дома блог страница 1282

Тензии и на фудбалските терени: Бугарин намерно yдpи фудбалер на А. Пандев и тоа на пријателски натпревар (ВИДЕО)

Академија Пандев загуби минимално со 0-1 на денешната првата контролка во Анталија од бугарска Марица во меч, кој донесе и тензии, откако бугарскиот фудбалер Јордан Пејчинов намерно без топка удри еден од фудбалерите на струмичани, па доби црвен картон – објави порталот SPORT1.MK

Видеото погледнете го ТУКА

Aнтонио Милошоски ги збecна Грците: Го развиори сонцето од Кутлеш на планината Олимп (ФОТО)

Антонио Милошоски е топ тема во грчките медиуми откако го развеа македонското знаме со сонцето од Кутлеш на планината Олимп.

Тој не остана без коментар:

Снегот го парализираше соседството: Затворени патишта, делови од населени места без струја

Поради снежното невреме денеска беа затворени неколку патишта во Црна Гора и Србија, а делови од Црна Гора со часови немаа струја.

Неколку луѓе беа завеани во местото Студено кај Даниловград, а за нив беа испратени и возила за снег.

Затворени се автопатите Плужине-Шќепан Поље, Подгорица-Колашин преку Платија, Шавник-Жабљак, извести Авто-мото сојузот на Црна Гора.

Не е познато кој победил: Кавадарчанец и жител на Росоман се cтeпале пред казино

На 22.01.2023 во 06.30 часот било пријавено дека пред казино во Кавадарци по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Р.Б.(40) од Кавадарци и Т.П.(32) од Росоман.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – информираат од МВР.

Институтот за Јавно Здравје соопшти: Регистриран првиот случај на новиот сој „кракен“ во Mакедонија

Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“.

-Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година, соопшти ИЗЈ.

ИЗЈ додава дека 32 примерока се позитивни на SARS-CoV-2, а селектираните примероци биле од месеците декември 2022 година и јануари 2023 година.

-Кај 8 примероци е детектирана BA.2 сублинијата на Омикрон сојот. Кај останатите 23 SARS-CoV-2 примероци е детектирана ВА.5 сублинијата на Омикрон, додава Институтот.

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски во врска со сојот кракен, во четвртокот изјави дека сите податоци што досега ги имаат укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не се очекува неговото ширење драстично да го оптовари здравствениот систем.

Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните.

Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели.

Одреден 30 дена пpитвop за Македонецот кој го тепаше Бугаринот Пендиков

Илија Спасески, кој го нападна секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети”, Христијан Пендиков, останува во притвор од 30 дена, одлучи судот во Охрид на барање на обвинителството.

24-годишниот маж е обвинет за предизвикување на тешка телесна повреда. Од ударите Пендиков се здобил со повреди на пршлените, ребрата и вилицата. Тој има и тешки повреди на главата. Постапката се уште е во тек и за другите двајца кои биле присутни на инцидентот. Делегацијата на ЕК во Скопје и побара надлежните да го истражат случајот.

Илија Спасески, кој му зададе низа брутални удари во грбот на Пендиков, е професионален натпреварувач во џиу џицу. Член е на карате клубот „Кун-су-то“ од Охрид. Спасески учествуваше на професионални натпревари и од нив освои бројни награди.

Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, со авион на бугарската влада „Фалкон“ бил пренесен на лекување во Воено-медицинската академија во Софија. Тој е на интензивна нега на Медицинската академија во Софија и ќе биде опериран во понеделник.

Прилепчани синоќа примерни – фатени само двајца под дејство на алкoxoл, во Битола 8

Во текот на изминатата вечер (21/22.01.2023)во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 10 возачи. Од нив 8 на територија на Битола и 2 во Прилеп.

За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила – информираат од МВР.

Прилепската болница дел од истражување на универзитетот во Оксфорд

На 17 јануари оваа година во највлијателното медицинско списание во светот “The Lancet“, глобалната мрежа предводена од институтот за мајчино и перинатално здравје на универзитетот во Оксфорд објавении се резултатите од студијата INTERCOVID 2022 спроведена во 41 болница во 18 држави.

Прим. м-р д-р Габриела Тавчиоска, педијатар во Општа болница со проширена дејност Прилеп е еден од членовите на оваа глобална мрежа и коавтор на трудот објавен во “The Lancet“, списение со највисок импакт фактор од 202,7. Д-р Тавчиоска соработува со институтот за мајчино и перинатално здравје на универзитетот во Оксфорд од 2018 година и како резултат на таа соработка универзитетот во Оксфорд прилепскатата болница ја стави на листата на свои соработници и и донираше два инфантометри и траки за мерење обем на глава.

За да го проценат влијанието на омикрон варијантата на COVID-19 врз исходот на мајката и новороденчето, истражувачите проучувале 1.545 бремени жени со дијагноза за варијантата и 3.073 недијагностицирани, истовремено бремени жени како контроли. Студијата била спроведена помеѓу 27 ноември 2021 година и 30 јуни 2022 година, во периодот кога беше присутна омикрон варијанттата на вирусот.

Омикрон варијантата на COVID-19 за време на бременоста беше поврзана со зголемен ризик од морбидитет кај мајката, тешки компликации на бременоста и прием во болница, особено кај симптоматски и невакцинирани жени. Обезните жени и жените со прекумерна телесна тежина со тешки симптоми беа изложени на најголем ризик за тешки компликации.

Според Хозе Вилар, професор по перинатална медицина на универзитетот во Оксфорд, еден од водачите на студијта INTERCOVID 2022, студијата обезбедува цврсти информации засновани на докази за зголемениот ризик предизвикан од омикрон варијантата за тешки компликации кај симптоматски и невакцинирани бремени жени. Студијата јасно укажува на потребата од целосна вакцинација за време на бременоста, по можност со бустер, за да се обезбеди заштита најмалку 10 месеци по последната доза. Професор Вилар препорачува антенаталните служби ширум светот да се стремат да ја вклучат вакцинацијата против COVID-19 во рутинската грижа за бремените жени.

Оваа студија е светол пример за тоа како добро координирано, мултинационално, заедничко истражување може, за многу кратко време, да обезбеди цврсти докази за подобрување на здравјето на мајките и бебињата ширум светот. Наодите од оваа студија и претходните INTERCOVID студии придонесоа за промени во клиничката пракса и политиката на јавното здравје со препорака за вакцинација на сите бремени жени.

Претходните 4 публикаци на проектот INTERCOVID се објавени во 2021 и 2022 година во престижните медицински списанија JAMA Pediatrics и The American Journal of Obstetrics and Gynecology.

Линк до целосниот труд:

https://www.thelancet.com/journals/lancet/article/PIIS0140-6736(22)02467-9/fulltext?fbclid=IwAR3YbwcJrRhKQSxLwwk3w17puP3lEFYIEoh7Rn9FqtQPFJn63utjb55M2Lk

СДС ќе ви иделе по куќи, треба ли да му се отвори врата?

Социјалдемократскиот сојуз најавува интензивни теренски активности меѓу граѓаните.

„Продолжуваме понатаму. И оваа година не застануваме туку засилено ќе бидеме присутни на теренот, постојано, со граѓаните, со членовите, симпатизерите, поддржувачите. Со нивните барања, проблеми, очекувања“, се вели во објавата на СДСМ на социјалните мрежи.

„Во секоја уличка, во секоја македонска куќа, село, град, во секое населено место, како што ветивме. СДСМ води грижа за сите, обединува, интегрира и води напред. Со цврста верба, лична пожртвуваност и вистинска солидарност“, најавуваат од СДСМ.

(Видео) 12-годишно момче уловило вистинско чудовиште

Кембел Кинан, 12-годишно дете од Флорида, уловило голема бела ајкула и тоа користејќи само обична јадица и туна како мамка.

– Бев малку нервозен, не знаев дали ќе можам да се борам со ајкулата. Но бев навистина возбуден. Седнав на столицата и почнав да тргам, вели малиот Кинан.