дома блог страница 1293

Пензионер 7000 пати се јавил во полиција и брза помош: Ги вознемирувал и навредувал вработените па завршил во затвop

Пензионерот Роџер Џексон од Велика Британија заврши во затвор откако се јавил во полиција и брза помош повеќе од 7.000 пати. Полициската станица во Сасекс и Службата за брза помош рекоа дека тој ги вознемирувал од октомври 2020 година.

Се проценува дека потрошил повеќе од 400 часа на повици. Сара-Луиз Глендон, портпаролка на полицијата, рече дека Џексон добил неколку предупредувања за постојаното јавување пред да биде приведен.

„Фреквенцијата на неговите повици имаше ефект да го спречи оперативниот центар да обезбеди услуга за јавноста на која навистина и требаше полициска помош“, рече таа.

Тој беше осуден на 39 месеци затвор откако ја призна вината. Нејтан Данер, кој работи во брзата помош на Југоисточниот брег, рече дека Џексон секојдневно вербално ги малтретирал вработените.

„Само еден непотребен повик ги доведува животите на другите во опасност“, нагласи тој.

Путин го поништи декретот од 2012-та: Русија веќе нема да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија?

Рускиот претседател Владимир Путин го откажа својот декрет од 2012 година, според кој Русија ќе го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија.

Путин одлучи да го поништи својот декрет за надворешна политика на Русија, според кој Русија требаше да се приближи кон политиките на ЕУ и САД, да го почитува суверенитот на Молдавија, како и територијалниот интегритет на сите држави, пренесува Медуза.

Со својата одлука, Путин откажа многу упатства кои му беа дадени на Министерството за надворешни работи уште во 2012 година.

11 -годишниот декрет предвидуваше „доследна примена“ на договорот за ограничување на стратешкото opyжје (СТАРТ) со САД. Тој вчера соопшти дека Русија повеќе нема да го почитува ниту овој договор.

Се’ е розово: “СДСМ го оствари ветувањето – просечна плата над 34.000 денари, година и пол пред предвидениот рок”, вели Каевски

„СДСМ денеска оствари клучно ветувања од Програмата за парламентарните избори во 2020 година.

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната плата исплатена во декември 2022 година изнесува 34.364 денари, што за 14.8 отсто повеќе споредено со истиот месец од 2021 година.

Со ова, една и пол година порано од предвиденото се остварува ветувањето на СДСМ и коалицијата за просечна плата од 34.000 денари до крајот на мандатот, односно до јули 2024 година.”- рече на денешната прес конференција, Дарко Каевски.

-Преку одговорни и ефикасни економски политики и во време на светска економска криза успеавме да ги зачуваме работните места и да отвориме нови, а платите да растат постојано.

Минималната плата во март минатата година ја покачивме на 18.000 денари, а веќе во март оваа година таа ќе изнесува 20.200 денари, што е предвремено остварување на уште едно ветување на СДСМ за минимална плата од 20.000 денари до крајот на мандатот.

За СДСМ зборот останува збор, она што го ветуваме пред граѓаните, тоа го остваруваме.

Сето ова за нас е мотив да продолжиме со реализација на мерките и политиките во Програмата, рече Каевски.

(Фото галерија) Малку треба за ГОЛЕМО ДЕЛО: Прилепчанец самоиницијативно разубави зелена површина

Прилепчанецот Бобан Аранѓелковиќ на своја иницијатива ја разубави и обнови зелената површина позади црквата Св. Благовештние.

Овој наш сограѓанин покажа дека не секогаш треба да се чека на надлежните, туку сите ние самите можеме да направиме дело кое ќе биде корисно за сите.

Секоја чест за потегот!

И моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа, вели Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери со реакција по повод критиките од јавноста за изборот на неговиот син за Обвинител.

За предметот на Антикорупциска на неговиот син, Талат Џафери вели дека има донесено одлука, односно нема покренато постапка.

„И моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа“, вели Џафери.

Го запалил ѓубрето во дворот, па од огнот се зафатил дворот и шталата од комшијата – сега ќе одговара кpивично

На 21.02.2023 во СВР Битола бил извршен службен разговор со Х.П(58) од с.Трново, битолско. Тој се сомничи дека на 21.02.2023 околу 11.00 часот во дворот на неговата куќа во село Трново, запалил оган од суви гранки, при што огнот се проширил кон соседниот двор и зафатил дел од дворот со дрва и дел од штала, како и нива и зафатил далновод за пренос на електрична енергија.

Х.П. го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најдобрата забава и овој викенд во Прилеп е во ресторан “Деспина”: Промотивни цени на пакет пијалоци, резервирајте на време!

Kaко и секој викенд и овој, најдобрата забава во Прилеп ќе биде во ресторанот “Деспина”. Во сабота гостите ќе ги забавува естрадниот пејач Јоце Панов, а ресторанот нуди одлична понуда на пакети со пијалоци по прифатливи цени.

Побрзајте и резервирајте на време на телефонскиот број: 072-209/996.

Ресторан “Деспина” ве очекува!

Денес се празнува Светиот маченик Никифор

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се одметна во страшна меѓусебна омраза. Богобојазливиот Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа.

Кога настана гонење на христијаните, свештеникот Саприкиј беше осуден на смрт и изведен на губилиште. Нажален Никифор појде со Саприкиј молејќи го патем барем пред смртта да му прости и да се разделат во мир: „Те молам, Христов маченику“, му велеше Никифор, „прости ми ако ти згрешив нешто!“ Саприкиј не сакаше да се обѕрне на својот соперник, туку мирно и гордо чекореше кон смртта. Но, кога ја виде тврдокорноста на неговото срце, Бог не сакаше да му ја прими маченичката жртва и да го овенча со венец, туку тајно му ја одзеде благодатта. И во последниот миг пред џелатите Саприкиј се одрече од Христа и изјави дека ќе им се поклони на идолите.

Така беше заслепен од омразата. Никифор го преколнуваше Саприкиј да не се одрекува од Христа. „О брате, не прави го тоа, не одрекувај се од нашиот Господ Исус Христос, не губи го небесниот венец!“ Но сè беше залудно, Саприкиј остана на своето. Тогаш Никифор им возвикна на џелатите: „И јас сум христијанин! Убијте ме мене наместо Саприкиј!“ Џелатите му го јавија ова на судијата и тој им нареди да го пуштат Саприкиј, а да го убијат Никифор.

Тој радосно ја положи својата глава на трупецот и му ја отсекоа. Така се удостои со Царството Небесно во кое влезе овенчан со маченички венец на бесмртната слава. Ова се случи во 260 година, во времето на царот Галиен.

Златно дете: 8-годишниот генијалец од Тетово, Македон, освои медал на меѓународниот натпревар „Математика без граници“

Браво за 8-годишниот генијалец од Тетово. Македон и оваа година успеа да се закити со медал на меѓународниот натпревар по математика „Математика без граници“ и освои сребро.

Нашиот математички генијалец Македон Димитровски (8) продолжува да реди успеси. Тој годинава освои сребрен медал по математика во натпреварот „Математика без граници“.

Гордите родители на нашиот мал математичар ги споделија убавите вести на социјалните мрежи.

Прилепчанец и Норвежанец ги загyбиja животите во денешната страотна cooбpaќajна нecpeќа на патот Битола-Прилеп

Попладнево во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец А3 – Битола – Прилеп, животот го загубија две лица.

Во сообраќајната незгода учествуваа патничко возило марка „Ситроен Ксара”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот прилепчанец П.В. и патничко возило марка „Ситроен Ц1″, со битолски регистарски таблички, управувано 64-годишниот норвешки државјанин З.Р., со кого патувала и Норвежанката A.E. (49).

Во незгодата од повредите на лице место починале двајцата возачи, а A.E. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.

Сообраќајот на релација Битола – Прилеп по неколкучасовен прекин, беше нормализиран во 19:25 часот.