Една прекрасна македонска балада од почетоците на музичката кариера на Блага Петреска. Уживајте во продолжение:
Браво златно девојче! Михаела од Прилеп освои второ место на светски фестивал, а беше најмлада учесничка (Фото)
Ученичката од петто оддление во ООУ “Климент Охридски” Прилп, Михаела Пурдеска вечерва во Македонската опера и балет зеде учество на WAF АWARDS 2022 и WAF CONTEST 2023 во покровителство на Светска асоцијација на фестивали. Михаела ја претставуваше Македонија, а настапи со Евровизиската композиција ,,Fire” од Мила Москов.
Натпреварувачите беа поделени во 5 категории, а Михаела во силна конкуренција на натреварувачи од над 20држави, во категорија од 11 до 15 години го освои второто место од стручното жири.
На сцената учество зедоја напреварувачи од сите Балкански земји, како и Словачка, Украина Казахстан, Чешка, Полска, Австрија и др. Инаку, Михаела бешее најмалиот учесник на овој фестивал, а покрај ученичка во ООУ “Климент Охридски”, таа посетува и настава во Музичкото училиште ,, Ордан Михајлоски Оцка.
Честитки за големиот успех и желби за уште поголеми достигнувања во иднина!
Синдикатот пресмета: На едно семејство за да го преживее декември му требале 51.235 денари
На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка.
Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во декември 2022 година на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари.
-Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни 43.163,17 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071,51 денари се доаѓа до бројката од 51.234,68 денари, прецизираат од ССМ.
Eмисијата за семејството од Прилеп која ја расплака Македонија: “Се греам на пареа, најмногу сакам да се спаси бато и да го видам пак” (ВИДЕО)
Цене Маџуни на 15 години одлучила да влезе во светот на возрасните. Веројатно неискуството и лошите избори ќе направат таа денес да живее лошо.
Таа е ќерка единка во семејството кое животот го минува во социјален стан од 20м2 во Прилеп. Пред повеќе од 20 години го губи својот татко а со тоа и тло под нозите.
Таа од неуспешниот брак има два сина, поголемиот Далибор и помалиот Емил. Не среќа го прати и Далибор кој веќе со месеци поради проблем со мозокот е во лоша состојба и е во болница во Хрватска.
Цене е принудена да оди во цркви и да питачи за да донесе храна за синчето и бо лната неподвижна мајка. Или пак да собира шишиња за да обезбеди лекови.
Од 12.000 денари пензија на бабата во месецот им остануваат само 2.000 денари. Во оваа соба- дом ова семејство нема ништо што е здраво и функионално
Емил јаде само супа или каша од брашно. А најтешко е тоа што и кога е најладно ова младо момче се грее од пареа од згреана вода
– Ни останува само 2.000 денари, морам да просам за да добијам леб, понекогаш одам и во црквите и таму ми даваат јадење, вели Цене за ,,Срце на дланка”![]()
– Сме останувале и гладни, ќе се напиеме само вода и ќе си легнеме. Оваа соба е во многу лоша состјба, немам ниту бојлер ниту перална.
– Живееме под кирија во една соба во стан кој е на петти спрат и нема лифт, мојата мајка е неподвижна веќе 12 години, додава Маџуни.
– Многу ми е тешко бидејќи на детето не можам да му овозможам, оди и гладно на училиште, немам ниту да му купам лаптоп за да учи повеќе.
– Поголемиот син доби ко вид, имаше многу проблеми, собирав донации од сите страни и праќав во Хрватска да го лекуваат, каде е уште и е во лоша состојба.
– Децата ми бараат, сакаат сендвич, сака чоколадо, како и сите други си бара, но неможам да му овозможам а тоа може само да гледа, вели со тешко срце Цене.
– Има телевизор но тој не работи, едноставно се е нефункционално овде, се грееме на пареа, малку од малку барем да се стоплиме.
– Се греам на пареа од вода, а креветот пропаѓа, морам да редам столови да го држат креветот, се облекувам од донирана облека.
– Би сакал да имам нови патики и нова јакна, кога би можел да имам своја соба и достоен кревет и секако најголема желба брат ми да оздрави, да го видам тука до мене, вели малиот Емил.
Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане на здрави нозе тоа може да го сторите на телефонскиот број 078531885 Цене Маџуни или на трансакциската сметка 300027030673525
Mладинскиот репрезентативец од Прилеп му се придружи на Бабунски во Пелистер
Екипата на Пелистер го засили офанзивниот дел со Марио Наумоски. 22-годишниот фудбалер настапува како втор напаѓач, може да игра десно крило и како офанзивен играч за врска, а во Битола се пресели од редовите на Победа.
Денес Бобан Бабунски првпат ги свика фудбалерите за стартот на подготовките, па по тој повод своите први импресии ги сподели и Наумоски.
Пелистер за пролетниот дел од сезоната се засили со Марио Наумоски, 22-годишниот фудбалер од Прилеп кој настапува како втор напаѓач и десно крило, а во редовите на зелено-белите доаѓа од Победа.
Со тоа Наумоски му се придружи на Бобан Бабунски кој клупата на Победа ја замени со таа на битолчани.
„Знам што значи Пелистер, со каква традиција и историја е, па чест ми е што ќе настапувам во овој клуб. Целта ни е иста на сите, треба да се избориме за влез во ПМФЛ и да се задржиме таму. Го познавам овој кадар, имам играно со дел од соиграчите. Ова е квалитетна екипа, сплет на околности доведе да се загубат бодови во првата полусезона, ама сметам дека со добра игра може да се стигнат ривалите“, вели Наумоски за “ГОЛ.МК”.
МВР ги учеше дуќанџиите во Прилеп како да се заштитат од кpaжби (ФОТО)
Во рамки на превентивниот проект што се реализира под мотото – “Сигурноста и безбедноста на граѓаните –наша обврска“ денеска (09.01.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп при СВР Битола, во Прилеп реализираа превентивни активности насочени кон превенција од имотни деликти.
Притоа, на повеќе локации и во објекти во Прилеп (обложувалници, златари, колонијални продавници, мобилари, фармацевтски објекти и слично), полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните и вработените во објектите укажуваа на начините како да се превенирааат имотните деликти.
Особено беше истакната неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а дополнително на граѓаните им беа делени едукативни печатени материјали со совети и препораки за превенција од имотни деликти.
Падна одлука: Овие се новите цени на горивата по полноќ
РКЕ реши и ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Од 10.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,283 (денари/килограм).
Уaпceни 11 битолчани – биле фатени во објект како игpaaт комap
На 08.01.2023 во периодот од 21.30 до 22.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија акциска контрола во објект на ул.„Караорман“ во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар.
При контролата во објектот биле затекнати О.М., Е.Ш., Р.О., В.Р., М.Д., Н.А., Ѓ.А., Е.Р., И.Е., Р.А. и Б.М., сите од Битола. Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.
Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 398 од Кривичниот законик.
Прва прозивка на новиот тренер на Победа, пристигнуваат нови засилувања, ќе се реновираат и соблекувалните (Фото)
Благојче Дамески денеска ја имаше првата прозивка како шеф на стручниот штаб на Победа и првиот тренинг со црвено-белите.
Негов помошник ќе биде Стојанче Дунимаглоски, а се очекуваат и нови засилувања во екипата, кои треба да пристигнат веќе идната недела.
Добра вест е враќањето на Јорданчо Наумоски, кој после 7-8 месеци пауза се врати на тренинзите и ќе биде големо засилување во вториот дел од сезоната.
Се работи и градскиот стадион “Гоце Делчев”, a oд наредната недела ќе се реновираат и соблекувалните.
Ковачевски разговарал со Зеленски: Ќе оди во Украина!
Во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесов во мое лично и во име на граѓаните поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина.
Како НАТО членка ќе продолжиме со поддршката и помошта.
Во разговорот особен фокус ставивме на развојот на настаните на воениот фронт и улогата која ОБСЕ може да ја има во можностите за прекин на војната.
Му пренесов на претседателот Зеленски дека како премиер на земја претседавач со ОБСЕ во план е посета на Украина.














































