дома блог страница 1294

Медицинските работници не попуштаат – утре од 10 часот ќе излезат на протест пред болниците

Здравствените работници излегуваат на протест. Утре во 10 часот, за време на паузата, лекарите и другиот медицински персонал во координација со синдикатите ќе го изразат својот револт – велат дека целиот систем е во колапс, а се револтирани што власта со години ги игнорира нивните проблеми.

Синдикатот на Клинички центар, утре излегува на протест за време на паузата. Ова го најави д-р Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот.

„Донесовме одлука утре да излеземе на протест, за време на пауза, за да нема штета кон пациентите. Барањата ни остануваат, платите легнаа на сметка на клиниките, уште немаат земена 6-7 клиники. Се надевам дека и тие ќе ја земат платата до денеска“, изјави Серафимовски.

Од лекарската фела бараат покачување на платите на сите вработени во здравството и исплакаќање на регрес за годишен одмор. И велат дека крајно несериозно е да една држава да нема министер за здравство. Бараат итна средба со премиерот.

Гордана Димеска од извршниот одбор на Синдикатот на Клинички центар рече дека протестот е поради неколку барања.

„Бараме да се потпише Колективниот договор за кој преговаравме 3-4 месеци кој беше постигнат усмено, но не е потпишан. Друго барање е да бидеме социјален партнер, да влеземе во преговорите за новиот закон за системот за плати, затоа што во моментов ги става синдикатите во неповолна положба и ги ограничува нивните права. Со овој закон досега се минимизира учеството во синдикатот во платите и додатоците на плати“, изјави Димеска.
Лекарите бараат државата да покаже сериозност, велат дека со ваквиот однос ќе си заминат и оние малку добри лекари и сестри кои останаа во државното здравство.

Дел од лекарите иако се заканија со кривични пријави против одговорните во Фондот за здравствено осигурување, тие се пишманија. Образложение нема, иако беа револтирани од нефункционалноста на здравствениот систем и игнорантскиот однос од нивна страна.

Инаку, на протестот кој се организира за утре, ќе излезат вработените во речиси сите болници, не само во Скопје, туку и во останатите градови низ земјава.

(Видео) Еколошка катастрофа во Италија- пресушени каналите во Венеција

Италијанците се загрижени дека државата е во опасност од уште суша по минатогодишната алармантна состојба. Како причина за еколошката катастрофа тие го наведуваат малото количество на снег на Алпите и целосно променетите временски услови.

Венеција, каде што поплавите се голем проблем, се справува со невообичаено ниска плима што ги спречува гондолите, такси бродчињата и амбулантите да пловат по каналите, пишува Гардијан.

Teшка cooбpaќajка на патот Битола-Прилеп: Eдно лице 3AГИHA

Од 16:15 часот, патниот правец Битола-Прилеп А3, поточно на излез од Битола кон Прилеп, после бензинската станица БП „Пелагонија“ е затворен за сообраќај во двата правци поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

Според извори во СВР Битола, станува збор за тешка сообраќајна нecpeќа, во која има една жpтва.

(ФОТО) Пример кој треба да го следат голем број други: Компанијата “Цермат” доби признание за поддршката на спортот

Благодарение на својата посветеност да има позитивно влијание врз своите клиенти, вработени и заедницата, како и да ја дава својата безрезервна поддршка за спортот, компанијата ЦЕРМАТ доби признание за општествено одговорна компанија од страна на Општинскиот сојуз на спортови, во рамките на традиционалниот годишен избор на најдобри спортисти и екипи на Битола за 2022 година.

Како компанија која зазема силен став за прашања како одржливост, правични работни практики и ангажман во заедницата, изградивме репутација на компанија која се грижи да направи разлика во светот, истовремено приоритетизирајќи го спортот како една од најважните ставки во промовирање на здравиот начин на живот.

Упатуваме искрена благодарност до Општинскиот Сојуз на спортови – Битола за добиената плакета, која го потврдува статусот на ЦЕРМАТ како една од општествено најодговорните компании во индустријата за сладолед и замрзната храна.
Особено горди на своите достигнувања, продолжуваме со својата работа и залагање да имаме позитивно влијание врз заедницата преку своите производи, практики и филантропија, и преку поддршка на спортот и спортските активности – стои во сооштението од компанијата “Цермат”.

Внимавајте што правите по полињата: Жител од битолско запалил стрништата, па огнот зафатил далновод за стpyja

На 20.02.2023 во СВР Битола бил извршен службен разговор со Б.Н.(60) од с.Кукуречани, битолско.

Тој се сомничи дека на 18.02.2023 околу 17.00 часот во атар на село Крклино, битолско, запалил стрниште при што настанал пожар во нива кој зафатил и далновод за пренос на електрична енергија.

Б.Н. го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

По “Prilep Outlet Weekend”, подгответе се за “Чаршиски попусти” во Битола – Цените ќе паднат и до 50%

Откако изминатиот викенд во Прилеп се одржа првиот “Prilep Outlet Weekend”, а чаршијата беше полна со купувачи од речиси сите краишта на Македонија, сега и битолските дуќанџии се организираа, па за престојниов викенд подготвуваат попусти и до 50%.

Порталот “Бабам Битола” пишува дека речиси сите дуќанџии се приклучуваат кон акцијата, а шопинг викендот во градот на конзулите ќе се одржи под мотото “Чаршиски попусти”.

Добра шанса да им вратиме на битолчани за масовната посетеност и да се подновиме и ние со некое парче облека, или да купиме некој производ што го нуди битолската чаршија.

Русија се повлекува од Договорот за нykлeapнo вoopyжyвaњe?

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им се обрати на пратениците на двата дома во Москва. Путин зборуваше речиси два часа на различни теми – од вojната во Украина, економијата, образованието до нуклeapното opyжje.

Иако сите очекуваа објавување на целосна војна, тоа не му се случи. Најголем дел од дискусијата беше насочена кон економијата и образованието, а на крајот Путин спомена само дека Русија го суспендирала Договорот за стратешко и офанзивно нykлeapно opyжје СТАРТ 1, 2 и 3.

Новиот договор СТАРТ беше единствениот преостанат американско-руски договор за контрола на нykлeapното вoopyжување потпишан на 8 април 2010 година. Во 2021 година, Путин потпиша петгодишно продолжување на договорот врз основа на договорот постигнат претходно од Москва и Вашингтон.

– Сега знаеме дека САД развиваат нови видови нykлeapно opyжје. Мора да ја задржиме и подготвеноста на нашиот нykлeapен apcенал. Секако дека нема да нападнеме први – рече тој.

Според безбедносните експерти во Европа, ова е потег кој треба да се сфати многу сериозно и уште еден доказ за непредвиливата политика на Путин.

И после оти најблиски сме биле со нив: Македонскиот јазик е во службена употреба во Србија

Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог на Србија по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, соопшти дека во државата, покрај српскиот, во официјална употреба се уште 12 други јазици на националните малцинства.

Во 42 локални самоуправи во официјална употреба се албански, босански, бугарски, буњевачки, унгарски, македонски, романски, русинскии, словачки, хрватски, црногорски и чешки јазик, а во некои населени места влашки и ромски, се наведува во соопштението..

Во Србија 60.000 деца посетуваат настава на малцинските јазици на сите нивоа на образование, поточно на албански, босански, бугарски, унгарски, русински, романски, словачки и хрватски, пренесува Бета.

Во рамките на предметот Мајчин јазик со елементи на националната култура се изучуваат уште осум јазици: буњевачки, влашки, македонски, германски, ромски, словенечки, украински и чешки.

Во 1999 година, Генералното собрание на УНЕСКО го прогласи 21 февруари за Меѓународен ден на мајчиниот јазик, во спомен на студентите кои беа убиени на тој датум во 1952 година во Дака, Источен Пакистан, бидејќи протестираа поради тоа што нивниот мајчин јазик не е прогласен за официјален.

Одлични настапи на младите пингпонгари од Младост 96 на Телеком мастерсите кои викендов се одржаа во Прилеп

Изминатиот викенд продолжија активностите на ППК Младост96. После одлично организираниот Меморијален турнир, два дена во Прилеп се одржуваа Телеком Мастерсите за У19, У11 и У13. Наредниот викенд повторно во Прилеп ќе бидат Мастерсите У15 и сениорскиот мастерс.

Играчите кои ги бранеа боите на клубот постигнаа одлични резултати. Оваа година со градскиот ривал Младост, се направи одлична соработка во делот на позајмици на играчи, онаму каде двата клубови имаа потреба. Тренерот на Младост, Зоран Јованоски, излезе во пресрет и ги позајми за оваа полусезона Софија Хасану и Емилија Маркоска, за да можи клубот, а и самите играчи да играат во сениорската лига, како и во јуниорската лига, каде Младост96 има пријавено свои екипи. Додека Младост96 на екипата на Младост за оваа полусезона им го отстапи својот надежен млад играч, Трајче Маркоски.

Софија Хасану го освои Јуниорскиот мастерс убедливо без ниту еден пораз, додека пак Емилија Маркоска одигра одлично и го освои третото место, а Васе Богоеска се пласира во осумте најдобри, иако имаше одлична игра и можеше да се пласира во полуфиналето.

Лука Огненовски одигра одлично, но во 1/8 финале се сретна со играч кој подоцна го освои третото место.
Кај машките, Трајче Маркоски, кој оваа полусезона е играч на Младост, играше финале и го освои второто место во У13, додека Мартин Ристески го освои третото место, а Давид Јоноски заврши меѓу осум најдобри.
Наредниот викенд очекуваме нови медали

Нека е здраво и живо: После речиси 2 месеци, poдено првото бебе во 2023 година во Пехчево

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и донесе среќа и бериќет во семејството Абдулови од село Црник, Пехчево.

Градоначалникот Китански и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката Шарбина Абдулова. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете.

Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Александар Китански.

Среќна сум и имам голема чест што ме посети градоначалникот, а донесе и подароци за мојот син. Сепак мојот новороден син ми e најубавиот подарок и на сите им ја посакувам мајчинската среќа – изјави мајката Шарбина.