дома блог страница 1324

Ете ти проблеми: Претеник се пожали дека со 1.000 евра плата не можел “да врзи први со први” (Видео)

Граѓаните со просечни месечни примања најдобро знаат дека е тешко да се истурка месецот, со оглед на високите цени предизвикани од економската и енергетската криза, но кога ќе се пожали и пратеник со плата од 1 000 евра, тогаш…

Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ се жали дека со плата од 1000 евра „не може први со први да врзе“.

Видеото со неговата изјава го сподели еден твитерџија:

Вработен во обложувалница на пријател му дал 650.000ден од прометот за да игра на апарати

На 15.12.2022 во Полициската станица Центар бил извршен службен разговор со М.С.(24) од Скопје.

Тој се сомничи дека во обложувалница на ул.„Народен фронт“, каде што е вработен, се послужил со пари кои што му биле доверени и му ги дал на лицето З.К. од Скопје.

Во разговорот тој го признал делото и дека во повеќе наврати му дал вкупно 650.000 денари да ги користи за игра на апаратите во обложувалницата.

За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прилеп подготвен за чествувањето на градскиот патрон Св. Никола

Прилеп е подготвен за прослава на големиот христијански празник Свети Никола, патрон празник и заштитник на градот

По тој повод градоначалник на Општина Прилеп, Борче Јовчески ги поканува сите граѓани да присуствуваат на чествувањето на патрониот празник, кој се одржува во центарот на градот, пред параклисот Св. Никола, изграден во чест на патронот.

„Св. Никола е заштитник на градот и наш голем христијански празник. По тој повод на 19 декември, в понеделник, во центарот на градот, пред параклисот Св.Никола, во 12.00 часот, ги поканувам сите мои сограѓани да присуствуваат на чествувањето на градската слава и да бидат дел од одбележувањето на патронот на градот.“
Чествувањето на градската слава (19.12.2022 година) ќе започне во 08.00 часот со свечена божествена литургија во

Црквата Св. Благовештение со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски, г.Петар, а во 12:00 часот пред Параклисот на Св. Никола, во центарот на градот, ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач.

Домаќини на годинашната градска слава се сопствениците на компанијата „Теракота Инижинеринг“ кои за посетителите ќе имаат подготвено посна трпеза, со традиционалните светиниколски сарми, грав и пијалоци.

Св.Никола е прогласен за патрон на Прилеп пред 17 години. А, Прилеп и Македонија во 2008 година влегоа во Гинис, со најголемата порција светиниколски сарми, сите со големина на лешник.

– Дополнително известување: В сабота на 17.12.2022 во 10:00ч градоначалникот ќе го посети спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово заедно со делегација од Музејот во Прилеп, по повод 101 година од раѓањето на Блаже Конески.

– В недела на 18.12.2022 ќе присуствува на традиционалното одбележување на празникот св. Никола во населбата Жабино Маало во 12:00 часот.

Континуитет од 22 години: Во Битола се одржа најновото издание на детскиот фестивал “ТРА ЛА ЛА” (Фото галерија)

Во големата сала во Центарот за култура во Битола се одржа 22. издание на детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА Битола“.

-На годинашното издание настапија 12 учесници со новокомпонирани детски композиции кои оставија повеќе од прекрасен впечаток, како што доликува на манифестација која постои 22 години во континуитет и која го носи приматот за најдобра детска манифестација во нашиот град и целата држава, ни рече по завршување на фестивалот, директор на фестивалот е Тони Алексовски од име на организаторот “Асоцијација за уметност Алексовски“ од Битола.

Треба да се спомене и тоа дека за сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, за аудио – визулените ефекти “Малче саунд продакшн“, светло Никола Ѓоргиевски, а водител беше Елена Захариевска.

Фестивалот “ТРА ЛА ЛА“ е дел од програмата на советот на општина Битола.

A сите се грижите како ќе се надоместеле изгубените часови – А што паметно ќе научат учениците од вакви учебници?

Бројни апсурдни и нелогични грешки содржи новиот учебник по Историја и општество од кој учат петооделенците во основните училишта во Македонија. Примерите на грешките се шират по социјалните мрежи на кои граѓаните укажуваат дека грешките треба што побрзо да се исправат.

Така, во овој учебник, кој Министерството за образование го издало на 3 ноември а претходно бил одобрен од Национална комисија за учебници, може да се најдат целосно погрешни податоци. Во него, на пример, е наведено дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29.305 метри, а дека Мртвото море се наоѓа на цели 1.400 метри под нивото на земјата!? Во учебникот, кој деновиве се дистрибуираше до учениците, се „открива“ и дека источен сосед на Република Северна Македонија е Албанија, а западен сосед е Бугарија…

Вака изнесените податоци се целосно невистинити. Во коментарите на граѓаните се наведува дека најверојатно се работи за технички грешки но кои се недозволиви.

-Монт Еверест навистина е висок 29.305, ама не метри, туку стапки. Онојкој преведувал и кој го уредувал изданието не виделе дека станува збор за друга мерна единица – стапка. Ако стапките се претворат во метри, се добива точно 8.849 метри. Најниската точка во Мртвото Море е 427 метри под нула надморска височина, се укажува во коментарите.

Автори на учебникот се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, има дури тројца рецензенти, Беса Хавзиу – Исламили, Анета Соклевска и Виолета Шурбановска, а стручна реакција и уредник е Орданка Мицкова. Од надлежните органи, од Министерството за образование и од Национална комисија за учебници денеска не се јавија со коментар за тоа за какви грешки станува збор.

Дупки и кал со години, а сега нов асфалт: Во општина Долнени се асфалтира патниот правец Костинци-Долгаец-Маргари (Видео)

Во општина Долнени асфалтирана половина траса од патниот правец КОСТИНЦИ-ДОЛГАЕЦ-МАРГАРИ.

-Овој локален пат беше комплетно запоставен со години и години, со огромни дупки на коловозот. Движењето за автомобилите беше крајно отежнато. Така што, општина Долнени започна со негова рехабилитација. На почеток, се тампонираше целата должина на патот, а потоа и се асфалтираше во вкупната должина од 2,75 км – се вели во соопштението од општина Долнени.

Од таму додаваат дека патот ќе биде комлетно асфалтиран кога ќе се обезбедат преостанатите средства од страна на Влада на РСМ.

-Со оваa инвестиција се подобрија условите за жителите од трите населени места, а се обезбеди и посигурен сообраќај и транспорт на лица и стоки. Но, не само на трите гореспоменати населени места, туку и пошироко во околината, и тоа: Црнилиште, Зрзе и др, бидејќи и жителите на овие населени места го користат овој пат. Оваа инвестиција претставува уште една можност плус за зголемување на бројот на лица кои се враќаат од Скопје во овој регион, како пензионерите, така и граѓани кои сакаат да инвестираат и да започнат сопствен бизнис со земјоделство или сточарство. Општина Долнени продолжува со инвестиции за подобар квалитет за живот за сите нејзини граѓани, без разлика на нивната етничка, верска, политичка или социјална припадност – велат од оваа пелагониска општина.

Алијанса на Албанците се пожали: Тигpите тепале млади Албанци и не им кажале зошто

„Без никаков конкретен изговор и на нехуман начин, припадниците на полициската единица „Тигри“ изминативе денови тепаа и малтретираа млади Албанци во Скопје, нанесувајќи им тешки повреди и оставајќи долготрајни последици“. Ова го тврдат од Алијанса за Албанците во писмено соопштение испратено до медиумите.

„Сите овие тепања и малтретирања се повторуваат во континуитет и никој не дава никакво објаснување. Како и во последниот случај, така и во другите случаи, полицијата не утврдила незаконски дејствија или напад врз полициските службеници, како причина за ваквото однесување, па дури и некои случаи не се ни регистрирани во полицискиот билтен. Со овие акции полициската единица „Тигри“ која досега беше забранета за Албанците, сега станува опасна за Албанците“, велат од АА.

„Јавно ги покануваме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, неговиот заменик Назим Буши како и секторот за внатрешна контрола во МВР најпрво да преземат мерки за спречување на ваквото насилничко однесување на полицијата, како и расветлување на досега регистрираните случаи и да се санкционираат полицајците кои ги користеле овие насилни методи.

Алијансата за Албанците најостро го осудува ваквото однесување на полицијата и за оваа појава ќе ги известиме сите меѓународни организации. Полицијата треба да биде тука за да ги штити а не да ги заплашува и силува граѓаните“, стои во реакцијата на АА.

Македонски Брод: Се скapaл со сопругата, па предизвикал пожap и ја пеплocaл семејната куќа

На 14.12.2022 во 17.35 часот, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода Д.В.(66) од село во Македонски Брод затоа што, по претходна расправија со неговата 63-годишна сопруга, предизвикал пожар во семејната куќа, која целосно изгорела.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица македонски Брод, а Д.В. бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик.

Жртва на ceмejно нacилcтво, децата била пpиморана да ги остави во дом, сега живee со 5.000 ден. во Прилеп (Видео)

Ружица Цветковска поради лошиот избор на животен сопатник ќе има многу нecpeќен живот. Потекнува од Росоман, а, родената мајка принудно ја мажи на 14 години, кога и самата е се уште дете и неподготвена за семеен живот. На првиот сопруг му раѓа три деца, a после 7 години брак тој ја заменува за друга и и’ ги одзема децата.

По вторпат се мажи во село Кошино каде доживува уште поголем кошмар. Иако уште првата година доживува семејно насилство, сепак таа му раѓа деца и на него.

Од четири деца, живи ќе и останат само две, момче и девојче. Во лош амбиент, тепани и гладни ги минуваат првите години од животот, избркани на улица, спиеле под отворено и на топло и на ладно. И вториот сопруг ја остава оваа жена, која ќе рече откако останав сама ми е многу полесно, но немав услови да ги гледам децата, и кога ќерката имала 3, а синот 9 години се случува најлошиот ден во нејзиниот живот.

Мора да им каже збогум и да ги остави во Дом за сираци во Скопје. Таа работи за да собере пари и да ги посети макар еднаш месечно, а децата растат со болка во срцето и сонуваат дека еден ден пак ќе бидат семејство. Денес децата се возрасни и семејно реализирани, а Ружица има 50 години и се уште живее тежок живот под кирија во куќа во која од сите страни тече и дува.

Зема само 4.990 денари, останува гладна и по 3-4 дена, се грее на прачки и хартија. Свесна е за гневот што нејзините деца го чувствуваат за неа, но живее со надежта дека барем еден ден ќе се разбуди среќна во своја соба и дека еднаш барем ќе и тргне во животот.

Во домот каде живее под кирија ја посетија од емисијата “Срце на дланка”, a Ружица пред камерата побара од хумани граѓани да и’ помогнат колку можат.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

Емисијата се емитува секоја НЕДЕЛА од 15:45 часот на Алфа ТВ

Ни се спрема новогодишна честитка? Берзанските цени укажуваат дека треба да има значително покачување на цената на струјата од 1 јануари, вели Ковачевски

Наша заложба е да нема значително зголемување на цените на електричната енергија по 1 јануари идната година иако трендот на зголемување на цените на енергенсите за производство на електрична енергија, на производството и на берзанските цени укажуваат дека треба да има значително зголемување на цените, порача денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

-Се она што го правиме во овој период е да нема зголемување на цените, дури можно е да има и одредено намалување на цената за првиот и вториот блок во кој влегуваат граѓаните кои штедат и трошат помалку енергија, како и граѓаните кои имаат помали примања и живеат во помали објекти и оние со пониски примања. Токму за нив Владата бара начин да нема зголемување, а можно е сметката да има и одреден процент на намалување за сметка на четвртиот блок каде се најголемите потрошувачи кои трошат најмногу енергија и користат поголеми капацитети за загревање. Таму ќе има поголемо зголемување, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во ЕСМ.

Тој нагласи дека мора да се направи некој баланс за да има, како што рече, социјална правда и оние кои имаат пониски сметки да плаќаат помалку,а тие што си дозволуваат поголема потрошувачка на електрична енергија да плаќаат повеќе.

-Владата прави напор да има намалување на цената на електричната енергија во делот на малите потрошувачи, тоа се 65-те илјади субјекти кои се на регулираниот пазар, рече Ковачески и додаде дека во изминатиот период околу седум илјади такви субјекти ги затвориле своите капацитети поради цената на електричната енергија.

Сметам, додаде, дека кај нив ќе има значително намалување на цената на електричната енергија.

-Како ЕСМ задно со Владата правиме пресметки цената која ЕСМ ќе ја дава кон ЕВН Електродистрибуција и кон МЕПСО заедно со онаа кон ЕВН Хоум да не предизвикаат зголемување на цените, односно дури да може да има намалување на цената за крајните потрошувачи, потенцира Ковачевски.

Прецизира дека за потребите на ЕВН Хоум ќе достават табела од сегашната цена од 48 евра за мегават час па нагоре, а Владата на затворена седница одучува која цена ќе биде препорачана и во затворен плик ќе ја достави на денот на тендерот на ЕВН Хоум.

ЕСМ денеска треба да ја достави цената по која Електродистрибуција ќе ги покрива загубите во системот, утре треба да биде доставена цената за ЕВН Хоум, а во понеделник за покривање на загубите во системот на МЕПСО. Се очекува од вторник, па до крајот на следната недела Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги – РКЕ да ја донесе одлуката за цената на електричната енергија што ќе важи од 1 јануари идната година за да може навреме ЕВН да ги подготви софтверите. Засега се знае дека по 1 јануари ќе се зголеми ДДВ-то за потрошената електрична енергија од сегашните 5 на 10 отсто, но сепак ќе остане со повластена стапка до јули идната година кога согласно одлуката на Владата треба да се врати на вообичаените 18 отсто