дома блог страница 1264

Играше за Челси и Њукасл, а синоќа даде гол за победа во 97. минута – Денеска се молат да го најдат жив од под pyшевините

Потврдено е дека под урнатините предизвикани од земјотресот во Турција, еден од играчите на Хатај е Кристијан Ацу кој синоќа постигна гол во 97. минута за победа против Касимпаша.

Потрагата по репрезентативецот на Гана моментално е во тек, сите се надеваат дека поранешниот играч на Челзи и Њукасл е жив и ќе биде спасен.

Ацу за репрезентацијата на Гана одигра 65 натпревари и постигна девет гола.

Тој во Хатајспор пристигна на 6 септември минатата година. Покрај него, објавена е информација и дека спортскиот директор на Хатај, Танер Савут е под урнатините по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.

Прилепската ЧАРШИЈА ве кани: ЧЕ има попусти до 70% на секое ЧОШЕ!

Прилепската чаршија се подготува за еден од најголемите шопинг настани  „Prilep OUTLET Weekend“,  планиран на 17-ти и 18 февруари.  Во шопинг настанот  се вклучија над 200 продавници од прилепската чаршија:  бутици за облека и обувки, детски бутици, парфимерии, кафетерии, продавници за бела техника… а, се добредојдени и сите останати трговци и угосители во Прилеп.

Идјата е Прилеп да претставува голем шопинг центар, шопинг мол на отворено, каде купувачите од сите градовн на Македонија ќе уживаат во шопинг попустите до 70% кои ќе ги понудат трговците, во интересните забавни содржини кои ќе се случува во старата прилепска чаршија кај Саатот, во центарот на Прилеп на плоштадот„ Методина Андонов –Ченто„ и на плоштадот „Итар Пејо“, а за најсреќните купувачи ќе следат и вредни награди .

Со цел купувачите да знаат каде да пазарат, продавнците кои се дел од настанот ќе бидат обележани со посебен ознака, велат организаторите. „Нашиот амблем е „мајмунче„,.Знаменцето со „мајмунче на шопинг„ и постер ќе ги краси нашите продавници и тоа ќе биде препознатлив знак. А, за муштериите ќе има попусти на секој чош„-  велат прилепские трговци.

Настанот „Prilep OUTLET Weekend“ е поддржан од Локалната Самоуправа на Општина Прилеп. Во  инетерес  на посетителите и купувачите, градот ќе обезбедува паркинг простор за сите кои ќе пристигнат во Прилеп со своите автомобили, по цена на дневен билет за паркинг, 50 ден.

Градот и прилепската чаршија предвидуваа и други изненадувања за сите посетители и купувачи кои на 17ти и 18ти ќе го посетат Прилеп на „Prilep OUTLET Weekend“, а сите случувања од настанот  ќе бидат објавувани на специјало креираната фан страна https://www.facebook.com/profile.php?id=100089628293137

(Видео) Разорниот зeмjoтpec ја yништи инфраструктурата ширум Турција: Разделени патишта и нефункционални аеродроми

Разорен земjoтpec со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Турција, по што следеа серија последователни потреси. Околу пладне по наше време е пријавен уште еден силен удар од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрpecoт беше толку разорен што автопатот Антакија-Рејханли буквално се распарчи.

Исто така, аеродромот Хатај претрпи голема штета, па дел од пистите се целосно нефункционални.

Потpеcно! Легендарниот турски голман со солзи моли: “Ве молам праќајте ги сите ресурси, луѓе yмиpaaт” (Видео)

Легендарниот голман на Фенербахче и Турција, Волкан Демирел, а сега трнер на Хатајспор, моли за помош и преку видео порака објаснува дека ситуацијата по земјотресот е многу лоша.

Конечно дизелот после долго време падна под 80ден. – Од полноќ се намалува цената и на бензините

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,065 ден/кг и сега ќе изнесува 41,411 ден/кг.

Од 7.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,411 (денари/килограм).

3eмjoтpecoт ја cpaмни со земја историската тврдина стара 2.200 години (Видео)

Историската тврдина Газиантеп е уништена во земјотресот во Турција, објавија медиумите.

Тврдината е изградена пред речиси 2.200 години во времето на императорот Јустинијан, а нејзините градители не се познати. Во тврдината се наоѓа и гробот на Мехмет Газали, една џамија и бања.

Нашите си заминаа, ќе идат странци: Ќе се увезуваат работници од странство, првично од Западен Балкан, вели вицепремиерот Битиќи

Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, се уште е отворена дилема, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Фокусот во старт, посочува Битиќи во интервју за Дојче веле, е регионот на Западен Балкан. Идејата е да се зголемат и годишните квоти, а ако има потреба и општа согласност, да се таргетираат и трети земји.

-Точно е дека се уште постои висока стапка на невработеност која изнесува 14 отсто и е со тренд да се намалува во наредниот период, но соочени сме и со сериозен одлив на кадар од државата.Овој тренд е присутен не само кај нас, туку во сите земји од Западен Балкан и се должи на она што се случува и во земјите од Европската унија, како Германија, Франција, Белгија, кои ги отвораат пазарите на труд, но исто така имаат и миграција на работници во трети земји, вели Битиќи.

Ние како Западен Балкан,посочува, немаме таква миграциска политика за да кажеме кон кого се отвораме.

-Но првиот исчекор го направивме пред година и половина со иницијативата „Отворен Балкан“. Дел од овој процес се и законските решенија за единствен идентификациски број на трите земји Србија, Северна Македонија и Албанија, што е поврзано со една од вредностите на Европската унија, а тоа е мобилноста. Да може работната сила полесно да доаѓа. Извештајот на ОЕЦД покажува дека интрамиграциските движења во Западен Балкан се на ниво на 15 отсто од вкупното миграциско движење. Постоело и претходно, постои и сега, ама ние сакаме да го артикулираме уште повеќе за да ги искористиме сите потенцијали од Западен Балкан, затоа што и културолошки сме поблиски. Луѓето многу полесно ќе се движат и снаоѓаат на пазарот на труд, појаснува Битиќи.

Порачува дека не би требало да имаме привилегирана земја кон која ќе се насочиме и затоа, како што вели, неделава ќе разговараме детално со стопанските комори, организацијата на работодавачите, за да видиме што, каде и колку ни е потребно.

-Има одредени сектори кои покажуваат преголема ранливост, како на пример градежништвото, угостителството и туризмот како најпогодени. Но треба да видиме конкретно и за другите потреби, затоа и зборуваме и ќе разговараме со бизнис заедницата кои се другите потреби и што треба да направиме. Прво ќе ги идентификуваме сите сектори и ќе мора да воведеме правила. Нема да дозволиме во одредени сектори 90 отсто од работниците да бидат увезени, а 10 отсто да бидат наши. Мора да има приоритет јавниот интерес и секако заштитата на нашите граѓани е на прво место. Ние можеме да обезбедиме да донесeме, да помогнеме, но не да бидат тие носечки кадри. Со стратегијата на носење на работна сила, да се зголеми конкурентноста, а тоа е прв момент кон зголемување на продуктивноста, вели Битиќи.

Во нашата земја, како што истакнува, веќе имаме работници од Индија кои работат во автоиндустрија и во секторот за информатичка технологија. Исто така и во делот во градежништвото имаме работници од источна Турција, а на автопатот Кичево кон Охрид каде се ангажирани работници од Кина.

-Имаме и работници од други земји. Ние размислуваме дека на пример е дојдено време за проширување на квотите. Првиот исчекор е да се движи во делот на годишните квоти.Сегашната квота е пет илјади на годишно ниво и таа бргу се пополнува. Веќе имаме и потреба за работна сила за одредени поголеми инфраструктурни проекти. Лично сметам дека бројката треба да се зголеми, најмалку двојно, но да не прејудицирам и да оставиме тоа да биде резултат од разговорите кои ќе ги водиме, порачува Битиќи.

Имаме земји, додава, каде квотите се одредуваат билатерално со некоја држава.

-Но големината на нашата економија не е таква да изискува големи квоти. Но ако се заклучи дека тоа треба, зошто и да не го направиме. Но клучно е што и да направиме дека мора да биде контролирано. Низ институциите на системот, законските регулативи, посочува Битиќи.

Според него, подобро е да има 100 евидентирани и лесно контролирани работници со сите заштитени човекови права, отколку 100 илегални кои не се заштитени.

-Пазарот на труд годишно бара 10 до 15 илјади места. Пред кризата стигнавме и до 25 илјади во една година. Но заради кризата се намали, во моментов имаме потреба за 9.000 работни места кои се бараат на пазарот на труд, но најголем дел од оние што ги имаме како активни баратели се со вештини и знаења кои не одговараат на потребите. Но јас лично не се откажувам од активните баратели на работа, тоа се наши сограѓани, евидентирани и се стремам кон нив да се доквалификуваат, преквалификуваат за потребите на пазарот на труд во кој би биле подобро платени. Меѓу нив можеби има и некои со магистерски студии, но тие не одговараат на потребите. Затоа сметам дека овој процес продолжува, нагласува Битиќи.

Maкедонска убавина во Германија: Црквата Св. Кирил и Методиј се подготвува за големото отварање (Фото/Видео)

Полека, но сигурно црквата во Дортмунд се спрема за големото свечено отварање. Црквата го носи името на светите браќа Кирил И Методиј, а според фотографиите кои ги објави порталот “Македонци во Германијa”, се работи за прекрасен духовен храм кој го краси шеснаесеткракото македонско сонце.

Повеќе детали за отварањето на овој црковен храм, како и за работата на црковната општина гледајте во интервјуто со Отец Душко:

Извор: “Македонци во Германија”

Турција: Три градови cpaмнети со земја, лuѓето затpyпани под урypнатините (Видео)

Земјотресот кој рано утринава околу три часот по локално време, го погоди југот на Турција, зад себе остави пустош, загинати, повредени и голем број на лица кои останаа затрупани под куп урнатини и бетон, јавуваат светските медиуми.

Епицентарот, како што е соопштено, се случил на 3 километри од градот Газиантепе на длабочина од 10 километри. Првиот земјотрес беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а следниот еден час подоцна беше со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

Првичните податоци покажуваат дека само на југот на Турција се уништени или урнати 130 згради.

Во некои градови, според објавеното, урнати и срамнети со земја се цели згради.

Според информациите од тамошните медиуми, пожарникарите и спасувачите не можат да стигнат на секое место бидејќи се урнати голем број згради и објекти. Се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголемува.

Кахраманмарас е град кој претрпе исто така страшни разурнувања во двата силни земјотреси на југот на Турција.

Турските власти упатија официјален апел до светската јавност дека на земјата и е потребна сета помош, пред сè од медицински лица и спасувачи, за да им се помогне на настраданите на југот на Турција и да се зголемат шансите повредените и преживеаните да бидат спасени од купот бетон.

За само неколку часа: Казнети107 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 107 возачи.

Од нив, 51 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 56 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.