дома блог страница 1303

(Видео) Мицкоски заедно со хумани луѓе изградија нов дом за семејство со 5 дечиња

Празничните денови се мигови на среќа и радост кога заедно прославуваме со најблиските во топлината на нашите топли домови и на нашите трпези. Но, за жал не сите ја имаат таа среќа и привилегија. Во Македонија има семејства кои живеат во сиромаштија и без основните потреби за достоинствен живот, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалната мрежа ФБ.

Пред месец и половина, моето семејство преку медиумите дозна за тешкиот живот на едно семејство во селото Градиште. Ова семејство на малите ангелчиња Ивана, Ангела, Јована, Јован и Велика живееше во импровизиран дом, трошна куќа без елементарни услови за живот. Таа слика не може да остави никого рамнодушен, а најмалку да гледаш дека тука во твојата татковина растат дечиња кои немаат спокојно и безгрижно детство. Тешката судбина на едно семејство не смее и не може да биде само туѓа судбина, таа треба да биде мотив секој од нас да направи колку може да донесе радост во нечиј живот.

Денес сум особено среќен што имав шанса да придонесам за малку среќа за ова семејство, да изградам дом заедно со хуманите луѓе кои помогнаа во оваа моја иницијатива. Успеавме со донации, но и со труд и работа за месец дена да изградиме нова куќа, нов дом за петте ангели да можат заедно да ја почувствуваат празничната топлина. Нема поголема среќа од тоа да ја видиш искрената детска насмевка и нивната чиста детска радост, објаснува Мицкоски.

Им благодарам на сите кои ме поддржаа и помогнаа семејството Лазарeвски да доживее подобро утре.
Ова не го правам за промоција, туку со срце и волја да ги повикам сите оние кои можат во овие тешки времиња да им помогнат на тие кои имаат помалку, да им подадат рака, да им го олеснат тешкиот живот и да им покажат дека хуманоста сè уште живее во сите наши срца. Да ја вратиме надежта, да покажеме дека не живееме само едни покрај други, дека сме заборавиле едни на други, туку дека сме тука на овој свет да бидеме едни за други.
Нема цена со која може да се плати среќата и насмевката на овие добри луѓе, се додава во неговата објава на ФБ.

Фото од Плетвар – Убо е времето, само вам не ви е добра локацијата

Прилеп веќе втора недела по ред го мачи густа магла. Граѓаните не можат да ја поднесат и молат Бога да се крене час поскоро…

Додека многумина се жалат, дел од прилепчани спасот го побараа на повисоките предели. Селечка Планина и планинскиот превој Плетвар беа спасот од “гасната комора” во градот.

И навистина, на времето ништо не му фали, само нам долу не ни е добра локацијата…

Роналдо на првата прес-конференција во Ал-Наср: Дојдов да играм, да победувам и да се забавувам

Кристијано Роналдо ја одржа првата прес-конференција по трансферот во Ал-Наср.

– Се чувствувам многу добро. Толку сум горд што ја донесов оваа важна одлука во мојот живот. Кога донесувам одлуки, семејството секогаш ме поддржува, особено моите деца. Сакам да дадам поинаква визија за земјата и фудбалот во Саудиска Арабија. Ако го земете Светското првенство како пример, тогаш единствената репрезентација што го победи шампионот е Саудиска Арабија. Дојдов да играм, да победам и да се забавувам, изјави Роналдо.

Португалецот потпиша договор со Ал-Наср на 30 декември. Договорот е со важност до летото 2025 година.

РКЕ донесе одлука: Се зголемува цената на горивата

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари за литар. Па така ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), пак, 81,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 80 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,655 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 5,153 отсто, кај дизелот за 2,83, кај екстра лесното масло за 3,424 и кај мазутот за 0,596 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334 отсто.

Огpaбена обложyвалница во Прилеп

На 01.01.2023 околу 22,50 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во спортска обложувалница во Прилеп, едно лице со закана од вработената одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Опожapен “голф” во сопственост на 66-годишен прилепчанец

На 02.01.2023 во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во Прилеп ноќта меѓу 01 и 02.01.2023 настанал пожap во патничко моторно возило „голф 4“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на К.Д.(66) од Прилеп.

Увид на местото на настанот извpшила екипа од Полициска станица Прилеп – информираат од СВР Битола.

Влада: Прекинат алapмот во Битола и Тетово

Прекинат прагот на алармирање во Битола и Тетово, информираат од Владата преку соопштение до медиумите.

„Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 02.01.2023, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Тетово и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање“, стои во соопштението на надлежните власти.

На добар пат е да биде дури и поуспешна од својата мајка: 17-годишната Мелани растури на последната емисија на “Ѕвездите на Гранд”

Македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска нема кој не ја познава, а сега ретко кој не знае дека и нејзината 17-годишна ќерка Мелани Тарчуловска тргна по истите стапки.

После одличниот настап на овогодишниот “Макфест”, Мелани учествува на најголемото музичко талент шоу на Балканот, “Ѕвездите на Гранд”.

Во последната емисија Мелани се претстави со нумерите “Пожели сречу другима” и “Тажна љубов среќна песна”.

И покрај големата трема која можеше да се чуе во нејзиниот глас, таа успеа да ја добие поддршката на жирито кое ја награди со пет гласови, а за свој ментор го избра Ѓорѓе Давид.

Потоа Саша Павловиќ ја праша дали со Ѓорѓе се познаваат од претходно и зошто го избра токму него, на што Мелани на шега одговори: “Никој не го избра вечерва”, a со својот одговор ја насмеа публиката и жирито.

Груевски за враќањето во Македонија: „Ништо не е невозможно, се е Божја промисла“

Поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски преку својот Фејсбук профил порача дека за враќањето во Македонија ништо не е невозможно и дека се е Божја промисла.

„Денес низ различни медиуми и апликации добив стотици и илјадници топли честитки со искрени желби за здравје, среќа, успех и враќање во Македонија, во новата 2023 година, на кои физички е невозможно да одговорам поединечно во брзо време.

Ништо не е невозможно. Се е Божја промисла и за секој од нас Бог има некаков свој план, понекогаш дури и кога се изгледа безнадежно.

Благодарам уште еднаш. Еден пријател синоќа ми пишал: “И така и оваа година ќе си замине… како и многу други пред нејзе…а нас ќе ни останат сеќавањата… се надевам само добри… среќна нова година Никола”.

Му честитав возвратно со најдобри желби и допишав: “Да, годините минуваат, а сеќавањата остануваат и тоа е предвидливо. Но, тоа не го прави животот бесмислен ако човек има цели во животот базирани на чесни основи, ако има идеали и ако има љубов”, пишува Груевски.

Денеска се празнува Светата маченичка Јулијанија

Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ? беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот никомидиски епарх.

Тогаш Јулијанија му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера, велејќи му: „Што ни вреди да бидеме телесно соединети, кога духовно би биле разединети?“ На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ? . Јаросен татко ? ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Епархот нареди и многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор. Но Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не ја докосна.

Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос. Такви обратени имаше петстотини од машкиот и сто и триесет од женскиот пол. Сите нив епархот ги осуди на смрт и нив ги убија со меч. Нивните души се преселија во Рајот. Тогаш злобниот судија ја осуди на убиство со меч и Света Јулијана. Таа излезе на губилиштето радосна со духот. Му се помоли на Бога и ја положи главата за отсекување. На денот на тоа убиство душата на светителката отиде во Царството на вечната Христова светлина, во 304 година. Набрзо Елевсиј го постигна Божја казна. Кога пловеше по морето му се разби коработ, а тој падна во водата. Но не најде смрт во водата туку доплива до некој остров, каде што го растргнаа и го изедоа кучиња.