дома блог страница 1283

Секоја чест! Го фати светиот кpcт за Водици, а наградата ја донираше за детенце со попреченост

Младиот Иван Ѓоргиевски од Крива Паланка кој го извлече светиот крст од водите на Крива Река, го донираше телевизорот што го доби од општината на Атанас Ангеловски, детенце со попреченост.

Ѓоргиевски, заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, го посетија малиот Атанас кој поради попреченоста што ја има не може да се движи и му доставија подароци.

-Хуманостa и добрината се одлики на човечност, затоа денес заедно со Иван Ѓоргиевски, го изненадивме Атанас и однесовме подарок и јас, и Иван, кој ја донираше наградата добиена за Водици бидејќи го извлече крстот од водите на Крива Река. Во пресрет на шестиот роденден на Атанас, кој од мал се бори со попреченоста, го посетивме во неговиот дом и покрај радоста што му ја приредивме, посакавме Бог да го благослови со здравје и безгрижно детство, рече Митовски.

Мајката Бисера се заблагодари за хуманоста и изненадувањето што го приредија за нивното синче и рече дека се среќни што некој се сетил и на нив.

Инаку, семејството Ангеловски е во сицијален ризик, со двајца невработени членови и малолетниот Атанас на кој му се потребни постојана грижа и нега.

Божиновски: „Во Бугарија повторно не може да се состави влада“. Нека ја земат нашата, пoбyгаpcка нема

Сценаристот Божидар Божиновски со реакција за за реакциите од претседателот Стево Пендаровски и до министерот за надворешни работи Бујар Османи по претепувањето на секретарот на клубот на Бугарите „Цар Борис Трети“ во Охрид.

„’Во Бугарија повторно не може да се состави влада’. Нека ја земат нашата, пoбyгаpcка нема“, (пре)порача Божиновски на Фејсбук.

Двајца 22-годишни неготинчани yaпceни во Битола

На 20.01.2023 во 18.00 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода П.М.(22) и Г.Т.(22) двајцата од Неготино, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – Инфомриаат од СВР Битола.

Антониа Гиговска на роденденот објави дека се мажи и дека е бремена – таткото е најдобриот другар од бившиот

Три месеци откако јавно откри дека раскинала со Иван Јованов, пејачката Антониа Гиговска објави фотографии преку кои сподели дека е бремена, а радоста долго време ја криела. На една од објавените фотографии е и Роберт Спaсенцовски, кој е татко на детето на Гиговска, а сега и вереник. Роберт, воедно бил и најдобар пријател на претходниот дечко на Гиговска, Иван, а заедно работеле и на проект наречен „Џокер“.

„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен роденден за мене и погодете кој ќе биде мајка. ПС: Прстенот го бирал САМ. Умирам од среќа… си славам. Роденден, бепче, прстен, сè“, пишува Гиговска во објавата.

Гиговска долго време го криеше нејзиниот дечко Роберт од јавноста. Поранешното момче на Гиговска, Иван Јованов минатата година го промовираше проектот „Џокер“, презентирајќи и го на јавноста новиот проект со „ликот кој го крие ликот“, претставувајќи се со исто естрадно-уметничкото име како негативецот од стриповите и филмовите за „Бетмен“.

„Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, тој внимателно се труди да го сочува својот идентитет, а ние ќе му помогнеме во истото. Со Џокер веќе работиме подолго време, подготвивме три проекти кои едвај чекаме да и ги презентираме на јавноста“ – тврдеше тогаш Иван Јованов.

Подоцна се дозна дека зад ликот на „Џокер“ се крие токму неговиот пријател Роберт Спaсенцовски, и сегашен вереник на Гиговска.

Роберт бил најдобар другар на Иван. Ова може да се заклучи од интервјуто на Иван во „Бекстејџ“ каде овој факт не го негира.

„Јас не сакам да коментирам бидејќи не сакам да загрозам нивниот пат. Времето само ќе си покаже“, кажа Иван, а прашан што повеќе го болело дали тоа што е изневерен од Антонио или најдобриот пријател, одговори: „Јас не сум злопамтило. Ако тие решиле тоа да е така, мене ми е сеедно“.

Инаку таткото на Роберт е музичарот и пејач познат по добрите забави во скопските кафеани, Боби Спасенцовски.

Тој денеска преку фотографија им честиташе на синот и снаата, а неа ја нарече дека ќе му биде ќерка.

(Видео) Чудна појава на небото во Турција

Над градот Бурса во Турција вчера беше забележан огромен облак налик на НЛО, кој ги изненади граѓаните.

Облакот кој се појави на изгрејсонце со голема дупка во средината, остана неподвижен на небото речиси еден час.

Метеоролозите тврдат дека овие облаци се редок феномен, познати по својот заоблен изглед како чинија и обично се наоѓаат на надморска височина помеѓу 2.000 и 5.000 метри над земјата.

Кај што има ред има и поредок: Британската полициja го казни пpeмиepoт оти на снимено видео не носел поjac на задното седиште (ВИДЕО)

Премиерот Риши Сунак е казнет затоа што не носеше појас во автомобил во движење додека снимаше видео на социјалните мрежи.

Полицијата во Ланкашир соопшти дека издала на 42-годишен маж од Лондон условна понуда за фиксна казна.

Изјавено е дека г-дин Сунак „целосно прифаќа дека ова е грешка и се извини“, додавајќи дека ќе ја плати казната. Патниците фатени како не го врзуваат појасот кога е достапен може да бидат казнети со 100 фунти.

Ова може да се зголеми до 500 фунти ако случајот оди на суд. Премиерот бил во Ланкашир кога се снимало видеото, за време на патување низ северна Англија.

Видеото – за промовирање на последниот круг на владата на „израмнување“ на трошоците – беше објавено на Инстаграм профилот на г-дин Сунак.

Тоа е втор пат кога г-дин Сунак добива фиксна казна додека е во владата. Минатиот април, тој беше казнет заедно со Борис Џонсон и сопругата Кери за кршење на правилата за заклучување на Ковид – присуствувајќи на роденденски собир на тогашниот премиер во Даунинг Стрит во јуни 2020 година.

„Непочитување на правилата“

Огласите за фиксна казна се санкција за прекршување на законот и значат парична казна, која треба да се плати во рок од 28 дена или да се оспори.

Ако некој одлучи да ја оспори казната, полицијата потоа ќе го разгледа случајот и ќе одлучи дали да ја повлече казната или да го однесе предметот на суд.

Американците на страната на Србите: Заедница на српски општини ќе се формира со или без Курти, вели Ескобар

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар разговараше со приштинската и српската делегација за француско-германскиот предлог за решавање на прашањето на Косово. Тој оцени дека имал многу конструктивни разговори со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека наскоро се очекува да се одржи следната средба на преговарачите во Брисел.

Заедницата на српските општини (ЗСО) ќе се формира, со или без волјата на привремените институции на премиерот на Приштина, Албин Курти, изјави Ескобар за Гласот на Америка и нагласи дека формирањето на ЗСО и преговорите за француско-германскиот предлог „се не е целосно поврзан“.

Ние ќе го направиме тоа, ќе го направам со наоѓање партнери, има многу луѓе кои би сакале да видат подобри односи меѓу Србите на север и остатокот од земјата – рече Ескобар кога Курти неколкупати рече дека нема да формира ЗСО и додаде дека „едно лице и една страна не можат да се откажат од спроведувањето на законски обврзувачките точки“.

Тој додаде дека меѓународната заедница очекува и бара од Приштина формирање на ЗСО.

На прашањето дали тоа значи дека САД ќе го направат ако Курти не сака, Ескобар рече дека САД ќе започнат разговор за тоа, „национален разговор за тоа што значи исполнувањето на таа обврска за народот на Косово“.

Тој додаде дека „Курти не мора да се согласува“ со тоа бидејќи „Косово веќе се согласи“.

Ескобар оцени дека не е прашањето дали Курти се согласува или не, туку како тоа ќе се спроведе, а на изјавата дека Курти нема да го спроведе, категорично рече „ќе се спроведе“.

ЗСО е постоечка обврска и мора да се спроведе. Француско-германскиот предлог е многу добар предлог што им овозможува на двете земји да напредуваат кон одржлив мир. И на тоа ќе работиме истовремено и ни требаат двете работи – рече тој.

На прашањето дали има датум за следната средба во Брисел, Ескобар рече дека формално нема, но дека за тоа се разговара и дека тоа треба да се случи „многу, многу брзо“.

На прашањето дали наскоро ќе се обнови дијалогот, тој рече дека дијалогот не е прекинат.

Предизвикот беше што стана инструмент за решавање на кризи и сакаме повторно да го вратиме на стратешко ниво врз основа на француско-германскиот предлог. Сметаме дека тој предлог е добар. САД целосно го поддржуваат тој предлог и сакаме тој да биде добро решение за двете земји. Со други зборови, сакаме да отвори европска перспектива за двете земји, да отвори можност за поголема соработка не само со Европа, туку и со регионот и со САД – рече Ескобар, пренесе Танјуг.

Кончено! Снежна бајка во Крушево – Не чекајте повеќе и посетете го зимскиот убавец (Фото/Видео)

Конечно! Снегот пристигна во Крушево и ги израдува посетителите, но и сите оние кои викендов сакаа да го поминат на чист воздух.

Како што најавуваат од УХМР снежната покривка на планините ќе се зголеми, а формирање на снежна покривка се очекува и во повисоките места на запад.

Од Управата велат дека во југоисточните делови попладнево се очекуваат поројни врнежи.

Утре од вечерните часови под влијание на нов влажен бран ќе започнат врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во понеделник, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2). Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од понеделник попладне и на некои повисоки места.

ФОТО/ВИДЕО – Liljana Lile

Адвокатот што доби пријава за Сонцето од Кутлеш на Водици: Аирлија нека е, ние Македонците не се плашиме на нашите душмани

Адвокатот Тони Менкиноски кој вчера доби пријава од СВР Охрид за истакнување на огромното знаме со сонцето од Кутлеш на Водици не се кае за што што го сторил ниту се плаши од обидот на власта да го заплаши.

Менкиноски кој е бранител на македонските здруженија во Бугарија со кои има добиено десетина предмети во Стразбур порачува дека треба да се плашат тие што сакаат да го забранат македонскиот симбол а не Македонците.

,,АИРЛИА НЕКА Е !!!

Да разјасниме, јас не се чувствувам виновен за тоа што го развеав Македонското сонце кое е симбол на мојот народ ! Не се каам, а напротив се чувствувам достоен и горд како Македонец !!!

Немам намера да се спогодувам и да плаќам казни и глоби со кои сакаат да ме замолчат, а Вас да ве заплашат! Никогаш ние македонците не сме им се плашеле на нашите душмани.

Нека се плашат оние што сакаат да ни го забранат или премолчат Македонското сонце од Кутлеш кое е вечниот симбол на македонскиот народ во Пиринот , Егејот, Вардарот, Гора , Преспа и секаде каде има Македонец достоен на своите корени.

Македонското сонце треба да стои на вашите балкони, дворови и улици , само така ќе покажеме чија е оваа земја и кој е овој народ”, порачува Менкиноски упатувајќи до јавноста синтагмата – Македонија на Македонците!!!

,,Битката продолжува исто онака како во исечокот од филмот „ Најдолгиот пат“. Сто за вас една за нас”, заклучува Менкиноски.

Менкиноски предходно го истакна огромното знаме со сонцето од Кутлеш и во центарот на Скопје, но таму не доби пријава од полицијата.

Пандов: На 4 февруари јас и Патриотскиот институт на ВМРО ќе го браниме гробот на Гоце Делчев

Слушам дека разни негатори и бугарски инсталации се спремаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Јас и Патриотскиот институт на ВМРО ќе бидеме таму од раните утрински часови затоа што Гоце е Македонија, а Македонија е Гоце! Почитувајте го Гоце како Македонец роден во Македонија и никако поинаку! Се вели во Фејсбук статусот на Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ.