дома блог страница 1304

Собранието ги ратификуваше договорите од Отворен Балкан – Слободниот пазар на труд меѓу земјите може да функционира

Македонското Собрание денес ги ратификуваше договорите од иницијативата Отворен Балкан со што се создаваат условите за почеток на имплементацијата на проектот за слободен пазар на труд меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.

Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан ќе им овозможат на граѓаните од трите земји да работат во која било од нив без посебни работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Дополнително олеснување ќе обезбедат и договорите за признавање на дипломи и професионални квалификации.

Огромен е интересот кај бизнис секторот за ваквите економски поволности. Најзаинтересирани се компаниите во ИТ секторот, туризмот и приватното здравство, како и одредени угостителски гранки кои со ова ќе можат да привлечат работници и да отворат нови работни места.

Ратификуваните договори на граѓаните од Западен Балкан ќе им овозможат да работат во која било од трите земји без посебни работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Дополнително олеснување ќе обезбедат и договорите за признавање на дипломи и професионални квалификации.

Во анализата на „Рацин.мк“ се истакнува дека единствениот регионален пазар на труд ќе придонесе кон повисоки плати за работниците, а иако првите искуства од оваа мерка се очекуваа уште минатата есен, нејзината имплементација се заглави во македонскиот парламент каде што опозицијата со месеци ја одлагаше и оддолжуваше комисиската расправа на овој и на неколку други договори поврзани за функционално спроведување на заедничкиот пазар на трудот меѓу Албанија, Србија и Македонија.

Општина Прилеп ќе испрати 300.000 денари за нacтpaданите од земjoтpecoт во Турција и 150.000 денари за Сирија

Денеска, по иницијатива на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески се одржа вонредна седница на Советот на Општина Прилеп на која беше донесена Одлука за обезбедување средства од Буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Донацијата на Општина Прилеп и граѓаните на Прилеп, во знак на поддршка, солидарност и пријателство, изнесува 450 илјади денари Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, од кои 300.000,00 денари за настраданите од земјотресот во Република Турција и 150.000,00 денари за настраданите во катастрофалниот земјотрес што истовремено се случи и во Сирија.

Покрај пунктот за донации кој е поставен во центарот на градот, каде граѓаните на Прилеп донираа и донациите преку отворените телефонски линии, Општина Прилеп понуди и обучен тим од ТППЕ Прилеп во координација со ДЗС подрачна единица Прилеп, за директна помош со човечки ресурси во подрачјата каде што има потреба, а прилепскиот бизнис секторот организиран преку Регионалната стопанската комора – Прилеп, веќе упати помош во настраданите подрачја.

Најдобриот со најдобрите: Прилепчани имаа прилика да се сретнат со големиот Александар THE GREAT Волкановски (ФОТО)

Нашиот истакнат карате тренер, прилепчанецот Златко Димоски, кој со неговото семејство живее и работи во Австралија, од пред една недела е назначен за главен карате тренер на Западна Австралија, при што тимот го комплетира со шест помошници.

Негови ќерки се близначките каратистки Maријана и Мишела Димоски – шампионките кои растураа во Македонија, а сега се најдобри и во Австралија.

Вчера семејството Димоски имаа прилика да го следат дуелот помеѓу Ислам Махачев и Александар Волкановски, кој Махачев го доби со судиска одлука.

Со овој триумф Махачев стигна до рекорд од 24 победи и еден пораз во УФЦ и ја задржа титулата во лесна категорија.

Волкановски пак има исто така 24 победи, а го претрпе вториот пораз во кариерата. Многумина сметаат дека Волкановски е ограбен од страна на судиите, а и самиот тој истакна дека смета дека победата требало да биде негова.

Нашите прилепчани потоа имаа прилика да се фотографираат со Волкановски, УФЦ борецот со македонско потекло кој стекна огромна слава во Македонија и светот во изминатите години.

Не, не лансиравме сателит во вселената како Албанија: Ова што синоќа беше забележано над прилепско Небрегово е нешто сосема друго (ФОТО)

На повеќе локации низ Македонија синоќа можеа да се забележат сателитите “Старлинк” кои се во сопственост на компанијата “Спејс Икс” (SpaceX), чиј сопственик пак е мултимилијардерот Елон Маск.

Фотографиите се направени во прилепско Небрегово, каде синоќа небото било доволно чисто за да можат да се забележи “колоната” oд сателити.

Од полноќ нови цени на гopивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 75 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денари за килограм и ќе изнесува 42,197 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,388 отсто, кај дизелот за 0,749 и кај екстра лесното масло за 0,883 отсто, додека кај мазутот има зголемувања за 1,191 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,944 отсто.

Германец фатен со мapиxyaна во Битолa

На 12.02.2023 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Д.П.(32) од Сојузна Република Германија, со времен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од МВР.

Турција издаде 113 налози за апceње на градежници за кaтacтpoфата од земjoтpecoт

Официјални лица во Турција соопштија дека се издадени 113 налози за апсење во врска со изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресот, пишува Би-би-си. Турската полиција веќе приведе најмалку 12 лица, меѓу кои и градежни претприемачи.

Во меѓувреме, немирите во јужна Турција ги прекинаа спасувачките напори на некои места. Бројот на потврдени мртви во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 28.000.

Се очекуваат повеќе апсења, но многумина ќе ја видат оваа акција како обид да се оттргне јавната вина за катастрофата.

Со години, експертите предупредуваат дека многу нови згради во Турција се небезбедни поради ендемичната корупција и владините политики. Тие политики дозволија таканаречена амнестија за изведувачите кои ги прекршуваа со градежните правила за да поттикнат градежен бум – вклучително и во регионите подложни на земјотреси.

Илјадници згради се урнаа за време на земјотресот, што ги наметна прашањата дали последиците од природната катастрофа се влошени од човечка грешка.

Утре поетско музичка вечер насловена како “Љубов и вино” во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”

Поетско музичка вечер насловена „Љубов и вино“ ќе се одржи на 14 февруари 2023, вторник, од 18 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“, со што ќе бидат одбележани празниците св. Трифун и Денот на љубовта.

Манифестацијата која ќе има мултимедијален карактер ја реализираат Центарот за култура и Клубот на литературни творци – Прилеп, при што дваесетина поети ќе презентираат поезија.

Освен што ќе се чуе убавиот стих, ќе има и музика, со што на ваков оригинален начин ќе бидат одбележани двата празници, а со ова практично Центарот ги започнува годинешните активности, во кои во голема мера ќе бидат вклучени и поетите и литератите од градов.

Посетителите не само што ќе можат да уживаат во убавиот пишан збор и музиката, туку ќе вкусат и убаво прилепско вино.

Денеска во Собранието влегува законот за данок на солидарност: Еве кои фирми ќе треба да платат ако се усвои

Предлог-законот за данок на солидарност, по скратена постапка, е дел од предложениот дневен ред на денешната 103. седница на Собранието. Со него се предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка.

Според Предлогот, обврзник за плаќање на овој вид данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

-Преку плаќањето на овој вид данок компаниите кои во услови на криза
оствариле вишок профит, пропорционално ќе придонесат за ублажување на
последиците од кризата. За постигнување на таа цел, сметаме дека и нашата држава треба да преземе активности за воведување данок кој што ќе има солидарна функција и преку кој ќе се обезбедат финансиски средства кои во целост ќе се користат за финансирање на Програма за мерки за справување со кризата, стои во образложението од Министерството за финансии.

Законодавниот дом на 103. седница ќе расправа и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, како и Предлог – законот за гаранција на државата на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента 1: Ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, двата по скратена постапка,

Пратениците на оваа седница, како што е најавено, треба да расправаат и по Предлог-законот за ратификација на Договорот за техничка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Јапонија.

На агендата на седницата се предлог-одлуки од повеќе области, меѓу кои и за распишување јавен оглас за назначување претседател и членови на Советот за граѓански надзор, на одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и Предлог – одлука за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човекови права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на народниот правобранител.

На денешната пленарна седница е и Предлог-одлуката за изменување на одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи во Собранието за соработка со парламенти на други држави. Дел од дневниот ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и на Законот за финансиските друштва, како и повеќе барања за давање автентично толкување, меѓу кои и за член 116 од Законот за основното образование.

Секоја чест! Жителите на прилепско Канатларци ги нудат своите домови за турски државјани доколку има потреба за тоа (ВИДЕО)

Шок и неверување, паника, вознемиреност и стравување за животите на своите собраќа од Турција, но и од Сирија. Молитви за спас на преживеаните, но и за оние кои останаа под рушевините од илјадниците тони бетон и железо. Прилепското село Канатларци каде доминира населението од турската националност, овие неколку дена живее во голема тага и жал – oбјави “АЛФА ТВ”

„Не’ фати паника. Веднаш јас се јавив кај син ми да го прашам – што е ова во Турција, дали има нешто кај нашите роднини, во „Бајрам Паша“ во Истанбул?! Син ми рече – не е тука, далеку е од нашите роднини, ама сепак, и тие се наши браќа. Кај што е земјотресот, живее бившиот оџа што ни беше селски. Него веднаш го побаравме, но не го добивме. Ама некои од соселаниве го добиле. Куќата му била падната, но тие здрави-живи биле цело семејство“, ни рече Беџет Исламоски од с. Канатларци.

Ибрахим Услу е од Турција и е новиот селски оџа. Вели, потекнува од град кој е погоден од земјотресот. Неговата куќа била до темел разрушена, но за среќа, без човечки жртви. Веста за земјотресот ја чул на телевизија, по што веднаш пробал да стапи во контакт со своите најблиски. „Тоа беа стравични моменти додека дознав како се моите“, раскажува тој.

„Господ да чува, во последните години не се памети ваков земјотрес. Дека два земјотреси едно-подруго беа, затоа има и големи страдања, многу урнатини, многу луѓе се под урнатините. И периодов оти е зима е многу лош период и затоа луѓето повеќето останаа надвор, големи се штетите за настраданите…Затоа ние покренавме иницијатива како да им помогнеме на нашите браќа“, – кажа Ибрахим Услу, оџа во с. Канатларци.

Свесни дека последиците од апокалиптичниот земјотрес ќе се чувствуваат уште долго време, канатларчани, освен што веќе на големо собираат хуманитарна помош, материјална и финансиска, тие се подготвени во своите домови да прифатат и нивни сонародници, доколку за тоа има потреба.

„Како канатларчани, во име на целото село да кажам, ние сме подготвени. Се надевам дека нема некој што би одбил таква одлука. Ги очекуваме, доколку има таква потреба, навистина ние сме подготвени да ги примиме, да бидат со нас додека се среди таму ситуацијата можеме да им помогнеме да бидат со нас“, – рече Ердован Исламоски од с. Канатларци.

Додека заминувавме од селото, се’ побројни беа жителите кои на собирниот пункт во џамијата доставуваа различни видови помош, која пак со веќе организиран превоз, денеска или најдоцна утре треба да замине за Турција.

Каролина Дурло