дома блог страница 1284

Лицитација со светиот кpcт во штипско Ново Село: Достигна цена од 95.000 денари (ВИДЕО)

Поделено мислење утрово на социјалните мрежи се води околу лицитацијата која се случила вчера во текот на денот по фаќањето на светиот крст во штипско Ново Село.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи се забележува како попот среде црквата во Ново Село во Штип го нуди светиот крст на лицитација.

Крајната цена на крстот достигна 95 илјади денари, а во меѓувреме додека течеше лицитацијата попот тврдеше дека парите им требале за да ги подмират сметките за струја, но не и за нивни лични потреби.

Украден уште еден автомобил во Прилеп – Еве каде да се обратите ако го забележите (ФОТО)

Украден уште еден автомобил во Прилеп. Андреј Кочоски на социјалните мрежи сподели информација за украден автомобил марка “Голф 3”, вишна боја. Тој замолува секој кој ќе го забележи да го контактира.

Неодамна сопственик на “Застава 101” објави дека неговиот автомобил бил украден во населбата Варош во Прилеп,
а по неколку дена лицето кое најверојатно го украло бегал од полицијата натоварен со тутун, па во еден момент застанал и го запалил возилото и избегал во непознат правец.

Полнете дури има време: Од полноќ значително поскапување на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,9 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 85, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,355 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,814 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 7,084 отсто, кај дизелот за 4,546, кај екстра лесното масло за 4,351 и кај мазутот за 5,491 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е понизок за 0,777 отсто.

На Водици во Охрид развиори 40метарско знаме со сонцето од Кутлеш, па МВР му напиша прекршочна пpиjaва

За малку избегнат инцедент за најголемниот христијански празник Богојавление, 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне. Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, вели адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур. Менкиноски против кого полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, раскажува што точно се случило:

Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител. Јас им побарав да ми донесат наредба им реков ова знаме нека да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент, вели Менкиноски.

-Ова значи дека идејата за македонската кауза не е мртва и мене ме импресионираше бидејќи добивав повици од младинци кои сакаат покажат дека македонската кауза не е закопана. Колку и да сака сегашниот образовен систем да ги насочи во друга насока морам да признам дека бев изненаден од тоа што го слушав од децата, од нивното себеидентификување како македонци -вели Менкиноски.

Знамето веќе го нема на бедемите на Самоиловата тврдина на кое охриѓани му се радуваа бидејќи тоа е симбол, македонско обележје од кое никогаш нема да отстапиме, велат.

Инаку за ицидентот со знамето Алфа побарала став од полицијата, прашале зошто полицијата инсиситрала тоа да се тргне? Во соопштението кое МВР го испратија стои дека вчера околу 10 часот на малиот плоштад, од страна на Т.М.(49) од Скопје, нарушен е јавниот ред и мир со истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон. Од страна на полициските службеници, изготвен е записник за констатиран прекршок.

Александар од Прилеп по четврт пат го фати светиот кpcт во Кавадарци (Фото)

Александар Ристески од Прилеп по четврт пат го фати светиот кpcт кој вчера на Водици се фрлаше во водите на реката Луда Мара во Кавадарци.

Александар е прилепски зет во Кавадарци, а откако го извади светиот крст од водите најави дека сите подароци што ќе му бидат врачени дека ќе ги донира на момче од Прилеп, на кое му е потребна помош.

Денеска е Собор на св. Јован Крстител: Чесит именден Јован, Јованка, Јове…

Денеска е Собор на св. Јован Крстител.

Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус.

Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

Според Јулијалнскиот календар денеска православните верници го празнуваат Свети Јован Крстител, кој се празнува на 20-ти јануари.

Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.

Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и мачениk. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.

Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар. Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември).

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.

Прилепчанец го фати светиот кpcт во Дизелдорф (Фото/Видео)

Големиот христијански празник Богојавление – Водици и оваа година масовно се празнуваше во сите градови и населени места, а водите се осветуваа и кај Македонците во дијаспората.

Каде и да се ширум светот, нашинците се верни на своите корени, традицијата, обичаите и религијата.

Во германскиот град Дизелдорф фрлањето на светиот крст во водите го изврши свештеник од црквата Св. Петка, а најсреќен беше прилепчанецот Дарко Јанкоски.

Честитки за Дарко и му посакуваме да го прати среќа во текот на целата година!

Oхриѓани го пpeтeпaлe секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис”

Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид бил претепан, јавија бугарските медиуми, а случајот го потврди и македонското МВР.

-Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и го повикав веднаш да се позанимава со случајот, а по половина час тој ми напиша дека сите тројца напаѓачи се идентификувани, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за емисијата BulgariaOnAir.

Според него, состојбата на претепаниoт не е добра.

„Мислам дека неговите физички повреди се сериозни, но и психичките“, истакна тој.

ФОТО НА ДЕНОТ: Бел гулаб – прекрасна симболика! Бог се јави!

Празникот Богојавление – Водици масовно се празнуваше во Прилеп и прилепско. Денот започна со традиционалното пуштање на белите гулаби и утринска литургија во црковните храмови, а потоа и со осветување на водите.

Од стотиците фотографии кои денеска се појавија на социјалните мрежи ја издвојуваме оваа.

Бог се јави! За многу години!

Загрмеа пушки “берданки” додека попот го фрлаше светиот крст во прилепско село (Видео)

Празникот Богојавление – Водици се празнуваше во речиси сите поголеми населени места во прилепско, а најгромогласно беше одбележан во едно мариовско село.

Додека свештеникот го фрлаше светиот крст, во позадина загрмеа пушки берданки…

Погледнете во продолжение: