дома блог страница 1323

Македонија ќе биде дел од финалето на Светското во ракомет: Начевски и Николов ќе судат трето по ред големо финале

Македонија ќе биде дел од финалето на Светското првенство во ракомет, откако денеска ИХФ честа за судење на последниот натпревар им ја додели на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Финалниот меч е закажан за 21 часот на „Теле 2 Аренат“ во Стокхолм. Ова ќе биде трето финале во низа за македонската судиска двојка, кои исто така ја делеа правдата и на ЕП 2020 и на ЛОИ 2021.

Ова ги прави меѓу ретките, ако не и единствени што суделе на сите три големи ракометни турнири, и тоа во низа.

Акциска на СВР Битола – Kaзнети 69 возачи за брзо возење

Вчера на 28.01.2023, во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 69 возачи.

Од нив, 46 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од МВР.

Борјан го тестира трпението на народот: “Гоце би сакал коските да му ги однесат во земја членка на ЕУ”

Новинарот Борјан Јовановски знае што би сакал македонскиот револуционер Гоце Делчев, по чиј завет неговите коски почиваат во главниот град на независна Македонија.

-Гоце би сакал коските да му ги однесат во некоја пристојна земја членка на ЕУ каде што светот навистина се разбира како поле за културен натпревар – напиша Јовановски на Твитер и предизвика бура од реакции.

Радувај за Македонијо! Гого ќе се бори за шампионска титула (Видео)

Македонецот Горјан Гого Славески продолжува со фантастичните настапи во бокс со голи раце, откако ноќеска дојде и до петтата победа по ред во БКФЦ серијата совладувајќи го со нокаут Кубанецот Јосденис Чедено.

Ова беше елиминаторска борба за добивање шанса за пресметка за титула во велтер категоријата, што значи дека шестиот дуел за македонскиот боксер ќе биде за престижниот шампионски појас.

-Македонски народе, одиме по светска титула!“, извикуваше Гого по големата победа.

Славески е веќе 28-годишен спортист, кој веќе години наназад живее и тренира во Мајами, а со бокс се занимава уште од 17-годишна возраст кога почнал да ја претставува Македонија на регионална сцена.

https://www.youtube.com/live/G_Rt4y2nEmc?feature=share

Дедо Наце наполни 101 година – има 4 деца, 9 внуци, 16 правнуци и едно чукунвнуче, а на гости за роденденот му појде и градоначалникот

Најстариот жител во општина Илинден е дедо Наце Петрушевски од населеното место Бучинци. Дедо Наце наполни 101 година, а по тој повод го посети градоначалникот Александар Георгиевски кој со подароци и искрени желби му го честиташе роденденот и му посака да го служи добро здравје и да поживее уште долго.

-Денеска го посетив најстариот жител на Општина Илинден, дедо Наце Петрушевски од Бучинци, кој наполни 101 година.На дедо Наце му го честитав роденденот и му посакав многу здравје и среќа. Дедо Наце има 4 деца, 9 внуци, 16 правнуци и едно чукунвнуче – напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Илинден.

Maкедонска гордост: Калин Иваноски ќе игра финале во Тунис – а во полуфинале го победи Гркот, Сакеларидис

Калин Ивановски ќе биде дел од финалето на фјучерс турнирот во Монастир, Тунис, затоа што утринава во полуфиналето беше подобар од претставникот од Грција, Сакеларидис.

Поточно, противникот го предаде мечот, веројатно поради повреда, при резултат, 1:0 во сетови за Ивановски и 3:0 во вториот сет.

Сега, Ивановски ќе има шанса за нова титула во неговата кариера, утре во финалето од турнирот, а против кого ќе игра ќе се знае денеска подоцна откако ќе заврши и второто полуфинале во кое играат Елхаргуи од Мароко и Форти од Италија.

Малото ангелче од Прилеп ја помина првата пречка – поголемиот дел од тyмopoт е отстранет, но помош е се’ уште потребна

Двегодишната Дина од Прилеп боледува од тyмop на главата заради што е потребна итна опepaциja која чини 23.000 евра, средства кои семејството не може само да ги обезбеди, па добредојдена е сечија помош.

“Поради промена на планот за лекување на нашата 2 годишна Дина, потребно е да се направи итна операција за отстранување на туморот во главата која чини 23,000 евра како радијацијата после тоа би имала поголем ефект” – рече неодамна Јане Неданоски, татко на Дина.

Огромен број корисници на социјалните мрежи за кратко време го сподели линкот за помош на малото ангелче од Прилеп и сега Дина ја помина првата пречка во борбата со болеста.

Нејзиниот татко информира дека операцијата поминала добро, а Дина полека закрепнува.

-Добар дел од туморот е отстранет што ни дава надеж дека терапијата со зрачење ќе има поголем успех и туморот ќе се уништи. Фала ви на сите за досегашната поддршка и донации. Знаејќи дека имаме долга борба пред нас, секоја помош е добредојдена.Бројчињата за донации се уште активни, како и gofundme сајтот – вели Јане.

За двегодишното девојче можете се уште да донирате на телефонските броеви: За корисниците на Телеком: 143 133 и за корисниците на А1: 143 463

Како и на жиро сметката: Денарска – Jane Nedanoski – 210-5016166807-16 – NLB Banka
Шифра: 562 – Дознака: Донација за Дина Неданоски

Девизна сметка (од странство) – Jane Nedanoski – IBAN MK07210-5016166807-16 – Swift TUTNMK22
NLB Banka – Шифра: 562 – Дознака: Донација за Дина Неданоски

Известување од црковните храмови во Прилеп до верниците за престојниот празник Св. Атанасиј Велики

Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава на СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ, во храмовите „Света Петка“ – Точила и „Св. Кирил и Методиј“ – (ПАРАКЛИС), лепчиња ќе се креваат во понеделник (30.01.2023г.) во периодот од 8:00 – 12:00 часот и попладне од 16:00 – 17:00 часот.

ПОНЕДЕЛНИК НА 30ти – СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 08.00 до 17.00 часот.На 31ви утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).

Честита слава на сите кои го чествуваат СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ како закрилник на нивните домови т. е. домашна слава!
Нека ни е за многу години и на помош – стои во соопштението.

Луси и нејзиниот сопственик засекогаш ќе му бидат благодарни на Д-р Дамески од Прилеп: Нема да ви се вepyва каква тежина носела во себе (Фото)

-Пациент на месецот, англискиот булдог Луси, на која и беше дијагностицирана cystolithiasis, и од мочниот меур беа извадени повеќе од 50 уролити. После оперативниот зафат Луси е во одлична состојба и многу брзо закрепна. На Луси и на нејзиниот сопственик им посакуваме уште многу години и во добро здравје да уживаат во заедничките моменти – напишаа од најпознатата ветеринарна амбуланта во Прилеп на Фејсбук.

Инаку, Д-р Панче Дамески е прв доктор по ветеринарна медицина од Прилеп и втор доктор по ветеринарна хирургија од Македонија, кој своето звање го стекна на реномираниот универзитет во Загреб.

Луси е само еден од пациентите во неговата ветеринарна амбуланта, а работата со животните и спасувањето на нивните животи, покрај стручноста, бара и огромна љубов и посветеност кон нив. Д-р Дамески може нескромно да се пофали со сето тоа, а доказ за тоа се стотиците задоволни сопственици на миленици и животни кои секојдневно ја посетуваат амбулантата “Дамески Ветерина”.

Ќе почнат ли и другите? Од денеска кафе во овој прилепски ресторан се служи по цена од 30ден

Кога се сака се може, а за тоа најдобар пример е ресторанот “Деспина”, каде од денеска прилепчани ќе уживаат во кафе по цена која ќе одговара за сечиј џеб.

Прилепчани долго време реагираат на социјалните мрежи за цената на кафето во угостителските објекти, и велат дека моменталните цени во повеќето локали се превисоки.

Апелите на муштериите досега ги слушнаа и применија неколку угостители, а ресторанот “Деспина” е еден од нив.