дома блог страница 1292

(Фото) МВР ги учеше прилепчани и крушевчани да носат појас и каде да паркираат

СВР Битола и РСБСП продолжуваат со превентивните активности со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Денеска (13.01) полициски службеници од полициското одделение за безбедност на сообраќајот при ОВР Крушево спроведоа превентивна активност во Крушево, насочена кон возачите на моторни возила за важноста од користење на сигурносен појас, како и за почитување на останатите сообраќајни прописи.

Исто така, во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и РСБСП спроведоа превентивна активност за правилно паркирање, а на возачите им беше поделен и едукативен материјал.

(ФОТО) Мало чyдо во Битола: 52-годишна мајка по долги години борба со неплоднocт на свет донесе здраво женско дете

По долгогодишна битка со неплодноста, на само ден пред големиот празник Василица, 52 годишна мајка на свет ја донесе Јана. Јана е најновиот член на нашето големо семејство, која дојде по пат на царски рез, со тежина од 2600 грама, информираат од Болницата Плодност во Битола.

„Она што често сме го нагласувале, а постојано се потврдува во пракса, е фактот дека пациентки над 50 години, кои забремениле по пат на ИВФ постапките, стануваат мајки и се породуваат во нашата болница, токму како и во овој случај. Наскоро, очекуваме пациентка на 53 годишна возраст, која исто така забремени по пат на ИВФ, да се породи во нашата болница. Со ова, уште еднаш докажуваме дека упорноста и желбата на мајките да донесат на свет свое новороденче е поголема и посилна од се, а нашиот стручен тим се вложува до максимум, за да ја реализира таа нивна желба“, истакна прим. Д-р Таше Трпчевски, шеф на најдобриот, според реализација ИВФ тим во Македонија.

(Видео) Назад на фабричко подесување

На социјалната мрежа Твитер е објавено видео од инцидент во продавница, а главни актери се две девојки.

Иако не се познати многу детали за тоа каде се случил овој инцидент, ниту кои се главните актери, на видеото може да се види девојка, која во продавницата влегла со капа на главата и во моментот кога се приближила до касиерката решила да нападне една од работничките, која во тој момент ги редеше полиците.

Објавата на Твитер брзо беше преплавена со стотици коментари.

Еве колку е цената на кафето во најубавиот струмички ресторант и како изгледа менито (Фото)

Еден од најдобрите ресторани во цела југоисточна Македонија, ресторанот “Шалом” од Струмица, веќе неколку години важи за едно од најпосетуваните места, со најдобра гастрономска и музичка понуда, но и со цени кои се пример, особено во овие кризни времиња кога голем број угостители цените ги кренаа до недоглед.

Не верувате? Епа погледнете ги цените на безалкохолните пијалоци и кафето и ќе ви стане јасно.

Кафе 40 и 50 денари…. Значи можело и така, а притоа да уживаш и да поминеш убаво време со своите најблиски во пријатен и отмен амбиент.

Епа угостители размислете нареден пат кога ги пишувате цените во менијата!

А вие почитувани наши читатели, ако ве носи патот за Струмица, тогаш “Шалом” е вистинскиот избор. Посетете ја нивната Фејсбук фан страна и уверете се во богатата гастрономска понуда и прекрасната атмосфера.

Василица масовно одбележана во Прилеп: Среќниот пронаоѓач на паричката е Гаврил Кочоски (Фото галерија)

Со бурек, греано вино и топол чај, се одржа манифестацијата „На Василица во Прилеп-2023“ во организација на Општина Прилеп, по повод православниот христијански празник Св.Василиј (Василица), во кој се верува дека оној кој што ќе го најде паричето во бурекот, ќе биде среќен во текот на целата година. На плоштадот пред Градскиот саат во Прилеп, беа поделени околу 500 буреци меѓу граѓаните,кои ја посетија манифестацијата и уживаа во топлото време, надополнето со звуците на убава македонска староградска музика.

Целта е заедничко празнување на еден од поголемите празници Василица, кој кај православните христијани е познат и како Стара или Православна Нова Година истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Денеска, тука од центарот на Прилеп, со еден ваков настан кој започна минатата година насловен „На Василица во Прилеп“ го одбележуваме празникот Василица, кој што со сигурност е единствен ваков настан во Македонија, со кој сакаме да воспоставиме една традиција, која што ќе ја надоградуваме во текот на наредните години, со цел да прерасни во уште поголема манифестација и ќе претставува нов препознатлив бренд на Прилеп. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на општествено одговорните компании: пекари, винарии и ресторани кој што се приклучија на манифестацијата и дадоа свој придонес за нејзина реализација. Бурек, топол чај и греано вино има за сите присутни, а за најсреќниот граѓанин кој што ќе ја најде паричката, Локалната самоуправа ќе му подари скромен и симболичен подарок, за здравје, среќа, бериќет. Обичаите се убави, па заедно да настојуваме да ги продолжуваме и негуваме, бидјеќи тие се корените на нашето постоење, на нашата македонска традиција и препознатливост“. – рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески .

На манифестацијата „На Василица во Прилеп“ која се одржува по втор пат, општествено одговорните компании: Пекарите: Џулијано, Алекс, Маја и Филип како и гостилница Фешта, Чифлик-Винарија од Битола и Јавните претпријатиа Комуналец и Терминал, активно се вклучија во манифестацијата и дадоа свој придонес.

Гаврил Кочоски беше среќниот пронаоѓач на паричката, на кого градоначалникот во името на општината му подари симболичен подарок за здравје и среќа.

Дали сте знаеле зошто се пали оган вечерва, а утре се крши пита со паричка?

Голем број македонски семејства ја празнуваат Василица како домашна слава, а оние што го носат името на свети Василиј Велики го слават својот именден.

Василица или Стара Нова година, како што меѓу народот е познат, е празник за кој во традицијата на Македонците има најмногу обичаи.

Тие генерално имаат сличности, но се разликуваат во нијанси од едно до друго место. Култот што за овој празник е изграден е толку голем, што го прави еден од најпразнуваните празници по Велигден, Божиќ и Водици.

Голем број македонски семејства ја празнуваат Василица како домашна слава, а оние што го носат името на свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кршат и пита со паричка и исто така се верува дека оној на кој ќе му се падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народните верувања, ги прогонува лошите сили.

Во голем дел од градовите низ Македонија се организираат маскенбали, или популарно наречени василичарски карневали. Нивното одржување се поврзува со испраќањето на Старата година и дочекот на Новата, за која се верува дека треба да биде подобра и посреќна.

Според теолозите, токму во житието на свети Василиј лежи причината поради која на овој ден се дели лепче со паричка.

– Во времето кога свети Василиј Велики станал архиепископ кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кесарија да ги донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и одбил да земе што било, ниту пак го ограбил градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на новогодишната вечер, не знаејќи што кому му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, ги замолил готвачите да направат мали лепчиња за секој верник. Во секое лепче ставил малку накит и златници. На денот на Нова година, кога сите луѓе дошле в црква, тој на секој му дал по едно лепче. Тоа што секој го нашол во лепчето било токму тоа што претходно го дал – пишува во житието за свети Василиј.

За спомен на овој настан и денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Нова година (по стариот календар,) да се меси лепче со паричка во него.

Стара Нова година, односно почетокот на православната година по јулијанскиот календар, покрај верниците на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, ја слават и Српската и Руската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од Света Гора.

Лазаров: Во спортот секогаш треба да се верува во нешто невозможно

Ракометната репрезентација на Македонија ги остави зад себе подготовките и сега дојде пред првиот испит на Светското првенство и натпреварот со Норвешка. Европскиот ракометен гигант ќе биде вистински тест на силите на дополнително подмладената репрезентација.

Во пресрет на мечот, на утринскиот брифинг свое видување на ситуацијата и најава даде селекторот Кирил Лазаров. Предводникот на националниот тим на Македонија даде детална анализа на ситуацијата, противникот и целите на оваа репрезентација.

„Подготвени сме за ова СП. Уште во првиот натпревар играме со Норвешка, за која не треба да зборуваме која е и што е, играше во финалињата на Мундијалите во 2017 и 2019 година. Тие се дојдени да направат голем резултат, сакаат златен медал. Сметам дека во спортот секогаш треба да се верува во нешто невозможно. Ние сме во таква позиција, не можеме да загубиме ништо, а можеме да добиеме многу. Има доста конфузија дали ќе се штедиме, ама тоа нема да е така, ние ќе одиме од стартот максимално и ќе чекаме шанса да одиграме еден квалитетен натпревар.

Сакам да нагласам дека оваа репрезентација направи многу, за првпат победивме два баражи против квалитетни противници. Треба да се даде поддршка, и покрај сите скептици, успеавме да го задржиме континуиетот на големите собири. Успеавме без Кире, Жути или Столе да се пласираме на СП, а на чекор сме и до пласман на ЕП. Одиме чекор по чекор, резултатите можат да дојдат побргу или подоцна. Што и да се случи, мора само да одиме по нашиот пат. Сакам да нагласам дека тука имаме седум дебитанти. Сепак, имаме голема самодоверба и подтовени го очекуваме овој турнир. Имам јасен концепт и визија за денешниот натпревар. Ова е турнирски систем и ќе правиме ротации за различни противници со различен тип на играчи“, кажа Лазаров.

Натпреварот меѓу Норвешка и Македонија е закажан за вечерва во 20:30 часот. Дотогаш Лазаров ќе свика уште еден последен тренинг на кој ќе ги подели последните совети.

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Македонската фаланга почна да се загрева – Македонија вечерва стартува против Норвешка (Фото)

Македонија вечерва со почеток од 20:30ч. со натпревар против Норвешка го стартува осмиот настап на Светските првенства во ракомет.

Нашите момци освен со Норвежаните ќе се соочат и со Холандија во недела и Аргентина во вторник. Во таборот на нашата репрезентација веруваат во пласман во втората рунда, а секако шансата ќе се бара на натпреварите против Холаѓаните и Аргентинците.

Црвено-жолтите ќе имаат поддршка на трибините, а фалангата веќе се загрева.

Борко Ристовски: Лазаров отиде во длабокото без да си ги земе мускулите

Поранешните репрезентативци Борко Ристовски и Кире Лазаров очигледно дека не се во најдобри односи.

Никој досега не излезе јавно да објасни зошто и како дојде до ова. Многумина претпоставуваа дека тоа е поради одлуката на Кире да не го повика Борко во репрезентација откако стана селектор.

Во најновиот јутјуб подкаст „Жешко столче“ актуелниот голман на Вардар упати низа критики за работата на селекторот на македонската репрезентација.

Ги оладивте ли односите со Лазаров? Пред два дена ја пеевте химната гушнати како во вашите најдобри времиња.

Не ги оладивме, ниту ги дозагреавме. Нашиот однос остана статус кво. Луѓето кои се блиски до мене ја знаат ситуацијата, а веројатно и тие што се до него. Не би сакал да коментирам повеќе, му посакувам се најдобро во животот и семејството.

Како ќе ја искоментираш селекцијата, многумина велат дека повикал многу ракометари од тимот каде што е тренер?

Тоа е друго прашање. Кога се разговара за величина како Кире Лазаров мора да се направи дистинкција или она што го правеше како играч за кој што сум кажал многу пати дека е еден од најдобрите играчи на својата позиција. Тоа е една работа. Меѓутоа тој ја заврши својата кариера и се одлучи да биде тренер, селектор и се она што сте го правеле како играч ви дава кредит на одредено време. Мислам дека неговиот кредит од една година заврши и сега ќе доаѓа во води кои се немирни и ќе има доста критики. Познавајќи го него не е навикнат на критики и ќе треба да научи, затоа што јавноста во голем дел го критикува неговиот избор и со право, бидејќи изборот на репрезентативци, без да ги навредам, сите заслужуваат до еден да се таму, меѓутоа да земете од Вардар само четворица репрезентативци, а од Алкалоид да има осум, тоа ми нема воопшто логика. Има играчи во Вардар кои заслужуваат да бидат во репрезентација. Не е повеќе во водите на спортитот каде доминираше. Мислам дека отиде во длабокото без да си ги земе мускулите и допрва ќе има проблеми во тој дел. Се надевам дека репрезентацијата нема да има големи последици, затоа што сè она што го градевме изминативе 15 години, оние резултати кои се боревме да ги достигнеме, не би сакал да видам некој поради лични ега или комплекси да ги сруши и да ја донесе Македонија на ниво каде што беше пред 15 години.

Целата емисија “Жешко столче” можете да ја погледнете во продолжение: