дома блог страница 1297

Мицкоски: Прилеп ги живее промените, почнува рехабилитација на влезот во градот

Мои прилепчани, заедно минавме една исклучително тешка година. Се соочивме со сите недостатоци и негрижата на минатата администрација, но и со последиците од економската и енергетската криза како продолжение на здравствениот хаос. Сепак со посветеност, љубов, разбирање и чесна работа многу направивме и заедно го вративме Прилеп на колосекот на урбано живеење. Прилеп повеќе не е град на сивилото и безнадежноста, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Јовчески истакна дека со добро менаџирање и домаќинско работење исплатени се речиси половина од вкупно 300 милиони денари наследени обврски и го трасира патот кон исполнување на дадените ветувања.

– Рекоструиравме и саниравме голем дел од улиците. Исчистени се над 6.000 метри квадратни отпад од дивите депонии и обновени се парковските површини, ги вративме фонтаните. Со чесна работа го завршивме виталниот проект за водоснабдување на градот, а особено сум горд што ги подобривме условите за работа во сите училишта во Прилеп, рече тој.

Јовчески нагласи дека тука не застанува и за следната година планирано е уште повеќе.

– Во буџетот кој заедно се планираше најмногу се посветивме на инфраструктурата. Речиси 2 милиони евра за рехабилитација на прилепските улици како и за изградба на два кружни трка, зафат вреден 1,5 милиони евра со што значително ќе се подобри сообраќајот во градот. Тука е и вашето барање за повеќе подземни контејнери за што одвоивме 6 милиони денари, проект произлезен од акцијата за заедничко креирање на буџетот на Прилеп. Благодарен сум за вашата доверба. Заедно ќе направиме многу за наш Прилеп. За иднината на Прилеп, изјави Јовчески.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Прилеп годинава ќе отпочне со рехабилитација на влезот во градот од страна на Македонски Брод, капитален проект вреден речиси 2,5 милиони евра, Прилеп се менува и ги живее промените.

– Прилеп покажа дека промени се можни. Секој еден ден, секоја една промена значи нова победа на надежта, победа на чесноста и победа на граѓаните, наспроти апатијата и безнадежноста. Стоевме зад секое ветување така ќе биде и понатаму со проектите што го подобруваат животот во Прилеп, а прилепчани ги живеат Промените на дело, изјави Мицкоски.

Xopop во Maкедониja: Патнички воз излетал од шините кај Кадина Река, внатре имало 150 патници

Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, дознава Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.

Како што дознаваме, станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.

– Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица – ни изјавија од Македонски Железници-Транспорт.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Божик во Северна Кореа, Танзанија, Малезија, Сингапур, Виетнам…

Фотографии од Божиќните литургии ширум светот.

Северна Кореа

Малезија

Индонезија

Виетнам

Азербејџан

Сингапур

Шпанија

Перу

Сенегал

Аргентина

Танзанија

upon the heath..

фотографија – Шлакески Маринко

„БЕГСТВО“ (2011) – Маринко Шлакески (извадок)

ВОЈНИКОТ: Сигурен ли си дека одите во вистинска насока…?

СТАРЕЦОТ: Сите одиме таму…

ВОЈНИКОТ: Каде тоа?

СТАРЕЦОТ: Каде што припаѓаме. И вие одите таму.

ВОЈНИКОТ: Но ние одиме во спротивна насока. (покажува со рака)

СТАРЕЦОТ: Сите патишта завршуваат на исто место..

ВОЈНИКОТ: Како тоа..

СТАРЕЦОТ: (се внесува во себе како во транс) Cognitionis fermenta… Spiritum meum…

ПОРУЧНИКОТ: Што…?

ВОЈНИКОТ: (на Поручникот) Псст! Не те слуша… Тој е во бунило, остави го.

СТАРЕЦОТ: Нашите души… гласовите на предците потиснати од гревовите на своите поколенија… не можат да ги чујат..

ПОРУЧНИКОТ: Што е ова… Кои гласови.. Ништо не разбирам…

СТАРЕЦОТ: Години… и векови… сè е исто и сè се повторува… само други имиња на нашите сенки… Со очите распознаваш, со срцето гледаш… Ние и вие… тие и таму. Наша војна, наш триумф… Поголема војна, поголем триумф… Колку гробови треба за голем триумф…? Десет илјади? Со точни димензии и пристојна длабочина? Не се доволно? Ќе се интонира химна, ќе се гази строев чекор. Под свилените знамиња свечени униформи и светнати шлемови. Кон крајот на денот нова бројка во светските гласила. Пропорционална сила… Што е тоа пропорција? Што е тоа сила Парадигма на вашата лакомост? Наследено проклетство од раѓањето на векот.. триумф на сопствената мизерија што ја нарекувате живот. Вашите херои се собирачи на импресии. Идеолози и интелектуални инвалиди нудат парализа на здравиот разум… Вие гледате и одбивате да видите. Што е императив на вашиот идеолошки концепт? Имате ли? Се будите и заспивате со пораките за конечната апокалипса која ќе ве поништи бидејќи сте безвредни и бескорисни. Ги голтате понизно нивните пораки и чекате во наредното издание посилно да ве исплескаат со камшикот на најновиот хорор…

(се слуша звукот на хеликоптерот, се засилува постепено)

СКИТНИКОТ: Старче… да одиме.

(Старецот му дава знак да не го прекинува; звукот на хеликоптерот се засилува)

СТАРЕЦОТ: (се надвикува со татнежот на хеликоптерот) Овој звук… Тоа е клучот на вашата судбина! Ве прогонува! Сè додека ве гони вие нема да бидете слободни! Ќе излезете од овој лавиринт но заробени ќе бидат вашите души… Одете каде што припаѓате! Вашето место е таму! (покажува со рака и ја ведне главата од исцрпеност)

(звукот исчезнува; молчат, никој не се помрднува)

Трет ден Божиќ: Православните христијани го пpaзнуваат Св. Стефан, заштитник на бoлнитe, стapите и сиpoмашните

Православните христијани денеска на третиот ден од Божик го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе.

Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле.

Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството.

Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград.

Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Михаела Пурдеска од Прилеп вечерва продефилира на црвен тепих на светски фестивал – утре ќе ја претставува Македонија (Фото)

Ученичката од петто оддление во ООУ “Климент Охридски” Прилп, Михаела Пурдеска утре во Македонската опера и балет ќе учествува на WAF- Светска асоцијација на фестивали. Михаела е претставник од Македонија, а ќе ја изведе Евровизиската композиција ,,Fire”.

Натпреварувачите се поделени во 5 категории, најдобриот од изведувачите ќе понесе Гран при, а во категориите предвидени се и Лауреати.

На сцената во МНТ ќе земат учество напреварувачи од сите Балкански земји, како и Словачка, Украина Казахстан, Чешка, Полска, Австрија и др. Инаку, Михаела е најмалиот учесник на овој фестивал, а таа посетува и настава во Музичкото училиште ,, Ордан Михајлоски Оцка.

Вечерва во хотелот Хилтон, Михаела продефилира и на црвениот тепих. Да и посакаме среќа!

Владиката Петар утре на трет ден Божик ќе чиноначалствува со света литургија во Прилеп

-Благочестиви христијани сакаме да ве известиме дека утре на трет ден на Рождеството Христово т.е на 09.01.2023 година кога го славиме споменот на светиот Првомаченик и архиѓакон Стефан, Неговото Високопреосвештенство, нашиот митрополит г. Петар ќе чиноначалствува со Светата Божествена Литургија во нашиот храм со почеток од 07 часот. Христос се роди – информираат од црковниот храм Св. Кирил и Методиј – Параклис.

Татко пред своите деца запали детски библии кои црквата ги делеше на најмалите за Божик (ВИДЕО)

Лица кои се претставуваат како верници на МПЦ-ОА, од Преспанско-пелагониската епархија, повикуваат на палење и палат Библии за деца, само затоа што биле напишани од автори кои не се православни, пренесува Религија.мк.

Иако Библиите се издадени и рецензирани од високо еминентни професори по Теологија од Богословскиот Факултет и се со благослов на МПЦ-ОА, тие смеаат дека таквите книги треба да бидат јавно спалени.

Повикот преку фејсбук го објавил извесен Кире Писмановски, кој напишал: „Браќа и сестри доколку му подарија ваква библија на вашето дете денес најмалку што можете да направите за вашето дете , а и за вас е да ја фрлите или запалите.. Толку“.

На неговиот пост во коментарите е прикачено и видео во кое друг корисник на социјалната мрежа пали два примерока на оваа книга, а како наслов на видеото напишал: „Православие или смрт“.

Иако овој чин претставува класичен повик на ширње и спроведување на верска омраза, обвинителството засега не реагира. Веќе подолго време на социјалните мрежи на удар од „талибанските православнци“ во Македонија се и свештеници на МПЦ-ОА, но и јавни личности кои ќе споделат какво било поразлично мислење кое се коси со радикални сваќања на верата. Особено тоа беше случај за време на пандемијата, но обвинителството не отвори ниту еден случај.

За конкретниот случај со палењето на Библиите, рерагише отец Филип Иванов од Евангелската црква во Велес.

О, СВЕТА ПРОСТОТИЈО! – извикал протестантскиот реформатор Јан Хус кога бивал спален на клада, зашто една жена „побожно“ пристапила, фрлила дрво во оганот во кој горел тој, се прекрстила и си заминала.

Вчера такви „правоверни“ зилоти снимале видео како заедно со своите деца палат детски Библии затоа што биле протестантски, еретички, секташки. Во видеото, кога не се пали веднаш Библијата, дури вели: „Од клетите е, нејќе ни да гори“. Еден куп други на објавата исто така повикуваат да се спалат, искинат или закопаат Библиите.

Два моменти се многу важни тука:

Библиите за млади иако се од протестантски автор и се финансирани од протестантска мисија се со препорака т.е. благослов на Архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Содржината е проверена од Богословскиот факултет. Библиите се делат од страна на православни свештеници, во православни цркви после литургија. Библиите се подарок, кој сака може да земе, на сила никому не се натураат.

Донацијата од 225.000 вакви Библии беше предадена во целост на МПЦ-ОА, ниту една протестантска црква не доби ниту една ваква Библија. Единствено јас (по друг канал) успеав да добијам неколку стотини примероци за нашите деца и млади, што значи скоро секоја ваква Библија е во циркулација благодарение на МПЦ-ОА. Оттука, глејте апсурд, дечињата и младите од протестантските цркви кои радо би ги читале, не добија ниедна, додека дел од тие што ги добија сите, ги палат или фрлаат.
Ова е тој неразумен зилотизам, односно нехристијанска ревност во христијанските конфесии, ревност што заслепена од омразата кон другиот е спремна на палење Библии, цркви, а не дај Боже и луѓе…

Објавава нема за цел и нема да дозволам да биде употребена за напаѓање на оние што поттикнуваат кон вакво нешто или оние што го извршиле ова нешто, туку е тука да се вразумиме и покаеме, а притоа да останеме на Христовите зборови „Прости им Господе, не знаат што прават“.

Господи помилуј, напиша о. Филип на фејсбук.

(Видео) Газда на векот! На своите вработени им подели 4 милиони долари божиќен бонус

Сопственикот на компанијата “FloraCraft” им доделил приближно 4 милиони долари во бонуси на неговите 200 вработени пред празниците.

Сопственикот Ли Шоенхер ја води компанијата од 1973 година, а одлуката за доделување на еден ваков великодушен бонус ја донесол на 14 декември. На тоа вработените возвратиле со громогласен аплауз.

Бонусот на секој вработен ќе варира во зависност од стажот кој го има секој од нив, а просекот би се движел по 20.000 долари за секој вработен.

Вработените ќе го добијат бонусот во два дела. Првиот дел ќе им биде исплатен во готово до крајот на следната година, а другиот на сметката до крајот на март 2020 година.

Навистина еден потег кој заслужува секаква пофалба!

Врие во ДУИ: “И ние сме со Али, но претседателе, не го гори јорганот за една болва”

Потпретседателот на ДУИ и еден од водачите на „огнената група“ Изет Меџити синоќа, од Студеничани му порача на партискиот лидер Али Ахмети дека се со него но и да не го гори јорганот за една болва.

Ние сме со Али Ахмети, но претседателе, не го гори јорганот за една болва – рече Меџити.

„Огнените“ откако пред Нова година на прес конференција повторно го изразија своето незадоволство, бидејќи според нив, нема никакви промени во извршната власт и покрај анализата за сработеното на министрите која покажала дека се реализирани само 2 отсто од проектите и предизборните ветувања на ДУИ, од синоќа во Студеничани стартуваа со средби со базата.

Меџити пред присутните посочи дека перформансите на извршната власт во последните две години се многу слаби во главните области кои се суштински за граѓаните Албанци, почнувајќи од капиталните инвестиции, образованието, патната инфраструктура, екологијата и така натаму.

Владата на РСМ има речиси половина од министрите Албанци, држи 80 отсто од економските ресори, а сепак успева да материјализира само 2 отсто успех во албанските зони. Албански кадар раководи со Дирекцијата за патиштата, додека сите инвестиции се прават во Источна Македонија, а во албанскиот дел се прават само соништа и ветувања. Погледнете го патот за Блаце, Кичево-Охрид или Коридорот 8. Само ветувања. Реков и во Собрание, помалку фотографирање, повеќе работа – рече Меџити.

Според него, министрите на ДУИ не агитирале за гласови, односно немаат поддршка од партиската база, ниту пак се гласни во партиските органи.

Ние ја изгубивме поддршката во Полог, каде што ги загубивме главните општини. Поддршката паѓа и во другите зони, погледнете ја најновата анкета на американска ИРИ. Ситуацијата е алармантна – рече Меџити.

Тој истакна дека го поддржуваат евроатлантскиот правец на Владата, не само со изјави туку и со конкретни акции и побара одговорност од извршната власт.

Пред присутните се обратија и Блерим Беџети, организациониот секретар на ДУИ и градоначалник на општина Сарај, Муса Џафери, претседател на надзорниот Одбор на ДУИ, Невзат Бејта, член на Централното претседателство, пратеникот Кастриот Реџепи. Според нив, министрите на ДУИ потфрлиле во ресорите транспорт и врски, екологијата, спроведувањето на албанскиот јазик, правичната застапеност на Албанците во државната администрација, странските инвестиции. Тие сметаат дека за инвестициите во патната инфраструктура, во населените места каде што живеат Албанци има само ветувања, додека во источниот дел на државата не остана ниту едена улица без да се реконструира.

Муса Џафери констатира дек во Владата се прави место за влез на Алијанса за Албанците, а не се свесни дека ДУИ се дели.

Ние имаме простор Алијанса за Албанците да ја интегрираме во Влада и да ја мобилизираме, но не сме свесни дека нашата партија се дели, се креира јаз меѓу членови на Претседателството, меѓу партиските ограноци, меѓу општините. Јас мислам дека е алармантно време кога ние треба да се освестиме и мобилизираме и да тропаме на вратите на ДУИ за оваа состојба да не продолжи и понатаму, но треба да седнеме и да ги пронајдеме потребните компромиси за да го сочуваме ДУИ – вели Џафери.

Организацискиот секретар на ДУИ и градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети порача дека не се заинтересирани тие да станат дел од Владата, туку бараат да се почитува мерит системот.

Важно е граѓаните, Албанците да одат напред, индивидуалните позиции не се важни. Дозволете да кажам дека ниту еден од нас не е заинтересиран да станеме дел на власта. Ние само бараме да се почитува мерит системот, да се почитува базата на партијата, а не одлучувањето да стане ексклузивност на Артан Груби и неговиот клан – кажа Беџети.