дома блог страница 1305

Се откажуваат авионски летови: Маглата го попречува авионскиот сообраќај

Маглата во Скопје го отежнува авионскиот и патниот сообраќај. Дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажани или одложени. Поради маглата намалена и видливоста и на неколку патни правци низ државата.

Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, на скопскиот аеродром слетал авионот од Виена. За околу четири часа е одложено и полетувањето за Истанбул и за околу 50 минути летот за Лондон.

Во делот на патниот сообраќај, Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека намалена видливост има на неколку патни правци во државата. Намалена видливост до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип.

Дедо од прилепско пpиjaвил дека бил нападнат од неговиот внук

На 31.12.2022 во 09.50 часот во Полициската станица Прилеп, Р.Т.(73) од с.Канатларци, прилепско, пријавил дека на 24.12.2022 околу 10.00 часот во неговиот двор во с.Канатларци бил физички нападнат од неговиот внук Е.Т..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во соопштението од ОВР Прилеп.

Каков ќе биде овој ден, таква ќе биде годината: Денеска го празнуваме Св. Игнатиј Богоносец

На 2 јануари се празнува Свети Игнатиј, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година. Постои верување дека она што ќе го правите тој ден, ќе го правите и цела година.

„Вистинските” бадникови и божиќни обичаи почнуваат на тој ден, на втори јануари со празникот Св. Игнатиј. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството.

Игнатиј е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.

За тој ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на втори јануари да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е на тој ден да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.

Како се прави новогодишна елка со 1.000 лименки СКОПСКО (ВИДЕО)

Како се прави елка со 1.000 лименки Скопско пиво?

-Со добро друштво, меѓусебно помагање и поддршка, со добро мезе, ведар дух, многу смеа и интересни моменти – велат креаторите на најуникатната новогодишна елка.

Епа погледнете во продолжение како изгледало тоа:

Браво! Дедо Мраз ги посети дечињата во детското одделение на прилепската болница (Фото/Видео)

-Пакетчиња за децата хоспитализирани на детското одделение во прилепската болница Ова е период од годината кога последните часови се во знак на дарување и славење. Општествено одговорната приватната прилепска компанија “Твојот мајстор“ се погрижи денес најпосакуваниот и најбаран Дедо Мраз да ги израдува дечињата згрижени на детското одделение во Општата болница со проширена дејност Прилеп.

Сопствениците и вработените со овој скромен гест посакаа да им ги разубават претстојните празници затоа што сметаат дека на децата треба постојано да им се подарува внимание и љубов.

Заедничка на сите е желбата дечињата што побрзо да оздрават и да се вратат кај своите најблиски во нивните домови. Детските насмевки се најубавиот новогодишен подарок за време на новогодишните и божиќните празници.

“Твојот мајстор“ настанот го збогати со врачување на 3 дигитални топломери за детското одделение во Општата болница со проширена дејност Прилеп – информираат од прилепската болница “Борка Талески”.

Опожарено возило за време на новогодишната вечер во Прилеп

Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 31.12.2022 околу 19.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Прилеп било опожарено патничко возило „мерцедес б180“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(41) од Прилеп.

За среќа нема повредени, пишува во полицискиот билтен на МВР.

(Фото+Видео) Кристијана е првото бебе во Прилеп: Се poди во 04:22 по полноќ и е второ дете на мајката Емилија

Првото бебе во Новата 2023 година во Прилеп е женско и е второ дете на 42-годишната мајка Емилија Златеска.

Бебето и неговата мајка денеска на пладне ги посети градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој им подари штедна книшка во вредност од 15.000денари и пригодни подароци.

-Утрово во 04 часот и 22 минути во Гинеколошко-Акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност Прилеп се роди првото бебе во Општина Прилеп во новата 2023-та година.

Д-р Билјана Кржеска го изврши пораѓањето на мајката Емилија Златеска која на свет донесе женско бебе тешко 3.150 килограми, а долго 50 сантиметри. И новороденчето и мајката се во добра состојба. За семејството Златески ова е втора рожба, второ девојче кое ќе се вика Кристијана. – информираа од прилепската болница.

Cooбpaќajка пред Новогодишната ноќ во Прилеп: Млад прилепчанец се здоби со тешки телecни повpeди

На 31.12.2022 околу 16.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Орде Чопела“ со ул.„Мире Цилкоски“ во Прилеп се случила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од А.С.(71) од Прилеп и мотоцикл „априлија“ со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyван од Г.К.(35) од Прилеп.

По нecpeќата, Г.К. бил пренесен во Градска болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телecни повpeди.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп, стои во соопштението од СВР Битола.

Неколку стотици прилепчани ја дочекаа Новата 2023 година на градскиот плоштад (Фото галерија)

Со настапите на Балканика бенд и The Hounds, прилепчани ја дочекаа Новата 2023 година на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”.

Maглата и ладното време не ги спречи неколку стотини наши сограѓани да се забавуваат и да наздрават на градскиот плоштад.

Пред присутните граѓани се обрати и градоначалникот, кој порача:

-Почитувани мои сограѓани, Ви посакувам среќна нова 2023 година, многу здравје пред се, благосостојба, среќа и мир во вашите домови. Во новата година да продолжиме сплотено и да ја развиваме нашата општина Прилеп

Првото бебе во Битола е “чупе”: Бојана се poди една минута по полноќ

Првото новороденче во Битола е женски, или по битолски жаргон “чупе“, информираат од болницата “Плодност“ од Битола, кои соопштија:

-Го имаме и првото новороденче во 2023 година, кое на свет дојде во 00.01 часот. Женско, со тежина од 3.360 грама и должина 50 сантиметри. Честитки до среќните родители. Вечерва очекуваме уште едно новороденче. СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НЕКА НИ Е НОВАТА 2023 ГОДИНА.