дома блог страница 1322

Заев: Го чекаме Груевски на бел коњ – „Налудничав“ му врати Груевски

Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека пресудата на Апелација со која се укинува пресудата на Сашо Мијалков за масовно прислушување е исмевање на борбата за правда. Заев утрово во објава на фејсбук прашува дали следно е враќање на Никола Груевски на бел коњ, а Мијалков да стане директор на АНБ.

„Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција. Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам“, напиша Заев и ги повика сите надлежни да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сè виновниците да одговараат бидејќи „за нивните злодела има докази чисти како ден“.

Се јави и Груевски на Фејсбук. Тој напиша:

Ова е она кога цел народ и цел свет на видео снимка прибавена законски со одлука на обвинител и судија, те гледа и те слуша како најдиректно и отворено бараш мито, бараш поткуп, бараш пари од локален бизнисмен, му објаснуваш дека сите други како него во градот редовно и безпоговорно си плаќаат мито, па жртвите ги редиш и по име, и отворено објаснуваш дека парите од митото се за тебе лично, користејки ја својата политичка моќ која ти ја доверил народот во општината.

Потоа ти средуваат со судот (кај Добрила Кацарска) да се погазат доказите против тебе кој самиот суд ги обезбедил и да се погази правдата пред очите на цел народ за да се овозможи да го направиш националното предаство кое си го договорил однапред, со насилна и со недозволени средства промена на името на државата, името на нацијата и на јазикот како и одкажување од историјата, како онаа од античкиот период, така и сета друга македонска историја до пред 75-76 години.

За награда те оставаат да продолжиш ти и твоите блиски да бараш поткуп и да ја пљачкаш државата и народот уште неколку години, најбрутално да ги прогонуваш твоите конкуренти во политиката за политички да не те загрозат и подолго да владееш, со злоупотреба и притисок на правосудниот систем и паралелно на сето тоа да глумиш “чесен” човек што искрено се бори против криминалот и корупцијата.

И сета таа налудничавост ја тераш без трошка срам уште и силно верувајки дека народот во Македонија и насекаде е толку многу глупав , толку многу лесно се лаже, па штом молчи значи дека ти верува дека си чесен и дека се бориш за него.

И по некое време одкога ќе одслужиш и ќе ти кажат “доста ти беше”, оддеднаш кога не ти е се под контрола и ти се појавува и најмала НЕИЗВЕСНОСТ, те фаќа таква НЕРВОЗА и ти одеднаш ти излегуваат “БЕЛИ КОЊИ” пред очи, па притисок врз правосудниот систем кој до тогаш си го правел колку што си можел потајно и подискетно, одеднаш губиш контрола врз себе и го претвораш во јавен притисок на правосудниот систем и нова лична и на оние кои те подржуваат бламажа, а слугите кои си ги задолжил од најниско ниво па до врвот во државата те следат. Само ќе видиме до кога…

Падна миcтepиoзната Ивана: Се претставувала како вработена во општина и нарачувала храна од угостителски објекти

На 16.12.2022 во Полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со И.А.(36) од Скопје.

Таа се сомничи дека лажно се претставувала како вработена во општина Ѓорче Петров и од повеќе угостителски објекти нарачувала храна во име на фирми со кои наводно соработувала општината.

Во разговорот таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Aпceње на улица “Јоска Јорданоски” во Прилеп – Фатен прилепчанец со мapиxyaна

-На 17.12.2022 во 02.20 часот на крстосница од ул.„Јоска Јорданоски“ со кеј „19 Септември“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од cлобода Н.Б.(33) од Прилеп затоа што кај него била пpoнajдена и одземена мapиxyaна.

По документирање на cлyчajoт, пpoтив него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Без потрошен денар и за помалку од 48 часa, советници од Битола направија новогодишна магија кај Офицерски (Фото)

Советниците во Советот на општина Битола од иницијативата “Поинаку”, успеале без потрошен денар да постават 4000 метри лед осветлување околу Офицерскиот дом.

-ВО 48 ЧАСА СО КОЛЕГАТА АЛМИР АДЕМОВСКИ ОКОЛУ ОФИЦЕРСКИ НАМЕСТИВМЕ 4000 МЕТРИ ЛЕД ОСВЕТЛУВАЊЕ, 1200М КАБЕЛ И ПОТРОШИВМЕ ВКУПНО 0 ДЕН. ШО ЗНАЧИ АКО ИМАШ ЖЕЛБА И МОТИВ МОЖИ МНОГУ ДА СЕ НАПРАВИ СО МАЛКУ ПАРИ… – МЕЃУДРУГОТО НАПИША СОВЕТНИКОТ ИВАН ЧУЛАКОСКИ НА НЕГОВИОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ

Културно уметничко наследство во сопственост на ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”

Музичкото училиште во Прилеп се поднови со нова уникатна виолина, дело на германскиот мајстор Себастијан Колц.

Изработките на семејството Колц се во ограничен број, а виолината која сега припаѓа на музичкото училиште е изработена во 1780 година.

Себастијан Колц е еден од тројцата синови на светски познатиот мајстор за виолини Матијас Колц. Тој одлучил да ја продолжи семејната традиција, а неговите изработки денес се сметаат за културно уметничко наследство.

Потребна е секоја помош! Да и’ помогнеме на Весна Крстеска од Прилеп да ја добие битката со paкот

Весна Крстеска од Прилеп боледyва од метacтатски paк на белите дpoбови. Има две деца, 20-годишна ќерка и 13-годишен син, а сега и’ е потребна сета наша помош.

“Во изминатите речиси две години, она што ме одржа во живот и ме натера да се борам беа зборовите на моето семејство како “мамо издржи”. Благословена сум и среќна што го поминувам животот со моите деца, сопругот и семејството. Целиот мој живот по посветив на науката…Се надевам дека науката ќе ме спаси. На почетокот на 2021 година, ми беше дијагностициран рак на не-мал белодробен аденокарцином (инхибиција на ЕGFR/TKI) кој се прошири на моите лимфни јазли, коски, црниот дроб и панкреасот. Поради метастаза во црниот дроб ми беа блокирани жолчните канали. Морав да направам итна операција на билијарен бајпас. Ова беше целосен шок за целото мое семејство. Никој не очекува ова да се случи. Кога ќе се случи, вие сте принудени да се борите. Денеска се борам за моите деца, мојот сопруг и моето семејство. Мојот онколог ме зеде по нејзино крило. Таа ми даде надеж за живот и ми помогна да уживам во овие месеци со моето семејство. Таа ми рече, “ова не е математичка равенка – ние ќе се бориме”, вели Крстеска.

По 4 циклуси на хемотерапија и употреба на Erlotinib во текот на цела година (овој лек се користи во случаи на напреднат и не-мал белодробен аденокарцином (NSCLC, инхибиција на EGFR/TKI)), ракот бил во регресија.

-Бевме понадежни од кога било. Молејќи се работите да останат вака. За жал, бидејќи работите понекогаш се менуваат на полошо во животот, ПЕТ скенирањето во јули 2022 година откри нова метастаза на мојот црн дроб. Ракот напредуваше. Бев подложена на аблација на црниот дроб во септември 2022 година. Денеска состојбата ми се влоши и здравствената состојба ми стана критична. Гледањето на насмевките на моето семејство и позитивното охрабрување е она што ме одржува понатаму. Мојот радиотерапевт-онколог реши да ми препише Тагрисо (80 мг). Овој лек е произведен од AstraZeneca. Тој е одобрен за широк спектар на употреба, откако ќе даде ветувачки резултати во успешно лекување на ракот. Кога ми кажаа дека постои лек кој евентуално може да ме спаси и да ми дозволи да бидам со семејството и моите деца многу подолго отколку што мислев – не размислував два пати за тоа. Па, зошто го пишувам ова денес? Живеам во Македонија, каде просечната плата е 400-500 евра месечно и, за жал, државата не ги покрива лековите преку ФЗОМ. Овој лек чини над 3000 евра месечно – со исклучок на сите други терапии, лекови, операции кои исто така мора да се платат. Јас и моето семејство ќе треба сами да си го платиме ова… Затоа бараме ваша помош. Се надеваме дека ќе собереме што е можно повеќе за да помогнеме со разни скенирања, тестови, терапевти – но што е најважно, лековите. Со вашата помош во овој прибирање средства, се надевам дека ќе можам да го добијам третманот и лековите што очајно ми требаат. Сакам да имам шанса да живеам, да видам како моите деца растат, завршуваат училиште и да бидам тука за нив колку што можам. Моите деца, мојот сопруг и јас ви благодариме од се срце што одвоивте време да ја прочитате оваа приказна. Ве молиме споделете со пријателите и семејството, ако можете, за да имам борбена шанса да живеам – вели Весна.

Сите оние кои сакаат да донираат тоа можат да го сторат на следниот ЛИНК, или на следната трансакциска сметка: 210501556420921

Име: Весна Крстеска, адреса: “Адем Адемоски” 14 Прилеп, банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, цел на дознака: за донација за лекување.

Одлична посетеност, многу голови и добар фудбал – Еве што ќе гледаме денеска на турнирот во мал фудбал “Св. Никола” (Фото галерија)

Со одлични натпревари и многу неизвесност поминаа шеститот и седмиот ден од турнирот во мал фудбал „СВ. НИКОЛА 2022“ во Прилеп.

Во тек е групната фаза каде сè уште е доста неизвесно и како што изминуваат деновите со сигурност ќе гледаме уште многу интересни дуели, борба за бод повеќе и борба за местата кои водат во наредната фаза на турнирот.

Секојдневната одлична посетеност во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ е само уште еден доказ дека Прилеп живее за фудбалот и го оправдува епитетот „најфудбалски град“ во Македонија.

Натпреварите продолжуваат и вечерва со почеток во 18:00 часот, а на програмата се дури седум дуели:

Во родниот дом во прилепско Небрегово се одбележаа 101 година од раѓањето на Блаже Конески (Фото)

По повод 101 година од раѓањето на кодификаторот на македонскиот литературен јазик Блаже Конески, делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, претставници од НУ Завод и Музеј – Прилеп и ученици од основните училишта од Прилеп, ја посетија родната куќа на Конески во селото Небрегово.

„Со посетата на спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово се вклучуваме во одбележувањето и чествувањето на 101 година од раѓањето на великанот на македонската култура, јазик и книжевност. Нашиот Блаже Конески бил првиот претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ и добитник на многубројни награди низ светот. Поетската мисла на Конески е преведена на многу светски јазици и е најголем амбасадор на македонската книжевност ширум светот. Затоа изразувајќи ја мојата длабока почит како градоначалник на општина Прилеп од каде што се корените на Блаже Конески испраќам порака дека неговиот аманет не задолжува да го чуваме и негуваме македонскиот јазик затоа што како што кажал Конески „Тој е нашата единствена татковина“, истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Родната куќа на Блаже Конески претставува значаен споменик на македонската културата и припаѓа на руралната архитектура, посочија претставниците од НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп во рамките на краткото излагање поврзано со животот на Конески, а учениците пред присутните одржаа пригодна програма, посветена на македонскиот книжевен, културен работник, академик, поет и есеист, книжевен историчар, филолог и професор на Филозофскиот факултет, Блаже Конески, роден на 19 декември 1921 година во с. Небрегово.

По повод годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески, ООУ „Блаже Конески“ му одаде почит и го одбележа својот патрон празник со пригодна програма во училиштето подготвена од директорката, наставниците и учениците и со положување на цвеќе пред бистата на Конески поставена во холот на училиштето.

Што се случува во времето? Град во декември го побеле Прилеп (Видео)

Невреме проследено со силен дожд, грмежи и пороен град предмалку го погоди Прилеп и предизвика вчудовидување кај граѓаните.

Наместо од снег, што се очекува во овој период од годината, земјата побеле од град. Од друга страна пак температурите денеска во градот под Марковите Кули се искачија до 18 степени Целзиусови, што донекаде одговара за ваквите временски прилики.

Битола блесна во Новогодишен сјај (Фото галерија)

Во Старата чаршија, низ Широк Сокак и на најатрактивната локација, каде наскоро ќе започне „Зимска приказна“, кај Офицерскиот дом, Битола блесна во убавината на предновогодишната светлина.

Новогодишната радост во градот, веќе се чувствува.

Општина Битола, изразува голема благодарност до јавните претпријатија, приватните фирми и поединци, а пред се до креативниот тим на советничката група „Поинаку“, кои дадоа свој придонес во креирањето на прекрасната новогодишна атмосфера на Битола.