дома блог страница 1263

Душа малечка: Малата Зехра спaceна откако неколку часа поминала под ypнатините (Видео)

Малата Зехра е херој на денот во трагичниот ден во Турција. Таа неколку часа поминати под урнатините излезе жива со помош на спасувачкие екипи. Ова е снимено во провинцијата Кахраманмараш која е најпогодена од силниот земјотрес во Турција.

Турција прогласи 12 дневна жалост поради големата катастрофа, која ја погоди и Сирија. Во двете држави жртвите и повредените се бројат во илјадници, а нивната бројка за жал расте од час во час.

Oд мала семејна фирма до прилепски и македонски бренд кој сите го обожаваат – Ѕирнете во нивната ризница која брои повеќе од 250 производи

Oд мала семејна фирма со неколку вработени во 2006 година, до денешен прилепски бренд со над 70 вработени кој произведува 250 различни видови на парфеми.

Веќе погодувате дека се работи за одличните “Еxtreme” парфеми на компанијата Бирн 2002 ДООЕЛ oд Прилеп, бренд и гордост на нашиот град кој е распространет низ целата држава.

Компанијата која успешно и вредно работи на македонскиот пазар има сопствена дистрибутивна и комерцијална мрежа на големопродажба низ цела држава и располага со два магацини во Прилеп и Скопје.

Во понудата на 250 различни видови на парфеми ќе пронајдете брендови како Мошус, Релакс, Ефект, Екстрим…

Целата оваа лепеза на производи кои добиваат само пофалби од корисниците, можете да ја погледнете на нивната одлично скокцкана веб страна, каде и можете да направите нарачка по значително пониски цени.

Покрај огромната понуда на различни парфеми, спектарот на компанијата во 2020 година е проширен и со козметички производи за лице, очи, усни, маникир и педикир.

Цените се пристапни и достапни за сечиј џеб, а особено атрактивни се сетовите спаковани во прекрасни несесери со персонализирани честитки.

Едноставно не постои подобар подарок за вашите најблиски. Чувстувајте се привлечно со неодоливите мириси на “Еxtreme”, купувајте прилепски производи со светски квалитет.

Парфемите “Еxtreme” се достапни и во секоја помала или поголема продавница, како и во сите парфимерии. Побарајте ги, верувајте нема да згрешите!

Целата понуда погледнете ја ТУКА

Битола закажа итна седница на Совет: Ќе се носи одлука за донација на средства за нacтpaданите подрачја од земjoтpecoт во Турција

На иницијатива на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, во среда ќе се одржи вонредна седница на Советот, на која ќе биде донесена Одлука за обезбедување средства од буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите во Турција и Сирија.

Ова е само еден од начините, со кои општина Битола, се обидува да обезбеди поддршка за населението во овие земји кои се соочуваат со тешки материјални и човечки загуби, после катастрофалниот земјотрес. Пријателството помеѓу Битола и Турција, се негува многу години, како со збратимениот град Бурса, така и со други градови од оваа земја.

Во текот на денешниот ден, длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот, изрази градоначалникот Коњановски, а тимот од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола со 5 членови се вклучи во спасувачката мисија во подрачјата погодени од земјотресот.

Дали турскиот земjoтpec може да се повтори и на Балканот?

Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, Д-р Драгана Черних на својот Фејсбук профил пишува дека силните земјотреси немаат директно влијание врз нашата територија.

Но, како што вели, секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја.

Утринава во еден од сеизмички најактивните региони на Источниот Медитеран, со активноста на Источно-Анадолскиот расед, започна серија на тектонски земјотреси која што се уште трае.

Двата најсилни, во 4 часот и 17 минути и во 13 часот и 24 минути со локални Рихтерови магнитуди 7.8 и 7.5, беа проследени со афтершокова серија од неколку умерено силни земјотреси со магнитуди помеѓу 6 и 7 и повеќе од 30-тина умерени земјотреси со магнитуди поголеми од 5 според Рихтеровата скала.

Сеизмичката активност е последица на активирањето на дел од Источно Анадолскиот расед со максималната линеарна димензија од околу 200 километри и напрегањата предизвикани од континуираната интеракција на Анадолската микро плоча како дел од Евроазиската тектонска плоча со Арабиската плоча и дополнителните напрегања од Африканската тектонска плоча. Епицентрите на земјотресите се протегаат вдолж раседот на самата граница помеѓу Турција и Сирија.

Според досегашните податоци, во Турција и Сирија земјотресите одземаа повеќе од 1500 животи, повеќе од 7000 повредени и предизвикаа рушење на околу 3000 градби.

Високата сеизмичка активност од Турција врз нашата територија нема директно влијание но секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја, пишува таа.

Голема загyба: Ненадејно почина маестро Милан Завков

Во својата 61-ва година од животот, почина големиот Милан Завков, македонски виртуозен хармоникаш и музички творец.

Ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, објавија од Танец.

Неговата љубов кон музиката започнува од детството. Завков започнува да свири хармоника од 8- годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец” со кој раководел Ѓорѓи Димчевски. Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и професионална определба. Во тоа време на Факултетот за музичка уметност во Скопје сè уште не постоеле студии по хармоника и така Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти.

Но, без разлика на видот на дипломата, Милан Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор – хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера. Во 1970-та година, со популарниот “Октет МАКЕДОНИЈА“ ја снима својата прва плоча, а во својата натчетиридецениска кариера на полето на народната музика, самостојно, во различни соработки, како и со познатата група “Македонски мерак” остварува врвни музички интерпретации и сигнификатен опус на композиции и аранжмани за бројни изведувачи.

На сцената има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија, меѓу кои врвните хит-мелодии како “Заиграј со мене”, отпеана од Виолета Томовска, “Камен да беше срцето” и “Свири мајсторе” од Гоце Арнаудов, “Нема друга Македонија” од Војо Стојаноски, “Лична Јовано” и “Лазарополе” од Наум Петрески, “Пат за Стамболград” и “Мораш душо да ме разбереш” од Благица Павловска, како и други создадени за Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Сузана Спасовска, Ленче Кукиќ, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Милица Кузмановска, Ефто Пупиновски. Секако, Милан Завков низ годините се истакнува и како солист инструменталист со многу ора и чочеци и се здобива со углед на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

Од 2000-та година Милан Завков е вработен во Националниот ансамбл за народни игри и песни “Танец”, како музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, со кој остварува бројни концерти и турнеи во земјата и насекаде низ светот.

Административците тријат раце: Во март зголемување на платите во јавниот сектор, најави Битиќи

За минималната плата и пензиите имаме системско решение постигнато преку социјален дијалог, рече вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи во „24 анализа“.

-За ова веќе ќе нема уценувања, ќе нема наддавања меѓу синдикати и работодавачи. Дефиниравме заедно методологија, критериумите за пораст се трошоците за живот, односно инфлацијата и порастот на просечната плата. Тоа е заедно усогласено системско решение. Системско е зашто беше одобрено од сите засегнати страни, односно синдикатите и работодавачите, кажа Битиќи.

Тој додаде дека во март освен што ќе има зголемување на минималната плата, во јавниот сектор ќе има усогласување на платите.

-Во март линеарно ќе биде зголемена платата во јавниот сектор за толку за колку што е зголемена минималната плата. Со Законот за административни службеници сите ќе бидат опфатени, рече Битиќи, додавајќи дека пари во буџетот веќе се обезбедени.

Холандски научник го предвиде земjoтpecот во Турција уште пред 3 дена

Научникот Френк Хугербитс го предвиде разорниот земjoтpec кој утрово се случи во Турција и Сирија.

– Порано или покасно, земjoтpec со магнитуда од 7.5 степени по Рихтер ќе го погоди регионот околу Централна Турција, Либан, Јордан и Сирија, напиша Хугербитс.

Секако, ќе постоеше сомнеж дали оваа информација е точна, но може да се види дека фотографијата на Фејсбук профилот од холанскиот научник е споделена пред 3 дена.

Познато е дека овие појави тешко можат да се предвидат, па најголем дел од експертите тврдат дека се работи за случајност.

Фотографија која ја враќа вербата во животот: Бебенце извадено живо од под ypнатините

По многубројните ужасни сцени од Турција и Сирија, каде два силни земјотреса однесоа најмалку 1.900 животи, се појави фотографија која ја враќа вербата во животот.

Вирална стана фотографија од спасено бебе од урнатините на зграда во градот Малатија, Турција.

На фотографијата се гледа како маж држи бебе и го носи на безбедно, додека урнатините се насекаде околу нив.

Бебето било спасено за време на операцијата за пребарување и спасување по разорниот земјотрес, јавуваат турските медиуми.

Во исто време, продолжува потрагата по преживеани во урнатините откако два силни земјотреса со јачина од 7,7 и 7,8 степени ја погодија Турција и доведоа до голем број жртви во оваа земја и во Сирија.

Вториот земјотрес ја погоди областа Кахранманмараш, додека потреси беа почувствувани во многу градови.

Секоја чест! Петмина спасувачи од Битола заминуваат да помагаат во подрачјето погодено од земjoтpecoт во Турција

Битола испрати тимови од спасувачи за помош на настраданите во земјотресот во Турција.

Општината Битола соопшти дека тимот за брз одговор за спасување од планина и високи објекти од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, со 5 членови ќе биде дел од УСР единицата и веќе заминуваат во подрачјето погодено од земјотресот, а доколку се појави потреба, во целосна подготвеност за интервенција се и високопрофесионалните екипи на ТППЕ Битола кои се обучени за спасување од урнатини и земјотреси.

„Хуманоста, солидарноста и одговорноста во ваквите мигови е неопходна. Подготвени сме да бидеме поддршка на луѓето кои во моментот се соочуваат со големи човечки и материјални загуби“, стои во соопштението од општина Битола.

Македонија испраќа тим за заштита и спасување од Армијата, кучиња трагачи, хуманитарна помош и 100.000 евра во пријателска Турција

Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка Петровска, по денешната вонредна седница на Владата на РМ на јавноста ѝ соопшти дека Македонија испраќа помош во Турција за помош при справувањето со последиците од катастрофалните земјотреси.

– Министерството за одбрана и Армијата испраќаат итна помош за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција. На предлог на Министерството за одбрана, Владата на вонредната седница донесе одлука да бидат испратени тим за заштита и спасување од Армијата, кучиња трагачи и хуманитарна помош во пријателска Турција.

22 лица од Баталјонот за специјални сили, две лица водачи и кучиња обучени за трагање наскоро заминуваат во сојузничка Турција, за да помогнат да се спасат човечки животи, под урнатините настанати од катастрофалниот земјотрес.

Застануваме солидарно да им помогнеме на преживеаните да ги пребродат овие тешки времиња.

На пријател во неволја, секогаш ќе му помогнеме. – напиша Петровска на Фејсбук.

Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, на денешната 126 седница, ги донесе следниве заклучоци:

– Се задолжува Министерството за финансии да подготви и до Владата да достави одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Македонија за 2023 година, во износ од шест милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес;

– Се задолжуваат Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во координација со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, итно да подготват и до Владата да достават соодветна одлука за испраќање на сили/тимови за заштита и спасување, коишто ќе се вклучат во погодените подрачја, како и одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција;

– Се задолжува Министерството за одбрана во рамките на своите надлежности итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување соодветна помош во персонал, опрема во вид на механизација, шатори, душеци, ќебиња, грејни тела и друг вид соодветна помош;

– Се задолжува Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови;

– Се препорачува Црвениот крст на Република Македонија во рамките на своите законски надлежности и можности, во соработка со надлежните институции, да се вклучи во акцијата за обезбедување помош на настраданите, со испраќање тимови и друг вид хуманитарна помош, соодветна за вакви природни катастрофи;

– Се задолжува Генералниот секретаријат на Владата во соработка со Министерството за надворешни работи, да преземе активности во насока на итно префрување на одобрените средства од Буџетот, како и да одржува редовна комуникација со Амбасадата на Република Турција во Република Северна Македонија, со цел спроведување на одлуката.

Владата, на предлог на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе одлука во санирањето на последиците од земјотресот во Турција да се испратат 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување.

Од Дирекција за заштита и спасување се обезбедува и комплетна специјализирана опрема и материјално – текхнички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од средства на Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција и тоа 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.

Владата, исто така на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање тим за заштита и спасување од Министерството за одбрана во Република Турција, за учество во давање помош на Република Турција.

Во санирањето на последиците од земјотрес, се испраќаат вкупно 24 лица припадници на Министерството за одбрана – Армија на Република Македонија, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од Командата за обука и доктрини на Министерството за одбрана.

Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од сопствените средства на Министерството на одбрана.