дома блог страница 1276

Понесете чадор: Се очекуваат повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час), локално и во форна на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд.

Попладне во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Земjoтpec вечерва ја cтpece Македонија – Најмногу почувcтвyван во Битола

Вечерва во 21 часот и 59 минути е почувствуван земјотрес во подрачјето Битоал- Лерин со јачина од 3,3 степени по Рихтер.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 09.03.2023 година регистрираше земјотрес 125 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола-Лерин.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 21 часот и 59 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.3 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.

Oд утре замрзнуваат цените на млечните производи и тестенините

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека од утре ќе се замрзнат цените на тестенините и млечните производи. Со одлуката ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата, пренесува Прес24.

Според Бектеши, тестенините ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека во однос на млечните производи ќе се причека производителите до утре да се подготват зашто, како што рече, некои веќе и самите ги намалуваат цените.

Министерот најави дека за овие одлуки тој и премиерот Димитар Ковачевски најверојатно утре ќе одржат брифинг со новинарите.

-Најверојатно утре изутрина ќе има одлука за тестенините и млечните производи, со премиерот веројатно ќе одржиме брифинг со новинарите. Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по владиниот настан за грантот од ЕУ вреден 80 милиони евра.

Тој дополни и дека е во постојана комуникација со производителите на млечни производи, но и со производителите на тестенини.

Претходно, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

(ВИДЕО) Се запали фабриката за мapиxyaна во кавадаречко

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот официјален Фејсбук информираше за пожар кој го зафатил магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште.

Јанчев сподели дека повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенирале во гаснењето на пожарот и сега е веќе под контрола.

„ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште.
Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот.“-стои во објавата на Митко Јанчев.

Миле Талевски се пофали со автопат Прилеп-Битола кој ќе се гради цели 5 години

Со вчерашното потпишување на Договорот со конзорциумот Бехтел и Енка, започнува реализација на историска инвестиција во патната инфраструктура.

Вкупната вредност на овој проект со кој ќе се изградат 110 километри автопатски делници на Коридорот 8 и Коридорот 10 д изнесува 1,3 милијарди евра, со рок на реализација од пет години.

Пратеникот од СДСМ, Миле Талески, објави дека со оваа историска инвестиција ќе се градат патните правци Тетово- Гостивар во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, делницата Требениште – Струга – Ќафасан која е близу 22 километри и патниот правец односно автопатот Прилеп – Битола е во должина од речиси 40 километри.

„За цели 32 години во нашата држава се изградени 186 километри автопати, а со овој договор, за само пет години, градиме 110 километри, модерни, европски, автопати. Во меѓувреме, се градат и рехабилитираат експресни, магистрални и регионални делници низ целата држава, а во тек е и изградбата и реконструкцијата на дополнителни автопати во должина од 59 километри“, рече Талески.

Реализацијата на автопатот Скопје –Блаце, кој чини 12,18 милиони евра исто така е во тек, а се забрза и процесот на железничкото поврзување и доизградба на Коридорот 8.

Според Талески, сето тоа е показател за посветеноста на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ на унапредување на патната инфраструктура за подобро поврзување на градовите во државата, но и на државата со соседите.

Инаку според она што беше изнесено при склучувањето на договорот вчера, целата изградба треба да трае до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа – Струга – Ќафасан и 57 месеци за Гостивар – Букојчани и за Прилеп – Битола.

Македонија вечерва на мегдан со Португалија: Гостите доаѓаат како големи фаворити

Македонската ракометна репрезентација вечер од 19 часот ја пречекува Португалија во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ова ќе биде квалификацискиот натпревар од Групата-1 за пласман на Европското првенство 2024.

Двете репрезентации во мечот влегуваат по двете победи во почетни две кола. Селекторот на „црвено-жолтите“ Кирил Лазаров се соочува со проблеми поради неколкуте отсуства на играчи поради повреди или други причини.

Сепак, од таборот на македонскиот национален тим ветуваат мексимална борбеност и пожртвуваност во обид да се дојде до победа и со тоа да се направи можеби и најважниот чекор на патот кон Еуро 2024.

Двете репрезентации по вечерашниот натпревар во Скопје, за три дена ги чека реваншот во Порто.

На првиот дуел од 3.коло во оваа група, Турција вчера го победи Луксембург на гости со 30:29 и ги освои првите два бода, додека домаќините останаа со празни раци и по три одиграни средби.

Отец Димитар од МПЦ: “Да се биде жена денес е крст, распнување помеѓу семејните и работните обврски”

(Фејсбук статус на Отец Димитар Арсовски)

Како што преку жена дојде гревот, така преку жена дојде спасението. Лага и клевета е дека Црквата ја гледа жената како пониско и потчинето битие на мажот.

Црквата од Жената над жените секојдневно проси молитвено застапништво пред Бога преку ликот на Богородица која треба да е идеал на современата жена.

Да се биде жена денес е крст, распнување помеѓу семејните и работните обврски, распнување помеѓу тоа да се биде мајка и деловно успешна.

Токму поради таа причина кај нас православните жената не може да биде свештеник, зашто го има дарот на свештенството во црквата во мало (семејството), а тоа е преубавиот дар на мајчинството.

Немаме никаква потреба од феминизам или од патријархат доколку ги послушаме зборовите на апостолот Павле кој советува: вие мажите сакајте ги жените свои како што ги сакате своите тела.

Таков треба да односот на едни кон други, љубовен во вистинска смисла на зборот, сето она што е надвор од Бога е чист хуманизам и непотребен активизам кој е со краток рок на употреба.

Мажи сакајте си ги жените; жени бидете им потпора и утеха на мажите…

Реномирана компанија бара работници од Прилеп: Обуки, можност за работа на проекти во странство, атрактивна заработка

Компанијата ДСА ТЕАМ ДООЕЛ повеќе од 8 години е лидер во регионот за автомобилска контрола на квалитетот. Се работи за тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет, континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари.

Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработување на кандидати за работната позиција: ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Опис на работните обврски и задачи:

• Сортирање и селекција на делови • Доработка на делови • Тестирање на производи на локацијата на купувачот;

• Следење на инструкции за работа и работни упатства • Почитување на инструкциите за безбедност и заштита при работа

Компанијата нуди: • Едукација и тренинг во секторот за контрола на квалитет • Можност за работа на проекти во странство • Работа во динамично работно опкружување во брзорастечка компанија • Атрактивна заработка и дополнителни бонуси за посебно залагање во работата • Обезбеден превоз и платен топол оброк.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите: • Тимска работа • Одговорна и детална личност •Посветеност и прецизност во работата

Сите заинтересирани канидати до 40 годишна возраст, кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да ги достават своите биографии на следната е – маил адреса: [email protected], со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат.

Агелер: Ќе направам се да зајакне вербата во пpaвocyдcтвото

Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

По посетата на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, каде амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема, Агелер порача дека ова е добар систем и изрази уверување дека интероперабилноста ќе ја подобри ефикасноста.

„Тука сум од ноември и корупцијата во земјава е присутна подолго време. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат веќе системи, кои бараат проверка. Затоа е добра денешната посета, за да видам како се водат истрагите“, порача Агелер.

Сакаме да бидеме партнери со оваа земја, нагласи Агелер, така што ќе покажеме дека овој систем е тука за вашите граѓани.

„За тоа е потребно време. Не е нешто што еден компјутерски систем ќе го реши, но е приоритет и ако имам една цел како амбасадор во земјава, тоа е да се осигурам дека ќе направам се што можам, заедно со мојот тим, за зајакнување на вербата на граѓаните на Северна Македонија во правосудството“, порача Агелер.

Претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, изрази благодарноста за донацијата, која помага во секојдневната работа, а со крајна цел да овозможиме верба на граѓаните во институциите во системот и добивање на правда.

„Се работи за сериозна донација што ќе ни помогне во секојдневната работа и од технички и од суштински аспект, затоа што многу побрзо можеме да работиме на одредени докази и прибирање доказен материјал“, изјави Бубевски.

Се надеваме, посочи Бубевски, и на понатамошна соработка со американската амбасада преку обуки и друга помош.

Победа го допре дното – Aко отпаднe, мислењето е дека нема долго да се врати во Прва лига

Фудбалерите на Победа го претрпеа тринаесеттиот пораз сезонава, откако попладнево во рамките на дваесеттото коло во Првата фудбалска лига, загубија со 3:0 на гостувањето кај Академија Пандев во Струмица.

Струмичани уште во третата минута од натпреварот ја потврдија фаворитската улога и со погодокот на Ѓоргиевски поведоа со 1:0, а мрежите потоа мируваа до 70-та минута кога Велиновски зголеми на 2:0, а две минути подоцна Врдољак ги постави конечните 3:0.

Во прилог на прилепчани не беше ниту дуелот помеѓу Скопје и Македонија Ѓорче Петров, каде тимот од Автокоманда успеа да се избори за 1:1 во самиот финиш на натпреварот, и со тоа да добие бод предност пред Победа на табелата.

И Скопје и Победа ги чекаат нови тешки гостувања викендов, Победа кај Брегалница, а Скопје кај Силекс.

Едно е сигурно, со ваков пристап црвено-белите ги чека пеколен завршеток на сезоната и ништо засега не гарантира дека работите ќе тргнат во позитивна насока. Ако Победа отпадне во Втора лига, мислењето е дека клубот многу тешко би се консолидирал.