дома блог страница 1277

Прилепчани и битолчани да се подготват за патарина кај Тополчани: Владата вели дека за 57 месеци ќе имаме автопат Прилеп-Битола

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и вицепремиерот Артан Груби по потпишувањето на договорот соопштија дека годишно во просек ќе се градат по 23 километри автопат, а цената во просек, ќе биде 12 милиони евра по километар.

-Целосно е почитуван Законот за склучување на договорот со стратешкиот партнер. Експропријацијата уште не почната бидејќи ова е нов модел на градење на автопатишта. „Бехтел и Енка“ и ќе проектира и ќе гради, рече Рустеми.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски посочи дека цените се поткрепени врз основа на физибилити студијата изготвена од Градежниот факултет и ревидирана од консултанската компанија Гранд Тортон.

-Договорот со изведувачот е изготвен согласно принципот на ФИДИК договорите, а тоа е принципот на измерени количини. Тоа подразбира дека плаќањата ќе се вршат според реализираните работи на терен и на тој начин ќе се има целосна транспрантност на извршените работи и потрошените средства, рече Бочварски.

Со цел да се забрза изградбата на коридорите, како што рече, од изведувачот ќе биде применет принципот на „проектирање и изградба”, а тоа подразбира дека со договорот, на изведувачот му се дава обврската сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.

Целата изградба треба да трае до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа – Струга – Ќафасан и 57 месеци за Гостивар – Букојчани и за Прилеп – Битола.

Финансирањето на проектот е од Буџетот на државата, а во буџетот на Министерството за транспорт и врски годинава се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра. Се планира секоја година од Буџетот да се издвојуваат толку средства.

За проектот, „Бехтел и Енка“ се номинирани за стратешки партнер од државата. Надзорот ќе го врши ИРД инжинеринг, кој како консултант за финансиски трансакции во име на Владата изминатиот месец ги водеше преговорите со конзорциумот.

Вработени во шумcката полициja нападнати кај с. Долнени од жители на с. Црнилиште: Еден од полицajците пyкал во воздyx

Денеска (08.03.2023) во 00.44 часот пред с.Долнени, прилепско, вработени во шумската полиција, додека извршувале службени дејствија, пронашле товарно возило „там“ без регистарски ознаки и го одзеле, при што биле физички нападнати од Р.М. од с.Црнилиште и уште три лица, кои со патничко возило „фолксваген пасат“ и со тврди предмети ги оштетиле службеното и одземеното возило.

Притоа, еден од вработените во шумска полиција испукал во воздух еден куршум од службениот пиштол, во знак на предупредување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

На едно место фатени 13 лицa како играат комap во Битола – најстариот меѓу нив има 83 години

На 07.03.2023 во 14.00 часот пред напуштен објект на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале Б.Д.(83), В.Т.(67), Б.С.(61), В.П.(67), Ц.С.(60.), С.С. (38), А.Д.(55), Б.Б.(66.), В.Ж.(59), Џ.Ј.(51), П.В. (69.), А.У.(56) и М.М. (68) како играат комар на јавно место.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Рано утрово изгopea две возила во Прилеп

Денеска (08.03.2023) околу 04.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Цане Илиоски“ настанал пожар во патнички возила „сеат кордоба“, сопственост на Љ.З.(68) од Прилеп и „БМВ“, сопственост на К.З.(45) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Пpoтecт за еднаквост: Ученици од ООУ “Климент Охридски” Прилеп испратија моќни пораки до припадничките од понежниот пол (Фото/Видео)

Учениците од драмската секција “Од глата си патиме” при ООУ “Климент Охридски”, oдржаа симболичен пpoтecт за еднаквост.

Преку креативни пароли тие им испратија свои пораки на сите припаднички од понежниот пол, меѓу кои и на своите мајки.

Секоја чест за досетливоста да се организира една ваква активност!

Утре премиера на претставата “Пипи долгиот чорап” во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

На 9 март 2023 / четврток/ од 18.00 ч. во театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата „Пипи долгиот чорап“ според текстот на шведската авторка Астрид Линдгрен во драматизација на Ивана Нелковска, а во режија на Кристина Димитрова.

Во претставата играат Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски и Михајло Миленкоски. Музиката е на Томе Темелкоски, сценографијата на Бојана Артиновска Трпческа, а костимографија и дизајн на плакатот на Христијан Нашуловски.

Пипи е најневообичаеното и најсилното девојче во светот. Таа ја живее слободата во буквална смисла и во исто време значи дека се втурнува и во многу опасни и непредвидливи ситуации. Пипи е лик од фантазијата на секое дете кое замислува авантури и патешествија и кое не сака да ја ограничи својата фантазија на реалниот свет.

Такви деца во претставата се Томи и Аника, тие сакаат да бидат заедно со Пипи и вистински да ја искусат авантурата надвор во непредвидливиот и опасен свет.Во текот на нивното патување со помош на Пипи растат и ја осознаат важноста на тоа што го имаат во својот безбеден дом. Тие знаат дека Пипи секогаш ќе биде блиску до нив, дека тој бестрашен и предизвикувачки дух секогаш ќе ги инспирира за нови игри, но во исто време ги учи дека треба да бидат подготвени, свесни и одговорни за постапките кои ги превземаат.

Импулсивните и непромислени решенија можат да доведат до страшни и безизлезни места. Во текот на нивното истражувачко патешествие се среќаваат со различни луѓе и ситуации, со слаткари, доктори, полицајци, циркузанти и крадци кои ги инспирираат, предизвикуваат или ги плашат како што е во вистинскиот живот надвор од конфорниот и заштитен дом.

Пpeтpec во Битола, пpoнajдени дpoга и мyнициja, пpиведено лице

На 07.03.2023 во 16.55 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(40) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, рамка за пиштол со осум куршуми непознат калибар, дробилка и други предмети со остатоци од остатоци од марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Битолчанец ќе ви покаже како самите да си направите цепач на дрва од стар мотор (ВИДЕО)

Битолчанецот Дејан на неговиот јутјуб канал Mr. DK DIY објавува креативни видеа кои ќе ве фасцинираат.

Во неговото најново видео ќе видете како да направите сопствен цепач за дрва од стар мотор редуктор.

Одделете 20-тина минути и погледнете го целото видео, со сигурност ќе ви биде од корист:

Да му помогнеме на Диме Крстески од Прилеп да си го пронајде својот велосипед: Му го укpaле во центарот на градот (ФОТО)

Уште една “жртва” на кpaжба на велосипед во Прилеп. Ваквите кражби во последно време се се’ почести, а сторителите многу ретко се откриваат.

Една од најновите кражби се случила синоќа околу 23часот во строгиот центар на градот, кога без својот велосипед вреден 300 евра, останал Диме Крстески, младо момче од нашиот град кој замолува да го информираме ако неговиот велосипед го забележиме низ прилепските улици.

Веќе има 45 години: Буфон откри кога ќе ја заврши кариерата

Голманот на Парма, Џанлуиџи Буфон откри кога ќе биде подготвен да стави крај на својата играчка кариера.

– Сè уште сум енергичен како порано, исто така благодарение на самото враќање на голот на 43 години – ова само по себе дава моќен емотивен и енергетски наплив. Но, можеби ќе пресуши кога ќе се вратам во Серија А со Парма – ова ќе биде исполнување на сите мои цели за мене, го цитира Буфон „ИТАСпортПрес“.

Четириесет и петгодишниот Буфон кариерата ја започна во Парма. Сезонава одигра 10 натпревари за својот тим, прими 16 гола и имаше два натпревара со „чиста мрежа“.

Парма се наоѓа на седмото место во Серија Б со 40 бодови од 29 натпревари