дома блог страница 1275

Луси и нејзиниот сопственик засекогаш ќе му бидат благодарни на Д-р Дамески од Прилеп: Нема да ви се вepyва каква тежина носела во себе (Фото)

-Пациент на месецот, англискиот булдог Луси, на која и беше дијагностицирана cystolithiasis, и од мочниот меур беа извадени повеќе од 50 уролити. После оперативниот зафат Луси е во одлична состојба и многу брзо закрепна. На Луси и на нејзиниот сопственик им посакуваме уште многу години и во добро здравје да уживаат во заедничките моменти – напишаа од најпознатата ветеринарна амбуланта во Прилеп на Фејсбук.

Инаку, Д-р Панче Дамески е прв доктор по ветеринарна медицина од Прилеп и втор доктор по ветеринарна хирургија од Македонија, кој своето звање го стекна на реномираниот универзитет во Загреб.

Луси е само еден од пациентите во неговата ветеринарна амбуланта, а работата со животните и спасувањето на нивните животи, покрај стручноста, бара и огромна љубов и посветеност кон нив. Д-р Дамески може нескромно да се пофали со сето тоа, а доказ за тоа се стотиците задоволни сопственици на миленици и животни кои секојдневно ја посетуваат амбулантата “Дамески Ветерина”.

Ќе почнат ли и другите? Од денеска кафе во овој прилепски ресторан се служи по цена од 30ден

Кога се сака се може, а за тоа најдобар пример е ресторанот “Деспина”, каде од денеска прилепчани ќе уживаат во кафе по цена која ќе одговара за сечиј џеб.

Прилепчани долго време реагираат на социјалните мрежи за цената на кафето во угостителските објекти, и велат дека моменталните цени во повеќето локали се превисоки.

Апелите на муштериите досега ги слушнаа и применија неколку угостители, а ресторанот “Деспина” е еден од нив.

Мицкоски во војничка униформа: Басните за 2001-ва Али може да му ги раскажува на Ковачевски

Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на напдите на лидерот на ДУИ.

-Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст.

П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Спасовски: Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна, тепачите и тепаниот се од иста групација

Дел од хибрдната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. Секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и било која друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај. Иако се обидуваат да ни накалемат дека државата не презема мерки за некоја категорија на граѓани, дека не води ефикасни истраги, што не е точно – рече Спасовски.

Спасовски потенцира дека последните случувања се дел од поголемо сценарио, зад кое стојат одредени неодговорни политичари кои, според него, не сакаат да имаат добри односи во регионот.

-Многу лажни вести се шират. Не реагирала полицијата иако било пријавено, не реагирало здравството, што не е точно. Веднаш после пријавата, после сознанијата македонсктите полицајци отидоа во болница за да видат што се случува, да земат изјава, се дадоа првичните изјави. Во болничките центри, во Општа болница се преземени мерки, од првично згрижување на пациентот и заминување во Свети Еразмо. Ова мора да го знае македонската јавност за да не бидеме манипулирани поради неинформираност – вели Спасовски.

Тоа што повредениот Пендиков експресно беше префрлен во Бугарија на лекување, според него, е исто така дел од смислено сценарио.

-Секако дека ова е креирање на сценарио, со кое се сака да се покаже наводна грижа, а исто таква и подобра може да добие и во установите во Македонија. Нашиот дел ќе го правиме. Не смее да подлегнеме на провокациите од било која страна која ќе го наруши нашиот меѓудржавен однос, која ќе го наруши нашиот пат кон ЕУ. Иако сметам дека сериознио државата мора да реагира и да одговори на секоја провокација и навреда на македонскиот народ и македонската држава – порача Спасовски.

Врховниот cyд ќе ја преиспитува пpecyдата за оcyдените за “27 Aприл”

Републичкото јавно обвинителство пред една недела достави мислење до Врховниот суд по барањето на осудените за случајот „27 април“ за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, со која беа осудени на долгогодишни затворски казни.

-Предметот беше примен во Јавното обвинителство на Република Македонија и распореден кај надлежен јавен обвинител, кој детално ги проучи наводите на сите осудени лица. Изготвено е мислење по однос на нивните барања за вонредно преиспитување на пресудата и тоа е доставено до Врховниот суд, велат од Обвинителството.

Врховниот суд може да ја потврди пресудата, да ја укине и да го врати случајот на повторно судење, или да ја преиначи правосилната пресуда.

Во текот на вчерашниот ден пак од адвокатската канцеларија Јанаки Митровски и адвокатската канцеларија Пешевски и Тимовски до Собранието поднесоа предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27 Април 2017та година. Како што појаснуваат, со предлогот се бара сите оние кои се осудени на казни затвор до десет години да бидат ослободени од понатамошно издржување на казна, а за осудените над десет години да се ослободат од 50% казна.

-Како адвокат кој практикува кривично право, не наоѓам никакво оправдување за стореното. Но истовремено сметам дека не постои поголема неправда од селективна правда. А цела Македонија е сведок дека со Законот за амнестија од 2018та година, селективно беа амнестирани дел од осудените поради политичко лукративни причини па така Крсто е милионер, Рамчиловиќ амбасадор, Бетка демек ја судат итн. додека обичните смртници пуштени низ вода веќе шестта година скапуваат на робија.

Од тие причини, а како најголемиот дел од осудените имаат одлежано половина од изречените казни и се пет и пол години во затвор, и особено во насока на исправање на неправдата нанесена со селективната амнестија, го поднесуваме овој предлог Закон до сите пратеници од кои очекуваме да иницираат негово ставање на дневен ред, вели адвокатот Митровски.

Сугарески се враќа на политичката сцена?!

Во недостиг на квалитетни кадри од СДСМ на локално ниво, разочаран од катастрофалните порази, по се изгледа Сугарески реши да се врати на политичката сцена преку социјалните мрежи…

Без да потенцира до кого, Сугарески преку својата Фејсбук фан страна упати критики за се’ уште не отворената детска градинка во населбата “Точила” во Прилеп.

Гулабоски промовираше историски проект за ЈКП Водовод Прилеп

Денес во просториите на Пречистителната станица на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп, директорот Игор Гулабоски одржа редовна брифинг средба со медиумите.

На истата директорот ги сподели информациja дека пречистителнта станица на претпријатието во Прилеп е прва пречистителна станица во Македонија, која произведениот метан пробно може да го користи за производство на електрична енергија, за потребите на самата пречистителна станица.

-Во постапка е целосно процесуирање на овој процес со релевантните институции со цел да може во иднина пречистителната станица целосно да се потпира на искористеноста на метанот. Во моментов таа може да задоволува 12-15% од сопствените потреби. Но, директорот г-н Гулабоски истакна дека очекува оваа 2023 година со одредени вложувања да може да се зголеми произведениот метан од самиот процес на пречистителната станица со што би можело да се покрие и до 20% на елктрична енергија на потрошувачката на станицата и секако доколку се финализира целата започната институционална постапка. ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп секогаш прв и секогаш во интерес на градот и граѓаните, но и во грижата за животната средина со што се подобрува квалитетот на животот на целото население – информираше на средбата со новинарите Гулабоски.

Расчистени 5 тешки кpaжби – Падна 23-годишен битолчанец

Денеска (27.01.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со Б.В.(23) од Битола.

Тој се сомничи дека извршил пет тешки кражби, при што од куќи, објект и возило, на подрачјето на Битола, одзел повеќе предмети.

Во разговорот во полициска станица Б.В. ги признал делата, а дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

За секоја пофалба: Ученици од Прилеп со нивниот наставник на посебен начин го започнуваат секој училиштен ден (Фото)

Одделенскиот наставник во ООУ “Kире Гаврилоски”, Никола Кузески, на посебен начин го почнува часот со своите ученици, а целта е децата да стекнат здрави животни навики, преку консумирање здрава храна и преку едукација за се’ она што е здраво за нивниот раст и развој. Нивното мото е:”Нашето тело е единственото место каде можеме да живееме”.

“Секој ден го започнуваме со разговор за здравјето, здравата храна и градењето здрави животни навики.

Државата пред се, воспитно-образовниот кадар и родителите мора, да ги здружат силите, ресурсите и алатките за да ги обучат децата во оваа важна витална тема.

Со учениците мора почесто да се разговара за тоа што е здрава храна и да им се објасни што е контрапродуктивно во нивната исхрана.

Лошите навики во исхраната доведува многу деца да имаат прекумерна тежина, а тоа понатаму носи ризик од здравствени проблеми.

Проблемот не е само во храната. Здравиот живот на детето зависи и од неговата секојдневна физичка активност. Детето мора да дише свеж воздух, да оди надвор да игра, да трча и да ужива во паркови, планина…”, вели наставникот Кузески.

Секоја чест за идејата, и нека ваквиот начин на едукација на младите послужи како пример, за сите останати просветни работници.

Дошле во Прилеп па си ги измериле cилите, а потоа агpecивно се однесувале и кон полициjaта

На 26.01.2023 во 21.00 часот на ул.„Леце Котески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле В.Д.(35) од с.Чардаклија, штипско и Џ.Д.(38) од Скопје, двајцата со престој во Прилеп, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.