или вдомување. На овој начин, се врши соодветен хуман третман на кучињата, но и заштита на населението, како од каснувања, така и од можноста за создавање средина која е потенцијален извор за пренесување на одредени зоонози и паразитарни заболувања.

Со цел, ефикасно делување и овозможување поддршка и соработка со граѓаните во спроведувањето на процесот на заловување, општина Битола ја известува јавноста дека:

-Сопствениците на кучиња не смеат да ги напуштаат домашните миленици (утврдено во член 26 став 2 од Законот)
-Домашните миленици задолжително да се движат во придружба на сопственикот со поводник – движење без поводник во придружба на сопственик е дозволено само во градскиот парк на местото означено како парк за миленици
-Сопствениците на кучиња, согласно закон се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.

При лоцирање на испуштање на кучиња, граѓаните задолжително да пријават на телефонскиот број 047208317

Секое непочитување на Законот за заштита и благосостојба на животните да се пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во овој период, контролата на терен ќе биде зголемена и активно ќе се преземаат законски предвидените мерки. За да може да се постигне поголем ефект во спроведувањето на мерките, неопходна е поддршка и соработка на општината и другите институции со граѓаните.

После вчерашната информација од општина Битола, до општината доставени се две пријави, од кои една за несоодветно постапување од страна на сопственик кон агресивно куче и лоциран граѓанин кој испушта кучиња во пакет во близина на Завод и музеј. Пријавите се евидентирани и по истите се постапува од страна на надлежните служби.

Пике не запира: После Шакира ја изневepил и сегашната девојка, и тоа со роднина на свој поранешен соиграч (Фото)

Шпанскиот новинар Жорди Мартин ја објави сликата на Јулија на својата приказна на Инстаграм и напиша: „Дали ја познаваш Џерард? Тогаш немој да се чудиш што Шакира го фрли целиот свет врз тебе“, а шпанските медиуми веднаш објавија за новата наводна измама на Пике.

Јулија Пуиг е 25-годишна адвокатка која работела во тимот на Пике за време на разделбата со Шакира, а исто така е роднина на Рики Пуиг, поранешниот соиграч на Пике во Барселона. Не се знае многу за неа, а откако Мартин ја пренесе приказната, Пуиг брзо го направи приватен профилот на Инстаграм.

Мартин внимателно ја следеше приказната за Пике и Шакира и отворено ја поддржа колумбиската пејачка. Тој постојано го обвинуваше Пике за проблемите што се појавија во животот на поранешниот фудбалер и Шакира.