дома блог страница 1298

После топлиот Божиќ ни пристигнува вистинска зима

По пролетните температури за време на божиќните празници ни доаѓа вистинската зима, односно пад на температурата и врнежи од снег.

Во попладневните часови во текот на денешниот ден, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вторник, снегот ќе се прошири и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

– Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено утре во текот на ноќта и во вторник претпладне.

(ВИДЕО) Чудна светлина снимена на камера како се движи во манастирот Св. Георгиј во село Бучин

На јутјуб каналот на Филип Петрески и на новата веб страна www.bucin.mk, објавено е видео од безбедносните камери на манастирот Св. Георгиј Победоносец во селото Бучин – крушевско.

На видеото може да се забележи како чудна светлина се движи во манастирот во доцните вечерни часови. Во описот на видеото пишува дека истото потекнува од 11 септември 2022година, а за прв пат се објавува сега за Божиќните празници.

Погледнете во продолжение:

Кавадарчанец фатен со осум мигранти од Сирија, Авганистан и Пакистан

Денеска (08.01.2023) околу 01.15 часот, на место викано “Македонија пат” на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор “Богородица“ лишен е од слобода М.К.(42) од Кавадарци.

При контрола на патничко возило “мазда 6”, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица – мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.

М.К. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На втор ден Божик во Прилеп се пpaзнyва и Cветецот чија икона стана чyдо пред 6 години (Фото)

Денеска православните христијани го празнуваат вториот ден од Христовото раѓање – Божиќ. Денеска исто така православната црква го слави и Соборот на Пресвета Богородица како и споменот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански.

Пред 6 години, на 31 март 2015 година во Прилеп, според православната црква, токму во храмот „Св. Благовештение“, се случи чудо, бидејќи иконата на Св. Никодим Прилепски, која сега стои во средината на црквата започна да мироточи.

Капките од мироточењето и денес се познаваат на иконата.

ВТОР ДЕН БОЖИК: Денеска е Сoбop на Пpecвета Богopoдица

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 декември.

Денеска е Собор на Пресвета Богородица.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува.

Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса.

Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено.

Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

Твит на годината: Коледарски оган е пагански обичај, ама затоа Халоуин е наша традиција

На стартот на 2023 година веќе го имаме најјакиот твит…Брво мајсторе, секоја чест!

Апелите на Македонската православна црква (МПЦ) и еко-активистите предизвикаа бурни реакции од граѓаните кои не ги послушаа и ја испочитуваа традицијата на палење коледарски огнови.

Имаше многу реакции и на социјалната мрежа „Твитер“, каде што еден корисник реши да го спомене „Халовин“, односно „Ноќта на вештерките“ кој се слави во делови од Македонија, иако нема никаква допирна точка со нашата култура.

-Коледарски оган е пагански обичај, ама затоа Халоуин е наша традиција, гласи саркастичниот статус.

107 години од Бадниковиот мacaкap во кој 103 пopeчани беа yбиени oд бугарските окyпaтopи на патот кон Прилеп

Бадниковиот мacaкp, во кој на 6 јануари 1916 година, од страна на бугарската фашиcтичка вojcка се yбиени 103 поречани е можеби една од темите од нашата историја која малку позната за јавноста.

Денес после повеќе од 100 години, нивните коски лежат расфрлени во подрумот на една мала црква кај селото Манастирец.

Црквата ја изградил рускиот монах Антоние некаде помеѓу двете светски војни кога и се пренесени моштите на починатите од преминот Барбарас каде биле убиени, пишува на Фејсбук Александар Димитријевиќ кој накратко објаснува што се случува на овој ден.

– „Заробени се 205 Поречани и на патот за Прилеп, половината од нив се оставени на месноста Дервишка нива, 103, најголем дел од селото Здуње, 22 лица, и тука сите масакрирани. А останатите биле пратени во затвор во Прилеп, а после повторно се вратени во Поречието“, рече Зоран Трпчески, професор по историја.

Свештеникот Марко Трпкоски кој ја има комплетната документација за овој настан, заедно со имињата на убиените дошол до еден интересен податок.

Еден од бугарските војници рекол дека тој не сака да учествува во оваа злосторство и дека не сака да ги коле поречаните, поради таа своја одлука и тој бил убиен и тој е 103-тата жртва на овој ден“, вели Отец Марко Трпкоски, свештеник.

Посмртните останки денес се нем сведок за ова злосторство.

Преполно и во Параклис: Библија и колетчиња за најмалите (Фото)

Прилепчани ги исполнија светите храмови до последно место. Сите цркви денеска на Божик беа преполни со верници, а најубаво беше тоа што на светите литургии присуствуваа голем број мали дечиња.

Како добри домаќини свештениците ги даруваа најмалите со библии и колетчиња.

За многу години! Христос се роди!

(Видео) Јокиќ им објасни на Американците како се честита православен Божиќ: “Мир божји – Христос се роди! Така велиме кај нас”

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ на мечот против Кливленд го забележа десеттиот трипл-дабл сезонава, а во интервјуто после утакмицата одвои момент да ги едуцира Американците за православните обичаи.

Центарот од Сомбор во изјава по натпреварот објасни како се честита православниот Божиќ.

„Мир божји, Христос се роди, така велиме кај нас“, рече Јокиќ.

Дечињата најбројни! Храмот Св. Петка во Прилеп претесен да ги собере сите верници за Божик (Фото галерија)

Православните христијани денеска го празнуваат Христовото раѓање – Божик. Од рано утрина верниците ги исполнија храмовите во Прилеп за да присуствуваат на утринската света литургија.

Она што радува беше големото присуство на дечиња, особено во храмот Св. Петка во населбата Точила, кои пристапија кон света причест.

На децата има беа поделени и библии од страна на свештениците во овој црковен храм.

Храмот беше претесен да ги собере сите верници. Една прекрасна празнична слика која ќе побуди топли чувства кај секого.

За многу години! Христос се роди!