дома блог страница 1295

Николоски: Дали цената на политичката корупција е убава куќа за Таравари во елитната населба Тафталиџе?

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер зборуваше за тоа како одела целосната траекторија на Алијанса за Албанците за влез во влада, и посочи три фази.

-Она што претпоставувам е најзагрижувачко кај власта е што јасно ја нацртавме политичката корупција и политичката проституција која што се случува во Македонија. Уште минатиот понеделник кога почна дебатата јас имав свој говор во кој објаснив како одеше траекторијата на покана за влез на Алијанса за Албанците, таа траекторија е многу едноставна. Минатата година имаше вонредни локални избори за Советот на град Тетово и на тие избори Алијанса на Албанците на изненадување на сите освои 0 советници, што ќе се согласите дека е далеку од нормално затоа што сепак Алијанса за Албанците беше втора политичка сила во Македонија помеѓу Албанците. Тој изборен резултат доведе до оставка на Зијадин Села од претседател на партија. Додека Зијадин Села беше претседател ние како ВМРО-ДПМНЕ имавме одлична соработка со нив. Но факт е дека во тој регион во Гостивар и во Тетово Арбен Таравари е повлијателен и очигледно дека го намести својот партиски претседател Зијадин Села со таков изборен резултат, се со цел Села да мора да си поднесе оставка, рече Николоски.

Потпретседателот Николоски во текот на своето гостување се осврна и на втората фаза за влез на Алијанса за Албанците каде укажа на подарокот на Арбен Таравари, односно куќата во елитна населба Тафталиџе во Скопје од над 200 метри квадратни. Имено тој укажа и на моментот дека досега не е направена трансакција за купување на куќата помеѓу Таравари и продавачот.

-Втората фаза е подарок куќа во елитната населба во Тафталиџе, преубава куќа морам да признаам, вкупна квадратура до сега, зошто најверојатно ќе се надоградува е 261 квадрат, официјално купена за 500 евра квадрат, или таму отворете било која Агенција за недвижности ќе видите дека куќа чини од 2.000- 3.000 квадрат. Големо прашање е дали и тие 500 евра квадрат се платени, зошто до денес не видовме трансакција. Колку што се нашите сознанија, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш има кредибилни сознанија воопшто трансакција не е направена помеѓу трансакциската сметка на Арбен Таравари и на продавачот, кажа тој.

На крај Николоски додаде: „И третата фаза во ова сценарио е влегувањето на Алијансата на Албанците во Владата. Така да ова е една класична политичка корупција и политичка проституција која што се гледа на сцена“.

Златни деца: Марко и Исидора од Прилеп ќе ви кажат што значи јазикот за еден народ (ВИДЕО)

Учениците од ООУ “Климент Охридски” и OOУ “Добре Јованоски”, а сега ученици во Медицинското училиште СОУ “Ѓорче Петров”, Марко Јаков и Исидора Николоска, направија одличнo eдукативно видео по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Слушајте и гледајте со внимание во продолжение:

Лепа Брена ја откри тајната за долга и искрена љубов

Бракот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, уште од склучувањето во 1987 година, важи за еден од оние што секој пар може само да го посака и покрај различните шпекулации кои се вообичаени кога станува збор за познати личности како нив.

Пејачката неодамна откри дека љубовта со текот на годините само се засилила. По повод Денот на вљубените им открила на следбениците дека се уште е лудо вљубена во својот сопруг и ги потсетила што значи љубов.

-Кога двајца луѓе се свесни дека не можат и не смеат да го променат другиот, но дека секогаш можат да му помогнат на другиот да најде сила да напредува и да биде подобар, тогаш доаѓа до раст. Раст на двајцата, како поединци, но и како пар. Тогаш се случува да го сакате другиот таков каков што е, и да се прифатите себеси такви какви што сте. Вистина е дека поддршката во животот е многу важна, дека некој те сака онаков каков што си. Вистина е дека безбедноста ти дава засолниште, ги напиша Брена овие емотивни зборови.

Сончево и топло време, температури до 22 степени

Сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат -3 до 3 степени, а дневните од 12 до 22 тепени.

Во Скопје сончево со слаб променлив ветер и максимална дневна температура од 19 степени.

Од УХМР информираат дека продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. До утре ќе се задржи сончево, а од четврток ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен ветер од јужен правец.

Каде се младите, таму е и Јанчев: Кавадарци врие од млади луѓе (Фото)

-Кавадарци живее А, нашите млади имаат многу причини да останат тука! Како е навечер? Градоначалникот Митко Јанчев во друштво со нив на една од многубројните забави во Централ кафе и клуб – напиша градоначалникот на Кавадарци на неговата ФБ фан страна.

Пpиjaвени над 20 пожapи: Прилепската пожapна со апел граѓаните да не ги палат земјоделските површини

Почитувани сограѓани, во текот на изминатиов викенд во ТППЕ Прилеп пријавени се повеќе од 20 настанати пожари на отворен простор на запалена сува трева, стрништа, отпадни материјали и слично, пред се поради необично високите температури за овој период од годината – информираат од Територијалната противпожарна единица Прилеп.

-Во пожарите биле загрозени и објекти од типот на викенд куќи, магацини или други помошни станбени објекти.

При чистење на земјоделските површини за претстојната сезона особено да се внимава да не се предизвика пожар со што би се загрозило здравјето, животот и безбедноста на нашите сограѓани како и да се внимава да не се предизвика и било каква материјална штета на блиските објекти.

Затоа упатуваме еден јавен апел до сите граѓани на општина Прилеп и останатите општини како Кривогаштани и Долнени каде што интервенира ТППЕ Прилеп, да се постапува внимателно и да не се палат огнови на отворено! – велaт од ТППЕ Прилеп.

Битолчанец зел објект под кирија и заедно со свој другар наплаќале за играње комap

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(56) и Р.В.(47), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.

На 08.01.2023, пријавените биле затекнати како во локал, кој првопријавениот го зел под закуп, организирале и наплаќале на присутните за играње на комар.

Артан Груби поднел оставка до Ахмети

Првиот вицепремиер Артан Груби синоќа пред жителите на Чаир изјави дека оставка доставил до лидерот на ДУИ Али Ахмети уште од првиот ден откако станал вицепремиер и министер за политички систем, пренесува Пресс24.

И јас и Бујар Османи, ако Али Ахмети ни каже да си одиме дома, нема гајле. Јас му ја испратив оставката уште од првиот ден кога станав функционер, неговиот збор е последен збор за мене“, изјави Груби на чаирчани.

Али Ахмети даде се од себе за Чаир, додаде Груби.

„Ахмети даде се од себе за Чаир и сиот свој политички капитал го вложи во Чаир. Можеше да го испрати „Скендербег“ во Тетово, многу полесно ќе беше Универзитетот „Мајка Тереза“ да го однесе во Кичево, но неговата политика беше да ги зајакне Албанците од Скопје и да ја врати политиката во Скопје, а тоа ви пречи“, изјави вицепремиерот Груби.

Петмина на двајца, едно лице тешко повpeдено: Групна тепачка помеѓу млади во Битола

Вчера во СВР Битола бил извршен службен разговор со Д.П.(20), Д.Ф.(20), Х.Џ.(21), Н.С.(20) и К.Д.(18), сите од Битола, затоа што околу 02.20 часот во угостителски објект на ул.„Партизанска” во Битола учествувале во физичка пресметка со И.И.(21) и Л.Ѓ.(21), двајцата од Битола, при што Л.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клинички центар Битола.

Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

the land of the free.. and the home of the brave..

„ЛОРА“ (2013) – Шлакески Маринко (драмски текст – извадок)

(Собата на Лора, истиот распоред; Лора седи пред огледалото, празно гледа во него и повремено со дланките поминува преку нејзиното лице; на масата до неа има отворено писмо)

ЛОРА

Лора.. доаѓа од Елео.. Нора.. Моите сакале да имам славно име.. име кое зборува.. име кое се памети.. Малку сум била Елена, малку Нора.. па Лена.. Лена, тоа ми се допаѓаше, да.. но повеќе ми се допаѓа Лора.. Лора, како.. (ја губи мислата)

(пауза)

Утрово дојде писмо. (погледнува во писмото и почнува да го врти низ рацете) Писмо како и повеќето други.. Бело плико и неговата содржина во него. Но сепак нешто беше поинаку со ова. Поинаков беше начинот на кој ова писмо дојде.. Всушност, зошто луѓето велат „дојде писмо?“ Писмата не доаѓаат. Писмата некој ги носи или сами ги земаме, но сепак.. (воздивнува) Не слушнав ѕвонење. Слушнав силно тропање на вратата.. неколку пати. Тропањето беше толку силно што целата се стресов. Толку бев исплашена што за момент неможев да се снајдам и да чујам од каде доаѓа толкава бука. Отидов до вратата (оди до вратата и ѕирнува низ окното), погледнав да видам кој е пред да отворам, но надвор немаше никого! Тропањето продолжи со истата силина и јас конечно ја отворив вратата.. Пред мене стоеше човек кој без да чека да прашам или да кажам било што, само студено рече: „Лора“, што звучеше повеќе како констатација отколку како прашање. Ми го подаде писмото и рече „Потпишете се овде.. и овде!“ „Што е ова? Што ми давате да потпишам?“ го прашав. „Известување“ – вели. „Ова е службена достава.“ Само тоа ми одговори. Се потпишав, а тој веќе беше заминат уште пред да успеам да изговорам било што. По не знам кој пат помислив дека јас сигурно го губам и она малку разум кој имаше останато во мене. Што потпишувам, каква е таа „службена достава?“ Каков е овој јазик кој одвај го разбирам и кој зборува вака? Откако ја прочитав содржината на писмото имав чувство дека почнав да наликувам на воз кој се движи на слеп колосек а чија брзина се повеќе и повеќе се зголемува. (го отвора писмото, почнува да чита) „Во нашето одделение стигна потврдена информација која се однесува на извесно Ваше однесување со кое се предизвикува основа за загриженост. Ве известуваме дека доколку се забележи понатамошно дејствување во истата насока, наши претставници ќе преземат активности со цел оваа појава да биде неутрализирана. Со почит, Од Одделението за граѓанска безбедност.“ (ги спушта рацете надолу, беспомошно ја наведнува главата)

(мрак; се слуша металниот звук на часовникот)

„ЛОРА“ (2013) – Шлакески Маринко (драмски текст – извадок)